|
Дали Бог е знаечки? |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нели Бог е семоќен? Тоа значи дека може се- па и да ја предвиди иднината. Ни дал избор и тоа е само наше право. Тој не ни диктира што да правиме. Ние не сме роботи, туку живи суштества со разум и слободна волја. Иако Тој знае што ние ќе одбереме сепак не се меша во нашите одлуки. Секој самиот си ја крои судбината. А Бог може да гледа во иднината. Како инаку би ги објасниле пророштвата кои се оствариле и се остваруваат во денешно време?
|
|
Pentakostalec
Сениор Регистриран: 11.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
„Ти не си фрлил, кога си фрлил, туку Господ фрлил” (Ел-Енфал, 17).
so e voa kaj pisuva vo biblata daj mi podatoci od Bilijata i kje zborime pozz |
|
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Pentakostalec, твоево прашање ми звучи како да е поставено од некој атесит. Јас знам дека ти си верник, но, дозволи ми на твоево прашање да опфатам малце поширок простор и да продискутирам како со атеист. Па зато ќе речам дека ти направи неколку грешки: Твоите дела му се познати на Господ и се запишани во неговата книга, но со тоа не ти се со сила одредени. Тие се одредени само во неговото знаење. Оваа одреденост може да се спореди со следното: Ти имаш знаење за делата на својот син и во нив е содржана можноста тој да изврши прељуба. Ако го направи тоа дали ти си го принудил на тоа или тоа само било претпоставено и се случило твоето знаење да било точно?
Што се однесува до твоите зборови за слободата и можноста за бирање дека тоа е само обична лага и дека тоа го докажува фактот што ти не си ги одбрал сопственото раѓање, пол, боја, татковина, дека не можеш да влијаеш на сонцето и месечината, тие ја покажуваат втората грешка што ја направи. Грешката е во тоа што ти слободата ја сфаќаш сосема поинаку од нас верниците. Ти зборуваш за апсолутна слобода, па велиш зошто не сум можел себе си да се создадам со боја, висина...кои јас си ги сакам, зошто не можам да се рамнам со Сонцето, Месечината, во што е всушност мојата слобода? На ова одговараме: ти зборуваш за апсолутна слобода...слобода за слободно располагање со универзумот, што му припаѓа само на Господ. За нас вистината е една: „А Господарот твој создава што сака и што одбира. Не е нивно да одбираат” (Касас, 68). Никој нема избор во однос на прашањето за создавањето, затоа што само Аллах џ.ш. е тој што создава што сака и бира што посакува. Господ џ.ш. нема да те повика на одговорност заради твојата висина, ниту ќе те казнува заради тоа што не си го сопрел сонцето во својата орбита. Но подрачјето на прашањето е прашање на наредбата. Ти на тој план си слободен и тоа се границите за кои зборуваме. Ти си слободен да ги скротиш своите страсти, да го скротиш својот гнев, да се спротивставиш на себе, да ги отфрлиш злите намери, а да ги продолжиш своите доблести. Ти можеш да бидеш дарежлив по себе и со имотот. Можеш да ја кажуваш вистината или да лажеш. Можеш да ја воздржиш раката од забранетото. Можеш да го воздржиш погледот од туѓата срамота. Можеш да го воздржиш својот јазик од напаѓање, оговарање и сплеткарење. На овој план ние сме слободни, и само за тоа што е во него ќе бидеме прашани и одговорни. Станува збор за релативна, а не за апсолутна слобода, слобода на човекот на план на обврските. Оваа слобода е вистинита, а неа ја докажува вроденото чувство за неа. Ние чувствуваме одговорност, каење заради грешката, а задоволство и мир кога ќе сториме добро дело. Ние во секој миг бираме и ги споредуваме сопствените можности. Дури и првата задача на нашиот разум е определувањето помеѓу повеќе можности. Ние сосема јасно го разликуваме движењето на раката која трепери од треска и раката која пишува писмо, па велиме дека првото е одредено, насилно, а второто одбрано, слободно. Да немавме слободна воља, не ќе можевме да правиме разлики. Исто така оваа слобода ја докажува а нашето чувство на немоќ да го принудиме срцето на нешто со што тоа не е задоволно. Жената можеме да ја принудиме со присилба и закани да прави се што ќе и кажеме, но со никакви средства не можеме да ја принудиме да не сака. Ова јасно покажува дека Аллах џ.ш. ги ослободил нашите срца од секаква присилба, правејќи го сосема слободно. Затоа Аллах џ.ш. ја сторил намерата т.е. нијетот, чиј извор е срцето, како столб на одговорноста. Верникот кој под присилба ја грди верата нема да одговара пред Аллах џ.ш. се додека со согласување на своето срце не го направи тоа: „..освен оној кој со сила е принуден, а неговото срце е смирено во верата..” (Ен-Нахл, 106). Втор вид на погрешност на ова прашање се состои во тоа што некои луѓе сфаќаат дека човековата слобода и е надредена на вољата на Аллах џ.ш., обвинувајќи ги застапниците на тезата за слободата дека на Господ му припишуваат соучесници во заповедувањето и одлучувањето. Па така и ти пријателе си ја разбрал, па зборуваше за повеќебројноста на вољите, што очигледно е погрешно. Човековата слобода не се воздигнала над вољата на Аллах џ.ш. Човекот е слободен да стори нешто што му се спротивставува на задоволството на Аллах џ.ш., но тој не може да стори ништо што и противречи на вољата на Аллах џ.ш. Аллах џ.ш. ни дал слобода да се спротивставиме на Неговото задоволство на наша штета, но на никого не му дал слобода да се спротивстави на Неговата воља. Ова е второ лице на релативноста на човековата слобода. Се што правиме е во рамките на вољата на Господ, дури и она што го правиме, а што не е во склад со Божјето задоволство и со Шеријатот . Нашата слобода е Божји благодет и награда која Господ ни ја дарил сосема независно од нашата воља. Нашата слобода е само негова воља: “Вие не можете да сакате нешто друго од тоа што Аллах сака” (Ел-Инсан, 30) Да се зборува за слободата во оваа смисла не значи припишување на Господ дека има другари. Нашата слобода е исто што и Неговата наредба, Неговата воља и Неговата одредба. Трет вид на погрешност на ова прашање е погрешното сфаќање на одредбата и судбината на слободната воља и слободниот избор, од страна на оние кои се занимавале со проучување на ова прашање. Тие одредувањето и судбината ги сфатиле како да е тоа принудување и присилување на човекот на она што не е во неговиот карактер и во неговата природа. Истата оваа грешка ја направи и ти, пријателу. Аллах џ.ш. ја одрекува присилбата од своја страна: „Да сакавме Ние би пратиле знак на небото, па тие пред него би ги свиткале своите вратови” (Еш-Шуа’ра, 4). Значењето на овој ајет е јасно: сосема можно било да се принудат луѓето на верување, но тоа не е сторено затоа што Господ не присилува: „Во верата нема присилба. Правата вистина јасно се разликува од заблудата” (Ел-Бекаре, 256); „Да го сакаше тоа твојот Господар, сите луѓе ќе веруваа. Зарем ти ќе ги присилиш луѓето да веруваат и да бидат вистински верници” (Јунус, 99) Во законистите, кои Господ ги дал нема никаква присилба. Одредувањето и судбината не смеат да се сфатат како присилба на нешто што не е неговата природа. Аллах џ.ш. му дава на секого само она што е во намера на поединецот, му посакува само она што самиот тој си го посакува и му сака она што самиот си го сака. Божјето управување е човеков избор, затоа што Аллах џ.ш. го управува секој човек кон она што неговото срце тежнее и каква намера има: “Кој ја бара жетвата на животот вечен Ние ќе ја умножиме жетвата негова. А кој ја бара жетвата на животот земски, ќе му ја дадеме” (Еш-Шу-ра, 20). “Во нивните срца е болест и Бог им ја зголеми болеста”. (Ел- Бекаре, 10). “А тие што се упатени им го зголеми Аллах џ.ш. упатот”.(Мухаммед, 17). Ќе го спомнеме и ајетот во кој Аллах џ.ш. им се обраќа на заробениците: “Ако Бог најде добро во вашите срца, ќе ви даде подобро од она што ви го зел...” (Енфал, 70). Аллах џ.ш. ни го овозможува она што сме го одбрале во нашите срца и она што ни се намерите и затоа нема насилие, присилба ни принудување на нешто што не е во склад со нашите природи. „На оној кој дели и се чува и кој го потврдува она што е најубаво , Ние ќе му го олесниме и она што е најлесно. А на оној кој ќе скржави и ќе се смета за независен и ќе го смета за лажно она што е најлесно, ние ќе му го олесниме (патот) за она што е најтешко (лошо дело)” (Ел-лејл, 5-10). „Ти не си фрлил, кога си фрлил, туку Господ фрлил” (Ел-Енфал, 17). Тука се поистоветува актот на човековото фрлање со фрлањето од страна на Аллах џ.ш. , та затоа постои само едно фрлање. Кај човекот е намерата, а Аллах џ.ш. го овозможува нејзиното реализирање, и тоа ако е добро со добро, а ако е зло со зло. Човековата слобода нема постојана мера туку релативна моќ, која се зголемува и намалува. Човекот може да ја зголеми својата слобода со наука: со помош на откритија и различни пронајдоци човекот успеал да ја освои земјата, да го совлада просторот и да се ослободи од прангите на времето. Откривајќи ги законите во природата, човекот успеал да завладее со нив и да ги потчини на себе. Открил како се победува жештината, студот, темнината, и така ја зголемил својата слобода на планот на активностите. Науката е значи средство за проширување на границите на човековата слобода. Второ средство е верата. Обраќањето кон Аллах џ.ш. и барањето на Негова помош, исто така ги проширува границите на слободата и ова средство го користеле сите Божји пратеници и нивните следбеници. Сулејман а.с. ги покорил џините, одел со ветерот и зборувал со птиците, сето тоа со Божја подршка и помош. Муса а.с. го раздвоил морето. Иса а.с. ги оживувал мртвите, лечел слепци, губавци и ќорави. Читаме исто така и за евлиите- тие кои му угодувале на Аллах џ.ш.- на кои им се покрива земјата и им се откриваат тајните, недостапни за обичните. Се се тоа степени на слободата, кренати над просекот на човекова слобода, кои тие ја постигнале со своето обраќање кон Аллах џ.ш. и искажување на љубовта кон Него. Ним им се подарени делови од тајното знаење. Науката се јавува по втор пат. Овој пат тоа е науката на тесаввуф-мистицизмот. Прашањето на слободниот избор и неслободната воља - Ебу-Хамид Ел-Газали го поставува и разјаснува кратко и едноставно: „Човекот има слободна воља за она што го знае, а ја нема во она што не го знае”. Со ова тој мисли дека што повеќе се проширува неговото мистично и објективно знаење, истовремено се проширува просторот на негивата слобода. Материјалистичките мислители грешат кога велат дека човекот е роб на историските нужности, гледајќи во него само алка во низата на општествено-економски случувања, сосема подредени на законите на економијата и движењето на општеството. Поимот кој тие неуморно го повторуваат, како да се работи за закон, а тоа е нужноста на класниот судир, погрешен е во научната анализае, бидејќи нема нужност на човеков план, туку најмногу што има тоа се можностите и веројатностите... во ова е и разликата помеѓу човекот и забецот, средството и материјалните тела. Можно е да се предвиди затемнувањето на сонцето во минута и секунда, а можно е и предвидувањето на неговото движење во иднината. Меѓутоа невозможно е да се сознае што човекот крие во своите намери, што ќе направи утре или задутре. Невозможно е да се знае ова освен со помош на веројатности и можности и претпоставувања и тоа под основна претпоставка за имање на доволно податоци за донесување на истите. Што се однесува до тврдењата на материјалистите за влијанието на средината и општеството и за тоа дека човекот не води самостоен живот, одговараме дека влијанието на средината и на општеството како противтежа на индивидуалната слобода го потврдува дијалектичкото знаење на оваа слобода, бидејќи индивидуалната слобода се потврдува само во соочување со противдејствата; ако нема противдејство на човековата слобода, тогаш тој и не е слободен, ако зборуваме за слободата во вистинска смисла, затоа што не постои пречка која треба да се совлада и да се потврди низ таа сопствена слобода. |
|
Pentakostalec
Сениор Регистриран: 11.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
aj da zeeme primer vaka
ako BOG ima zatvoreno 4ovek vo soba a go saka premnoguuu i znae deka ako go pusti niz vratata 100% odi vo pekol i gori za sekogas Kade e togas ljubovta na BOG??? |
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Според мене, треба прво да дефинираме дали зборуваме за предодреденост на работите...
Затоа што тоа се две различни верзии. Првата - доколку е се предодредено (доста Калвинистичка теорија) - тогаш има логика тоа што го зборуваш. Зошто Бог би не создал ако сме предодредени да одиме во пеколот? Зошто би создал некого ако знае дека тој истиот ќе нанесе зло? Но, втората варијанта би била ако Бог знае се, и знае и што ќе се случи, но заради слободната воља која ја дарил на човекот, дава и избор - односно две опции... Реално - при секоја ситуација во животот имаме две опции - да направиме едно или да направиме друго. Секогаш постојат тие две опции. Да речеме дека си во точка да избереш опција А или Б. Избираш А. Таа те води до нова точка во која треба да избереш В или Г, додека ако си избрал Б, ќе те однесело до точка во која бираш Д и Ѓ. Ова, развиј го како модел за секоја одлука која си ја направил и ќе ја направиш во животот и ќе добиеш една многу сложена мрежа која се протега во недоглед. Да се вратиме на првичното прашање - дали Бог знае се, во случајов би се превело - дали Бог ја знае и познава целата таа мрежа? Според мене - да. Таквиот модел не дава предодреденост, остава секогаш слободната воља да направи избор, но во истото време остава простор да се мисли дека Тој сепак знае се. |
|
Do what is right, come what may...
|
|
Pentakostalec
Сениор Регистриран: 11.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Toj znae se sto se slucuva no ne znae sto kje se sluci
|
|
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
,,Па и кога нашата совест не обвинува, да не забораваме дека Бог е над нашата совест и дека Тој знае се."(1 Jo 3:20)
|
|
Pentakostalec
Сениор Регистриран: 11.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Sekoe 4ove4ko sozdanie e bozjo sozdanie,BOG ne sozdava so cel da poveruvame vo nego i bideme spaseni
"Ako BOG znae deka nekoe bozjo sozdatelstvo kje odi vo Pekolot zosto togas mu dava slobodna volja,i zosto ne ljubi Pre mnohgu a koga znae kade kje odi" Moe misleje:jas mislam dekA BOG Ne znae sto kje se sluci so tebe ti dava slobodna volja ti odbirash RAJ ILI PEKOL ne vikam deka BOG ne moze da napravi da znae se,no mislam deka BOG nejke da znae sto kje bide so nas za da na sudniot Den nemaat komentar tie so kje odat Vpekol Ako BOG znaese deka ADAM I EVA kje zgresat zosto gi sozdade??? da se ma4ime i da gorime??? Ako BOG ni dal slobodna volja togas on ne znae sto kje bide so nas za toa sto nie odlocuvame Patem ovaa logika ne e na mojta crkva mn brakja ne se soglasuvaat so mojto misleje bash da vidam so mislite vie zbiram misleje od site da zaklucime so podatoci BOG da ve blagoslovi |
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |