IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Музика
  Активни теми Активни теми RSS - МУЗИЧКИ ВЕСТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

МУЗИЧКИ ВЕСТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1718192021 32>
Автор
Порака Обратен редослед
Popi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Popi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2009 во 16:12
Крис Браун призна и избегна затворска казна
 
Junak znachi nema shto. намигнување
 
Кон врв
Popi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Popi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2009 во 13:17
Рики Мартин призна дека е бисексуалец тага
 
- Да сум хомосексуалец зошто не бе признал? Јас сум нормален човек кој што сака да води љубов со жени, но не ми пречат и мажите. Моето срце во исто време може да припаѓа на маж и на жена, изјави некогашниот згоден кршач на женските срца.
 
Se gledashe deka vo posledno vreme pochna nekako chudno da izgleda...a ete ti toa shto bilo. тага голема%20насмевка
 
 
 


Изменето од Popi - 22.Јуни.2009 во 13:18
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2009 во 14:45
Голем интерес за концертот на Сантана од целиот регион


Светскиот музичар Карлос Сантана кој на 10 јули ќе одржи концерт на арена Филип втори во Скопје најави дека за љубителите на неговата музика ќе свири два и пол часа.

Како што изјавија на денешната прес конференција од Аволон продукција според досегашната продажба на влезниците, овој концерт би требало да биде најголем во Македонија. На концертот на Сантана се очекува да има околу 12 до 15 илјади посетители.

“Тоа што не радува е фактот дека за првпат ќе имаме ситуација во Македонија да доаѓаат организирано луѓе за концерт од другите земји. Од Бугарија се очекува да пристигнат десет автобуси. Тамо беа пуштени во продажба 500 влезници и сите се продадени, и сеуште пристигнуваат нарачки што значи дека од ова држава се очекува да пристигнат најмалку 20 автобуси. Исто така имам огромен интерес за концертот на Сантана и во Албанија и Косово. Чудо е тоа што и од Грција од регионот на Солун има резервации за влезници“, додадоа од Аволон.

Кон врв
DarlinG Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*Lara*Croft*

Регистриран: 09.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1621
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DarlinG Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2009 во 22:34
Новиот сингл на Мараја Кери, од вчера официјално се емитува на радио станиците. Имено, содржината на песната се смета дека е наменета за раперот Еминем, бидејќи тој исто има песна за Мараја. Но не е потврдено ова од пејачката. Па слушнете ја песната и кажете што мислите
Mariah Carey-Obsessed
Кон врв
macaparket Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 293
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај macaparket Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2009 во 21:39


Мамо не му кажувај на тато“ е насловот на новото цеде на битолската група „Паркети“, кој од денеска по скромна цена од сто денари ќе се продава на сите продажни места на „Време“. Членовите на група велат дека ова нивно издание, четврто по ред, содржи 12, 5 песни. - Намерно не сакавме да напишеме 13, а патем и така се решивме зашто макфестовската песна „Ноќ од илјада дена“, или позната како „Јас имам бакнеж“ ја сметаме за половина песна. Албумот го финансираа нашите мајки, тие ни дадоа пари и затоа и моравме да ставиме и таков наслов - на шега велат членовите на групата. Претпромоцијата се случи на свирката што на седми јуни ја одржаа во „Импакт“ во Велес. На 11 јуни, по полноќ, „Паркети“ албумот ќе го претстават концертно пред своите сограѓани битолчани во клубот „Инфинити“. На 12 јуни настапуваат во „Селект“ во Струмица. Турнејата продолжува на 19 јуни во „Фул хаус“ во Радовиш, на 20 јуни во „Арт кафе“ во Свети Николе, а завршува на петти јули со свирка во клубот „Хавана“ во Скопје.
UMRENI LJUGE UMRENI LJUGJE
NA UVO MI SE DERAT
UMENI LJUGJE UMRENI LJUGE
MNOGU GOMNA SERAT

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2009 во 13:18

НА ДОДЕЛУВАЊЕТО НА НАГРАДИТЕ "ИНДЕКСИ 09" ВО САРАЕВО

Калиопи прогласена за најдобар женски избедувач

Калиопи е прогласена за најдобар женски изведувач на регионално ниво, на доделувањето на босанските музички награди "Индекси 09", што се одржаа викендов во Сараево.
Калиопи победи според интернет гласовите и гласовите на стручното жири, и ги претрка Јадранка Стојаковиќ, Северина, Маја Татиќ, Ана Станиќ и Марија Шерифовиќ. Доделувањето на наградите се одржа во култниот музички клуб "Синемас-Слога" во Сараево. Македонската поп-дива беше номинирана во две категории: за поп-албум на годината и женски изведувач на годината. И Каролина беше номинирана за етно албум на годината, а Влатко Стефановски за блуз албум и за турнеја на годината.
Во интернет гласањето учествуваа повеќе од 250.000 гласачи од регионот. Оваа престижна музичка награда на Калиопи и ја додели Шефот на Кабинетот на Министерот за култура на Босна и Херцеговина, Џенана Ибишевиќ.
Покрај Калиопи, во останатите категории наградени беа и Жељко Бебек, Дино Мерлин, Тони Цетински, Едо Мајка, Јелена Томашевиќ и други. Дино Дворник беше прогласен за музичка икона а Тереза Кесовија доби награда за животно дело за 60 години музичка дејност.
"Во ревијалниот дел на свеченото доделување на наградите, Калиопи во живо ја отпеа темата "Пробуди ме" и со бурни аплаузи беше поздравена од сараевската публика", вели уметничкиот директор на "Калиопи мјузик продукција" Васил Зафирчев. Тој најави дека Калиопи ќе одржи голем солистички концерт во центарот на Сараево, во рамките на манифестацијата Башчаршиски вечери, на 9 јули. По Сараево, Калиопи одржа успешен анплагд концерт во Тиват, и покрај повредата на дланката со која се здоби за време на генералната проба.
Сношти во Будва, Калиопи настапи на финалето на фестивалот "Песна на медитеранот". И Тамара и Ламбе како наши преставници влегоа во финалето на познатиот фестивал.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Biolica Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 808
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biolica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2009 во 11:54
Originally posted by LouWeed LouWeed напиша:

http://www.santanavoskopje.net/



najnova vest
Голем концерт на легендарниот бенд Бијело дугме ќе се одржи на 18 јули на стадионот "Билјанини Извори" во Охрид. Охриѓани и туристите ќе имаат ретка прилика да се присетат на познатите хитови испеани од вокалите, Тифа, Ален и Бебек. Организатор на концертот е продукцијата Бродвеј, која веќе испратила допис до СРЦ "Билјани Извори", околу терминот и условите за настап на легендарниот бенд. Како што дознаваме, договорот за настапот на рок-легендите бил потпишан пред два дена. "Задоволни сме и почестени што на 18 јули ќе гостува легендарниот бенд Бијело дугме, со што ја продолжуваме традицијата на настапи на познати музички имиња во летната туристичка сезона. Тоа ќе придонесе за уште поголема промоција на Охрид", вели директор на ЈП Билјанини извори Иван Цветкоски. Тој најави уште едно големо музичко изненадување за охриѓани, но не откри за кого станува збор.
Okolu ova ve molam za malce pomosh, kaj ima karti i dali se veke vo prodazba?)тагасреќаголемо%20гушкање
Кон врв
Popi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Popi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2009 во 12:43
Tijana ke snimi duet so Antonis Remos
 
 
So pesna ke se zblizuvaat neprijatelite Makedonija i Grcija. голема%20насмевка
 
Кон врв
Popi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Popi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2009 во 12:39
Vo vrska so Kaliopi, bi komentirala deka mene voopshto ne mi e vazhna nejzinata garderoba....bash naprotiv i mi se dopagja na nekoj nachin....t.e. navistina e extremna, megutoa toa e del od umetnichkata dusha ne?  Kaliopi vo nikoj sluchaj ne e samo pejachka...taa e kompleten muzichar a so toa i umetnik, taka da extremnosta bash i odgovara vo toj pogled...a i ubavo i stoi. намигнување
 
Megutoa koga stanuva zbor za muzikata, tuka veke sum postroga i mozham da kazham deka ZAJDE malku vo vkusot na komponiranjeto. Mozhebi i samata e vo period na promeni, pa zatoa  i poslednive pesni i se takvi PROMENLIVI....neznam, samo edno znam deka redno vreme e da odluchi koj stil ke go raboti ako saka da ja zadrzhi svojata publika a i popularnost isto taka. намигнување
 
 
Кон врв
KAROLIN Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maкедонско девојче

Регистриран: 28.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 201
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KAROLIN Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2009 во 00:03
По големиот неуспех и исвиркувањето на домашниот Избор за песна на Евровизија, Калиопи реша да ја испроба среќата и надвор од нашите граници, земајќи учество во вечерашново издание на прстижниот Хрватски радиски фестивал, каде своевремено триумфираше легендата Тоше Проески со Срце није камен и Вежи ме за себе.
Меѓутоа и вечерва КАЛИОПИ доживеа вистински дебакл, не освојувајќи ниедна награда. Да не заборавиме дека до пред фестивалот кружеа гласини дека Калиопи водела на некои интернет гласања, што вечерва се покажа дека не е точно. Калиопи вечерва ја видовме на сцена со виолетово жолт фустан, жолти хулахопки и виолетови топуци, што беше кич од старт во споредба со сите други изведувачи кои носеа преубави и префинети фустани.
Дали е или не е и за таа сцена, покажа денешниот исход од фестивалот
Нека се врати на старите хитови од типот на Обои ме и ќе има поголем успех.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2009 во 00:05

Енио Мориконе ќе го отвори Охридско лето

„Беше еднаш во Македонија“ - под овој наслов ќе се одржи спектакуларниот концерт на легендарниот композитор Енио Мориконе на отворањето на годинашново издание на Охридско лето на 12 јули.

„Доаѓа на 10. јули, останува три дена во Охрид, прилагодување, сите проби кои ќе ги имаме на Античкиот театар, па се до изведбата на 12. јули, а на 13. јули си заминува. Секако дека ќе биде сместен во еден од елитните хотели, во разговори, за претседателски апартман понуди се пристигнати, со него доаѓа и неговата сопруга“, изјави Тони Симоновски, директор на фестивалот Охридско лето.

Енио Мориконе е најверојатно најпознатиот композитор на филмска музика на дваесеттиот век. Сигурна бројка не е достапна, но тој изработил филмски теми за неколку стотици филмови низ минатите неколку децении. Се претпоставува дека се работи за преку 400 филмови.

Се прослави со музиката за филмовите „Беше еднаш на Дивиот запад“, соработувал со режисери како Серџо Леоне, Скорсезе, Полански, Бертолучи, Оливер Стоун, Алмодовар.

Добитник е на Оскар за животно дело и Златен лав за музика на Канскиот филмски фестивал.

За концертот на отворањето на Охридско лето, Мориконе доаѓа со свој оркестар кој брои стотина членови и неколку солисти, ќе биде придружуван од хорот на Македонската опера.

„50% од билетите веќе се резервирани, инаку ќе чинат 30 евра и 40 евра“, вели Симоновски.

Најскапите билети за концертот на Мориконе во Охрид чинат 50 евра и веќе се резервирани.


Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2009 во 16:48
По најавата за прекинување на големата турнеја на Депеш Мод, пејачот на групата Дејвид Гахан е успешно опериран

Туморот кој се појави кај пејачот на Депеш Мод, поради што беше и прекината нивната голема турнеја во рамките на која требаше да имаат концерти и во Белград, Загреб, како и во Бугарија, Романија и Грција, отстранет е по успешната операција. Според најавите од тимот на оваа екстра популарна група, турнејата која започна на 10 мај во Израел, по прекинот поради болеста и операцијата на пејачот, продолжува со концертот во Лајпциг. Дали ќе имаат концерт во Загреб и белград, засега нема подетални информации, но сепак, можно е да се одржат и овие концерти.

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2009 во 17:41

Во Четврток почнува OFFest





Оливер Белопета

 

Со настапот на мексиканската дива Лила Даунс, во четврток стартува 8. издание на OFFest, скопскиот фестивал на светска музика.

„Така наречената Worl Music, Светска музика која доаѓа и од некои трети земји и континенти, е исклучиво креативна во последниве, да кажеме, 20 години, и носи возбудувања, кои не се толку присутни во останатите жанрови. Тоа значи отворањето кон културите од сите континенти, од земјите од третиот свет, што сметам дека е важно“, изјави Оливер Белопета, директор на Скопје Џез Фестивал.

Вториот концерт на Офф фестивалот е на 30 мај во Универзална сала ше настапат Дарко Рундек и неговото Карго трио. Ѕвезда на вечерта е Даниел Мелинго од Аргентина, тој во својата музика ги комбинира рок и танго звуците.

Годинава една вечер ќе биде македонска со групите Љубојна и Проџект Жлуст. На 4 јуни ќе се одржи турската вечер вечер ќе биде македонска со групите со групите од Истанбул Ориент Експрешнс и Баба Зула. За крај на OFFest на 10 јули прв пат во Скопје ќе гостува легендарната Пати Смит, која извршила големо влијание на панк и рок сцената изминатите децении.

Новост на фестивалот се и музичките филмови на Пати Смит и Фатих Акин што ќе можат да се погледнат во Кинотеката на Македонија.

Кон врв
KAROLIN Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maкедонско девојче

Регистриран: 28.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 201
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KAROLIN Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2009 во 13:45
Mp3-ka: Каролина - Крај
http://www.speedyshare.com/323446920.html
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1718192021 32>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.