Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
гoстин
Сениор
Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Август.2008 во 16:21 |
ПЛИВАЊЕ - ПОРАДИ ОБВИНУВАЊАТА ЗА ДОПИНГУВАЊЕ ВО МАРТ 2007
Торп ќе го тужи Л'Екип!
Петкратниот олимписки шампион Јан Торп реши да го тужи францускиот весник Л'Екип и новинарот Дамиен Ресио кој му го нарушил угледот со објавување на вести дека Австралиецот користел недозволени средства. Приказната во Л'Екип во март 2007 велеше дека Торп дал примерок урина во 2006 во кој имало ненормално ниво на тестостерон и се додава дека Австралиската анти-допинг асоцијација (АСАДА) знаела за резултатите, но не ги објавила.
Во август 2007 година, АСАДА го ослободи Торп, кој се пензионираше во 2006 и немаше никакви докази дека тој користел нешто недозволено. Светската пливачка федерација (ФИНА) издаде ист извештај. Покрај олимписките титули, Торп освои 11 титули од СП и постави 13 светски рекорди во кариерата.
|
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Август.2008 во 17:21 |
ПЛИВАЊЕ - МНОГУ ОЧЕКУВАЊА, НО И МНОГУ НАЈАВИ ОД АМЕРИКАНСКАТА ЅВЕЗДА
Фелпс предупредува дека е во најдобра форма
Американската пливачка сензација Мајкл Фелпс во својата кратка
кариера има безброј светски рекорди и серија олимписки медали, и вели
дека тоа го остварил со "празен" ум. 23-годишниот Фелпс, кој оди на
рекордни 8 злата во Пекинг, вели дека кога е во вода не размислува за
ништо друго.
"Апсолутно за ништо друго. Некој ме праша за што
размислувам кога ќе влезам во вода и морав да му одговорам дека немам
поим. Ова го правам цела кариера и функционира и нема да го менувам",
вели Фелпс.
Целта на Американецот е да се подобри рекордот на
Марк Шпиц од седум злата на едни Игри, откако во Атина не успеа да го
направи тоа, заработувајќи шест злата и две бронзи. Тој ќе плива во
истите дисциплини од пред 4 години: 200 и 400 мешано, 100 и 200
пеперутка, 200 слободно и три штафети. Фелпс предупреди дека никогаш не
бил во подобра форма.
"За работата со Марк Шпиц, повторно ќе го
кажам истото. Сакам да бидам првиот Мајкл Фелпс, а не вториот Марк
Шпиц. Не ги намалувам неговите успеси, и тој ќе биде запаметен како
олимписка легенда, но јас сега имам шанса да направам нешто повеќе",
вели Фелпс.
Хогенбанд се откажа од 200 метри
Олимпискиот
шампион на 100 метри слободно, Пиетер Ван Ден Хогенбанд ќе се откаже од
трката на 200 слободно во Пекинг за да се концентрира на третата
едноподруго титула на 100 метри. Хогенбанд, кој во Сиднеј во 2000
оствари двоен триумф, а во Атина освои злато на 100 метри, се
натпреварува со Австралиецот Грент Хакет (1.500 метри) во битката да
станат единствените со три олимписки титули во иста дисциплина.
Хогенбанд се откажа од 200 слободно бидејќи финалето на 12 август е
само неколку часа пред квалификациите на 100.
"Мојата љубов кон
100 слободно значи дека морам да ги подесам амбициите. Веќе не сум млад
како во Сиднеј. Имам 30-тина години и треба ресурсите да ги искористам
како што знам подобро. Би можел да земам медал на 200 слободно бидејќи
освен со Мајкл Фелпс, можам да се мерам со кого било", вели Хогенбанд.
Шпиц лут на организаторите
Марк
Шпиц е лут на олимписките шефови што не го поканиле во Пекинг за да го
гледа Мајкл Фелпс како се обидува да го сруши неговиот рекорд од 7
злата од Минхен 1972 година.
"Доколку не добијам покана, ќе гледам на ТВ. Мислам дека требаше малку да се потрудат", вели Шпиц.
Најк дозволи пливачите да носат Спидо
Иако
Најк е позната како компанија која не е многу флексибилна за
спортистите на кои им е спонзор да носат опрема од конк*рентите, тие
дозволија нивните спортисти да носат Спидо ЛЗР Рејсер пливачки костим,
кој го револуционеризираше пливањето. Најк немаше поголем избор бидејќи
претходно дозволи Американците на националните квалификации да бираат
кој костим ќе го носат, и сите го избраа Спидо.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
da be
Сениор
Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 101
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Јули.2008 во 17:06 |
и кой?
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Јули.2008 во 16:54 |
ПЛИВАЊЕ - ДЕНЕСКА КАЈ "СВ. НАУМ" СТАРТУВА ОХРИДСКИОТ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН
Стојчев и Њуњез во трка за лаврите
Денеска по 22. пат во водите на Охридското езеро ќе
се одржи традиционалниот пливачки маратон на кој ќе настапат 27
натпреварувачи од 7 земји од светот, 19 во машка и 8 во женска
конк*ренција.
Под покровителство на претседателот на Република
Македонија, Банко Црвенковски, традиционалниот Охридски пливачки
маратон, 6. по ред во Гран при серијата за 2008 год на Меѓународната
пливачка федерација (ФИНА), стартува на патеката "Климе Савин" од "Св.
Наум" до Охрид, во должина од 30 км, а завршува на Градското
пристаниште во Охрид.
Стартер на трката е градоначалникот на
Охрид, Александар Паснчевски, директор на трката е Сашо Точков, врховен
судија Соња Думбалова - Делова, делагат на ФИНА - Валеријус Беловац
(Литавија), делегат за допинг контрола на ФИНА -Аиде Лиубид (Аргентина).
Фаворити
број еден за лаврите се минатогодишните победници Петар Стојчев во
машка и Естер Њуњез Мореро во женска конк*ренција. Не смееме да го
заборавиме ниту Французинот Стефан Голез, кој е редовен учесник во
Охрид, кој знае да ги замрси конците.
Со исклучок на лидерот,
Французинот Стефан Гомез, останатите пливачи кои се наоѓаат во Топ 10
во генерален пласман ќе се појават во Охрид.
Седумчлената
македонска експедиција во машка конк*ренција ја предводи повратникот на
Охридскиот маратон Томи Стефановски. Него го сочинуваат уште Евгениј
Поп Ацев, Александар Панчевски, Миро Крстевски, Илија Стојановски, Игор
Димовски и Никола Кутиноски.
Охридскиот маратон, чиј фонд
годинава изнесува 25.000 УСД се одржува под патронат на Пливачката
федерација на Македонија, а техничката организација му е доделена на
клубот за спортови на вода "Охридски бранови" од Охрид.
М. Постоловски
ПО 7 ГОДИНИ СТЕФАНОВСКИ СЕ ВРАЌА НА МАРАТОНОТ
Приоритет - да се заврши трката
Нашиот
најдобар маратонец, Томи Стефановски, кој на Охридскиот маратон
последен пат настапи пред 7 години, повторно се враќа во "старото јато".
"Главна
причина за моето апстинирање од маратоните беше повредата на рамото.
Сега таа е санирана. Се подготвував подолго време. Учеството на
Охридскиот маратон го сфаќам како шанса да влезам во ритам, ритам кој
постепено, од натпревар во натпревр, ќе се зголемува с$ до планираниот
настап за препливување на 'Ла Манш' следната година. Целта ми е да ја
завршам трката. Доколку ми се укаже шанса за висок пласман ќе ја
искористам, но без многу форсирање."
ПРОГРАМА
12:00 ч Старт/ Св. Наум
17:30 ч Пристигнување/ Град. прист.
21:00 ч хотел Дрим (Струга)/ награди
ЛИСТА НА ПРИЈАВЕНИ УЧЕСНИЦИ
Т.
Стефановски, Е. Поп Ацев, А. Панчевски, М. Крстевски, И. Стојановски,
И. Димовски, Н. Кутиноски, сите од Мкд, Ј. Глорие (Хол), Ј. Демлиев
(Срб), Б. Живановиќ (Срб), В. Габриел (Арг), В. Родолфо (ита), Е. Њуњез
(Шпа), П. СТојчев (Буг), Л. Ла Пиана (Ита), А. Волпини (Ита), Е. Шол
(Хол), Б. Капел (Аус), М. Мендоза (Арг), Ш. Кларке (Аус), П. Филипо
(Ита), Л. Волеи (Ита), Д. Блаум (Арг), Н. Пети (Арг), И. В Дер Лан
(Хол), С. Билер (Гер), С. Гомез (Фра).
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
da be
Сениор
Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 101
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Јули.2008 во 20:29 |
Коj победи за 7ми пат на Охридскиот маратон
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Јули.2008 во 15:44 |
ПЛИВАЊЕ - УШТЕ ЕДЕН ДЕН НА АМЕРИКАНСКИТЕ ОЛИМПИСКИ КВАЛИФИКАЦИИ
Фелпс осигура осум трки, Хол не оди во Пекинг
Мајкл Фелпс ќе добие нова шанса да го подобри олимпискиот рекорд на
Марк Шпиц во Пекинг, додека Гери Хол Јуниор воопшто нема да оди во
Кина. Фелпс обезбеди осум трки за ОИ откако победи на 100 метри
пеперутка во саботата навечер, и тоа пред светскиот рекордер Јан
Крокер. Победничкото време на Фелпс беше 50.89 секунди, скоро половина
секунда послабо од 3 години стартиот рекорд на Крокер од 50.40.
"Оваа
недела заврши како што сакав. Подготвен за предизвикот кој се наоѓа
пред мене. На Олимпијадата ќе биде далеку потешко отколку тука. Ако се
додадат и штафетите, станува потешко", вели Фелпс.
Фелпс го
додаде овој триумф на тие на 200 и 400 мешано, 200 слободно и 200
пеперутка. Од него исто така се очекува да плива во сите три штафети со
што може да го собори рекордот на Шпиц од седум злата од Минхен 1972.
Фелпс го пропушти тоа во Атина во 2004, кога освои шест злата и две
бронзи.
Фелпс се задоволи со два светски рекорди во Омаха,
додека најголемото изненадување го направи Маргарет Холцер на 200
грбно. 25-годишната Холцер заврши со време од 2:06.09, со што го
совлада рекордот од 2:06.39 на Кирсти Ковентри од Зимбабве од февруари.
Тоа беше деветти рекорд на натпреварувањето. 15-годишната Елизабет
Бизел го освои второто место со 2:06.92, додека Хејли Мекгрегори пак
беше трета, испаѓајќи од Пекинг како и на 100 метри грбно.
Хол
исто така нема да има шанса да оди на трето последователно злато на 50
метри слободно. 33-годишниот шоумен пристигна на базенот со наметка и
со многу зборови, но победата ја оствари Гарет Вебер-Гејл со
американски рекорд од 21.47, додека актуелниот светски шампион Бен
Вајлдмен-Тобрајнер беше втор со 21.65. Хол беше само четврти со 21.91,
по што реагираше незадоволно во базенот, но имаше насмевка по можеби
неговата последна трка во кариерата.
"Пеколна трка. Бев четврти
и не треба да сум разочаран. Иднината на спринт трките е одлична во САД
и ќе продолжи и без мене. Ова е моја последна трка", изјави Хол, по што
имаше драматична пауза и додаде "додека не се тркам повторно".
Хол во својата кариера има 10 олимписки медали.
Кејти
Хоф, 19-годишната американска сензација стигна до својот петти триумф
во индивидуална дисциплина со лесна победа над актуелната светска
шампионка Кејт Циглер на 800 слободно. Хоф имаше време од 8:20.81,
далеку од најстариот светски рекорд во пливањето, 19. години старото
време од 8:16.22 на Џенет Еванс.
Светскиот рекордер Саливен со незгодна повреда
Олимписките
подготовки за светскиот рекордер на 50 метри слободно, Австралиецот
Имон Саливен сопреа одеднаш откако напукна едно ребро на подготвителен
митинг во Сиднеј. Саливен се повреди при скокот во базенот и ја
комплетираше трката без напор. Тој вели дека повредата нема да го
спречи да плива во Пекинг конк*рентно, но дека сега мора да ги намали
тренинзите.
"Нема да се штедам бидејќи ваква шанса доаѓа еднаш
на четири години. Ќе направам се што можам да пливам бргу. Сум поминал
и преку полоши проблеми пред големите натпреварувања, така што не сум
загрижен", вели Саливен.
Австралиецот се мачеше со повреди на
грбот во текот на целата кареира, но се надеваше дека најлошото е зад
него и ја пронајде најдобрата форма поставувајќи светски рекорд на 50
слободно и второ најдобро време во историјата на 100 слободно.
"Не
би биле вистински подготовки доколку немам проблеми, така што ова доаѓа
во вистинско време - обично еден месец пред големото натпреварување.
Ова е третпат да се случува нешто слично, така што ќе го сфатам како
рутина", вели Саливен.
Торес до своја петта Олимпијада
Дара
Торес ќе биде најстарата пливачка на Олимписките Игри, откако
41-годишната мајка стигна до место на својата петта Олимпијада со
фантастична победа на 100 метри слободно на Американските квалификации.
Торес имаше време од 53.78 пред Натали Кохлин со 53.83, по што ја гушна
својата двегодишна ќерка Теса. Покрај тоа Торес на последниот ден на
митингот може да обезбеди и место на 50 метри слободно.
"Со
моите години едвај го видов семафорот. Мораат да почнат да ги прават
поголеми. Шокирана сум и се уште не ми е јасно дека по петти пат ќе
одам на Олимпијада", вели Торес.
Таа веќе го има рекордот за
најстара пливачка со олимписки медал, откако на 33 години освои две
бронзи во Сиднеј во 2000. Нејзиното прво олимписко злато е од Лос
Анџелес 1984 година.
Хакет се закани на 1.500 метри
Австралискиот
шампион Грент Хакет покажа дека ќе биде главен фаворит за трет
последователен олимписки триумф на 1.500 метри во Пекинг. 28-годишниот
Хакет го постави своето најдобро време на 1.500 метри на тренинг од
14:51.62 во Сиднеј, праќајќи им јасен сигнал на своите американски
ривали Ерик Венд и Ларсен Џенсен, кои се подготвуваат за финалето на
истата далечина на квалификациите. Хакет го има светскиот рекорд од
14:34.56 од СП во Фукуока во 2001 и беше изненаден колку бргу ги
поминал 30 круга.
"Никогаш не сум поминал 15 минути на ваков
тренинг. Ментално и физички сум подготвен и искрено подобро пливам
наутро отколку навечер. Ќе имам силна конк*ренција во Венд и Џенсен,
така што нема да биде лесно", вели Хакет.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 03.Јули.2008 во 17:10 |
ПЛИВАЊЕ - ПРОДОЛЖУВА СЕРИЈАТА НА СВЕТСКИ РЕКОРДИ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ВО ОМАХА
Кохлин и Мекгрегори рекордно, Хоф прва до две дисциплини
Натали Кохлин и Хејли Мекгрегори постигнаа два
светски рекорди, додека Кејти Хоф стана првата американска пливачка
која се квалификуваше во две дисциплини на Американските квалификации
во Омаха, Небраска. Само по два дена на осумдневното натпреварување,
паднаа четири светски рекорди, а американските најдобри пливачи се во
остра битка за местата за Пекинг, бидејќи само првите два пливачи во
сите дисциплини се квалификуѕваат.
Вториот ден започна одлично,
кога Мекгрегори исплива 59.15 на 100 метри грбно за да го "украде"
светскиот рекорд на Кохлин на утринските квалификации. Но, нејзиниот
рекорд траеше само до групата на Кохлин, откако 25-годишната пливачка
го врати рекордот со 59.03. Двете пливачки се "опуштија" во
полуфиналето, но сега следува возбудливо финале.
"Се чувствував
поинаку, и телото не ми беше навикнато на вакви трки. Натали и јас
имаме поинакви сили и немам шанси да пливам против неа толку често",
вели Мекгрегори.
"МИРЕН" 23 РОДЕНДЕН ЗА ФЕЛПС
Мајкл
Фелпс тивко го прослави својот 23. роденден со квалификација во
финалето на 200 метри слободно. Еден ден откако го уништи својот
светски рекорд на 400 мешано, Фелпс стигна до лесни победи до
полуфиналето. Рајан Лохте, кој го "бркаше" Фелпс при рекордот од
неделата, постави нов дуел со незапирливиот Фелпс, откако постави
најдобро време оваа година од 1:45.61.
"Задоволен сум од формата. Се чувствувам многу добро", вели Фелпс.
Светскиот
рекордер Брендан Хансен постави дуел за олимписка пресметка со својот
јапонски ривал Косуке Китаџима победувајќи на 100 метри грбно со време
од 59.93.
"Не го срушив рекордот, но добро е чувството да си во
олимпискиот тим. Мислам дека за сите нас ова е најтешкиот дел од
летото", додава Хансен.
ХОФ ВЛЕЕ И НА 400 СЛОБОДНО
Кејти Хоф пак продолжи со својот успех, откако победи на 400 метри слободно со 4:02.32, за второ место за Пекинг во вториот ден.
"Мислам
дека женскиот тим ќе биде многу силен ова лето. Можеби најсилниот",
вели Ларсен Џенсен, која исто така се квалификуваше покрај Хоф.
Хоф
победи на 400 метри мешано со светски рекорд од 4:31.12 во неделата
навечер, за да го врати рекордот од Австралијката Стефани Рајс од
4:31.46.
Кристин Магнусон исто така обезбеди место за во
Пекинг, откако ја совлада Илејн Бриден на 100 метри пеперутка со време
од 58.11, една десетинка од секундата пред Бриден.
"Навистина одлично. Бев малку нервозна пред финалето, бидејќи конк*ренцијата е толку силна", вели Магнусон.
Фостер сака медал од својата петта Олимпијада
Марк
Фостер можеби има 38 години, но британскиот ветеран смета дека може да
направи нешто повеќе во Пекинг. Специјалистот за трки во кратки базени
има шест медали од СП во кариерата и светски рекорди, но ниту еден
медал на Олимпијадите.
Фостер се врати меѓу топ 10 пливачите на
светската рејтинг листа откако стана првиот Британец со време под 22
секунди на 50 метри слободно на митингот во Загреб минатиот месец.
Фостер се пензионираше во 2006, но направи неверојатен камбек кога се
квалификуваше за својата петта Олимпијада на Британскиот Шампионат во
Шефилд во април.
"Не би стоел на стартот доколку не мислев дека
не можам да победам. Но, во исто време сум реален и знам дека луѓето се
побрзи од мене. 50 метри слободно е пеколна дисциплина во која немаш
простор ниту време за грешка. Се е готово за 20 секунди. Изненадувачки
е што се уште го правам ова на мои години", вели Фостер, кој своето
олимписко деби го имаше во Сеул во 1988 година.
Фелпс се откажа од 100 грбно
Мајкл
Фелпс нема да се натпреварува на 100 метри грбно на Олимписките
Квалификации во Омаха, намалувајќи го својот напорен распоред. Името на
шесткратниот олимписки шампион не е на листата за квалификациите, со
што Арон Пирсол останува без главниот ривал. Ова е втора дисциплина од
која Фелпс се откажува од квалификациите, но има уште шест дисциплини
на осумдневните квалификации. Следна дисциплина за него се 200 метри
слободно.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Јули.2008 во 17:23 |
ПЛИВАЊЕ - ОДЛИЧЕН СТАРТ НА АМЕРИКАНСКИТЕ КВАЛИФИКАЦИИ
Фелпс и Хоф почнаа со уривањето рекорди
Мајкл Фелпс и
Кејти Хоф ги започнаа блескаво олимписките квалификации со светски
рекорди на 400 метри мешано. Фелпс, целејќи на рекордот од седум злата
на една ОИ во Марк Шпиц стигна до целта пред добриот пријател Рајан
Лохте со време од 4:05.25, скоро цела секунда подобро од неговиот
сопствен рекорд.
"Ги оставив сите во базенот. Никогаш немаше да
успеам без Лохте покрај мене. Тој е одличен пријател и голем
натпреварувач. Добар старт. Кога ја слушнав публиката знаев дека може
да биде многу добро", вели Фелпс, кој плива во контроверзниот Спидо ЛЗР
Рејсер костим.
Веднаш потоа, Хоф повторно ги крена 12.000 фанови
на нозе откако исплива 4:31.12 за да го врати рекордот кој го предаде
на Австралијката Стефани Рајс во март.
"Навистина посебно за
мене. Се обидував да внимава на секоја промена, а искрено ми помогна и
тоа што ја гледав трката на Фелпс", вели Хоф, која на предходната ОИ во
Атина беше најмлада американска пливачка со 15 години.
Во
третото финале, на 400 метри слободно немаше светски рекорд, но беше
полно со драма откако Ларсен Јенсен победи со 3:43.53 пред Питер
Вандеркај и Ерик Венд, а трите пливачи беа одделени со 0.39 секунди.
Брендан Хансен за малку ќе поставеше нов рекорд со 59.24 на
квалификациите на 100 метри грбно. Ова е најбрзо време оваа година и
блиску до 59.13 рекордот на Хансен.
Хол: "Рекордите се тука поради допингот, а не костимите!"
Олимпискиот
шампион на 50 метри слободно, Гери Хол Јуниор смета дека серијата
светски рекорди е повеќе поврзана со допингот, отколку со
револуционерниот Спидо ЛЗР Рејсер пливачки костим. Американецот вели
дека сериозниот допинг кој предходно за малку ќе го уништеше спортот,
повторно е на ниво.
"Немам никакви докази, но во себеси имам
чувство дека има многу допинг. Треба да види како се чувствува да бидеш
избричен и да влезеш во тие костими. Сигурно има предност во нив, но
тоа не е причината за сите рекорди кои ги видовме. Дали мислам дека
ситуацијата е полоша? Сигурно. Тука во САД", вели Хол.
Контроверзниот
Хол, кој еднаш се закани дека ќе ја скрши австралиската штафета како
гитара, пристигна на квалификациите во приватен авион. 33-годишниот Хол
се обидува да заработи четврта Олимпијада.
На неговите изјави
реагираше Австралијката Либи Трикет, која постави рекорди на 50 и 100
метри слободно оваа година, советувајќи му да ја "држи устата
затворена".
"Гери Хол е човек кој сака да биде во центарот на
вниманието. Тоа е ОК, бидејќи направи многу добри работи за спортот, но
понекогаш треба да ја затвори устата ако нема докази. Би сакала да
верувам дека ова е чист спорт", вели Трикет.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Јуни.2008 во 16:56 |
ПЛИВАЊЕ - ГЕРМАНСКАТА ПЛИВАЧКА НЕЗАДОВОЛНА ОД РАЗВОЈОТ НА НАСТАНИТЕ ВО ПЛИВАЊЕТО
Штефен: "Ривалството со костумите наликува на Ф1"
Брита Штефен верува дека трката да се развијат нови високотехнолошки
пливачки костуми може да го претвори пливањето во формула 1. Штефен
додава дека е сигурна дека новиот костум на Адидас развиван пред
Олимпијадата во Пекинг во август ќе биде исто толку добар како Спидо
ЛЗР костумот, кој од промовирањето во февруари придонесе пливачите да
подобрат 35 светски рекорди.
"Би сакала да видам како сите
пливаат во нормални костуми за капење. Така ќе видиме кој е најдобар
пливач, а не кој го пронашол најдобриот материјал. Немам проблеми да
завршам втора или трета и да знам дека другите биле подобри од мене.
Сега наликуваме на формула 1. Кој го има најдобриот болид? Кој го има
најдобриот костум? Како да се помириш со таква ситуација?", се прашува
Штефен, која постави европски рекорд на 100 метри слободно од 53.20 на
германскиот шампионат во април.
Сепак, Штефен вели дека таа и
нејзините германски колеги кои пливаат со костумите на Адидас веќе не
се плашат дека ќе заостануваат зад пливачите кои носат Спидо како до
пред три месеци. Адидас развива костум кој постигнува охрабрувачки
резултати на неодамнешните пливачки митинзи.
"Ги пробавме новите
прототипи. Костумите обично губат од својата ефективност откако се
користени пет или шест пати. Но, некои пливачи кои ги пробаа велат дека
дури и по 10 пливања с$ е в ред", смета Штефен.
Германката го
имаше светскиот рекорд на 100 метри слободно од 53.30 од 2 август 2006
до 27 март 2008, пред Австралијката Либи Трикет во костум на Спидо да
исплива 52.88. 24-годишната Штефен вели дека и пливачи кои користеле
Спидо се импресионирани од формата на Адидас.
"Тие потврдија
дека е конк*рентен костум, а можеби и подобар од Спидо. Тоа ни дава
подобра атмосфера во тимот пред Пекинг и сите се концентрираат на
пливањето. Адидас успеаја да реагираат бргу со однос на тоа дека
развојот на ЛЗР Рејсер траеше три години. Не ми се веруваше", додава
Штефен.
Француските спринтери против федерацијата
Три
члена на францускиот 4х100 метри слободно тим не го стартуваа финалето
на 100 метри на Париз Опен во средата во знак на протест на одлуката на
Француската пливачка федерација да не го земе нивниот тренер на
Олимпијадата во Пекинг. Фабиен Жило, Фредерик Буске и Грегори Мале,
членови на Серсл Де Нагер пливачкиот клуб од Марсеј, останаа на стартот
на трката во која победи светскиот рекордер Алан Бернар со 48.20
секунди. Името на тренерот с$ уште останува непознато.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Јуни.2008 во 00:47 |
ПЛИВАЊЕ - ПОЗНАТИ ИМИЊАТА НА НАШИТЕ ПЛИВАЧИ ЗА ЛОИ
"Вајлд" картите за Ристовски и за Поповска
На иницијатива на Македонскиот олимписки Комитет, а по добиеното
писмо од ФИНА, со цел дефинирање на имињата на пливачите кои ќе ги
браната боите на нашата земја на ЛОИ во Пекинг, Пливачката федеарција,
тренерите на пливачите кои ги исполнија критериумите на ФИНА и на ПФМ,
и МОК одржаа последни консултации.
При тоа донесен е заклучок,
дефинитивен, кој пак е во согласност со одлуката на ПФМ дека 'вајлд'
картите ќе ги добијат најдобрите, Михајло Ристовски и Елена Поповска.
А,
пак, теренерите Марјан Соколовски и Методија Ангелевски, претходно
изготвија и доставија програма, со финасниска конструкција за
подготовките на Ристовеки и на Поповска, до МОК кој се изјаснил дека не
е во состојба да покрите дел од трошоците, и АМС која засега молчи.
Како
ќе заврши целата оваа работа останува да видиме. Праксата вели дека на
крајот сепак ќе се интервенира, во последен момнет, момент кој од
спортски аспект ќе биде задоцнет, без посакуваниот ефект.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|