|
ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД |
Внеси реплика | страница <1 1718192021 34> |
Автор | |
Pustinski-Lav
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 31.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Vistinata ja kaza brate Omer,, Nema pogolema Blagodet od toa sto sme sledbenici na Pejkamberot s.a.v. ON BESE I E NUR DO SUDNIOT DEN.
JA RESULALLAH NIE SME TI VERNI SLEDBENICI I GO PREVZEMAME AMANETOT NA TVOJATA VERA,, JER TI BESE NAJDOBRIOT OD NAJDOBRITE: |
|
Omer El Faruk
Сениор Регистриран: 31.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 997 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Definitivno Muhammed a.s. Pejgamberot e najbrilijantnata licnost koja sto se ima pojaveno vo istorijata na covestvoto,toj e MILOST ZA SITE SVETOVI,toj e onoj kon kogo ce itaat site ludje na Sudniot Den i ce baraat da se zazema za niv kaj Gospodarot Allah dz.s. SHEFAAT JA RESULELLAH! Изменето од Omer El Faruk - 31.Декември.2007 во 00:59 |
|
connected
Сениор Регистриран: 17.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 2787 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
македонскиот јазик е официјален јазик на форумот!
(доколку сакате да пишувате на друг јазик, доволно е да прикажете линк до информациите на друг јазик,но не и да ги постирате тука) модераторот |
|
blagorodna
Сениор Регистриран: 16.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 568 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Kade moze da se najde ova?
|
|
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Eve ti, da ne bladas, citaj na makedonski.... Изменето од connected - 29.Декември.2007 во 12:26 |
|
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Д. Г. Хофарт Во „Историјата на Арабија“, меѓу другото, вели: „Мухамед е единствениот меѓу најеминентните луѓе на човештвото чијшто секојдневен живот е истражуван, ценет и земан како пример, бивајќи применуван во животот на милиони луѓе и ден-денес. Оваа работа не може да се каже за следбениците на другите вери, кои во нивниот секојдневен живот не го применуваат начинот на живеење на основачот на нивната вера.“[1] |
|
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Хенри де Кастро „Потврдено е дека Мухамед не прочитал ниедна света книга, ниту пак се потпирал на некоја верска доктрина пред него. Знаеме дека Мухамед чувствувал голем замор и доживувал големи душевни тегоби пред да се запознае со прифаќањето на објавата. Алах го создал по природа таков што целосно и се посветил на верата. Имал потреба да се одвои од луѓето, оддалечувајќи се од обожавањата на идолите и од верувањето во многу божества, кое го измислиле христијаните. Омразата кон овие две работи му била длабоко вкоренета во срцето. Овие две доктрини биле како игли во неговото тело. Овој човек, кој ги доживеал четириесеттите години, кулминација на знаењето, кој се одликувал со остроумност и жива имагинација, како и со голема сила на сфаќањето, барал од луѓето на истокот непрекинато да повторуваат: ,Алах е Еден‘, ,Алах е Еден‘. Овие зборови ги повторувале сите муслимани по него. Во меѓувреме, нам христијаните ни недостасува нивната содржина, поради нашето оддалечување од монотеизмот... Во првиот период (во Мека), не можеме на Мухамед да му го одречеме потполното убедување и искреноста во верувањето. Не му се поколебало верувањето во срцето ни за трошка, дури и за време на вториот период (во Медина). Не бил наклонет кон украсите на овој свет и не бил алчен. Бил воздржан и сè додека не заминал од овој свет, никогаш не посегнал по пченичен леб. Иако се оддалечил од залудните амбиции, сепак успеал да го достигне највисокото место во арапските земји. Но, тој не се приклонил кон тоталитаризамот. Немал трон, ниту министерство, ниту чин.“[1] |
|
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Хјустон Смит Во делото “Religions of Man”, Mentor Books, стр. 203, вели: „Бил искрен и сакан од неговите луѓе, благороден и сожалив човек. Секогаш чувствувал тага за човечките страдања и се покажувал подготвен да им помогне на другите, а посебно на сиромашните и на неспособните. Поради неговото чувство на почит, обврзување и верување, се здобил со висок епитет како ,праведниот‘ и ,доверливиот‘. Многубошците, непрекинато жедни за чуда, барале од него знаци и докази преку чудата како доказ за неговото пратеништво. Тој го одбил ова. Тој постојано го кажувал к*ранскиот ајет: ,Бог не ме испрати да правам чуда, туку да ги учам другите. Возвишен да е мојот Создател. Јас не сум ништо повеќе освен човек испратен како пратеник‘. Од почетокот до крајот тој го одбивал секој труд за глорификација на неговата личност, велејќи (к*ранските цитати): ,Не ви велам дека Алаховите богатства се во моите раце, ниту дека ги знам скриените тајни, или дека сум ангел... Јас сум пратеник на Божјите знаци, кои ги барате.‘ Ова не се зборови на Мухамед, туку на носителот на Алаховата порака, упатени кон луѓето. Доволно е само внимателно да ги набљудуваш небесните тела кои непрекинато се движат во вселената, совршениот ред на универзумот, дождот што паѓа за да ја оживее земјата, палмите кои се наведнати од нивните плодови, бродовите што пловат во морињата за да им служат на луѓето – сите овие се чуда за тие што ги набљудуваат. Зарем е можно сите овие да се создадени од еден каменит бог? Колку е бесмислено барањето на знаците кога целиот свет е знак! Во времето на бездни, Мухамед го проповедаше студирањето на совршенството на универзумот, што исламското знаење го издигна над христијанското.“[1] |
|
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Рене Крусет Во неговото дело „Цивилизацијата на ориентот“, пишува: „Кога Мухамед започнал да го проповеда исламот, бил млад и благороден, преполн со сила за праведна пресуда. Тој останал далеку од местото во коешто живеел. Во времето кога ги повикал Арапите да веруваат во еден Бог, тие биле задлабочени во идолатријата. Тој бил одлучен да ги оддалечи луѓето од идолатријата кон чистиот монотеизам.“[1] |
|
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вашингтон Ирвинг Во едицијата „Мухамед и неговите наследници“, за Пратеникот на Бога акцентира: „Мухамед ги поседуваше највисоките интелектуални особини, имаше жива имагинација и неверојатно помнење. Тој никогаш не ги разликуваше луѓето, затоа и простите луѓе го сакаа. Во миговите на најголемата победа, по неговата победа над непријателите, него не го опфати мегаломанијата. Никогаш не дозволуваше да му се направи посебна почит, на пример при влегување во соба. Луѓето ги ценеше и ги почитуваше само според длабочината на верувањето, неговото покажување во практиката и извршувањето на добрите дела.“[1] „Иако беше сериозен и достоинствен, тој понекогаш се шегуваше, беше насмеан и полн со хумор. Се вели дека имал насмевка што маѓепсува. Неговото лице беше малку поцрвенкасто, какви што вообичаено се лицата кај останатите Арапи. Меѓутоа, во моментите на воодушевеност, неговото лице имаше некаков чудесен блесок, кој неговите ученици го објаснувале како натприроден блесок на Пратеникот на Бога... Бил скромен во начинот на живеење, умерен во јадењето и строг приврзаник на постот.“[2] Меѓутоа, во делото „Биографија на Мухамед“, стр. 72, пишува: „Мухамед беше печатот на веровесниците и најголемиот од пратениците кои Алах ги испрати да го повикуваат човештвото да го обожаваат само Него.“ „Однесувањата на Мухамед во Мека потврдуваат дека тој бил веровесник, пратеник, а не водач победник. Тој се покажа сомилосен и толерантен кон сограѓаните, иако тогаш поседуваше сила. Меѓутоа, тој својот триумф и победата ги круниса со милост и прошка.”[3] „За време на ширењето на исламот, Пратеникот доживуваше многу тортури и жртвуваше многу. Дури многумина се сомневаа во вистиноста на неговиот повик. Поминаа неколку години без да доживее некој голем успех.“[4] „Во текот на проповедањето на Објавата, беше изложен на понижување, напади и тортури до толку што беше принуден да го напушти родното место и да мигрира во друго место. Таму се оддалечи од уживањата на животот и од обидите да се збогати, само заради ширење на верувањето.“[5] „Војничките победи не предизвикаа мегаломанија и тврдоглавост кај Пратеникот. Тој се бореше заради ислам, а не за лична корист. Дури и на врвот од славата, Пратеникот ја чуваше скромноста и едноставноста. Негова цел беше да формира една голема држава, а тоа беше исламската држава. Владееше со праведност и никогаш не се потруди неговото владеење да го направи владеење за неговото семејство.“[6] |
|
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Симон Оклеј и Едвард Гибон Во „Историја на Сараценската Империја“, Лондон 1870, стр. 54, пишуваат: „Бесмртното верување на Пратеникот ја заслужува нашата восхит, како пред, така и по победата. До ден-денес, по сите тие векови на развој и напредување, идејата за еден Бог не можела да се помрачи со какви било идоли, ниту неговиот доблестен живот не се свел на сомнеж, а содржината на тој живот е верувањето во Бога и етичкото однесување. Колку неправедни се известувањата на луѓето од Западот за Мухамед, кој сам во тоа време, во далечната пустина, инсистираше на тие принципи, опфаќајќи ја и објективноста и обидот за знаење.“[1] Тие исто така велат: „Ние веруваме во еден Бог, а Мухамед, Неговиот Пратеник, е скромната и неменливата појава на исламот.“[2] |
|
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Принцот Ото фон Бизмарк Политичар и голем државник, основач на Германија, познат кај народот како „железен лидер“, вели: „Мухамед е неверојатен човек. Не случајно Бог не извади некого друг на светската сцена на настаните. Мухамед, жалам што не сум твој современик. Оваа книга, чијшто учител и проповедник си ти, не е твоја книга. Таа е божествена книга. Да го негираш неговиот извор е исто толку смешно колку да зборуваш за неточноста на егзактните науки. Затоа човештвото само еднаш виде таква уникатна личност каква што беше ти, и веќе нема да има можност да види некого сличен. Јас, со најголема почит, се поклонувам пред твојата величествена појава.“[1] |
|
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Наполеон Бонапарта Вели: „Мојсеј верата во Бога му ја објавил на народот, Исус на римскиот свет, а Мухамед на целиот свет. Арабија била паганско место. Шест века по Исус, Мухамед го запознал светот со верувањето во единствениот Бог, кој е Бог на Авраам, на Мојсеј и на Исус. Аријаните и другите секташи го полудеа светот со дискусиите за тројството: Отецот, Синот и Светиот дух. Во меѓувреме, Мухамед објави дека Бог е еден, а тројството ја наметнува идејата на идолатрија.“[1] [1] „Велики људи о Мухамеду“ (Божјиот мир нека е над него), Гласник, бр. 1-2, јануари-февруари, Сараево, 1965, стр. 19. |
|
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|
efendija
Сениор Регистриран: 18.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2175 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
“Внимавај на Аллах па ќе го најдеш пред тебе. Знај за Аллах во богатство, а и Он ќе знае за тебе во сиромаштија! Знај дека она што ќе те прескокне нема да ти се случи, а она што ќе ти се случи, нема да те прескокне! Знај дека помошта на Аллах е по стрпливоста, среќата по несреќата, леснотијата по тешкотијата!”
|
|
"Zadovolen sum Allah da mi bide Gospod,Muhammed pejgamber a Islamot vera"
|
|
Внеси реплика | страница <1 1718192021 34> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |