IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Поучни случки
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Поучни случки

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 23>
Автор
Порака Обратен редослед
goran-twin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Јануари.2012
Статус: Офлајн
Поени: 385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај goran-twin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2012 во 01:33
Браво прекрасна приказна.Ем шеговита,ем поучна.
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2012 во 00:26
                                     PRIKAZNA ZA AVTOMOBILITE

 Dvajca prijateli odele niz parkingot . Edniot od niv veruval vo BOG i vo sozdavanjeto, a drugiot vo evolucija.

Evolucionistot go prasal prijatelot: " Kolku ti e ubav noviot avtomobil ! Od kade go kupi ? "

Prijatelot mu odgovoril : " Znaes, otidov eden den vo svojata garaza i vidov kako ima edna lokva od nafta. Ja ostaviv tamu.

Posle nekolku nedeli od nea pocna poleka da stanuva Wolksfagen buba. Pocnav da ja vozam nekolku dena , no taa poleka pocna da se pretvora vo Punto i na krajot konecno se razvi vo Honda ! "

Evoluicionistot rekol :" Prestani da se seguvas so mene ! Te prasuvam najseriozno od kade ja kupi ! "

Prijatelot mu odgovoril : " Prijatele , ti ne veruvas deka mojot avtomobil se razvil od lokva so nafta, bidejki, koga ke vidis avtomobil koj e izgraden po plan i so rabotni sistemi znaes deka zad seto toa stoi nekoj koj toj avtomobil go napravil . Samiot fakt deka site avtomobili imaat trkala, svetla i brisaci ne znaci deka tie nastanale eden od drug.

Ford ne evoluiral od Sevrolet, nitu pak ovoj od Krajsler. Tie imaat nekoi zaednicki osobini bidejki postojat i deluvaat vo slicni okolnosti. Na ist nacin postojat slicnosti pomegju lugjeto, majmunite i nekoi drugi sustestva, no toa ne znaci deka evoluirale edni od drugi . "
   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2011 во 12:19


   Филџан млеко (вистинска приказна)

Еден ден сиромашното момче Ховард Кели, одејќи од врата до врата, ја продавал својата стока за да може да ја плати својата школарина. Во својата торба имал само 10 центи а бил мошне гладен! Затоа одлучил од следната фа-милија да побара нешто за јадење. Кога тропнал на врата-та се појавила една госпоѓа, момчето толку се збунило што наместо да побара храна, тој побарал една чаша вода.
Же-ната приметила дека момчето е мошне гладен, па наместо вода таа му донела еден филџан млеко.
Момчето полека млекото го испил и потоа ја запра-шал госпоѓата:,,Колку пари должам?,, „Не должиш ништо“, одговорила таа. “Мојата мајка ме учеше да не барам ништо што с дава на браќата од љубов.„ –„Тогаш од срце ви благодарам.„ Кога Ховард Кели излегол од куќата, не само што се чуствувал јак, туку почуствувал дека во него се по-вратила самодовербата и верата во луѓето.
Поминало пов-еќе години и таа жена тешко се разболела. Локалните ле-кари биле збунети со нејзината болест. Па затоа одлучиле да ја испратат во главниот град.
Го повикале познатиот д-р Ховард Кели за итен совет. Кога слушнал за името и место-тот од каде доаѓа пациенткињата, необично чуство го исполнило неговото срце.
Веднаш отишол во собата на пациенткињата и ведн-аш ја препознал старата госпоѓа. Очите му се наполниле со солзи. Одлучил да стори се што може како би и го спасил животот.
Од тој миг неговата грижа била оваа жена, сите наредни денови ги посветил во барање на соодветен лек за оваа страшна болест што ја погодила оваа госпоѓа. По-сле долга борба жената потполно оздравела! Кога жената била веќе надвор од животна опасност, д-р Кели ја платил целата сметка за лекување на таа жена.
На дното на смет-ката докторот напишал една напомена, и замолил пликот да и го дадат на жената. Госпоѓата кога го добила пликот се плашела да го отвори, бидејќи мислела дека не ќе може да ја плати сметката .Конечно одлучила и го отворила пли-кот.
На дното од сметката пишувало: „Платено пред повеќе години со еден филџан млеко!“
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2011 во 10:55



   ЗАЕМ“ НА ГОСПОД

„Кој подарува на сиромавиот, му позајмува на Господ“. Изреки Соломонови 19:17. Дали Господ некогаш ти побарал „заем“?
Ако те чуди ова прашање, можеби досега не си ја сфатил пораката што се крие во денешниот текст. (Прочитај го внимателно текстот во својата Библија.)
Потребите на сиромасите, всушност, се директен повик од Господ за заем, што Тој ветува дека ќе го врати.

Еден татко му дал на својот син една мала сума пари и му рекол да ја потроши како што сака. Подоцна, кога го прашал си-нот што направил со парите, тој рекол дека му ги дал некому на-заем.
„Сигурен ли си дека ќе ти ги врати парите?“ – прашал тат-кото. – „Да, му ги дадов на човек кој беше многу гладен!“ –„Колку неразумно! Никогаш нема да ти бидат вратени!“ – рекол таткото.
– „Но, тато, во саботното училиште учевме дека ако даваме на сиромасите, всушност, Му даваме на заем на Бога“. –рекол синот. Таткото, кој бил христијанин, не знаел како да му одговори. Потоа, потсетувајќи се на текстот од Изреки Соломонови 19:17, ја сфатил едноставноста и чистотата на верата кај својот син. Бркнал во џебот и рекол: „Сине, еве ти исто толку пари колку што си дал“. – „Види, види – рекло детето – знаев дека пак ќе ми бидат вратени, само не мислев дека тоа ќе се случи толку брзо!“

Во Јаков 2 читаме дека е грев да не му помогнеш на човек кој е сиромашен. Вистинската вера се покажува преку добри дела. Господ ќе им оддаде признание на тие кои даваат за сиромашните. Неговото враќање, можеби, нема секогаш да биде финансиско. Но, можеме слободно да се потпреме на ветувањето: „Фрли го својот леб врз водата: ќе го најдеш после долго време.“ (Проповедник 11:1). Давањето на заем на Бог е најсигурно од сите зајму-вања.


„КОЈ СКРЖАВО СЕЕ, СКРЖАВО И ЌЕ ЖНЕЕ“.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Октомври.2011 во 10:37


Дали сте вие Бог?


Една студена зимска вечер, за време на Божиќните празници, дете од шест или седум години стоело пред излогот пред еден дуќан. Немал чевли, а облеката му била сосема испокината.
Една млада жена, која отука поминувала, приметила радозналост во очите на детето.
Таа му купила нови чевли и топла облека. Жената му рекла на детето: ,,Сега можеш да се вратиш дома и нека тие среќен празникот,,
. Детето ја погледнала жената и ја запрашала: ,,Дали сте вие Бог?,, Таа му се насмевнала и одговорила: ,,Не синко, јас сум само една од неговите деца.,, Детето на тоа одговорило:,,Знаев дека сте во некоја роднинска врска.,,

Изменето од Blagoj_s - 12.Октомври.2011 во 10:41
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2011 во 12:28
 
 

За Јован Кукузел

Во големиот град Лирахија имало едно момче, по име Јован, кое немало татко; мајка му, бидејќи била благочестива жена, го дала на учење. Тоа за кратко време научило многу и поради неговиот убав глас, го нарекле ангелогласен.


Во тоа време царот барал добар певец и го нашле Јована, па го дале да учи музика за да стане добар певец. Тој за кусо време ги надминал сите свои соученици, поради што царот сакал да го ожени за некоја богата девојка. Но Јован кога видел дека сите се однесуваат со почит кон него поради царот, а и заради неговиот милозвучен глас, многу се уплашил да не падне во гордост, па да се оддалечи од Бога. Поради тоа барал погодна прилика да ја напушти таа средина. Тогаш се случило во царскиот дворец да дојде игуменот на светогорскиот манастир „Велика Лавра" по некаква работа, па откако ја свршил, си отишол во манастирот.

Јован кога го видел ангелскиот живот на игуменот, ја оставил славата и почестите, ја соблекол раскошната дворска облека и си ставил козинена, па зел во раката еден стап и отишол во Света Гора во манастирот „Лавра". Таму кога го видел вратарот на манастирот, го прашал од каде доаѓа и дали има некаков занает? Тој му рекол дека дома бил овчар и доаѓа овде да се замонаши. Вратарот му го кажал тоа на игуменот, кој многу се израдувал, бидејќи немал козар; го примиле и по малку време го замонашиле, па го испратиле во гората да ги пасе козите. Јован сакал да живее во тишина, па со радост ја прифатил таа работа и отишол со козите во гората, каде што непрестајно Му се молел на Бога и пеел духовни песни.

Царот многу се натажил поради неговото одење, па испратил луѓе да го бараат насекаде. Кога дошле во Света Гора, го виделе, но не можеле да го познаат онака облечен во козинена облека.

Еден ден, кога ги пасел козите, мислејќи дека никој нема да го виде и чуе, почнал да пее духовни песни. Меѓутоа, во близината имало пештера во која живеел еден испосник. Кога го чул тоа слатко пеење, зачуден излегол од пештерата, го видел пастирот кој пеел така убаво, а козите не паселе, но зачудени стоеле и гледале во него и се насладувале од неговиот ангелски глас.

Кога го видел тоа испосникот, отишол во манастирот и му кажал на игуменот. Тој испратил да го повикаат и му рекол: „Те заколнувам во живиот Бог да ми кажеш, ти ли си Јован Кукузел, кого царот толку многу го бара?" А тој му се поклонил на игуменот и со плачење го молел, велејќи: „Јас сум грешен и недостоен слуга, Ваше Преподобие, но молам заради Бога, оставете ме да ги пасам козите и да не разбере царот дека сум тука оти ќе ме земе од ова спасително место". Тогаш игуменот му рекол: „Не грижи се за тоа, чедо мое, но само слушај што ќе ти речам: биди во една ќелија, што ќе ти ја дадеме во манастирот, а јас ќе отидам ќај царот да го молам да те остави". И така, игуменот отишол кај царот, паднал на колена и му рекол: „Честити царе! Те молам да ослободиш еден човек заради неговото спасение". Царот прашал кој е тој човек, а игуменот одговорил: „Дури не ми дадеш написмено дека си го ослободил, нема да ти кажам кој е". Тој се согласил и му дал писмо за ослободување. Тогаш игуменот подробно му раскажал за Јована. Царот кога го чул тоа, од жалост се расплакал, но потоа се зарадувал, при помислата дека Јован напуштил толкава световна слава и отишол да си ја спасува душата. Потоа игуменот го поучил и го утешил царот, па се вратил во манастирот и им раскажал на браќата за тој случај.

Блажениот Јован се ослободил од царевиот страв и Му слугувал на небесниот Цар. Потоа зел благослов од игуменот и во манастирот си направил мала црква и ќелија, посветена на светите ангели, каде што поминувал шест дена во седмицата, а во неделите и во празниците стоел на десната певница во соборната црква во манастирот и пеел со голема љубов и умиление.

Еднаш, во сабота, кога пеел акатистни песни на света Богородица, од умор задремал и ја видел пресвета Богородица, која му рекла: „Радувај се, Мое чедо, Јоване! Ти ми пееш и јас нема да те оставам". Тоа го кажала и му дала една жолтица. Кога се разбудил Јован, жолтицата му била во раката и тогаш со солзи и благодарил на Мајката Божја и оттогаш почнал повеќе да пее и да Го слави Бога. Од долгото стоење на нозе, едната нога му отекла, загноила и испуштала тешка миризба. Но добриот небесен Лекар го излекувал, како и свети Јован Дамаскин. Му се јавила света Богородица и му рекла: „Отсега биди здрав". Во тој час потполно оздравел и и благодарел на пресвета Богородица и до крајот на животот бил здрав. Амин.

Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Август.2011 во 22:29

                                    KAKO DA SE MOLIME ?

               
  Eden covek odel na Crkva, za da bide blizu do svojot Bog. Samiot sebesi se narekuval vernik.

 So svojot nastap vo Crkvata, go privlekuval vnimanieto na drugite vernici.

Toj stoel vo Crkvata i Go slavel BOG so rasireni race. So svoite pesni go izdignuval BOG kako pobednik nad site neprijateli. Toj se cuvstvuval blizu do Sevisniot, no vo negovite molitvi se pojavuval cesto zborot " jas " .

Angelite bile zagrizeni za ovoj covek i si sepkale:" Koga samo bi go upotrebuval pomalku zborot " jas" !

No, covekot prodolzil da se moli, velejki : " Ti blagodaram Boze, sto jas sum blizok so Tebe.Jas ne sum razbojnik, nitu pak zatajuvam danok. Jas ne primam socijalna pomos, tuku jas cesno zarabotuvam. Jas dvapati nedelno postam i jadam samo malku ovosje i luk.

Zatoa jas sum pozdrav od drugite lugje. Od moite primanja, jas davam okolu desetina za dobrotvorni celi i jas ne zemam kredit.

Jas sum milostiv i jas sum dobar covek !"

Za vremeto na negovata molitva angelite si gi pokrile svoite usi i rekle:

" Sega vekje po desetti pat rece jas " !

Angelot Gavril predlozil : "Ovaa molitva nema da ja preneseme do BOG."

Eden siromav, isto taka stoel vo crkvata i ja imal samo svojata vnatresna beda. Se setil na nekoi raboti od svojot i edvaj mozel da sepne :

" Boze, Tvojata ljubov mi e edinstveniot spas. Pogledni ja mojata beda i smiluvaj mi se mene gresniot ! "

Angelite bile soglasni : "Ovaa molitva mora da ja preneseme do Sevisniot BOG."



Изменето од KINGDAVID - 02.Август.2011 во 22:30
   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2011 во 09:22

                                 BOZJA PROMISLA

   Rabinot Akiba ziveel spored sloganot: Se' sto pravi BOG e dobro.

  Se slucilo ednas  rabinot da dopatuva vo nekoe selo. Patuval so magare, a so sebe nosel samo eden petel i edna lamba.
 
 Bidejki stignal kasno, se' bilo zatvoreno i taka ne mozel da najde soba za da prenokji. Zaradi toa, moral da spie pod vedro nebo.

No, preku nokjta se slucile nekoi nepredvideni raboti: magareto mu go raskinalo lav , petelot bil izeden od diva macka , a lambata mu ja izgasil silen veter.

Kako i sekogas, rabinot utroto si rekol : Se sto pravi BOG e dobro i ova mora da e Bozja promisla.

Utroto navistina  pokazalo deka bil vo pravo.

Seloto bilo napadnato od razbojnici, povekjeto od zitelite bile ubieni, a nekoi zapleneti kako zarobenici.

Navistina imal srekja sto prenokjeval pod vedro nebo.

I kolku samo lesno mozelo da go izdade rikanjeto na magareto, kuk*rikanjeto na petelot ili svetloto na lambata.

 


Изменето од KINGDAVID - 02.Јули.2011 во 09:24
   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2011 во 14:13
 
Sigurno  ja znaete prikaznava, ama ubavo e povtorno da se procita  среќа
 

Кралот и вештерката 

  Младиот крал Артур бил препаднат и фатен од крал од соседното кралство додека скришно ловел во неговите шуми. Кралот можел веднаш да го убие, бидејќи тоа било казна за сите кои би се осмелиле да крадат во неговиот кралски имот, но тој се сожалил пред младоста на Артур и му понудил слобода во замена за одговор на едно тешко прашање: Што навистина жените сакаат? 

  Вакво прашање би ги оставило без одговор и најстарите мудреци и младиот Артур бил убеден дека е невозможно да се одговори на тоа прашање. Како и да е, подобро да најде одговор отколку да умре, па така се вратил во своето кралство и почнал да ги испрашува своите поданици. Разговарал со принцезите, кралицата, со чесни и нечесни жени, мудреците, па дури и со дворскиот шут, со сите. Но, никој не му дал задоволителен одговор. Меѓутоа, сите го советувале да побара одговор кај старата вештерка, бидејќи единствено таа го знаела вистинскиот одговор. 
  Цената била голема, бидејќи старата вештерка била на далеку позната по своите прескапи услуги. Конечно дошол и последниот ден од годината и Артур немал друго решение, туку да разговара со вештерката. Таа се согласила да му одговори, но во замена сакала да се омажи за Сер Гвејн, нај паметниот витез на Округлата маса и најдобар пријател на Артур. 
   Младиот Артур исплашено гледал; вештерката била грбава, и многу грда, имала само еден заб, околу себе ширела смрдеа и испуштала необични крици и звуци. Во својот живот Артур никогаш не видел поодвратно суштество. При самата помисла да го замоли својот пријател да ја ожени оваа наказа, се исплашил и си заминал. Но, Сер Гвејн дознал што се случило и одлучно рекол дека вреди да се жртвува за животот на својот пријател и за зачувувањето на Округлата маса.
   Свадбата била најавена и откако била подготвена целата церемонија, вештерката во својата пеколна мудрост рекла: "Секоја жена сака да биде господарка на својот живот!".
Откако го изговорила тоа, сите присутни веднаш признале дека кажала голема мудрост и дека целосно била во право. И така младиот Артур се спасил. Откако го слушнал одговорот кралот на соседното кралство му ја вратил слободата на Артур и правото на живот. 

  Свадбата била раскошна, присуствувале сите дворјани, а Артур истовремено чувствувал големо олеснување и огромна тежина. Сер Гвејн цело време бил насмеан, љубезен и со цел респект кон гостите, според своите стари семејни обичаи. Старата вештерка направила вистински скандал со своето најлошо однесување: јадела со рацете како животно, без прибор за јадење, испуштала застрашувачки звуци и неподнослива смрдеа околу неа. 
   Конечно дошло време за првата брачна ноќ и додека ја чекал својата невеста во спалната соба, Сер Гвејн здогледал како му приоѓа најубавото женско суштество кое не можел да го замисли. 
   Целиот воодушевен прашал што се случило, а на тоа младата убавица му одговорила дека тоа е таа, вештерката... и дека половина време со него ќе го помине како вештерка, а половината како убавица, поради тоа што тој за цело време бил добар кон неа. Исто така го запрашала, кој нејзин лик го сака преку ден, а кој лик во ноќите. 
Колку сурово прашање!

   Сер Гвејн размислувал, дали преку ден покрај себе да има убавица која ќе може на сите да им ја покажува без страв и срам, а ноќите во интимата покрај себе да има застрашувачка вештерка??? Или преку ден пред пријателите да се појавува со вештерка, а интимните моменти да ги поминува со убавица???

Пред да го прочитате одговорот, што би одбрале вие? намигнување

***



   Сер Гвејн и дозволил таа самата да одлучи. 
Откако го слушнала тоа вештерката, рекла дека секогаш ќе биде убавица и дење и ноќе, бидејќи ја почитувал и и' дозволил да биде господарка на сопствениот живот


  Поука - Не е важно дали жената е убава или грда, во суштина... секогаш е ............!!!


Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2011 во 15:56


Во погоренапишаната случка (за којашто сега веќе неможем да кажам дека воопшто не се сомневам) ГОСПОД настапува како животопријатен Спасител и како на Таков (по принцип) Му верувам и Го славам!


Оние луѓе - без разлика дали тоа се евреи, христијани, муслимани, будисти, хиндуисти, ... или атеисти - кои измислуваат лажни и животонепријатни приказни со кои ги манипулираат луѓето за егоистички цели, ми се одвратни и се срамам за таквите!


Поздрав


п.с. Познавам чудесни случки кои сведочат со вистинско сведоштво за БОЖЈАТА Живототпријатност и на крај памет не ми текнува да ги ставам во иста корпа со оние за кои човек (со право) треба да ги стави во прашање.





Изменето од spiros - 19.Јуни.2011 во 23:33
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2011 во 13:17
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Originally posted by Templarius Templarius напиша:

Dushegriznicite se povece, poglasni, poitri i poagresivni, ja imaat zaposednato religijata so svoeto "znaenje" i "prosvetenost" sekoe drugo razmisluvanje e bogohulenje i nepocituvanje na istata, i koga nekoj koj e malku upaten vo seto toa gleda od strana toj e prinuden da veruva vo toa sto ovie mu go nametnuvaat...I taka, toa si odi vo krug, koj tie go imaat smesteno vo religijata...



Templarius, si napravil greshka vo pishuvanjeto prijhatele... treba da stoi vaka:

Originally posted by Templarius Templarius напиша:

Dushegriznicite se povece, poglasni, poitri i poagresivni, ja imaat zaposednato religijata so svoeto "znaenje" i "prosvetenost" sekoe drugo razmisluvanje e bogohulenje i nepocituvanje na istata, i koga nekoj koj e malku upaten vo seto toa gleda od strana toj NE e prinuden da veruva vo toa sto ovie mu go nametnuvaat.







Taka e treba da stoi kako sto ti si napisal. No, vo realnosta rabotata e poinakva. Kako i da e, stravot za kazna propovedan od strana na dushebriznicite ima golemo vlijanie i toj e faktor koj dejstvuva.
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2011 во 03:10
Originally posted by Templarius Templarius напиша:

Dushegriznicite se povece, poglasni, poitri i poagresivni, ja imaat zaposednato religijata so svoeto "znaenje" i "prosvetenost" sekoe drugo razmisluvanje e bogohulenje i nepocituvanje na istata, i koga nekoj koj e malku upaten vo seto toa gleda od strana toj e prinuden da veruva vo toa sto ovie mu go nametnuvaat...I taka, toa si odi vo krug, koj tie go imaat smesteno vo religijata...



Templarius, si napravil greshka vo pishuvanjeto prijhatele... treba da stoi vaka:

Originally posted by Templarius Templarius напиша:

Dushegriznicite se povece, poglasni, poitri i poagresivni, ja imaat zaposednato religijata so svoeto "znaenje" i "prosvetenost" sekoe drugo razmisluvanje e bogohulenje i nepocituvanje na istata, i koga nekoj koj e malku upaten vo seto toa gleda od strana toj NE e prinuden da veruva vo toa sto ovie mu go nametnuvaat.





Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2011 во 00:02
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Originally posted by Templarius Templarius напиша:

Ne bi se soglasile site so tebe. Religijata e nesto sto e instituirano so propisi i normi za vladeenje na poedinecot, so jasni kanoni i granici do kade smee da se odi.





Toa e institucijalizirana religija.


Ne dozvoluvaj dushegrizhnicite da ti ja otugjat religijata i da ja prisvojat samo za sebe ! Tie ne se sopstvenici na Boga i Bog ne protezhira nekoi svoi cheda na smetka na drugi svoi cheda. Toj site gi ljubi podednakvo i na site im dava podednakvi shansi da go otkrijat. A toa mozhat da go storat samo ako se religioni - ako sekoj od niv traga po vistinata za Nego.

Institucijaliziranjeto nema nikakva vrska so toa!





Dushegriznicite se povece, poglasni, poitri i poagresivni, ja imaat zaposednato religijata so svoeto "znaenje" i "prosvetenost" sekoe drugo razmisluvanje e bogohulenje i nepocituvanje na istata, i koga nekoj koj e malku upaten vo seto toa gleda od strana toj e prinuden da veruva vo toa sto ovie mu go nametnuvaat...I taka, toa si odi vo krug, koj tie go imaat smesteno vo religijata...
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2011 во 22:18
Originally posted by Templarius Templarius напиша:

Ne bi se soglasile site so tebe. Religijata e nesto sto e instituirano so propisi i normi za vladeenje na poedinecot, so jasni kanoni i granici do kade smee da se odi.





Toa e institucijalizirana religija.


Ne dozvoluvaj dushegrizhnicite da ti ja otugjat religijata i da ja prisvojat samo za sebe ! Tie ne se sopstvenici na Boga i Bog ne protezhira nekoi svoi cheda na smetka na drugi svoi cheda. Toj site gi ljubi podednakvo i na site im dava podednakvi shansi da go otkrijat. A toa mozhat da go storat samo ako se religioni - ako sekoj od niv traga po vistinata za Nego.

Institucijaliziranjeto nema nikakva vrska so toa!





Изменето од Messenger - 17.Јуни.2011 во 22:54
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 23>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.