IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Општо > Разно
  Активни теми Активни теми RSS - Дали сте знаеле дека...???
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дали сте знаеле дека...???

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 9>
Автор
Порака Обратен редослед
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2011 во 19:16
Јас не знаев, ама навистина ова вреди
Убиј еден - тогаш си убиец, убиј 100 - тогаш си херој, убиј милиони - тогаш си државник.
Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2011 во 15:09
 
Дали сте знаеле дека...???
луѓето најмногу ги фаќа депресија во среда!

...сексот со прзерватив негативно делува врз менталното здравје

...во текот на животот се прозеваме околу 250 000 пати. Иако прозевањето го поврзуваме со уморот или со досадата околу нас, тоа ги буди лугето. Со прозевањето, телото се обидува да постигне поголема будност.

...зборот и поимот “вампир“ има српско потекло

...во текот на животот консумираме тешка како 6 слона.

...на светот постојат повеќе од 20 000 видови пива.

...во просек, жената дневно каже по 7000 зборови, а мажот нешто повеќе од 2000.

...животниот век на комарците трае најмногу 2 недели

...четиригодишно дете поставува околу 400 прашања дневно

...пеперутките ги гледаат само зелената, црвената и жолтата боја
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2011 во 10:56
Кон врв
MyWay Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Антиталенат на годината

Регистриран: 05.Септември.2008
Локација: Aruba
Статус: Офлајн
Поени: 23914
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MyWay Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2011 во 10:48
Големиот брат му бил сестра на Чак Норис...замисленост

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2011 во 10:38

Каде се роди 7-милијардитиот жител на Земјата?

Повеќе градови, држави и организации денеска објавија различни информации за тоа каде е роден 7-милијардитиот жител на планетата Земја.

Во Русија битка бијат два града. Петропавловск-Камчатски и Калининград се најисточната и најзападната точка на Руската Федерација.

И во двата града се надеваат дека раѓањето на седуммилијардитиот жител ќе биде потврдено од претставници на Обединетите нации.

Властите во Петропавловск-Камчатски соопштија дека синоќа 19 минути по полноќ, по локално време, се родило момчето Александар.

Претходно, беше јавено дека во Калининград, две минути по полоќ се родил седуммилијардитиот жител на Земјата, Пјотр Алексеевич Николаев (на фотографијата).

„План интернешанл“ прогласи новороденче од Индија

Според „План интернешанл“, седуммилијардитиот жител на Земјата е девојче од најбројната индиска сојузна држава Утар Прадеш, која се родила денеска во 1:50 часот по Гринич. Малата Наргис е родена во селото Мал, кое се наоѓа на 30 километри од главниот град на Утар Прадеш, Лакнау.

„План интернешанл“, невладина организација со седште во Лондон кој се бори за заштита и помош на децата, соопшти дека следела седум бремени жени што требало да се породат денеска, но дека на крајот решила за седуммилијардити жител да го прогласи новороденчето од Индија, која е меѓу водечките земји во светот според стапката на наталитет.

Индија во моментов има 1,2 милијарди жители со што е втора по борност земја во светот по Кина, која се очекува да ја надмине до 2025 година, имајќи ја предвид кинеската политика на едно дете и намалениот природен прираст.

И Филипини објави 7-милијардити жител

И Филипини прогласи доаѓањето на свет на 7-милијардитиот жител на планетата. Станува збор за женско бебе од 2,5 кг, по име Даника Меј Камачо за чие раѓање на полноќ бурно известуваа медиумите во Манила.

Во светот денеска се родија 139.000 бебиња, се вели на сајтот worldmeters.com и според нив, во светот треба да се родат уште 83.000 бебиња за да светската популација достигне бројка од седум милијарди.

ОН нема официјално да идентификува место

ОН соопшти дека нема официјално да го идентификува местото на раѓање на седуммилијардитиот жител со образложение дека тоа не е повод за славење туку за сериозно размислување за иднината на планетата Земја.

Според статистиката на ОН секоја секунда во светот се раѓаат по две деца и поради тоа невозможно е да се утврди местото и раѓањето на седуммилијардитиот жител на планетата Земја.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2011 во 11:26

Дали знаете која храна најмногу се краде?

 

Британскиот центар за истражување на малопродажбата извршил глобално истражување во 43 земји во светот.
Центарот за истражување на малопродажбата извршил истражување во 1187 компании кои продаваат во повеќе од 250.000 продавници во 43 земји.

Резултатите се прилично изненадувачки. Храната која најмногу се краде е сирењето. Дури 4% од сирењето кое ќе стигне на полиците во продавниците, веднаш исчезнува.

"Сепак тоа не изненадува многу" кажал директорот на Центарот dr. Joshua Bamfield. "Цената на сирењето постојано се зголемува па тоа е добра можност за ситните крадци. Можат да го продадат во другите продавници или во некој ресторан".

Во храната со висок ризик за кражба спаѓаат и свежото месо, чоколадото, алкохолот и млекото за новороденчињата.



Изменето од емил - 25.Октомври.2011 во 11:26
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2011 во 07:44
Неколку земји во светот се прогласени за најпријателски расположени, каде е
најлесно да се спријателите со локалните жители, да го научите јазикот, да се прилагодите на новата култура и да се интегрирате во заедницата. Ова е списокот на Форбс, направен според критериуми на способност за спријателување со локалното население, учење на јазикот, леснотија за прилагодување во новата средина.

 

10. Канада

Канада има многу мала стапка на криминал, и многу голем културен диверзитет. Лесно можете да се снајдете и да најдете се што ви треба, со голема помош од локалното население.

 

9. САД

Како една од највлијателните земји во светот, САД е релативно пријателски настроена кон туристите кои ја посетуваат, нуди многу можности за доживување на различни култури на едно место.

 

8. Јужна Африка

Имајќи што да понуди како култура, и како земја каде локалното население зборува англиски јазик, во Јужна Африка ќе бидете пречекани со насмевки и топло добредојде.

 

7. Бермуди

Бермудските острови претежно зависат од туризмот и затоа луѓето овде научиле да бидат особено пријателски настроени и гостопримливи кон своите посетители

 

6. Австралија

5 милиони туристи годишно ја посетуваат Австралија. Но, овој број расте бидејќи Австралијанците знаат како да ги привлечат туристите и да ги натераат повторно да се вратат.

 

5. Бахреин

Развојот на туризмот во оваа земја зема замав, и локалното население е многу отворено кон посетителите. Ќе бидете пречекани пријатно и ќе можете лесно да ги вкусите сите аспекти на животот во оваа мала земја.

 

4. Тајланд

Без разлика дали одите како турист или по работа, во Тајланд лесно можете да створите пријатели и да се вклучите во локалната заедница.

 

3. Малезија

Културата на Тајланд и Малезија е слична, и менталитетот на луѓето е отворен, лесно примаат странци и лесно ги прифаќаат во своето секојдневие.

 

2. Италија

Италија привлекува речиси 40 милиони туристи годишно. Италијанците се многу гостопримливи, и познатата италијанска кујна и пријатен менталитет заслужено ја ставаат Италија на овој список.

 

1. Ирска

Ирска станува многу популарна туристичка дестинација, со околу 6 милиони странски туристи годишно. Според малите стапки на криминал, и навиките на населението за дружење, Ирска е една од најпријателските земји во светот

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2011 во 23:28
Чудни обичаи ширум светот

Секоја култура има обичаи и традиции кои се сметаат за нормални од локалните жители затоа што едноставно се навикнати на нив, додека пак за луѓето од страна изгледаат навистина смешно. Од тоа вашето бебе да биде плукано на улица до криење од вашиот нов сопруг на денот на венчавката, ви претставуваме некои обичаи кои најчесто ги изненадуваат туристите.

РАЃАЊЕ

Плукање во Грција

Во повеќето држави, веројатно нема ништо понавредувачко за една мајка од тоа непознат случаен минувач да почне да плука по нејзиното бебе, но во Грција тоа се смета за комплимент.

Плукањето по некој три пати претставува обичај за заштита од зли духови и лоша среќа, па затоа оваа практика станала значаен обичај во Грција за заштитување на бебињата на ваков начин, вклучувајќи го во церемонијата на крштевање во Грчката Православна Црква, кој го извршуваат и свештеникот и кумот со цел да го избркаат злото.

Сладок „baby shower“ во Иран

Во некои рурални делови на Иран, на десеттиот ден од раѓањео на детето, членовите на семејството се собираат и ручаат со мајката. Традицијата станува малку бизарна после ручекот, кога бебето го ставаат во колепка и врз него кршат бонбони, правејќи врева. Причината на овој ритуал е да се привикне бебето на гласните расправии на неговите родители.

Јакнење на бебињата во Индија

Секоја година во Шолапур, Индија, се одржува зачудувачки ритуал во кој бебињата се фрлаат од кула висока 15 метри. Бизарно изненадувачки е тоа што при овој ритуал не се користат безбедносни мерки, како на пример појаси зацврстени за нивните тела – тие паѓаат слободно во рацете на луѓето кои ги чекаат долу со чаршаф за кревет. Најзачудувачки, пак, е фактот што луѓето во Шолапур генерално не ја знаат поентата на овој обичај, не знаат зошто го фрлаат нивниот подмладок од зграда. Некои велат дека тоа е за здравјето на децата, додека другите сметаат ќе му донесе среќа на детето во иднината.


БРАК

Чевли со монети во Шведска

Мајката на невестата става златна монета во десниот чевел на невестата, додека таткото и и' подарува сребрена монета која ја става во левиот чевел. Целта на овој ритуал е да се осигура дека невестата никогаш нема да биде сиромашна, што пак го наметнува прашањето – виделе ли родителите колку пари чини една тура пијачки во земјата?

Алкохолно подмитување во Полска

Станува збор за стара традиција, која ја има и кај нас, според која за да стигнат сватовите кај невестата, нејзините „чувари“ треба добро да ги подмитат за да ги пуштат во собата каде се крие невестата. Интересно е тоа што оваа традиција во Полска во последно време малку се променила, па сега подмитувањето најчесто се врши со големи количини на водка, а не со пари.

„Киднапирање“ на невестите во Германија

Во Германија постои традиција според која фамилијата и пријателите на младенците ја крадат невестата и потоа ја кријат, а задачата на младоженецот е да ја пронајде. Со тоа тој ја докажува љубовта за неговата идна сопруга.


Валкање на невестите во Шкотска

Во некои делови од Шкотска се практикува една зачудувачки необична традиција. Според неа, на денот на венчавката невестата се натопува со „миризлива“ мешавина од јајца, разни сосови, брашно и пердуви, по што таква извалкана се носи на парада низ градот. Во меѓувреме, пријателите и роднините прават голема врева удирајќи на тапани. Кој вели дека денот на венчавката треба да биде најсреќниот ден од животот?

СМРТ

Хранење на мршојадците во Индија

Одредени Зороастриски секти, како што се Парсите во Индија, ги положуваат мртвите тела врз т.н. кули на тишината, за да бидат уништени од мршојадци. Тоа е првобитната идеја, но во последно време во Индија значајно се намали бројот на мршојадците, па нивната улога денес ја врши силното сонце.

Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2011 во 13:14
Дали сте знаеле дека Пепелашка се омажила за пари? збунетост
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2011 во 12:14
Дали сте знаеле дека кога завидуваме некому, тоа е затоа што таа личност всушност ни се допаѓа?

Дали сте знаеле дека оние кои изгледаат на прв поглед многу силни, всушност имаат чувствително срце и се многу ранливи?

1.
Оние кои ги секогаш ги бранат другите, имаат потреба од некој кој ќе ги брани нив.

2. Три нешта кои се најтешки да ги изговориме: те сакам, прости ми, помогни ми. Луѓето кои ги кажуваат од срце ја чувствуваат нивната тежина. Тоа се луѓе кои мораш да ги почитуваш и цениш.

3. Луѓето кои им прават друштво и им помагаат на другите, всушност имаат потреба од друштво и помош за себе.

4. Луѓето кои носат црвено се сигурни во себе.

5. Луѓето кои носат жолтo знаат да уживаат во сопствената убавина.

6. Луѓето кои носат црно сакаат да останат незабележани и имаат потреба од твојата помош и разбирање.

7. Помошта кон другите, секогаш ќе ти се врати двојно.

8. На оние на кои си им најмногу потребен, тебе не ти значат ништо.

9. Работите кои се најтешки да ги направиш или кажеш се повредни и од најскапите нешта кои може да се купат со пари.

10. Ако нешто замолиш убаво, сигурно ќе го добиеш.

11. Дали знаеш дека можеш да ги оствариш своите сништа, можеш да се заљубиш, да станеш богат и да останеш здрав...ако веруваш во своите сништа, ќе се изненадиш што се си способен да направиш.

12. Не верувај во ништо што ќе ти кажат, додека не пробаш сам.

Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2011 во 22:29
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2011 во 05:39

Пронајден бродот кој го ловел Моби Дик

 Американски поморски археолози го најдоа потонатиот брод за ловење китови што му припаѓал на капетанот кој му бил инспирација на писателот Херман Мелвил да го напише романот "Моби Дик" во 19 век.
Останките од бродот "Два брата" беа најдени во плитките води недалеку од Хаваи.
Капетанот Џорџ Полард бил капетан кога бродот удрил во корален гребен и потонал во 1823 година.
Неговиот претходен брод "Есекс" бил соборен од кит и исто така потонал, основната приказна по која е напишана книгата.
Останките на "Два брата" ги најдоа археолозите од Американската државна служба за океански и атмосферски истражувања на околу 965 километри северозападно од Хонолулу во зафрлениот синџир острови и корални гребени.
Дрвениот брод се распаднал во топлите води, но истражувачите најдоа харпуни, кука за сечење на масното ткиво на китовите и котли за топење на салото во масло.
"Пронаоѓањето на физички останки од нешто што се сметаше за изгубено во времето е навистина за восхит", изјави Натаниел Филбрик, писател и историчар, кој врши истражувања за бродовите "Два брата", "Есекс" и нивниот капетан.
"Со овие откритија сфаќате дека приказните не се само приказни. Во нив се раскажува за вистински животи".
Потонувањето на "Два брата" било мал настан во споредба со "Есекс" кој се соочил со огромен кит во 1821 година.
Откако потонал "Есекс" капетанот Полард и неговиот екипаж три месеци лутале носени од морето без храна и вода, па дури и почнале да се јадат меѓу себе додека не ги спасиле.
Полард се откажал од ловењето китови и станал ноќен чувер во Масачусетс.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2011 во 15:50
Е оваа глупост не сум ја знаел
 
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2011 во 20:36
Во Данска пронајден вонземјанин од Балканот!?


На данскиот остров Силенд, некој си Антон Спангенберг при промена на стари канализациски цевки во својот двор пронашол невообичаен череп, за кој постои сомневање дека потекнува од Балканот и дека припаѓа на вонземјанин!?

За потеклото на черепот наводно постоеле неколку теории. Најинтригантна е таа, според која черепот му припаѓа на вонземјанин, кој дошол од Балканот, а на островот пристигнал преку Париз и Минхен!!!

Черепот од островот Силенд е околу еден и пол пати поголем од черепот на хомосапиенсот. Неговите очни шуплини се несразмерно големи, па се претпоставува дека се прилагодени за живот во темнина, под земја или на планета која се врти околу далечните ѕвезди. Анализите направени во Институтот Нилс Бор покажаа дека ова "суштество" живеело меѓу 1200 и 1800 година, дека е закопано по 1900 година,но дека не му припаѓа на човечко суштество.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 9>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.