|
Хороскоп |
Внеси реплика | страница <1234 157> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Секој човек си има одредени работи кои го нервираат и прават да се чувствува анксиозно и напнато. На пример, некои луѓе се плашат од јавно говорење, а други кога ситуациите се вон нивна контрола. Анксиозноста најчесто потекнува од вашиот хороскопски знак. Што прави да бидете анксиозни? ОвенЧувствувате како светот да не може да функционира без вас, па често премногу работите и на крајот сте целосно „потрошени“. Земете здив и малку забавете. Универзумот нема да пропадне, ако се одморите малку. БикБиковите премногу се грижат околу тоа нешто да не утнат. Да бидете неколку минути подоцна на работа или да направите некоја минимална грешка во работата, понекогаш, нема да направи луѓето да ве презираат. Сè е само во вашата глава. БлизнациПрестанете да се грижите и за најмалите детали и работи. Дозволувате и најмалите работи да ви влезат под кожа и потоа правите „од мува - слон“. Оставете да поминат, ќе се чувствувате многу подобро. РакВашите анксиозности дефинитивно ги вклучуваат и другите околу вас. Не сакате кога ве критикуваат или кога гледате група на луѓе која „зјапа“ во вас и чека ваша реакција. Никој нема да ве презира, ако го изразите вашето мислење, обидете се. ЛавНа Лавовите светот им се врти околу контролата. Ако не сте главни и одговорни во секоја ситуација, не се чувствувате многу добро. Тоа значи дека лесно можете да се преоптоварите. Вратете се чекор назад и дозволете, барем некогаш, некој друг да ги носи одлуките. ДевицаТоа што секогаш мислите премногу е вашиот најголем проблем. Еднаш штом ќе почнете да се грижите, тешко ви е да ги извадите мислите од глава. Сопрете и обидете се за заборавите, ќе се чувствувате многу подобро. ВагаВие сте мајстор во правење на листи „за и против“, бидејќи сакате работите да бидат фер. Ако нешто не е така, на крајот, дефинитивно ќе ве мачи. Ама знајте дека не можете да го анализирате секој момент од животот, обидете се некои работи да оставите сами по себе да се случуваат. СкорпијаНа Скорпиите најмногу им треба простор. Кога премногу работи ви се случуваат наеднаш, тогаш имате потреба да избегате од реалноста, барем на пет минути. Бидете сигурни дека сите знаат на вашите граници и не се плашете дека ќе ги разлутите, ако сте искрени. СтрелецВие не сакате да ви кажуваат што и како да правите. Не сакате кога некој се обидува да ве вклопи во „нормите“. Морате да барате слобода во однесувањето инаку многу брзо ви станува здодевно. ЈарецВие самите сте си најлош непријател. Секогаш сте напнати за крајни рокови, за вашите цели кои сами си ги поставувате... А, грижите не ви помагаат, напротив. Дозволете си малку издишка. ВодолијаНајголеми проблеми имате со организацијата на времето и често се нервирате кога работите не се одвиваат така како што сте замислиле. Се обидувате да правите многу работи за многу краток временски период. Научете дека е во ред понекогаш на направите пауза и да заборавите на мултитаскинг. РибиРибите не сакаат кога се издвојуваат од групата. Јавните говори за вас се најстрашната работа на светот. Морате да бидете на дистанца и далеку од центарот на вниманието. Ако се најдете во таква ситуација, запомнете дека треба да дишете длабоко и смирено. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ви го претставуваме вашиот целосен хороскоп за 2017 во две секундиСé што треба да знаете за годината што ви претстои. Ослободете се од: Не пробувајте да го промените (или изградите) светот во еден ден. Позната личност во овој знак: Скај Џексон (8 април) Прифатете: Здрави ритуали и навики што прават да се чувствувате секси во сопствената кожа. Ослободете се од: Да се плашите премногу за иднината – живејте ден за ден. Позната личност во овој знак: Џиџи Хадид (13 мај) Прифатете: Легендарна оригиналност – вашето име ќе го изговараат сите оваа година. Ослободете се од: Не дозволувајте други луѓе да летаат на вашите крилја. Позната личност во овој знак: Анџелина Џоли (4 јуни) Прифатете: Нека биде вашиот дом ваш замок. Ви треба приватност. Точка. Позната личност во овој знак: Ариана Гранде (26 јуни) Прифатете: Пристапот „пробајте пред да купите“ – бидете дилетант оваа година. Ослободете се од: Прекумерната употреба на „емотиконки“. Позната личност во овој знак: Кајли Џенер (10 август) Ослободете се од: Судењето како одбранбен механизам – и тоа уште пред да сте ја пробале работата! Позната личност во овој знак: Зендаја (1 септември) Прифатете: Следете ги вашите страсти и соништа без да се извинувате на другите. Ослободете се од: Претрупување на вашиот распоред така што немате време за себе. Позната личност во овој знак: Ким Кардашиан (21 октомври) Прифатете: Полабав, послободен распоред на вашето време што ќе остави простор за спонтаност. Ослободете се од: Престанете да фрлате сомнеж на невините. Позната личност во овој знак: Ема Стоун (6 ноември) Прифатете: Сé што е колективно – соработки, живеење заедно, делење превоз и активизам во заедницата. Ослободете се од: Фиксирање на завршетокот и заборавање да уживате во процесот. Позната личност во овој знак: Тејлор Свифт (13 декември) Прифатете: Отклучете ја вашата повисока свест (и релаксирајте се!) со медитација и метафизика. Ослободете се од: Престанете да разговарате за статусот. Позната личност во овој знак: Габи Даглас (31 декември) Прифатете: Глобален номадски статус – имајте повеќе печати во пасошот оваа година! Позната личност во овој знак: Ема Робертс (10 февруари) Прифатете: Делувајте повеќе дрско – тоа ќе ги држи сите непосакувани додворувачи подалеку од вас. Ослободете се од: Сексуалните инхибиции: кога се чувствувате жешко, не се воздржувајте. Позната личност во овој знак: Ријана (20 февруари) Изменето од Valerija - 01.Февруари.2017 во 10:43 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Ina94
Нов член Регистриран: 31.Јануари.2017 Статус: Офлајн Поени: 37 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Риби подзнак девица и да верувам
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Таа влегува во собата и сите замолчуваат - за кој хороскопски знак станува збор?Таа има само една желба: Да владее со светот! Она што најмногу ја плаши е да биде игнорирана од страна на околината, па затоа ги користи сите свои квалитети да биде забележана. Кога влегува во просторијата, сите замолчуваат како хипнотизирани. Можеби тоа го постигнува со бујната коса, смелиот став или пак изостреното чувство за хумор. Таа е единствена и неповторлива, таа е жената Лав! Лавиците се многу чесни и лојални. Умеат добро да се организираат, но точно знаат со кого сакаат да комуницираат, а кого со задоволство би го ставиле на црната листа на луѓе со кои не преферираат да зборуваат или да соработуваат. Тие се по малку драматични, но на некој својствен и забавен начин. Вообичаено мислат дека се центарот на светот, но тоа не е нималку чудно, бидејќи се управувани од Сонцето кое е центар на сончевиот систем. Кога е топло и сончево тие се најсилни, кога сонцето блеска, блескаат и Лавовите. Лавот е роден лидер со високи амбиции и има магнетска харизма. За нив важи правилото дека се суетни, надмени и егоцентрични, но вистината е дека имаат широко срце и се прилично добродушни и дарежливи. Воедно, сакаат да подаруваат и да примаат подароци. Умеат да бидат прилично арогантни кога им се сака и прилично агресивни кога сакаат да исполнат некоја своја цел. Сепак, само една е кралицата на џунглата, зарем не? Изменето од Valerija - 28.Јануари.2017 во 09:34 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мисли – дека никој не знае
Прави – зависно од тоа дали некој ќе го проверува |
|
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ХОРОСКОП ОД ТРИ ЗБОРОВИ: Најкраток и најточен!12 Ова веројатно е најкраткиот хороскоп кој некаде ќе го најдете, а можеби и најточен. Овен Мисли – многу Бик Близнаци Рак Лав Мисли – точно Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Жена Овен Концентрирани главно на себе, жените во знакот овен флертуваат директно, бестрашно и секогаш подготвени за предизвик. Имаат детски шарм и потреба да добијат се во моментот кога ќе го посакаат. Огнени се, импулсивни и полни со ентузијазам и не поднесуваат пасивни партнери. Повремено имаат изливи на бес и може да бидат мошне груби. Сакаат да бидат први и најдобри, па потребата за натпревар им е во крвта. Презираат рутина и постојано сакаат некој да им се додворува. Жена Бик Жената во знакот бик ретко кога не носи квалитетна облека и импресивен накит. Таа е посесивна и сензуална партнерка која сака комфорна врска во која ќе може да им се препушти на задоволствата. Понекогаш материјалната сигурност и е поважна од емотивната, па бара партнер кој може да и е стабилна иднина. Не сакаат кога некој ги форсира да направат нешто што не сакаат бидејќи во суштина тешко се прилагодуваат на промени. Жена Близнаци Ова е жена со нагласена смила за хумор и досетливост. Потполно е отворена во комуникацијата, што остава впечаток дека постојано флертува. Но, нека не ве залаже нејзиниот детски шарм, затоа што под површината се крие личност која добро ја анализира секоја ваша постапка. Секогаш е во потрага по интересен тип на маж кој ќе ја привлече со својата интелигенција и способноста да дискутира на најразлични теми. Доколку сакате да ја задржите покрај себе секогаш изнаоѓајте нови начини со кои што ќе ја стимулирате нејзината љубопитност. Жена Рак Овој знак отсликува жена полна со емоции во потрага по вистинска љубов. Мошне е чувствителна, пожртвувана, а понекогаш дури и депресивна кога некој ќе си поигра со нејзините чувства. Може да биде каприциозна дама која лесно менува расположенија и не е задоволна од она што имате да и го понудите барајќи постојан доказ за вашата љубов. Најдобро се чувствува кога се грижи за некого без разлика дали тоа се партнерот, пријателите или децата. Жена Лав Овој знак открива дами кои се драма кралици. Сакаат се освен рамнодушност. Избираат претставителен партнер кој ќе го покажуваат пред другите луѓе и секогаш паѓаат на ласкање и комплименти. Кај нив љубовта и сексот одат рака под рака бидејќи сакаат врска која ќе биде исполнета со страст и меѓусебно разбирање. Што се однесува до физичкиот изглед, жената со лав како што кажува и самиот знак сака да биде во центарот на вниманието секогаш средена од глава до пети и во чекор со модата. Жена Девица Скромни и посветени, овие жени нема да ве заведат со флертување туку со отворен пријателски пристап на кој нема да можете да му останете рамнодушни. Нивното логично и приземно однесување остава впечаток дека ви се најдобри другарки со кои што можете да споделите буквално се. Лошата страна е во тоа што многу внимаваат на детали и ситници и лесно може да излезат од контрола кога нешто не е како што треба да биде. Иако изгледаат како чисти логичари, во суштина се полни со емоции кои вешто ги задржуваат за себе. Жена Вага Вистинска жена, елегантна и шармантна секогаш подготвена да остави најдобар впечаток пред другите луѓе. Ужива во уметноста и во префинетоста на животот. Мрази вулгарности и непристојно однесување. Знае одлично да флертува, но понекогаш се опседнува со изгледот. Иако сака стабилна врска, не е покажува голема страст во своите љубовни односи. Жена Скорпија Жената скорпија е мистична, таинствена и магнетно привлечна дури и кога физички не е посебно убава. Зрачи со харизма, па затоа каде и да оди мажите едноставно се лепат за неа. Љуби интензивно и длабоко, а исто толку знае да биде деструктивна кога има епизода на љубомора и посесивност. Ќе ве направи мошне среќен човек во креветот се додека сте подготвени да и бидете потполно лојални и посветени. Жена Стрелец Жена во знакот стрелец дава особини на вечен оптимизам, отвореност и спонтаност. Оваа жена е интелектуалец кој ужива да патува, учи и истражува. Често кокетира и храбро се впушта во авантури, но си ја сака слободата, па поради тоа тешко може да се задржи во врска. Мрази рутина и предрасуди како и патетични емотивни сцени. Секогаш е отворена за нови предизвици, па можеби токму затоа стапува во брак во подоцнежните години од животот. Жена Јарец Вечната потреба за љубов е скриена под ладната надворешност на жената со знак јарец. Таа е стабилна, пристојна, не ретко резервирана, но и амбициозна и пресметлива. Тешко е да се заведе затоа што и треба многу време додека ги изрази своите емоции. Сака долги врски во кои ќе се чувствува сакана и материјално обезбедена. Освен тоа најчесто и се допаѓаат постари партнери за кои мисли дека се доволно зрели да и го понудат она што и е потребно. Жена Водолија Ориентирани
кон иднината овие жени секогаш имаат специфичен и необичен пристап кон
нештата. Два чекори пред сите, жените во знак водолија бараат партнер со
либерални сфаќања кои се двојат од толпата и не ги следат правилата.
Овие ексцентрични жени во еден миг се нежни, а веќе во другиот прават
нешто сосема непредвидливо што ги шокира сите околу нив. Кога ќе
почувствуваат дека партнерот се обидува на било кој начин да ги ограничи
стануваат ладни и почнуваат со својата потрага по нова љубов. Жена Риби Жени
кои се многу шармантни, тивки, со необично и меко срце. Изгледаат
еротично и мистично како да кријат некоја голема тајна, но во суштина се
многу едноставни. Се што треба да направите е безусловно да ги сакате.
Рибата им ја нагласува фантазијата што прави да бидат едни од оние луѓе
кои одат и со сонуваат со отворени очи. Ненаметливи се и постојано го
идеализираат парт
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Плодна година: Овие хороскопски знаци ќе ја најдат љубовта на својот живот во 2017-таЅвездите откриваат дека оваа година некои знаци ќе имаат многу среќа во љубовта. Водолија Многу жени родени во знакот на Водолија ќе се остварат во улогата на мајка затоа што оваа година според астролозите е поволна кога станува збор за семејните врски. Ова ќе биде особено плоден период за придвижување на љубовните врски, додека за двојките кои се долго време заедно, ова е совршено време за да го кажат судбоносното „да“. Рак Тие конечно ќе успеат да се извлечат од лоши врски или да формализираат нешто што долго посакувале. Нежните и емотивни Ракови тежнеат за брак и верен партнер, така што во текот на 2017. ќе запознаат некој токму таков. Ако сте се вљубиле во воздушен знак – може да имате незаборавни моменти кои ветуваат сериозна врска. Лав 2017-та на Лавовите ќе им донесат смеа, љубов, среќа и предлози. За Лавовите во врска ова ќе биде вистинско време за кажување „да“ или барем да размислат за тоа, додека оние кои се сами може да очекуваат фатална љубов на која нема да можат да ѝ кажат не. Најново од Интересно |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кој природен феномен сте според хороскопскиот знакСекој од нас има незапирлива енергија, која не се контролира кога ќе ја зафати напливот од емоции. Затоа проверете на која природна појава, прекрасна, но истовремено и деструктивна, најмногу наликувате според зодијакот. Овен – вулкан: непредвидлив, насилен и експлозивен. Бик – земјотрес: дестаблизирачки, моќен, ослободува тони енергија. Близнаци – вртлог: премногу деструктивен, жив, но не и возбудлив. Рак – цунами: доминантен, може да донесе пустош. Лав – шумски пожар: заразен, брзо се шири, тешко се запира. Девица – магла: блага, нејасна и условена. Вага – монсун: непредвидлива, неурамнотежена. Скорпија – бура со грмотевици: моќна, мрачна, деструктивна. Стрелец – торнадо: краткотрајна експлозија на енергија. Јарец – снежна бура: студен и непопустлив. Водолија – северна светлина: мистична, ретка и феноменална. Риби – изгрејсонце: симбол на нов почеток. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Единствената работа која треба да ја направите оваа година според хороскопотНајверојатно до сега веќе сте го прочитале годишниот хороскоп, па знаете што ви предвидуваат ѕвездите во текот на целата година. Овој пат, за секој знак посебно, ви прикажуваме на што треба да поработите токму во новата година.
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сезоната на одбројување и подарување започна. Време е да се прошетате низ продавниците и да се впуштите во потрага по идеалниот подарок за своите најблиски. Некои луѓе имаат талент и дарба да одберат одличен подарок, но на добар дел им е потребна мала помош. Идеите не секогаш доаѓаат така лесно. Но, без очајување, ѕвездите се тука да ви помогнат. Каков подарок би сакал да добие секој хороскопски знак во пресрет на празниците? ОвенОвните се оние кои сакаат нови работи - нова технологија, ново хоби, нови искуства. Нема да погрешите доколку им купите безжични слушалки за мобилен, а нема да се противат и на нов мобилен телефон. Сакаат забавни нешта кои носат доза адреналин и авантура, па пријатно ќе ги изненадите со платени часови за качување на вештачка карпа, брканица со ласери, картинг или летање со параглајдер. Одлична идеја за подарок е и спортска опрема која добро се вклопува со изборот на нивната физичка активност – фитнес, велосипедизам или планинарење. БикСензуалните Бикови сакаат уживање и хедонизам, односно сакаат добро да се чувствуваат во својата кожа. Идеалниот подарок за нив е нешто во кое ќе уживаат и ќе се чувствуваат луксузно и пријатно. Комфорен, но скап дебел џемпер, свилени пижами или долна облека. Неколку различни шишиња добро вино или увозни брендови на пиво во добро завиткана кутија... Тие обожуваат мали гурмански залчиња, па предвид доаѓаат и солени и благи вкусови. Природна квалитетна козметика и добри парфеми е нешто кое исто така ќе им донесе насмевка на лицето. БлизнациБлизнаците сакаат забави 24/7 и најмногу од сè, сакаат да бидат добро информирани. Доколку им овозможите неколкумесечна претплата на омилените списанија ќе бидат среќни. (Полу)годишна влезница за музеј, кино или театар исто така искрено ќе ги израдува. Таблет е одличен избор за подарок или аксесоар за мобилниот телефон. Бидејќи сакаат да гестикулираат со рацете, идеален подарок за жената близнаци е скап маникир или сет за домашен маникир, доколку е вешта самата да си го направи. РакТопла домашна атмосфера е на врвот на листата на желби за Ракот. Дезенирани перничиња, интересни ѕидни часовници или кашмирни прекривки ќе ги израдуваат Ракчињата. Гаџет за музика во облик на старинско радио или грамофон ќе им го привлече вниманието, како и луксузен готвач за специфична храна. Карти за опера и балет се исто така еден од подобрите подароци за Раковите. ЛавСè што сјае - тоа е девизата на Лавот кога станува збор за подароци: накит, шминка или некоја скриена тетоважа. Добро парче облека како квалитетна кошула или кожена јакна и модни додатоци од типот на огромни шалови и шешири кои веднаш влегуваат во очите на околината. Производи или апарати наменети за нега и стилизирање на косата се одличен избор за Лавиците, а генерално обожуваат карти за театарски претстави. ДевицаСè што ќе го направи животот полесен и поедноставен е одлична идеја за подарок за Девиците. Со еден збор, тоа што другите ќе го сметаат за здодевно, Девицата ќе го дочека со ентузијазам. Ароматични свеќи за домот, средства за одржување хигиена на природна база или организатори за облека, чевли или ситници. За себе посакуваат органска козметика која ќе им даде свежина и сјај на лицето и телото. Доколку вашиот избор е накит за Девицата, нема да погрешите со тиркиз. ВагаПуфкасто, убаво, романтично - таков треба да биде подарокот за Вагите. Луксузни мали сапуни спакувани во слатки кутии или убави свеќи... Нежни парфеми со лесни ноти или некое добро парче облека со кое ќе го подноват гардероберот... Вагите кои се интелектуални и сакаат културни случувања особено ќе ценат добра книга или автобиографија на некоја позната личност. СкорпијаСензуалните Скорпии ќе се израдуваат на чипкана долна облека или некоја секси играчка. Сакаат и полускапоцени камења, особено оние кои имаат моќ за лекување. Доколку им подарите платено учество во работилница за изработка на накит и украси или работилница која се занимава со себеистражување и сопствен напредок, ќе бидат особено задоволни. СтрелецКвалитетен и цврст куфер за патување или авионска карта на попуст е супер избор за авантуристичкиот Стрелец. Книга со инспиративни приказни или цитати или голема корпа со додатоци за пикник во природа. Стрелците сакаат и сентиментални подароци, па врамени семејни фотографии или гравиран часовник или приврзок за клучеви со иницијали или скриена порака е одлична идеја. ЈарецНајпрактичниот и најпродуктивниот знак обожава два типа на дијаметрално спротивни подароци: практични и луксузни. Ќе биде среќен со планер за работа или со дизајнерски часовник. Сакаат подароци со кои лесно и едноставно ќе ги завршуваат работите, но истовремено да изгледаат модерно и убаво. Сепак, имајте на ум дека Јарците не сакаат многу изненадувања, па доколку сакате да ги изнесете на некоја убава вечера, прво поминете го целиот план со нив. ВодолијаВодолијата е иноватор, сака да истражува и да ги поместува границите, па добро би ги израдувал еден телескоп или барем билет за планетариум. Тарот карти или натална карта исто така, е одлична идеја за подарок за интуитивната Водолија. А, доколку им подарите сет за рачна изработка на производи и силиконски пиштол, ќе ја разбудите нивната страст за „Направи сам“ проекти. РибиКомфорни кадифени пижами, уред за музика кој може да го наполните со фин џез или други пријатни мелодии се идеални за Рибите. Ваучер за спа третман, или скап педикир ќе ги разгали, а може да дадете и донација во нивно име, бидејќи Рибите се алтруисти и емпатични и секогаш сакаат да помогнат. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
... а што ако се пар? а не се со ист хороскопски знак ? како ќе се одреди дестинацијата на новогодишната ноќ , кога истите не се поклопуваат ? Изменето од bijonse1 - 19.Декември.2016 во 20:56 |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во пресрет на новогодишните и божиќните празници многумина веќе си ја проектираат совршената вечер дома, покрај елката или каминот, со вкусна храна и пијалаци. Но, дел имаат нескротлива желба за патување и освојување нови хоризонти. Возбудата при пакување на куферот, преминувањето граници и престојот во хотелски соби е неспоредлив со топлата домашна атмосфера. Па, каде би требало да отпатува секој хороскопски знак за празниците? Можеби еден дел овие дестинации ќе станат реалност: ОвенИсполнет со енергија која не му дозволува да седи долго на едно место, Овенот сака истражување и авантури кои ќе му го задржат вниманието. Одличен избор е Аргентина, Нов Зеланд и Австралија. Дубаи целосно ќе го освои, а за доза возбуда и адреналин, упатете се кон Јужна Африка или Перу. БикПриземјените Бикови треба да се упатат кон места со доволно добра храна, уметност, театар и архитектура за да бидат среќни. Градовите како Даблин, Париз, Фиренца, Барселона и Прага ќе им го нахранат телото и умот ќе ги задоволат нивните потајни уметнички склоности. БлизнациЕкстровертните весели Близнаци бараат живописно и среќно опкружување за празниците. Тренди модерни градови со богат ноќен живот се нивната идеална дестинација. Идеално ќе се вклопат во Сан Франциско, Њујорк, Лондон или Хонгконг. РакЉубителите на убава храна ќе се чувствуваат како дома секаде каде што ќе имаат можност да пробаат вкусна традиционална храна. Како типичен претставник на водените знаци, Раковите функционираат одлично на места со прекрасни плажи, реки или водопади. Островите во Грција, Рим, Карибите или Малдивите како и Тајланд се солидни избори за патување. ЛавЛавовите сакаат гламур и градови кои едноставно блескаат со својата естетика. Париз, Њујорк, Милано, Капри или Женева се во состојба да им понудат првокласна услуга и богато опкружување каде што и самите ќе се чувствуваат како ѕвезди. Одморот мора да биде зачинет со шопинг, за да биде доволно екстравагантен за знак каков што е Лавот. ДевицаДевиците обожаваат да планираат. Сакаат да прават списоци и листи и добро да го истражат местото пред да се упатат кон одбраната дестинација. Места богати со историја и култура ќе го нахранат нивниот глад за информации. Египет, Грција, Мадрид, Берлин или Рим се идеални за тоа. Девиците сакаат да учат, не само да се одмараат и забавуваат додека се на одмор. ВагаШармантната Вага сака да се меша во големи толпи и ќе ѝ биде удобно секаде каде што има многу случувања, особено од општествен аспект. Романтични и балансирани, тие преферираат патувања кои ќе им го исполнат срцето, како патиштата кои водат кон Франција, Турција или Шпанија. СкорпијаСтрасните Скорпии сакаат мистерии. Егзотичната клима во Куба, Египет или места кои дишат со историја како Рим или Њу Орлеанс се одличен избор. Длабоко во себе, Скорпиите се големи романтичари, па не се исклучени и градот на светлината Париз и атрактивната Венеција. СтрелецСтрелецот е дефиниција за патување и авантура. Како вистински истражувач, го привлекуваат места кои ќе може детално да ги разгледаат. Сакаат да комбинираат авантура, но и знаење слично како и Девиците, па идеалните локации за зимскиот одмор се Шпанија, Будимпешта, Турција, Виетнам, Јужна Африка, Прага, Мексико и верувале или не – Кенија. ЈарецЈарците сакаат предизвици и добро се подготвуваат за истите. Логистички одлично испланиран одмор исполнет со задоволство и удобност е нивниот сон. Омилени локации: Тајланд, Фиџи, Швајцарија, Австралија и Германија, каде што ќе имаат доволно време за шетање, но и одмор и релаксација за целосно уживање. ВодолијаНезависната и неконвенционалната Водолија сака да избега кон не толку атрактивните дестинации, каде што со ранецот на грбот ќе ја истражува локацијата, подалеку од туристите и големите гужви. Токму затоа, ќе се упати кон Камбоџа, Исланд, Шведска, Куба или Русија, каде што ќе го искусат скриеното и неистраженото. РибиУбавите и романтични Риби ги привлекуваат магични места кои потсетуваат на бајки или соништа. Па така, Венеција, Париз, Копенхаген, Рим, Јапонија, Mароко или Монако ќе ја задоволат нивната потреба за љубов и убавина. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Хороскопски знаци кои имаат најдолг животен векХороскопот навистина ни открива многубројни факти како на пример нештата кои навистина ги сакаме така и оние кои не сакаме да ги знаеме. Но сепак хороскопот е тука да ни ги открие тајните на ѕвездите кои “управуваат“ со знаци под кои сме родени. Верувале или не, хороскопот може да ја открие и должината на нашиот животен век. Иако начинот на кој живееме од стресот па се до исхраната имаат големо влијание на нашиот животен век, би можело да се каже дека хороскопот е тесно поврзан со тоа. Всушност се испоставува дека три хороскопски знаци имаат подолг живот од луѓето кои се родени под другите знаци во Зодијакот. Станува збор за Овенот, Девицата и Ракот. За Овенот важи дека знае што сака и дека е многу одговорна личност која знае како да ужива во животот, што и се претпоставува дека е неговата тајна за долг и убав живот. Девицата која е позната како конзервативна личност која се грижи за своето здравје и води сметка за тоа колку и што јаде, дали истата храна е здрава или не и редовно оди на лекарски контроли. Сите овие рутини укажуваат на тоа дека Девиците можат да живеат долго бидејќи навистина се грижат за себе. Тие едноставно не можат без да вежбаат, особено јога која ги смирува, а јасно е дека живот без стрес е долг и среќен живот. И Раковите водат сметка за начинот на живот, бидејќи знаат дека урамнотежената исхрана и здравиот дух го продолжуваат животот. Бидејќи Раковите се сметаат за еден од најемотивните знаци, тие својот живот му го посветуваат на семејството. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1234 157> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |