IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Свет
  Активни теми Активни теми RSS - Пандорина кутија, следи домино ефектот
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пандорина кутија, следи домино ефектот

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 171819
Автор
Порака Обратен редослед
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2008 во 13:03
Епа Сакашвили си го бараше сега си го доби.Белгија би можела целосно да се распадне сеа на Валонија и на Фландрија.
Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2008 во 12:47


Рускиот Парламент ја поддржа независноста на двата Грузиски региони Јужна Осетија и Абхазија и го повика претседателот Медведев да ги признае.

На оваа поддршка од страна на Рускиот Парламент се огласи и грузискиот претседател Михаил Сакашвили кој предупредува дека признавањето од страна на Русија на независноста на Абхазија и Јужна Осетија ке биде обид за промена на границите на Европа со сила, и ќе има катастрофални последици.

Долниот дом на рускиот парламент, Думата вчера гласаше за поддршка на независноста на грузиските региони Јужна Осетија и Абхазија. Гласањето се одржа на вонредна седница.

Повикот до претседателот Дмитриј Медведев формално да ја признае независноста Јужна Осетија и Абхазија беше прифатен во 450-члената Дума откако претходно вчера, и Горниот дом или Советот на федерацијата прифати иста таква резолуција, едногласно со 130 гласа, пренесува МИА. "Ние сме должни да го поддржиме стремежот на народите на Јужна Осетија и Абхазија кон стабилност, мир и независност", изјави претседателот на Советот на федерацијата Сергеј Миронов за време на седницата. Според него, по распадот на поранешниот Советски сојуз, грузискиот Парламент со незаконска одлука ја лишил Јужна Осетија и Абхазија од автономија, што предизвикало граѓански отпор.

Миронов ја оквалификува како "префинет цинизам" политиката на Грузија кон народите кои, според него, со векови живееле рамо до рамо со Грузијците. Шефот на Советот на федерацијата повика да се прави разлика меѓу односите на Русија со грузискиот режим и нејзините односи со грузискиот народ. Признавањето од Русија на независноста на Абхазија и Јужна Осетија би било обид за промена на границите на Европа со сила, и ќе има катастрофални последици, предупредува во интервју за "Либерасион" грузискиот претседател Михаил Сакашвили. Тој потенцира дека таков чекор од страна на Русија би бил сериозна грешка и би предизвикал катастрофални последици и за таа држава. "Не мислам дека дека некој во меѓународната заедница ќе биде толку неодговорен и дека ќе поддржи признавање на независноста на двете сепаратистички грузиски области", наведува тој.

Германската Влада веќе апелираше Медведев да не го преземе тој чекор.

Ова претставува можниот домино ефект предизвикан од признавањето на Косово за независна држава.

Можни се и други вакви барања во земјите на европскиот континент како Белгија, Шпанија...кои евентуално би ја измениле картата на Европа и кои би придонеле за продлабочување на несогласувањата во навидум хомогената ЕУ.

Пандорината кутија ја отворија американците, сега русите чепкаат во неа, кој е следниот...








Изменето од Biba_G - 01.Март.2009 во 13:03
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 171819
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.