![]() |
|
Акција “ПУЧ“ и бомбите на Заев |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1718192021 69> |
Автор | |
Ninja 35 ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Извини Меси ама со ништо од ова не можам да се сложам.... никогаш не сме биле едно а во последниве неколку години сме подалеку од било кога...тоа е факт, вистина што никој не може да ја порече. А за тоа моментално се најзаслужни се оние што политика толку слепо ја браниш, со назнака дека ги подржуваш затоа што мнозинството во Македонија ги подржувало, иако посмешна причина за подршка досега не сум чул ама нејсе.... Се додека на работа јас назадувам затоа што не сум припадник на моменталната ариевска класа во државава, се додека моето барање за легализација не можам да го земам затоа што од локалниот општински комитет не добиле согласност и еден куп глупости кои имаат врска со тоа што ни јас ни мојата поширока фамилија не сакаме да дадеме подршка на моменталните политики, се дотогаш поделбата не само што ќе постои туку и ќе се продлабочува...јас лично секој можен ден се трудам да ги потсетам сите што на некој начин се жртви на ваквите поделби, никогаш да не попуштат и да не заборават на ова што сега им се случува.... затоа секогаш ќе бидеме наши-ваши , ние-вие, тука-дијаспора ....
|
|
![]() |
|
novace ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Лидерот на опозицијата и официјално е обвинет за насилство спрема претставници од највисоки државни органи, заедно со поранешниот разузнавач и близок до СДСМ, Зоран Верушевски, и неговата сопруга Даниела Трпчевска
Статијата е прочитана 618 пати. ![]() |
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
![]() |
|
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
С'е додека има "ние-вие", "наши-ваши", "тука-дијаспора"… нема глава да кренеме и секогаш другите ќе не користат. Трагедијата е што ништо не научуваме од истoријата и постојано ги повторуваме истите грешки. Никако да ни влезе во глава дека сите сме ЕДНО. Изменето од Messenger - 02.Мај.2015 во 13:30 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
![]() |
|
Zeksi71 ![]() Сениор ![]() Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
овие нашиве ќе си продолжат да владеат и наредна деценија... а бе може и да не владеат тие, може некој друг ќе се појави, ама сум сигурен дека комуњарите повеќе власт у МК не гледаат...
|
|
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
|
![]() |
|
Ninja 35 ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Абе зајко може ќе заврши таму, туку со овие вашиве што праиме....
![]() Мислите така лесно ќе се заборават овие работи што сега ги слушаме...времето на оваа криминална багра што ја држи запоседната власта, одминува... Тик, так, тик ,так.... |
|
![]() |
|
Zeksi71 ![]() Сениор ![]() Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
имаш право, зајко е на вистинскиот пат... патот кон Идризово... неговото место таму го има заслужено одамна...
![]() |
|
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
|
![]() |
|
Ninja 35 ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Начинот на кој реагираат сите вмровци...паничното однесување, агресивноста, заканите, правните далавери, размрданоста по интернет просторот, кампањите на власта, митинзите низ Македонија, ангажирањето на дијаспората...се тоа е вистински показател дека Заев е на вистинскиот пат и дека вистината за расипаноста на нивните лидери, ги мава право во срце....
|
|
![]() |
|
novace ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Јасно кажано..никојпат не можев да ја разберам агресивноста кај помладите членови од ова...сега многу споменувано македонско семејство!? Каде е родителската грешка во „одгледувањето„ на вакво потомство?. Верушевски- идеалното семејство според Заев |
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
![]() |
|
Zeksi71 ![]() Сениор ![]() Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
не ни можеш да најдеш такви разговори, барем не во моментов. верушот и неговата банда ги имаат и разговорите на опозицијата, но на сељачето струмичко му се доставени неважни, небитни нивни разговори, односно снимки со кои опинокот би можел да ги уценува неговите најблиски соработници, за да е колку толку мирен у неговата комуњарска фотеља... бомбите за опозицијата верушот ги има сокриено за него, со намера да ги искористи кога и ако за тоа дојде поволно време, односно кога би дошле комуњарите повторно на власт за да си обезбеди за него и неговите привилегии, позиции и сл. не би ме чудело ако таквите разговори верушот ги достави до ВМРО за некоја година помалку во Идризово.
|
|
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
|
![]() |
|
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Сигурно до скоро не си чул ниту за максимата дека човек кој бара правда треба да дојде со чисти раце. Преведено на уличен јазик - не може криминалец преку криминални акти да бара некоја своја правда. Заев и оние што го подржуваат се обидуваат преку нелегално собрани и манипулирани телефонски разговори да пласираат обвинувања како докази. Како прво, обвинување не е доказ. Настрана што за мислење, убедување, верување и говор не може да се суди како за криминално дело. И да не помислиш дека бранам некој кој можеби е вовлечен во криминални работи, да го додадам оноа кое секогаш сум го велел: секој треба кривично да се гони до последното слово на законот доколку се докажи неговото дело. Пресудување луѓе на рекла-казала по пат на "расипан телефон" и мамење, без соодветно докажување е грев: 9. Не сведочи лажно против својот ближен ВТОРА КНИГА МОЈСИЕВА 20:16 Изменето од Messenger - 01.Мај.2015 во 14:07 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
![]() |
|
којсумјас ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Има тука еден парадокс...
Заев вика дека прислушуваните разговори се по налог на власта... од досега дадените разговори во јавноста, како што е очигледно, сите разговори се всушност водени од припадниците на власта... излегува дека они сами си давале налог за сами себе да се прислушуваат... не слушнавме ниеден снимен разговор помеѓу припадници од опозицијата кои се однесуваат на политичката ситуација - со исклучок на 2-3 разговори на почеток... значи нелогична е приказната... ако опозицијата е за вистината... тогаш нека дадат и такви разговори, зошто ги нема...? Секако, содржината и веродостојноста на снимките е работа која треба да се испита и докаже од соодветни институции... а не од рекла казала по форуми... исто како и вината на едните или другите... секој е невин додека не се докаже дека е виновен... сето ова досега е само во домен на политичка одговорност... ништо повеќе... |
|
![]() |
|
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
А да ги видиме прво доказите, па после да цениме дали е Заев виновен или не е??
Плус го заборавате тој што си призна се и се спогодни со обвинителство, идиотските изјави на Верушевски кои ги пренесе адвокатот негово и изјавите на Заев кај Грујо во кабинет.
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
![]() |
|
Ninja 35 ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Како и секогаш во стилот кој ја краси оваа власт, а тоа е кукавичлукот и лицемерството, во последните саати од работната недела, на почетокот на викендот или неработни денови, или касно по полноќ (времето на проститутките и криминалците) така и овој пат, ја пуштија пријавата до судот, петок, касно навечер....
![]() и за оние што демек тажат оти малку му било а во себе пукаат од среќа...од ова нема да биде ништо, едноставно не смее да има никаква последица за Заев...или може да има ама само во случај криминалците што ги слушаме да ги напуштат функциите и да си одговараат за криминалот. они и без тоа ќе одговараат , само по нема да боли ако се испазарат сега додека уште се јаки, отколку да им се суди кога уште толку ќе им падне подршката...вака барем можат да завршат во затвор, инаку многу е веројатно дека ќе се паркираат во историјата одма до Чаушеску... ![]() и пак ќе кажам, сега е време за порадикални чекори...затоа што овие битанги не признаваат закон, единствено се плашат од народ на улица
|
|
![]() |
|
којсумјас ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Бидејќи навистина се работи за политика, демократија, но и за личности...
а и онака веќе на сите им е јасно се'... освен на неколку стотици илјади, што е, нели, небитна бројка... познавјќи ја македонската самосвест, љубезност и христијанска традиција... ќе се прејде кон планот "Ш"... кој не повлекува воопшто жртви, што значи следново... на Прочка следната година, здравје само прво... сите зајадени, испокарани и закрвени помеѓу себе Македонци, ќе си пријдат заеднички... ќе си пружат рака, ќе се изгушкаат и ќе си ги простат сите гревови кои евентуално си ги направиле... ќе седнат на чашка муабет, евентуално на кафе муабет и ќе се договорат за се'... бидејќи тоа е во генот на нашиот народ, несебично, со силно чувство на блискот и љубов кон ближните свои... и во име на нашата заедничка иднина и единствена татковина... многу брзо сите проблеми ќе ги снема и животот во нашата татковина ќе биде онаков како што нашиот народ заслужува... значи ќе нема ни волци, ни овци, како што е и редот за вистински домаќини во својата куќа кои се грижат за своето семејство и среќата и благодетот на своите ближни за кои се одговорни пред себе и пред бога... за тоа верувам ќе сведочат ако никој друг, барем оние кои суште до тогаш нема да успеат да избегаат од државава, па колку и да се... за оние кои ќе успеат да избегаат, и до сега па и тогаш ќе важи дека се они среќни со било каква Македонија, се' додека не живеат во неа... и така сите ќе бидат среќни... ![]() П.С. Се разбира дека нештата може да се одвиваат и во друга насока, но јбг... |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1718192021 69> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |