IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Символот на верата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Символот на верата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака Обратен редослед
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2008 во 01:34
Тука не се согласувам со тебе, затоа што формата понекогаш е битна истотолку колку и содржината. Односно - формата е дел од содржината...
Do what is right, come what may...
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2008 во 00:08
Kako prvo, da pochneme so zborot simvol.Zoshto se koristi denes ovoj arhaichen zbor, koj nikade poveke ne se upotrebuva i verojatno dobar broj lugje nema nitu da go razberat, vmesto literaturniot makedonski zbor simbol?

Mozhebi ova prashanje vi izgleda retorichko i formalno, no jas mislam deka ushte vo start toa pokazhuva deka imame razlichni pogledi za nekoi raboti. Ako upotrebata na nekakva izumrena terminologija se smeta kako kvalitet i doblest zatoa sto so toa se reflektira nekoja istorija, tradicija, obichaj, vrednost, verska i religiozna tezhina i kvalitet, jas toa go razbiram sosem sprotivno. Za mene toa e potpolno iskluchuvanje od segashniot moment na realnosta, beganje vo nekakvo minato koe poveke ne se zhivee vo segashninata, davanje prividna vrednost na neshtata samo zatoa sto se upotrebuva "star crkoven jazik" i posvetuvanje nepotrebno vnimanie na formata vmesto na sodrzhinata.

P.S. Koga sme veke kaj arhaizmite, sto znachi zborot "torzhestveno"?

P.P.S. Mi se dopagja delot za svesta pozadi zborovite (mi se vkochanija prstive od kucanje po tastaturava na kompjuterot za toa deka najvazhna e svesta sto stoi pozadi zborovite i delata) ama na toa mozhebi ke se navratam podocna.... ne bi sakal sega da go rasplinuvam prashanjeto za upotrebata na arhaizmi vo komunikacijata so deneshniot chovek (bez obzir dali e vernik ili nevernik).

Изменето од Messenger - 30.Мај.2008 во 01:36
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2008 во 23:39
Одлична тема... интересно би било да одиме ред по ред од Символот и да дискутираме за секоја реченица наведена во него...
Do what is right, come what may...
Кон врв
Al_Masih_Qam Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 113
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Al_Masih_Qam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2008 во 23:32
Толкување 1

Символoт на верата – е торжествено исповедање на христијанските догмати. Тој се чита или се пее за време на Литургијата, пред почетокот на евхаристискиот канон.

Првиот збор на тој свештен текст; „верувам” – е поврзан со секој нареден член на Символот и му придава на тоа заедничко изјавување на верата карактер на лично учествување и одговорност на секој член на Црквата, кој заедно со другите вели „верувам”, и (понатаму) „исповедам”, „чекам” (т.е. очекувам со надеж).

Но, доволоно ли е (верата) да се исповеда само со уста, па дури, со срдечна набожност, ако умот не се прилепува кон смислата на тие зборови, што биле изнајдени од отците на Црквата, за Богооткриената вистина да стане достапна за секој човечки разум, просветен со верата во Христа?

Големиот православен богослов од минатиот век; Митрополитот Филарет Московски, правеше разлика меѓу верата како Богооткриена Вистина и верата како свесно примање на откровението. Слепата приврзаност кон авторитетот на верата не е доволна за да се „има вера”. Св. Филарет напишал; додека нашата вера е само прифаќање на Светото Писмо и Символот на верата, таа му припаѓа на Бога, на Неговите пророци, на Неговите апостоли, на отците на Црквата, но тоа сè уште не е наша вера. Дури кога верата се закрепнува во нашите мисли, нашето паметење - тогаш ние сме ја нашле верата, имаме вера. Значи, неопходно е да се изучат сите 12 членови на Символот на верата, за зборовите кои ние ги слушаме на секоја литургија, да ја разбудат нашата мисла и да нè направат свесни членови на Црквата Христова...

(Свиток)
AL MASIH QAM! HAQQAN QAM!
ВОИСТИНУ ВОСКРЕСЕ ХРИСТОС БОГ!
Кон врв
Al_Masih_Qam Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 113
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Al_Masih_Qam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2008 во 23:28
Во „символот на верата“ се содржани основните вистини во кои веруваат христијаните. Тоа е многу збиен текст, толкуван од многу отци на Црквата и современи теолози. Преку Символот и неговите толкувања може на најубав начин да се дознаат основните учења на Црквата. Еве го текстот на Символот:

1. Верувам во едниот Бог Отец, Седржител, Творец на небото и земјата, на сé видливо и невидливо.

2. И во едниот Господ Исус Христос, Синот Божји Единороден, Кој е роден од Отецот пред сите векови: Светлина од Светлина, вистински Бог од вистинскиот Бог, роден, несоздаден, единосуштен на Отецот, преку Кого сé постанало.

3. Кој заради нас луѓето, и заради нашето спасение слезе од небесата, и се воплоти од Светиот Дух и Дева Марија, и стана човек.

4. И Кој беше распнат заради нас, во времето на Понтиј Пилат, и страдаше и беше погребен.

5. И Кој воскресна во третиот ден, според Писмото.

6. И Кој се вознесе на небесата, и Кој седна оддесно на Отецот;

7. и Кој пак ќе дојде со слава да им суди на живите и мртвите, и Неговото Царство не ќе има крај.

8. И во Светиот Дух, Господ Кој дава живот, Кој исходи од Отецот, Кому заедно со Отецот и Синот Му се поклонуваме и Го славиме, и Кој говорел преку пророците.

9. Во една Света Соборна и Апостолска Црква.

10. Исповедувам едно крштение за опростување на гревовите.

11. Го чекам воскресението на мртвите,

12. И животот во идниот век. Амин!
AL MASIH QAM! HAQQAN QAM!
ВОИСТИНУ ВОСКРЕСЕ ХРИСТОС БОГ!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.