Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Рис
Нов член
Регистриран: 05.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 25
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 03.Ноември.2008 во 21:00 |
па ваша е - секогаш добродојдени, по влез во ЕУ
Изменето од macedon_alex - 23.Април.2009 во 00:04
|
|
Boogie
Модератор
Слобода или Смрт
Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Ноември.2008 во 21:28 |
Имаме дел од Охридско и Преспанско,голо брдо и дел од шара и нормално Прохор Пчињскипа се до прелазот.Мали делчиња ама важни за нас
|
|
|
da be
Сениор
Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 101
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Ноември.2008 во 21:19 |
кои помали парченца бе?
Изменето од macedon_alex - 23.Април.2009 во 00:00
|
|
Boogie
Модератор
Слобода или Смрт
Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Ноември.2008 во 21:08 |
Мир нема да имаме додека не ги ослободиме окупираните Македонски делови - Пиринско и Егејско во прв план па подоцна и помалите парченца кај другите соседи
|
|
|
ZoraNaSlobodata
Сениор
Регистриран: 03.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3392
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Ноември.2008 во 19:37 |
Зошто мислам дека битката за Македонија и копирајтс можеме да ја добиеме само со оружје и никако поинаку,дури и да сакаме мир нема да има,мир нема да има дури не ни го истребат или присвојот семето наше.
|
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
|
|
da be
Сениор
Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 101
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Ноември.2008 во 22:40 |
има дарба да копи-пастира - погледни убаво доле http://www.macedonium.org/Makedonium.aspx?jazik=2
Изменето од да бе - 01.Ноември.2008 во 22:40
|
|
Македон
Сениор
Caesar Constantinus
Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Ноември.2008 во 22:34 |
|
|
Boogie
Модератор
Слобода или Смрт
Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Ноември.2008 во 22:27 |
Ја почнавме битката за името на нашата земја, земјата од чија пепел и прав сме настанале
|
Таа
земја е пепелта и правта од нашите предци , квасена со реки крвје и
солзи, газена ,месена и сушена под копитата и палежите на ордите ѕверје
што протатнеле. Таа земја е и со пот месена во тули и слама која ја
родила за топлите одаи, стаи и стреи на домот од нашиот прадедо, за да
го роди и израсни нашиот дедо, тој пак нашиот татко а овој пак - нас.
Ете во оваа земја со име Македонија и ние како
една минлива временска ништожност ќе се слееме на крајот - во
бескрајната пепел и прав од сите наши предци. И затоа таа не се гаври и
плука, таа не се подарува некому туку така уште пак помалку да се
преговара толку лесно за нејзе или да се ќути кога некој удира по неа.
Затоа сме тука - почнавме, токму ние кои ги
пишуваме овие редови, сме рожбата нејзина, ние сме нејзиниот глас но и
нејзината тупаница. Пишуваме не од арно или од што отповеќе време имаме
во оваа општа светска итаница - Не !, пишуваме оти не престануваат
негаторствата и хистеријата во грабежот на се што е македонско –
историјата, душите, територијата,.. името. Не само што не престануваат,
тие се разжестени како никогаш , отворете кој сакате сајт, медиум, дури
и производ и ќе видете - залепиле наш историски лик и име .
Низ времињата кога сме биле робје, уништиле, фалсификувале и украле документи,
артефакти и културно-материјални блага од македонскиот народ. И денес
фрлаат реки пари за отк(о)упување материјални и археолошки докази од
кај нас и низ светските управувачки елити
Но колку и да крадат, фалсификуваат, и изнесуваат, не можат - се,
културно-историска ризница ни е, неброена. Дури запретале една јама, се
појавиле нови, се дури не стане голема во која ќе пропаднат со се
злоделата .
Во ова информатичко и образовано општество не поминуваат старите
им трикови, нити може да остане тајна неоткриена. Нашите негатори се во
трагикомичниот лик на царот Трајан со козјите уши, кој ја закопа
тајната во земја. И како што тогаш од запретаното изникнаа трски од кои
секој нов кавал свиреше едно те исто – вистината за царот Трајан ,така сега и негаторирите од сите страни слушаат исто – вистината за нивните лаги и маани.
И нашата земја ги открива закопаните тајни наспроти лагите кои ги
шират. Само што почна да се расчепкува, излегоа македонски кралски
гробници со маски, печати, гардисти, оклопи, штитови, кочии, излегоа
цели престолнини, божества ,митски летачи и што ли не а што некои
тврдеа дека е нивно. Во Македонија се ковани и милиони македонски
монети, нема локалитет низ Македонија од каде не излегол броен доказ за
тоа , но се наоѓаат и мноштво туѓи монети што ја докажува ширината на
трговијата и размената на Македонија со целиот тогашен познат свет.
И се што е на површината во вид на урнатини,бедеми, цркви и епитафи
и сл. записи , но и се што патеписци, државници и туѓи архиви собрале и
напишале на жалост од негаториве – си стои. Особено за нивните
ѕверства, пропаганди и црнила со кои не завиле.
За сето тоа и особено вистината наша македонска, вреди да се бориме,
што и да мудруваат и превземаат ние сеедно ќе се бориме за овие
вредности, а оваа е борба во која предавање – нема. "Нема да поминат" !!!
- Се дури целиот хоризонот е сликата наша.
- Се дури умот наш мисли за земјата наша.
- Се дури срцата наши пулсираат течност - боја на знамето наше.
- Се дури градите наши го дишат воздухот од шумјето наши.
- Се дури слухот наш го слуша јачот на тагата од песните наши . |
|
|
|
Македон
Сениор
Caesar Constantinus
Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Ноември.2008 во 22:20 |
|
|
da be
Сениор
Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 101
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Ноември.2008 во 19:44 |
|
|
Македон
Сениор
Caesar Constantinus
Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Ноември.2008 во 18:48 |
|
|
Boogie
Модератор
Слобода или Смрт
Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Ноември.2008 во 18:27 |
Прочитаниот ред, е веќе – минато, но и овој кој го читате сега , ќе биде - минато, како и оној – идниот.
|
Најреалистичниот пренесувач на минатото од Балканот и Добитник на Нобелова награда, Др. Иво Андриќ за минатото ќе рече :
“ Само неуките и неразумни луѓе можат да сметаат дека минатото е мртво и со непреоден ѕид засекогаш одвоено од сегашноста.
Напротив, вистината е дека се она што човекот некогаш го мислел, осеќал
и работел, нераскинливо е вткаено во она што ние денес го мислеме,
осеќаме и работеме. Да се внесе светлината на научната вистина во
настаните од минатото, значи да и се служи на сегашноста. “
( И. Андриќ – “Како влегував во светот на книгата и книжевноста” – вес. “Политика “ 13 март 1976 год., стр. 2 )
“Негаторите” на минатото, Нобеловецот ги нарекува – “неуки и неразумни
луѓе”, очигледно и зошто, па бара научно осветлување на настаните од
минатото од кое треба да извлечеме заклучоци во служба на сегашноста !
А минатото, сегашноста и иднината се нераздвојни, заедно ја чинат
вечноста или постоењето . Тоа е и самата историја, која удрила печат со
името – Македонија врз оваа земја како на тапија.
И Библијата ( Стариот и Новиот Завет ) е една од нашите тапии па
неможејќи да го уништат таму нашето име, почнаа да го својатаат небаре
: Тие биле – Ние а Ние сме биле – Тие ?!
Со монопол над црквата фалсификуваа ставајќи фрази кои ниту постоеле ниту ги има во неа.
Пример 1 - каде што стои – “ Отидовме во Македонија”,
во преводот си додаваат – “Отидовме во Mакедонија , провинција на
Грција “(?!), нешто што ниту стои во оригиналот, нити пак постоело кога
е пишувано, ( држава со име Грција за првпат е дури 1829 год., поими
Елада, Ахаја –да, но не и Грција ! ).
Лукавост е и уфрлањето на Македонија како провинција на Грција, што
никогаш не било а најмалку во Библијата, зашто каде се спомнува
Македонија ,тоа е одвоена од “Елада” ( Грција ).
Пример 2 - каде што стои националноста на лицето -
“Пред него стоеше еден човек, Македонец “, во преводот се врти - “Пред
него стоеше човек од Македонија”, што е друг контекст, човекот од
Македонија може да биде и Влав, Евреин, Ерменец и.т.н, но не и јасното
во оригиналот - Македонец.
Потребата за фалсификати, потврдува дека името Македонија не е нивно.
Зошто ако името било “така нивно” ,попат го “загубиле - така лесно” и добиле друго ?!
Со туѓи имиња и минато, си го растегаат своето до обезименост, низ хаос од народи, раси и временски невклопувања.
Грците се
и Данајци и Ахајци и Крито-Микенци и Хелени и Византијци и Македонци
и.т.н, сеедно што секој го ништел предходниот доаѓајќи во Грција ?!
Дури и денес за светот таа е - Грција, но таму е – Хелас (Елада ), што
е различно и збунува.
Бугарите се и Турано- Бугари и “Словени“, Хуни, Авари,
Скити,Бактри, Мизијци, Тракијци, Власи, Кумани,.. и што ли не, сеедно
што се ништеле доаѓајќи од страна ?!
Србите се и Сер(б)ви, Скити, Раси, Маќедонци,Трибали,Илири,..?!
Албанците се и Илири и Дарданци, Македонци, Епирци, Арбанаси ,Арнаути, Шиптари, Качаци и Геги и што ли не ?!
Власите се и Епирци, Грци, Романци, Даки, Богдани, Цинцари, Македонци,.. (?!)
Секој си го вбројува и македонското за – свое име (?!)
И од сите нив само ние “случајните” Македонци сме останале да
им го чуваме името за вакви потреби, да не потсетат дека е и “нивно”,
сеедно чие ( кому од нив ?!).
Единствено Македонија како име за разлика од предходните не е врзано за
повеќе народи но за еден кој си го носи како единствено валиден. Само
уште Хрватите се со ист пример , тие античкото име “ Croatia “ го имаат за национално име.
Денес бараат да си го смениме името, што е исто да го смениш – времето
( минатото). Тоа не може и не смее никој, без разлика на притисокот и
прагмата на политичарите од сегашноста .
Колку и да изигруваат овоземни богови од кои се почнува и завршува, она
што сигурно завршува се нивните мандати и безначајни постигања .
А името ќе живее - ги надживеало сите сатрапи, ханови, деспоти, цареви,
кралеви, султани и паши, но и предавници, па ќе ги надживее и
Претседателите, Премиерите, Министрите и др. денешни функционерски
имиња. |
|
|
|