![]() |
|
ХАШКИ СЛУЧАИ - ќе има ли судска завршница |
Внеси реплика ![]() |
страница <1234 7> |
Автор | |
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Како може да бараме завршница на нешто кога како земја поважни ни се коалициите за опстанок на власт отколку вистинските интереси на лугето. Зборуваме за независно судство, а во се имаме политика. Лугето кои можат да помогнат, на полето на човековите права (а на семејствата и на жртвите им е токму тоа ускратено) и кој лугето од нивната фела ги препорачуваат -ние ги бркаме.
![]() Читам и не ми се верува дека сме имале судија кој не сме го примиле на работа, не сме му дале достојно место за да може да ги користи своите релации за добробит на земјава. Нам не ни чини, ама другите го грабнаа. После се чудиме зошто тапкаме во место или уште полошо одиме 2 чекора назад? Маргарита Цаца Николовска- Уставен Судија во БиХ****** Цаца Николовска е еден од тројцата меѓународни судии, во 9-члениот состав на Уставниот суд на Босна и Херцеговина. Изборот на Цаца Николовска за судија во Уставниот суд на БиХ го направило Претседателството на земјата по претходен предлог на претседателот на Европскиот суд за човекови права во Стразбур Жан Пол Коста. ***** Маргарита Цаца Николовска, во периодот од 1997 до 2006 година ја претставуваше Македонија во Судот во Стразбур во два мандати во траење од три и шест години. По нејзиното враќање во земјава во неколку наврати конк*рираше но не беше избрана за судија во Врховниот суд на Република Македонија, каде што беше судија пред да замине на функцијата во Стразбур. ***** Изменето од mamamd - 10.Февруари.2011 во 14:21 |
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
НДМ: Тајната полиција има документи за киднапираните Македонци Има еден момент што ја поврзува Македонија со илегалната трговија со човечки органи. Тоа е дел од 12-те киднапирани Македонци за време на војната во 2001 година. Затоа македонската делегација треба да го поддржи ивештајот на Дик Марти за илегалната трговија со органи, побара Народното движење на Македонија. “Во македонската тајна полиција уште од 2002 година постојат два оперативни документи со конкретни сознанија за 12-те киднапирани Македонци. Овие сознанија се добиени по две основи, од лице кое соработувало со ДБК и од примена на мерката расчистување со лице што било во командниот кадар на тогашната ОНА. Интересно е тоа што тие две изјави се совпаѓаат и според нив шестмина од киднапираните се убиени, а шестмина се префрлени на Косово“, изјави на денешниот прес Јанко Бачев, претседател на партијата. Лидерот на НДМ рече дека владите во изминатите 10 години одбрале да ја кријат вистината за киднапираните Македонци, за да не се нарушат коалициските односи, во услови кога злосторниците се поранешни команданти на терористичката ОНА, сега македонски политичари и функционери. .............. Затоа ли толку се вознемирија и испаничија некои структури кај Албанците од извештајот на Дик Марти?! Затоа ли се против него, па дури и петиции ќе потпишуваат дека извештајот бил навредлив? Ако сите наши досегашни власти не беа способни и спремни за разрешување на случаите, поради мир во куќа (мир со терористи во влада?! Е ама ќе се најде по некој што постојано ќе ги потсетува, дека џабе се чукаат во гради: немате ни П од патриотизам, се додека вистината и правдата за овие луѓе и нивните семејства ја држите како заложник за колициска “љубов“ и удобност на вашите фотелји!! |
|
![]() |
|
Pavaroti ![]() Сениор ![]() Експерто нумеро 2 Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Пишува м-р Јанко БАЧЕВ
ПО ИЗВЕШТАЈОТ НА ДИК МАРТИ, МОРА ДА СЕ ОБНОВИ ИСТРАГАТА И ЗА 12-ТЕКИДНАПИРАНИ МАКЕДОНЦИ! Деновиве вест број еден во светот е Извештајот на специјалниот известувач на Советот на Европа Дик Марти за илегалната трговија со човечки органи во организација на челниците на поранешната УЧК на Косово. Во извештајот на Швајцарецот Марти, кој патем е и поранешен обвинител, наведени се тешки критики и за меѓународните власти на Косово. Тие не спровеле соодветна истрага, иако некогашниот прв човек на мисијата на ОН на Косово, Бернард Кушнер, редовно бил известуван за организираниот криминал со трговијата со органи. Иако на меѓународната заедница тоа не и се допаѓало, челниците на УЧК овие криминални активности ги вршеле благодарение на замижувањето на клучните актери на меѓународната заедница! Сосема разбирливо и очекувано, Србија настојува политички да поентира од новонастанатата ситуација, во која се гледа дека трансформацијата на УЧК во редовен Косовски заштитен корпус била само козметичка. Затоа, српската страна во Стразбур веќе пренела дека очекува ЕУЛЕКС ( мисијата на ЕУ на Косово) да преземе одговорност и да отвори истрага. Дотолку повеќе што принципот кој важеше за Србија по Слободан Милошевиќ, и со кој Европјаните секојдневно ја бомбардираа(т) Србија, дека иднината не се гради без расчистување со минатото, сега треба да важи и за Косово. ЕУЛЕКС, иако е доведен во непријатна ситуација во која повеќе од извесно е дека ќе треба да води истрага против косовската влада, ќе треба да докаже дека владеењето на правото е еден од темелните принципи на западната демократија. За ЕУЛЕКС да го стори тоа, потребно е парламентарното Собрание на Советот на Европа на седницата на 25 јануари идната година да усвои резолуција со препораки. Веќе е извесно дека тоа и ќе се случи после изненаденоста и шокираноста на членовите на соодветната комисија на Советот на Европа, која го усвои извештајот на Дик Марти! Од друга страна, косовската страна енергично ги отфрла сите обвинувања и притоа извештајот на Дик Марти го оцени како злосторство врз Албанците и обид да се нанесе сериозна штета на имиџот на Косово и Албанците во регионот, изразувајќи уверување дека ниту еден извештај нема да и наштети на евроатланската иднина на Косово! ДБК ЦЕЛО ВРЕМЕ ГИ ЗНАЕШЕ КИДНАПЕРИТЕ Иако на прв поглед изгледа дека монструозниот чин со илегалната трговија со човечки органи нема ништо заедничко со Македонија, сепак постои еден момент што може да го поврзе овој криминален синџир со нашата држава. Тоа е дел од 12-те киднапирани Македонци за време на војната во Македонија во 2001 година! Prevzemeno od http://www.kotle.ca/ |
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Обдукцијата утврдила дека се обесил.
Е сега според Канал 5 имал намера на следното рочиште да го негира обвинението со образложение дека воопшто не бил дел од групата. Но, ќе обелоденел некои имиња. ![]() |
|
![]() |
|
marsovec ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Вчера да не почна вонсудско порамнување?
|
|
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
И овој со дебело досие зад него.
![]() |
|
![]() |
|
brza ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ushte da me zaboleshe,...dobro ke beshe!
![]() |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
![]() |
|
![]() |
|
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
computer ![]() Сениор ![]() ![]() Патриот Регистриран: 25.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 504 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Еве што е пример за правда: нема компромиси со терористи, нема политички пазар, нема амнестија!
Терористите се терористи насекаде низ светот, нема зошто да не бидат и кај нас. Секој што малтретира, напаѓа, убива, врши терор врз недолжно население заслужува строга казна... како оваа за пример: ![]() За бомбашите 1040 години затвор |
|
![]() |
|
marsovec ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Тоа ќе го направи власта.Ќе нема пресуди.Можеби пензии ....да..да.... ![]() |
|
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
|
![]() |
|
novace ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ако сака Државата на Македонците..конечно да (по)стане препознаена како ПРАВНА..
Судскиот Систем МОРА да направи легална завршница на овој долго развлекуван случај на очебиен и беден ВАРВАРИЗАМ..од придојдено и доведено население кај нас...од нашата околина..врз трудебници ..а кои настрадале , заработувајќи си го горкиот леб....градеејќи (им) патишта!?
![]() пс
Т.н. `АШКИ Случај..МОРА да добие завршница ...според МК Законодавството.
![]() |
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
![]() |
|
marsovec ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Нема шанса за судска завршница и правда за оштетените.Кај нас нема судења, кај нас има ПОЛИТИЧКИ ДОГОВАРАЊА И ТЕЗГАЊА.Затоа народот и не верува во политичарите ( освен партиските војници - кои тоа го тврдат и покрај своето интимно неверување). Затоа господ да му е напомош на секој кој мора да се бори за правда!, (Слава му!?) Нема да ја доживее..... |
|
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Хашкиот случај за малтретираните мавровски работници пак одложен на неодредено време.
Срам да им е ако и тука се прави политички пазар и ако се подлегне на притисоците за прекинување на постапките, ГОЛЕМ СРАМ ЗА ДРЖАВАТА! ![]() Ќе има ли правда за тие луѓе?! |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1234 7> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |