|
Моето дете е геј |
Внеси реплика | страница <1234 24> |
Автор | |
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чекај бе малку, никогаш не разбрав како тоа ОТКРИВААТ??? Се фаќаш себеси како гледаш во машки задник место во женски гради?? Викаш некои дури во 60-тите? А до тогаш си вршеле "работа" со жени? И наеднаш им текнало дека всушност сакаат мажи? Сум слушал некои приказни за тоа како луѓе веќе биле во врска со спротивниот пол и наеднаш се преориентирале кон својот пол. Јас не можам да разберам, ај изгледа не малку туку многу сум глупав...Како тоа наеднаш им текнува дека се хомосексуалци? Некои имаат и деца. Што ќе им речат на нив? Ех деца колку ни беше добро со мајка ви, ама наеднаш ми светна дека маживе ме палат повеќе??? Смешно ми е, извини... Да дојде жената/мажот со кој си во долга врска или брак и да ти рече .. Еј мила(о), знаеш размислував и донесов одлука да бидам со некоја од својот пол. Кое понижување човече..па тој сакал сосема спротивно од оноа што го викал кога и симнувал ѕвезди на "саканата"
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
tehan
Нов член Регистриран: 24.Октомври.2012 Статус: Офлајн Поени: 5 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сантијаго, верувај, воопшто не му/и е лесно на тој/таа што открил/а дека е геј. Тоа е долг процес на осознавање, борба со самиот себе, себенегирање, лутина и гнев на самиот себе, депресија, па себеприфаќање и давање простор и време за нов и поубав личен развој. Причините заради кои некоја личност била во хетеро врска пред да стане хомо се многубројни. Некои се осознаваат и прифаќаат многу рано, уште во пубертет, некои дури и во 60 години од својот живот. Само знај дека никој свесно не може да избере да биде геј, во вака тешка за живот за средина како планетава Земја (знај дека насекаде постои дискриминација, некаде повеќе, некаде помалку, но насекаде е присутна). Еве пример за тоа колку е неподносливо тежок животот на геј луѓето http://www.guardian.co.uk/world/2012/oct/13/bible-belt-conservative-year-gay и еден светол пример за родителство на геј детенце http://nerdyapple.com/my-son-is-gay/.
Мислам дека лекот е во прифаќање на самиот себе каков што си, како и прифаќање на другите какви што се. Само така може да се развие длабока љубов кон себе и кон другите, што води кон зголемена среќа. |
|
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Da ne ja negirame vnatresnata borba na sebeprifakanje i sebeotfrlanje naucena blagodarenie na naseto preceneto opstestvo
|
|
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
|
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Da ne ja negirame vnatresnata borba na sebeprifakanje i sebeotfrlanje naucena blagodarenie na naseto preceneto opstestvo
|
|
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
|
Нембус
Група Регистриран: 31.Август.2012 Локација: Скопје Статус: Офлајн Поени: 46 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Господине Сантијаго, тој "АХА! Момент" се случува кога некој настан во нивниот живот ги тера тие луѓе да ги скршат бариерите кои им се поставени да бранат нешто.
Најчесто тоа се случува кај луѓе кои свесно или несвесно ја притискале својата сексуална ориентација (поради убедувања, фамилија, пријатели или која и да е комбинација на овие причини). Познавам доволно луѓе кои минале низ такви ситуации. Една блиска особа дозна за својата бисексуална природа на 28 години. И познатото однесување претходно - како нетолерантен и хомофоб (значи не е за џабе сето тоа млатење дека најголемиот дел од тие особи кријат бисексуални или хомосексуални пориви внатре во себе кои ги оптиснуваат). Инаку јас знаев кој сум и што сум уште на 9 годишна возраст. Кај некои се јавува дури и порано. |
|
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ти навистина веруваш дека преку ноќ заклучуваат?
|
|
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сеуште се прашувам
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве да не ви одам офтопик во темата со посвојувањето тука ќе ги прашам хомосексуалците на форумов
Многу ме интересира..да ми објасните, како тоа ... Една личност била во хетеросексуална врска, си правела се што си правела со него/неа и после година дена вика - Извини драги/драга ама јас сум ГЕЕЕЈ! Како тоа тие заклучуваат дека се хомосексуалци преку ноќ?
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Те разбирам, само дадов предлог-мислење дека, поради очигледната чуствителност по овој термин на луѓето од хомосексуалната комуна, според мене можеби е подобро да се користи друг термин. Воопшто не ми беше намерата да те критикувам.
|
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
„ненормално“ и „неприфатливо“ се два тотално различни термини и одбивам да ги ставам во ист контекст... ако некои луѓе зборот „ненормално“ го асоцираат само со менталната состојба на луѓето, тоа е нивен проблем...
неприфатливо меси, може да се употреби само во контекстот кој ти го збориш - социјалниот, бидејќи самиот збор кажува дека тоа е нешто што не го прифаќаме водени од индивидуални ставови... мислам дека дадов убаво објаснување дека не е тука целта да навредуваме некого, последно нешто за кое што сум тука на форумов е тоа... ако тоа не е разјаснето, тогаш не навлегувам подалеку во дискусија |
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Наместо "не е нормална" подобро е да се каже "за мене неприфатлива". Во суштина, не знаеме навистина што е "нормално" и што е "ненормално" штом нешто континуирано се создава од природата. Токму поради тоа користењето на терминот "неприродно" е претенциозен и дискутабилен... ... ама затоа може да е говори за "социјално" или "општетсвено неприфатливо" за одреден временски период. Ова го велам затоа што пред појавата на Христијанството во Европа тоа било "нормално" и прифатливо. Никој не правел проблем затоа што филозофите, кралевите и принцевите јавно си си имале љубовници (еден или повеќе). Да не одиме подалеку од примерот на Александар Македонски (верувам дека најголемиот дел од членовите не се запознаени дека има податоци оти истото било со сите најпознати фигури од тие времиња). Оноа што било наметнато како догматски став од страна на доминатната религија денес, во модерниве секуларни држави, се става под ревизија и пред c'e првенство му се дава на хуманиот аспект - инклузивност наместо ексклузивност на оние малцински групи кои до сега воглавно беа оцрнети и осудени (вклучувајќи ја хомосексуалната заедница, но не само неа). Поправо, ако навистина еден религиозен човек доследно го следи Исусовиот живот и проповедање ќе разбере дека токму тој бил човекот кој не ги одбивал оние што биле отфрлени од тогашното општество по било која основа. Уште повеќе, токму тој е оној кој им велеше на врвните свештеници дека се ѓаволови следбеници доколку слепо и недискриминирано одат по закони и норми. Денешново модерно општетво, оноа кое веќе навлегува во повисоки нивоа на свесност, нема друг избор туку да заземе нов, похуман став, кон сопствените членови кои по било која причина се поразлични од мнозинството и сега се наоѓаат зафрлени по неговата периферија. А тоа не се докажува само вербално, туку и практично со нивно потполно инкорпорирање и израмнување со сите други. Кога се зазема било каков став, кон било која малцинска група, на религиозните луѓе би им порачал да помислат што би направил Исус во тој случај, а на атеистите што би направил еден вистински хуманист. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
најчеста грешка на општествата е да ги обележуваат луѓето, според нешто што го практикуваат и е веќе обележано... поради истите причини, ако носење на зелена маица се смета за нешто ненормално, јас ако ја носам ќе ме сметаат за таков... ова е најголем социјален дебилизам меѓу луѓето за жал...
затоа и имаме проблем во ваквите дискусии за хомосексуалците... тоа што кога ќе кажеш дека хомосексуалноста како појава за тебе не е нормална, хомосексуалците мислат дека нешто ги вреѓаш и дека нив ги ставаш во категорија на некакви фрикови и ненормални луѓе како особи... и јас правам многу „ненормални работи“, ама тоа не значи дека не сум присебен, нормален и културен човек... затоа и јас во темиве често нагласувам дека хомосексуалноста за мене не е нешто природно или нормално, ама можам без проблем да се социјализирам со хомосексуалци и да ги прифатам во моите кругови, се додека се присебни и културни... |
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А каде гледаш навреда?
Те навредив тебе?
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Внеси реплика | страница <1234 24> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |