|
Денес... |
Внеси реплика | страница <1234 566> |
Автор | |
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денес не оти ми дотежнало нешто,но додека чекам ручеков да се стори една дума да пишам.
Во време на корона,фирмата со која соработуваме прими нова вработена. Ако не секој,секој втор ден се гледаме.Шо може да се види со маскине. Денес,идам јас без маска!Излегува и таа без маска. И додека си чекам пред капија,доаѓа вработената. Си ги разминавме погледите и си чекааам јас,бара со поглед она кој ја викнал. Бог да чува,нит ја познав нит ме позна! Сетики посабајле беше,може и не расонети. Два месеци мака си мачам со синусиве.Од фликсоназе,летизени,цетилизени оперили,се ама се истерав и никако да се средам. Короната со помалце мака ја истерав,ако и беше тоа. Денес низ зелен пазар онака без маска,на брзина купив кромид и зелка. Но морков јок,ниакако око не ми фаќа тоа шо имаше.Извртев убави два крига и ѓоамити тие најубавите шо ми се видоа идам да ги земам. Уз муабет со госпоѓата на тезга падна муабет и синусов.Не за друго на зборење се приметувам дека сум затнат. И кажав шо се сум изнаставал у оваа моја мариовска пиперка. Лекот е пет пари ми вика.Ама ај тебе ни толку нема да те чини. Еве ти едно цвекло од мене,изрендај го и капни си од сокот во носот. Верувале или не ја два саати дишам на нос у пуна пара! А после се деновиве од дневни и политички случувања ја отпишав нацијава. Туку ај да марширам ја,пред две минути ме предупредија дека ручекот е на маса.
|
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денес ете ме на фејсбукот да ѕирнам шо и како има.
Ударно некое си видео и стотици сеирџиски коментари удолу за инцидентот во Кам. Минути претходно на ВК гледав видео,случка од денес исто така. Односно денес бил епилогот на случката која најверојатно се случила ден претходно.Од Кам не би го ставал видеото,сетики нема наравоучение. А еве како некаде низ светот си минуваат пајташи кои како ќе ми ти им текне,така си праТ.
|
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Четвртокот и петокот се акав со точак низ град.
Кај Бриколаж хаос,кај судовиве побетер. Ах бе Петре петрЕ!Иди си достојно бе златен, немој народ да те колне и пцуе.Ама ај,твое си е. Прв,па ни последен не си шо крадел.Али со ваков стил ретко кој си отишол.У тие два дена открив одлична патека.Ретко од таму сум идел.После крстот во Аеродром кон Цементара кај самиот подвожњак од пругата видов група со точаци излегуваат. -Извинете до каде оди патекава покрај пругава? -До Чешма. Одма под ручна тука и пун десен. Убава и мирна,може да се стават слушалки и музика да се слуша дур се вози. И ете денес си ја земав колата... Мислам цела кутија испушив кај Бриколаж и судовиве. Ајде на враќање фатив од кај Тутунски,кон железничка избегав десно кај приградскиве. И ете ме слика прв до пешачки кај зградата на Неоком. Џандар на раскрсница.Ги пропушта сите од пред мене. Нема веќе коли,празен ход.Гледа кон колегата и му вика. -Сега од каде да пуштам? У меѓувреме свират коли од сите страни. -Од кај сакаш! Му довикува оној другиот неписмен па и џандар. Не дава команда за застанување на претходната лента. Ги пушта тие шо сакаше. Па иста ситуација кога и лентата од Џамбо кон Аеродром се испразни. -Абе врти сега по ред! Да не ни е тракедија,многу смешна ќе ни е оваа паланка шо ја напраија од Скопје.
|
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денес благодарение на новите мерки,
заштедив цирка 140 ден.По кафиќи кафе јок!Бем му се,со ваква влада и стопанска банка ќе рикне.Шо да орочуеш девизи? Лапкај си вака.
|
|
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13926 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
,,,denes,,,e denes koj mozhe neka sedi doma , ako iskachate pod senki dvizhete se i technosti shto povekje,,,
Изменето од pajser - 26.Јуни.2021 во 11:44 |
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денес,попуштив врз оркестрирани напади кон мене деновиве.
На арно нека е! Шо знам може и нешто добро ќе се изроди. Признавам дека со таа надеж и попуштив.Инаку ноншалантно ќе ги одбиев нападите.
|
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денес,06:43ч.
Ради малер увек на некоја бош бројка го местам алармот и требаше да се разбудам. Дома моите пензионери,спијат додека не станам и им го сварам првото кафе. Но ете како и секогаш,не се така бива како ние сакаме. Лупаат шољи,вода тече. Отварам око како Бег од турско време,мрзеливо.Кој ли ми го руши раатот. Ова вака моја забелешка,прва мисла ми беше лелеееее сум се успал! Го фаќам саатот 06:38ч. Неееее Ќути Оркааа,денес може ќе имаш среќа некој да ти свари кафе! Се изгубија звуците на водата што протекуваше од чешмата.Шпионски поглед мавнав на едно око кон кујната.Никој навака нема... Го фаќам телефонот 06:41ч.Ќе си полежам вака уште минутка дуШа ја. 06:43ч. Тато,шо така рано? Ајде станувај,кафе имаш!Мајка ми. ...Ај другиот монумент нека си остане кај мене,не и толку важен е. Сакам да си кажам денес ми тргна денот,ете уште не станат кафе ќарив. Да не навлегуем у ритуали,кревет наместен и дуздисан се опнав на балкон. Чибукот во рака,мирисот од кафето и прекрасната мелодија од птиците. Само камбаната ја чекав да одекне и означи 07:00ч.И да се ставам во режим на брзање.Ете ја исчука,може не Ви се верува ама и Вас Ве помислувам,можеби не секој ден,на монументи онака.Иако тука Ве нема да Ви е се по план... Лупа она,втората цигара ја гасам.Телефонот у принцип не го чепкам. Арно ама и комшиката од спротива пие кафе. Си велам,ќе рече: -Овој па,не им даде на цигарите воздух да земат!Без пауза трета по ред. И сетики оти вчера ми стигна нотификација оти сметката за струја е платена, помислив да видам дали случајно пак денес втората исплата за истата сметка ми е вратена. И! Маам тоа пасвордот на апликацијата.Улазим на нутра... Оуууу 4055 ден. повеќе на сметката од вчера. Сум се осеќал ко од реклама на Сител! Додека го пиете утринското кафе,Вашата камата пристигна! Ама така у секунда тоа.И ај викам да Ви кажам да не испадне само пљукам по ЕВН Ама па не би ги ни фалел де. А каматата кај е бе суртуци,цела недела Ви стојат. Ццццццццццц кои загуби ги претрпев на берзАаааааа. Неважно мои пари,мое право! Ете сега и нумерологијата ми се скрши,сакав да укочам некој месец на четворките и седмиците. |
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ортак,оние у Скопје Север слободно мавај а ги видиш.Од ЕВН мислам!
А оние у ГТЦ,да ти кажам откако таму отидов изглеа ќе си ги вратам парите. Иако само изгледа ќе речам,од увек оние од таа страна на Вардар ги бивало политички да те изиграат!Ние од страната на Бит Пазар сме ти по импулсивни, нема циле миле одма големата ја праиме.Ете дури и мене у Север успеаа да ме извадат од патики,шо ретко скоро никогаш избувнувам. Али тие чаирски фори цк кај мене,и ја таму сум раснел.После три дена и на меил вратија,па баш да видам од понеделник како ќе одат работите. Иако катастрофа се!Сигурно секторот за ИТ на месечно ниво во плати им вреди милионски у денари.Три дена да украдеш пари и као демек нешто решааш налет таков ИТ сектор.Од али баба побрзо реагираат и пари враќаат. Среќа што тој ден во период од 17ч до 18ч имало десетици вакви случаи. Па ќе се протнам и ја некако. Туку денес на радио ми улета Брајан Адамс.Во ерата на ЦД-та имав два албуми. А низ компјутер сега глеам ништо.Страв ме фаќа и со еден тера меморија колку музика уште симињам.
|
|
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13926 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
,,,ortak kazhuvaj kogo treba da mavame,,,ama ne vchera ili denes ,,,duuuri vo petok ,,,onaka vikendashki,,, |
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денес!
Навидум обичен ден. Барем така започна,во делот на работните обврски. Има и анегдоти и лицемерија на претек.Сите сме изместени па оние и неколку кој би претрчале низ форумов да не ги замарам.Ете плата земав,али на тоа ја не можам да се израдуам ко пред некои,не знам седум осум години. Унапред една недела најмалце знам кога ќе ја земам,па го нема оној фактор изненадување и радост у неа... Каде ми беше мислата,зошто тоа тука навратив?Ах,да!!! Пред две години некој да ми речеше онлајн да платам, очи ќе му извадев.Ко од катапулт со спремен говор сите факти ќе му ги наборев,зошто не.Сепак случувањава со болеста и од мојата потсвест направија салата.Али таква салата да ни ж'та ни пиво иде со неа.Би рекол ме подесија да сепак бидам барем општествено одговорен.Која иронија чоече...Глуп ли сум ја! Ете само шо ми претрча оваа мисла изворно и сега на форумов, се сетив на Браноко Црвенковски,ЉуБчо Ѓеоргиевски,Владо Бучковски,Никола Груевски и на крај овој,име да му пишам ли Црпнат како мајка му најверојатно го вика ли да го пишам. Остана дилемата ете не пресеков,овој последниов,наречете си го како милувате. Не знам,ете глуп ќе да сум. Да да ете денес слободно без никаква прислиа ова го потврдувам! Оти наназад една година сметките онлајн ги плаќам.А имав и факти и аргументи дека со оваа клошарана на фин начин само ќе го јадеш. Нејсе... Колку само овој збор го гледам наоколу.И која е иронијата во него. Ах пусто турско,или по денешно...Ах пусти Сител,Канал5 и сите други по ред. Истерав со работава,се прибрав ручек па кафе.Многу слатко ми се виде кафето. Можеби оти толку бев растегнат со работа па во 16ч. всушност го пиев второто. А знам и по пет,четири сигурно! Е си викам ќеф ми е сега да седнам на компјутер и стисни ентер,оп платена струја. Мавам чифтето на букмаркс и ко да сме шајка заедно први ЕВН. Ама мислиш,незнам.Не мора ни мејлови ни пасворди.Само еден клик и ете ме кај нив на нутра.Абе да ти е кеиф. Буп еден клик,бам бам бам бројот на картичката. Плати! За Вас ли?Пссссссс одма. И ете го К*ршлукот! Ми стига нотификација од нивната ми ти лоповска страница,трансакцијата е неуспешна. Заради предолго време,дрн дрн...Мамицата лоповска,ја би Ви пишал од оваа временска дистанца. И ајде постапката на рипит... Повторно следи нотификација за неуспешна трансакција. Ај покасно ќе проверам си мислам.Идам на тераса да го палам чибукот.Телефонот таму ме чека. Скролам да се отклучи,супрајс! Две нотификации одлив на средства,оние да што беа неуспешни! И во исто време на страната од ЕВН(мајмуните) си стои фактурата како неплатена. У секунда влегов у "мамицата" моде! Вртам у ЕВН,вака и вака... Господине на тој и тој меил со слики од фактурите и одливот на средствата ќе поднесете молба. Вртам у банка! Ми стојат резервирани средства кон ЕВН,ќе Ве молам да ги сторнирате со оглед дека настана грешка на страната.За истата фактура два пати ми зема средства и не ја прокнижи како платена. Господине во нашата банка ќе поднесете барање со изводот.... Абе па на сите мамицата! И не воопшто не сум лут,ова е вокабуларот шо го заслужувате племето Ваше. Дали имам ја толеранција за неплатена рата од кредит,или пак електрична енергија плаќам кога мене ќе ми текне...Ми брцате у џеб,додека дома седам.Па у нормална демократија вадам сачмарка и Ве пукам,лопови петокласни.Ќе Ви се удри од глаа.Да ме краде некој од рангот на Џаро и ќеиф би ми било на фората,али Вие А од туѓи искуства знам,клошариве нит пари ќе ми вратат нит налог утре ќе сторнират. Него онака лешперски со насмевка ќе ме убедуваат дека сметката за наредниот месец не ќе мора да ја платам...Алооо шо Ваше ја земав а да не мора да Ви вратам! Сречом па ти ја и то на срце не стављам... Ама па увек ми поминуе таа мисла,шо ли згрешив да се родам у Нивнава земја... Нема ли земја за мене на оваа планета,како душава ми милува да си ја нарекувам! А утре,ех утре.Како ли само ќе ги сварам тие партиски службеничиња додека се смеат,у очи ме глеат и лажат! |
|
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Denes sabota ... ke odam do Strasburg malku na soping...
Imajte prekrasen vikend |
|
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|
paralelogram
Сениор Регистриран: 29.Мај.2017 Статус: Офлајн Поени: 787 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Негде завчера, одам по улица, мириса на пиперки како се печат, па може едно 150-200 метри.. Убаво.. Душа да ти се нарани
|
|
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13926 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
,,,denes,,,mozhe da se kazhe spored toa kako e toplo pochnuva vistinsko leto,,,
|
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Denes...cel den vrneee💭
|
|
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|
Внеси реплика | страница <1234 566> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |