IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Несоницата може да доведе до лудило
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Несоницата може да доведе до лудило

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака Обратен редослед
dejanpp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 893
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dejanpp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2008 во 15:45
JAS  NOJCESKA  IMAV  NESONICA  I  ISPIV  EDNA  LENTA  KAFETIN  NISTO  NE  POMAGA
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2007 во 14:49
Дали од несоницата ќе дојде до лудило постојат доста предуслови од биолошка природа.
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
loptica Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 173
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај loptica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2007 во 03:36
Ova e text za teska i konstantna nesonica so godini....
Ima golema razlika koga zamenis den za nok ili ti se poremeti bio ritamot....
Ima mnogu pricini za nosonica.....ama se zavisi kakava e i kolku trae.

NE MI ZAMERAJTE NA GRAMATICKI GRESKI....USTE UCAM TA-TO-OT...KE SE SNAJDAM VALJDA BEZ PADEZI...
Кон врв
Палестинец Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 12129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Палестинец Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2007 во 03:30
Еве се обидувам да полудам, ама слаба работа.
Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14598
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2007 во 11:56

Спиењето е една од основните потреби на човекот, а стресовите во текот на денот доведуваат до нарушување на спиењето. За среќа, постои начин како да го решите проблемот со несоницата.

Секој може да страда од несоница, но најчесто нарушување на спиењето се јавува кај жените, и тоа најмногу во периодот на менопаузата. Често ги мачи и болните, пушачите и алкохоличарите. Во последно време несоница се јавува и кај младите. Иако не можеме да ја наречеме болест, ниту пак е опасна по животот, несоницата сепак може да предизвика фрустрација, нестабилност, депресија, па дури и лудило.

Видови несоница

Постојат два основни вида несоница: хронична, која трае неколку дена, месеци, па дури и цела година, и несоница што трае неколку дена и обично е предизвикана од некои стресни ситуации (испит, венчавка и слично).
Несоницата може да се јави и во други форми. На пример, немирен сон со чести будења, по кои тешко повторно се заспива. Ова е карактеристично за лица по 40-та година. Будење во раните утрински часови по кое нема повторно заспивање е карактеристично за постарите лица или за луѓе со сериозни проблеми. Големи тешкотии при заспивањето, пак, обично се јавуваат кај помладите.

Симптоми и причинители

Несоницата најчесто е предизвикана од некои случки за кои воопшто не помислувате како на причинители, на пример, преселба, почнување студии, промена на климатски услови, депресија, грижи, тага, болка (една од најчестите причини), висок притисок, анорексија, никотин, кофеин, дрога и слично. Дури и таблетите за спиење можат да придонесат за нарушување на спиењето. Тоа важи и за таблетите за контрацепција, таблетите за слабеење, стимуланси и слично.

Како да си помогнете

Треба да вложите голем труд и да имате волја, но најважно од се е дека можете сами да си помогнете, на начин и во време што вам ви одговараат. Се разбира, може да побарате помош и од психолог или од лекар, но во повеќето случаи тоа не е потребно. Она за што треба да се подготвите е промена на начинот на живот.

Променете ја околината


Пред се потребен ви е удобен кревет во соба каде што нема врева. Најдобро е кога собата е изолирана, топла и затемнета. Но, тоа не е секогаш можно, зошто можеби имате „весели“ соседи, или вашиот партнер рчи, но секогаш постои начин некако да си помогнете.
Доколку креветот не ви одговара, веднаш заменете го со некој во кој ќе се чувствувате удобно. Посветувајте многу внимание на хигиената на спалната соба. Ако, пак, ви пречи светлината, сменете ги завесите или користете маска за очите. Нормално, доколку имате спротивен проблем и не можете да спиете во мрак, тргнете ги малку завесите од прозорецот за да влегува малку светлина од уличното осветлување.
Една од најголемите причини за несоницата е вревата, но ако не постои начин да ја спречување, проблемот ќе го решите со мали чепчиња за уши. Пред спиење можете да правите вежби за опуштање, а ако не ви помогне ништо од наведеното, поразговарајте со соседите да се обидат да бидат потивки.

Променете го начинот на живот

Доколку не ви пречат наведените причинители на несоница, а и понатаму не можете да спиете по осум часа, време е за некои промени во вашето секојдневје. За почеток треба да се откажете од сите стимуланси. Тоа значи дека треба да ги исфрлите кафето, чајот, алкохолот, никотинот, газираните пијалаци, зачините, таблетите за слабеење и слично.
Редовно вежбајте, воведете си рутина секоја вечер да спиете по 7-8 часа и секогаш станувајте во исто време. Еден час пред да отидете на спиење, опуштете се и физички и психички, подгответе си топла бања, вежбајте јога или прошетајте. Доколку мозокот ви работи 200 на час, запишете се што ви паѓа на памет и потоа заборавете на тоа. Заменете ги негативните мисли со позитивни и одете во кревет само кога сте навистина уморни. Избегнувајте да спиете преку ден, без разлика колку сте уморни. Не легнувајте си кога сте под стрес, по караницата со партнерот, не гледајте телевизија во кревет и не јадете во кревет. Исто така не е дозволено спиење пред телевизор ниту јадење многу доцна. И не кревајте паника ако не можете веднаш да заспиете.

Се разбира, не мора да ги примените сите совети. Одлучете кои би можело најмногу да ви помогнат и применете ги, а ако не ви помогнат, пробајте со другите. Додека се трудите да го решите проблемот со несоницата ни за момент не заборавајте ја својата цел.

Храна што може да ви помогне

Ако имате проблем со несоница, избегнувајте да јадете пред легнување. Најдоцна еден час пред спиење напијте се топло млеко со мед, изедете парче леб со мед, напијте се чаша чај од билки или пак топла вода со мед и со лимон.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.