|
Има ли корупција на универзитетите во МК |
Внеси реплика | страница <1234 8> |
Автор | |
Паланчански
Сениор Регистриран: 01.Декември.2007 Локација: Dubrovnik Статус: Офлајн Поени: 1655 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нема корупција. Тоа што се случува е нормална појава.
|
|
Не знаев што е среќа, додека не се оженив. Но сега веќе е доцна.
|
|
zaguben
Сениор Регистриран: 04.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 3387 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
IMA I MITO
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Шпекулации или вистини, Интересен напис во Време
КОРУМПИРАНОСТА НА ПРОФЕСОРИТЕ ТАБУ-ТЕМА СО ГОДИНИ Пушти евро за да фатиш шестка во индекс Дека професори на факултети секојдневно се поткупуваат за преодна оценка во индекс со години е јавна тајна, но според познавачите на состојбите, студентите ретко се одлучуваат да ги пријават, пред се, поради страв. За социолозите, студентскиот страв е последица од минатото кога авторитетот на професорот бил поголем дури и од тој на родителите. Тие тврдат дека универзитетските професори тоа добро го знаат и ја искористуваат дадената ситуација, наплатувајќи за шестка. Социолозите сметаат дека студентите, пак, за да не ја повторуваат годината, излезот го бараат преку корумпираниот универзитетски систем. - Колото на факултетите се врзало уште во почетокот на транзицијата. Првата алка е малата плата на професорите, а втората е неефикасноста на полицијата и на обвинителството во откривањето на тие случаи. И така се се врти во круг со години иако цел свет знае дека секој втор професор бара пари за оценка во индекс “ тврди социологот Анета Поп-Илиоска. Практиката покажува дека поткупот во високото образование постои одамна, но само еднаш во годината ќе се појави студент кој ќе пријави професор и ќе потсети дека долгогодишниот проблем е тука. На корупцијата низ факултетите минатата недела потсети и студентка од Филолошкиот факултет, на која за шестка професорот и побарал 600 евра. Од Министерството за образование овој случај го окарактеризираа како еден од ретките, што не навестувало дека и останатите професори се корумпирани. Студентите, пак, за поткупувањето, според невладините организации, зборуваат само во ходниците на факултетите и во студентските домови. Тие тврдат дека нивната пасивноста се должи на незаинтересираноста на надлежните институции и слабите механизми за нивна заштита. Се плашат дека ако пријават случај на поткуп, ќе имаа проблеми со другите професори, па затоа не сакаат да ја ризикуваат иднината. Резултат во борбата со корупцијата не донесе ниту телефонскиот број кој го промовираше Министерството за образование затоа што никој не одговара на повиците на студентите. Не беше ефикасен ниту телефонскиот бројот кој го обезбеди Студентскиот парламент. За беспомошноста на студентите придонесува и фактот дека речиси цела година се оставени без студентски правобранител, чијашто функција е да им помага и да се бори за нивните права. Невладините организации објаснуваат дека студентите со својот страв прават чекор назад во борбата со корупцијата, а тоа уште толку ги охрабрува поткупените професори, кои постојано се усовршуваат за таа „дејност“. - Парите одамна веќе не се ставаат во индекс, туку поткупувањето се врши преку повеќе посредници за да се покријат трагите, кои на крајот, сепак, завршуваат во рацете на професорите. Исто така, исплатата се врши и преку жиро-сметка, а цените се најразлични и зависат од видот на студиите, но и од сесијата. Така цените се движат од 200 до 2.000 евра за шестка - објаснуваат студенти, кои од страв сакаат да останат анонимни. И невладините организации преку неколку истражувања за корупцијата во високото образование се обидоа да им помогнат на студентите и да го обелоденат овој проблем, но професорите и ректорите ги прифаќаа нивните истражувања како паушални и неаргументирани, а надлежните бараа директни посочувања и сведочења. |
|
pcelka
Сениор Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Има има ....
Љ.С.(59) редовен професор на катедрата по англиски јазик и книжевност на предметот граматика на англиски јазик-лексикологија на 3-та година, побарал паричен надомест од една студентка, која одела кај него на консултации, иако знаел дека не смее да прима парични средства за истото.
Откако за консултациите добил три пати по 80 евра, а студентката го положила писмениот дел од испитот, професорот и побарал дополнителна сума на пари, со објаснување дека многу се измачил на консултациите.
Студентката му дала 10 банкноти од по 50 евра и една банкнота од 100 евра, односно вкупно 600 евра кои претходно се крим-технички обработени и Љ.С. ги ставил во својот џеб.
По добиена судска наредба осомничениот подоцна бил претресен од страна на полициските службеници кај кого се пронајдени парите кои му ги дала студентката, пријавата за предметниот испит од студентката и писмената работа за истата во неговиот кабинет на факултетот. Осомничениот заедно со кривичната пријава и доказниот материјал е изведен пред надлежен Истражен судија, од чија страна му е изречена мерка домашен притвор. |
|
секој нов ден, носи нова надеж...
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
zatoa, vo ovie sluchai treba da se sankcioniraat i davatelite na mitoto , ne samo primachite!
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
mina_d
Сениор Регистриран: 26.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 346 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Има,тоа е јавна тајна,дури не би рекла ни дека е тајна! Ама многу вина наоѓам и во студентите кои се секаогаш заинтересирени за цената на испитот кој треба да се полага! Имав колеги од факултетот кои не се интересираа колку е голем и тежок материјалот за учење,првото што го прашуваа беше-која е цената на испитот!!!
инаку јас не сум платила ниту еден испит и никој не ми побарал пари! значи се може и без плакање испити! |
|
Wonderful_Life
Сениор Амбициозна Бебушка Регистриран: 30.Декември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 7264 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ima ima kako nema i toa za izvoz
|
|
Gospod gi sozdal zenskite,zasto imal smisla za ubavina, a maskite zasto imal smisla za humor
|
|
Monuska
Сениор Регистриран: 27.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2128 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ама прашање... нормално дека има... и врапчињата знаат...
|
|
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...
|
|
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
makar sto za ova sto sekade ima korupcija sami sme krivi, nie gi naucivme za se nesto tuk pridaj im i na doktorite i na profesorite, na site... se sekavam uste porano braced mi se operirase vo sk... nie od Ohrid so pastrmka trcaj kaj doktorot da mu se zablagodarime za rabotata, zaboravavme deka toa im e obvrska niv, a ne dobra volja i sega sami si baraat toa e... pes od kasapnica se oducuva
|
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
A za Ohridskiov da ne zboram, ako sum od tuka ama od toj fakultet se sramam, bezobrzani gubrina... 6000 za kniga, bozem zlatna e ... i so mene edno devojche so uceshe na ohridskiov e zapisana, taa kvadrat pisa i morase povtorno da ja kupi istata kniga od istiot profesor, demek nesto izmeneto bilo, sega revidirana bila ... bla... bla... a knigata osven godinata na pecatenje, se, ama bash se i bese isto... idiotizam
|
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|
ThePPPTrooper
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор АнтиКомунист.. Регистриран: 12.Декември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 581 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кај мене на Одбрана нема корупција, супер факултет, професори, асистенти итн...само уште да ми се учеше
|
|
Those who wants to live, let them fight, and those who does not want to fight in this world of eternal struggle, do not deserve to live!
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ми го зеде зборот за потписите Сани.
Од еден другар жена му во Охрид на Осигурување едно лето ги имаше земено книгите од студенти за пари мислам купено за да може да учи за наредна година,беше вонредно запишана и ги плати околу 6000 денари.
На почеток од академска година мораше повторно да ги купува од професорите оти не и дозволуваа поради тоа што не ги купила од нив да полага испити.
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Epa milo, togas ima korupcija i toa na "veliko" ... sva sreka sto na fizika odvaj 5-6 dusi se sobravme pa se poeftino i poeftino stanuva, ama eve gledam na drugite instituti, a da ne zboram za drugive fakulteti se taka se zemaat knigi i ako te nema na spisokot za zemena kniga nemas pravo na potpis, tragedija
|
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Спаѓа Сонце и тоа како. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
Внеси реплика | страница <1234 8> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |