![]() |
|
Рецепти за торти и други благи работи |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1718192021 56> |
Автор | |
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Брзи колачи со чоколадоПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Чоколадото се користело кај Средно-Американските цивилизации, односно се користело семето од какао дрвото Theobroma, кое било одгледувано од многу цивилизации од времето пред Колумбо како што се Маите и Ацтеките. Семето било основа кое измешано со вода се користело како основна компонента за разни пијалоци, како слатки така и горчливи, кои биле наменети за најплеменитите луѓе и свештениците. Чоколадото се прави со ферментирано и печено семе земено од мешунката на тропското какао дрво Theobroma cacao, кое потекнувало од ниските предели на Јужна Америка, Средна Америка и Мексико, но сега се одгледува во сите тропски предели. Семето има интензивен горчлив вкус. Крајните продукти се познати како „чоколада“ или „какао“. ПОДГОТОВКА: * Во делот со состојки се наброени сите состојки. Во овој дел се одвоени потребните состојки за филот. Останатите се за тестото. Фил: 100 г чоколада за готвење 40 г маргарин Маргаринот се мати со шеќерот, ванилиниот шеќер, јајцето, жолчките и кората од лимонот. На крај се додаваат брашното и румот. Се замесува тесто. Потоа се прават топчиња со големина на орев кои се валкаат во белките, а потоа во мелените бадеми. Топчињата се ставаат на хартија во плех и се печат на умерена температура. Откако ќе се испечат и оладат, се лепат со филот од чоколада и маргарин Се чуваат во кутија за да бидат меки. Изменето од Valerija - 19.Октомври.2017 во 08:40 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Торта со портокал и јагодиСостојки
Јајцата изматете ги со путерот, шеќерот и ванилата во кремаста смеса. Додајте го сокот од портокал и кратко измешајте. Изменето од Valerija - 07.Март.2014 во 11:04 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Сникерс тригониМаргаринот се мати со јајцата, се додава шеќерот, па бисквитите и кикирите и се убаво се меси со рака. Во калап или ако немате триаглест калап за обликување, со помош на картон обложен со фолија обликуваме триаголник ролат. Го премачкуваме со чоколадна глазура растопена на тивок оган од сите состојки каде се наведени со мера лажици и чоколадото и оставаме во ладилник да се стегни. Потоа сечиме на тенки парчиња и служиме. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ролат со крем бананчињаМлекото и шеќерот се ставаат да зовријат. Се трга од оган и се додава маргаринот да се растопи. Потоа, се додаваат сите состојки , освен бананчињата. |
|
![]() |
|
evangeline ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Го испробав колачов
Баунти колач![]() Прва кора. ![]() Изменето од evangeline - 07.Март.2014 во 01:11 |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Домашен еурокремСите состојки освен чоколадо се ставаат во тенџере на оган да зовријат. Кога ќе зоврие се вари уште 5 мин. Кога ќе биде готово се дели на два дела. Во едниот се става чоколадото и се меша додека да се растопи. Двата дела поединечно се матат. Кога малку ќе подоладат се сипуваат во тегла двата дела истовремено. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Кукулички-ШишаркиСусамот се печи во тенџере. Цело време се меша за да не изгори. Се додава маргаринот, чоколадото на коцки и после нив сите др состојки освен чоко попсот. Тој го тураме во поголема вангла и кога преливот ќе ни се стопи го полеваме со него и мешаме да се изедначи. Со обратната страна од цедалка за лимони правиме калапи, ги полниме со мало кафено лажиче и ги тресеме на рамна чинија. |
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Сонце тортаАко колачите или тортите со праски секогаш ги подготвувате на ист
начин, збогатете го вашето мени со овој вкусен рецепт кој едноставно се
нарекува Сонце торта. Состојки: 400г пишкоти За фил: 2 кесички пудинг од ванила, 1л млеко, 150г шеќер, 150г путер, 500г праски, 2 кесички шлаг, 100мл млеко За декорација: 1 кесичка желатин, 200г праски, 2 лажици шеќер во прав, сецкани бадеми Подготовка: Згответе го пудингот, а кога ќе се олади соединете го со путерот. Излупете ги праските, преполовете ги и извадете им ги семките. Едната половина исецкајте ја на коцки и додадете ги во пудингот и путерот. Во округол сад наредете ги пишкотите, над нив наредете ги половините праски, а преку нив истурете го пудингот. Праските за декорација излупете ги, исечете ги на кришки и гответе ги малку во вода засладена со шеќер. Желатинот растворете го во вода и лесно измешајте го во засладените праски. Од страните ставете ги исецканите бадеми. Смесата распоредете ја по тортата, а пред служење оставете ја добро да се олади во фрижидер. Кога ќе ја служите одозгора ставете шеќер во прав. Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 22:40 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Торта со малиниСостојки 2 јајца, 9 лажици шеќер, 1 ванилин шеќер, 7 лажици зејтин, 10 лажици брашно, 1/3 прашок за пециво, 1 лажица какао во прав, 10 лажици млеко, 2 лажици мармалад или желе од малини, 100-150г малини, 200мл слатка павлака за шлаг, 250г јогурт, 2 лажици шеќер во прав, неколку капки екстракт од лимон Подготовка: Со миксер изматете ги жолчките со шеќерот и ванилиниот шеќер. Постепено додавајте ги зејтинот и млекото, а на крај и брашното, прашокот за пециво и какаото. Од белките сматете цврст снег и измешајте го во смесата. Смесата ставете ја во калап за торта кој претходно сте го намачкале со малку маргарин и сте го наросиле со малку брашно. Печете на 180 степени Целзиусови во претходно загреана рерна. По 15 минути, кога тестото ќе почне да се одвојува од калапот, извадете го од рерна. Оладеното тесто ставете го на чинија за торта, премачкајте со мармалад и рамномерно по него распоредете ги малините. Преку малините додајте го кремот од цврсто сматените слатка павлака за шлаг, шеќерот во прав, лимоновиот екстракт и јогуртот. Украсете по желба и оставете ја барем два часа во фрижидер да се олади и стегне. Добар апетит! Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 22:39 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Бадем тортаСостојки: 5 жолчки, 200г шеќер во прав, 600г мелени бисквити, 100г мелени бадеми, 125г путер, 2дл сок од праска, 250мл слатка павлака, 2 реда чоколада за готвење Подготовка: Пенасто изматете ги жолчките, додајте го шеќерот во прав и матете додека не се соединат, па префрлете ја смесата во сад со дупло дно и ставете ја на оган. Гответе додека смесата не се згусне и додека не го видите дното на садот кога ќе помешате со лажица. Мелените бискивити и мелените бадеми прелијте ги со сокот од портокал и добро соединете ги двете состојки додека ранмомерно не ја впијат течноста. Потоа додајте го подготвениот фил и путерот кој претходно сте го сматиле. Соединете убаво, ставете го во калап за торта со форма по желба. Тортата украсете ја со сматена слатка павлака и изрендана чоколада или цели бадеми. Добар апетит! Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 22:38 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Мохито тортаЉубителите на десерти тешко дека ќе ѝ одолеат на мохито тортата која поради лимонот е совршен избор за пролетните и летните денови. Состојки:За пандишпан: 4 јајца, 200г шеќер, 120г брашно, 1 кесичка ванилин шеќер, 1/2 кесичка прашок за пециво За фил: 500г свежо сирење, 500мл шлаг, кора и сок од 1 зелен лимон, 5-6 лажици шеќер, 1 ванилин шеќер Плус: 2 лажици вода, 2 лажици бел рум Подготовка: Посебно изматете ги белките во цврст снег, посебно жолчките со шеќер и ванилин шеќер со постепено додавање вода. Потоа додајте го брашното, прашокот за пециво и кората од зелениот лимон и лесно измешајте во снегот од белките. Рерната загрејте ја на 180 степени. Ставете ја подготвената смеса во калап врз хартија за печење. Печете околу десетина минути и оставете да се олади. Оладениот пандишпан исечете го на пола, напрскајте со сок од зелен лимон и рум. Свежото сирење испасирајте го додека не стане како крем, додајте шеќер, ванилин шеќер, сок и кората од зелениот лимон и шлаг крем. Нанесете ја смесата на првата кора, прекријте со другата и украсете со кришки зелен лимон и ливчиња ментол. Добар апетит! Изменето од Valerija - 19.Октомври.2017 во 08:41 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Дипломат тортаЛесен десерт, како измислен за топлите денови. Богата со овошје и витамини. Состојки:За пандишпан: 6 јајца, 150г шеќер, 50г какао, 100г ореви, 60г брашно, малку зејтин, ванилин шеќер За фил: 1,5л слатка павлака, 100г шеќер, 300г свежо овошје (банана,киви, малини,јагоди), сок од портокал Подготовка:Одвојте ги белките од жолчките, па од белките сматете цврст снег со постепено додавање шеќер. Лесно измешајте ги во него една по една жолчка, брашното, зејтинот и ванилиниот шеќер. Дел од брашното може да се замени со мелени ореви во истата тежина. Кората печете ја во добро подмачкан калап на 200 степени, а кога ќе се олади исечете го на три дела. Слатката павлака сматете ја со шеќер, па исфилувајте ја првата кора. Ставете сецкано овошје, па повторете ја постапката со останатите кори. Ако сакате помеки кори, натопете ги со сок од портокал. Пред сервирање добро оладете ја тортата. Добар апетит! Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 22:37 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Пинк Пантер тортаЈагодите и малините сега може да се најдат секаде. Искористете ги во најубавата форма. Подгответе торта. Состојки:За кора 4 јајца За фил 500г јагоди или малини За прелив 1 кесичка прелив за торта со вкус на јагода или малина ПодготовкаЦврсто сматете ги белките со шеќерот, медот и ванилиниот шеќер, па додавајте една по една жолчка и три лажици вода, а на крајот додајте ги бадемите и брашното измешано со прашокот за пециво. Од оваа смеса испечете две тенки кори во плех подмачкан со зејтин и брашно. Корите печете ги на 180 степени околу 10 минути. Додека корите се ладат сматете ја павлаката и соединете ја со крем сирењето во кој претходно сте ги додале медот, ванилиниот шеќер, циметот и стопената бела чоколада. Првата кора премачкајте ја со филот, распоредете го ситно исецканото овошје, одозгора повторно нанесете фил, поклопете со кора и на ист начин исфилувајте ја. Тортата ставете ја во фрижидер добро да се олади, а пред да ја послужите прелијте ја со готов прелив од јагоди или малини. Добар апетит! Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 22:37 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Неверојатна чоколадна „да го изедеш мониторот“ тортаПотребни состојки: 200g (1 чаша, цврсто спакуван) кафеав шеќер 185ml (3/4 шоља ) млеко 125g путер, сецкан 115g (3/4 шоља ) брашно + печиво + 1/4 сол 75g (1/2 чаша) чисто брашно 50g (1/2 чаша) какао во прав 3 јајца 185g или 13 лажици путер, екстра, на собна температура 345g (2 1/4 шолји ) смеса за благ шлаг 95g (3/4 чаша) слад млеко во прав 1 лажица млеко, дополнително 465g чоколадни топчиња Состојки потребни за фил: 300g темно чоколадо за готвење, ситно сечкано 125ml (1/2 чаша) густ крем (хопла) 30g путер Подготовка: 1. Загрејте ја рерната на 160 степени. Намачкајте ја со путер целата тава за печење, а потоа ставете пергамент хартија. 2. Ставете го кафеавиот шеќер, млеко и путер во сад, и над пареа мешајте додека не се стопат и соединат состојките. 3. Додадете го брашното и какаото во прав во смесата со путер и потоа ставете ги миксирајте ги јајцата. Ставете ја смесата во тавата за печење и печете околу 55 минути. Оставете да се излади, околу 5 минути, а потоа ставете го пандишпанот на чинија за торта. 4. За филот: Ставете го чоколадото, хоплата и путерот над пареа додека состојките не се стопат и соединат, мешајќи привремено. 5. Измиксирајте го останатиот путер (185g), додадете го шеќерот, млекото во прав и екстра млекото и миксирајте додека не се соединат. 6. Оставете го филот да се згусне околу час и половина. 7. Додека филот се згуснува, исечете го пандишпанот на четири хоризонтални слоеви. 8. Нанесете 1/3 од филот на секој слој, а потоа целосно премачкајте ја со останатиот фил. Оставете ја во фрижидер да се излади околу час и половина и потоа декорирајте со чоколадните топчиња. Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 22:36 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1718192021 56> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |