IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1718192021 157>
Автор
Порака Обратен редослед
outlook123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maya

Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај outlook123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2015 во 12:09
Originally posted by Орка Орка напиша:

Со нив шестарот е како книга на полица...
Тие сакаат тријаголници.



ами, што црташ кругови? омолу близначките?

види на пр. некоја девица   
едно е - не се две
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2015 во 15:34

НАЈМУДРИОТ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК: ТОЈ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ИЗМАМЕН!

16

Станува збор за Овенот. Со него владеат Месечината, благородноста, црната бура и западот. Токму овие нешта го водат го суштинска мудрост, па затоа и неговите припадници се мудри и чувствителни. Тој сака сè да држи под контрола, но тоа не секогаш му успева. Кон целите оди директно, па затоа може да биде малку непријатен. Амбицијата и успехот го мотивираат и благодарение на големата енергија, воглавно е успешен во сè што прави.

На Овенот му е важно да изгради кариера и да има добар социјален статус, но сака да изгради и добар брак. Тој е голем импровизатор и за сите проблеми, од личните до финансиските, лесно и едноставно наоѓа решение. Овните мора да имаат многу пари бидејќи обожаваат да трошат, великодушни се и сакаат да бидат преплавувани со внимание.

Што се однесува до љубовта и сексот, тие имаат многу едноставен пристап. Кај нив сè е јасно и лесно видливо, но можат да станат малку невротични доколку немаат партнер или доколку не добиваат доволно љубов. Тој е спремен максимално да се жртвува за партнерот кој претходно многу внимателно го одбрал.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2015 во 08:09

Како изгледа еден работен ден со сите 12 хороскопски знаци во иста канцеларија?


На работа пред сите доаѓа сериозниот и намрштениот Јарец, кој веднаш седнува на столчето и ги зема документите во раце, уште пред првото утринско кафе.

kako-izgleda-eden-raboten-den-so-site-12-horoskopski-znaci-vo-ista-kancelarija-001.jpg

Кратко после него стигнува Девицата која прво зема крпа и го пребришува бирото, пенкалата, тастатурата и телефонот, па дури после тоа се фаќа за работа.

Бикот влегува бавно и мрзливо и прашува - Уште никој не направил кафе?

Ракот влегува со сите и топло се поздравува, по што се јавува на мајка му да праша како е или на партнерот/партнерката да праша дали безбедно пристигнал/а на работа. Дури потоа може сериозно да и пристапи на работата.

Вагата влегува дотерана, со облак од парфем зад себе и само гледа на кој да му ја подвали тешката задача која ја чека денес.

Стрелецот влегува насмеан од уво до уво и соопштува дека денес нема да може многу да работи, затоа што договара патување.

Близнакот влетува во канцеларијата со телефонот во рака, затоа што е во хаос. Пие кафе на брзина и излегува. Откако ќе се врати, ќе сфати дека заборавил уште нешто, па повторно хаотично се враќа од каде што дошол.

Бикот соопштува дека е гладен и прашува дали некој нешто сака за појадок?

Рибата зева и гледа на часовникот уште колку има до крајот на работното време. Гледа дека има уште многу, па се жали дека мора да оди на доктор.

Девицата ја замолува и неа да и најде „термин“ кај докторот.

Овенот станува и вели дека мора нешто да заврши и ќе се врати брзо. Девицата веќе му префрла дека паузата му траела цел час и работното време не е за приватни обврски.

Водолијата мирно работи на својот компјутер додека паралелно разговара со пријател на телефон.

Лавот шеф влегува и вели да му порачаат кафе и да дојдат сите на краток состанок.

На состанокот Овенот веднаш ја искажува новата идеја поврзана со работата, а Водолијата додава нешто многу понапредно.

Јарецот само превртува со очи и вели дека ако е ново не значи дека е добро, Бикот го поддржува.

На Близнакот му ѕвони мобилниот, по што добива опомена од Лавот. Близнакот го убедува шефот дека има информација од прва рака, но Лавот не му верува затоа што се сомнева дека е трач.

Вагата се плаши дека работата и е ризична, додека Скорпијата додава дека оној кој не ризикува не профитира.

Јарецот молчи, гледа на часовникот, резервиран е околу промените, затоа што смета дека промената не секогаш е најдобриот избор.

Рибата молчи и не сака да коментира, па ја препушта иницијативата на другите соработници.

Ракот напоменува дека сите се како семејство, но предлага дека е најдобро Лавот да го каже своето мислење затоа што тој е авторитетот.

Лавот театрално го изнесува своето мислење, па брзо потоа Водолијата влегува во кавга со шефот, затоа што не го сака авторитарното однесување.

Во тој момент му ѕвони мобилниот на Лавот и ја напушта просторијата, притоа потсетува сите добро да размислат за денешната тема на состанокот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2015 во 08:05

Зошто врските на секој хороскопски знак не успеваат? Бикот се запушта, Девиците ги кријат емоциите


Иако неуспехот во љубовта не е само ваша вина, сепак љубовните грешки кои ги правите може да ви ја уништат среќата.

zosto-vrskite-na-horoskopskite-znaci-ne-uspevaat-bikot-se-zapusta-devicite-gi-krijat-emociite-01.jpg

Дали сте преголеми егоисти? Или сепак сте премногу срамежливи за да си ги искажете емоциите? Можеби ве кочи тоа што секој партнер го земате „здраво за готово“?

Хороскопот ќе ви открие каде грешите:

Овен

Самоувереноста на Овенот, која на почетокот делува привлечно, со тек на време станува голема пречка. Овенот мора да поработи на својот егоизам и да научи како партнерот да го стави на прво место. Би требало да го разберат значењето на зборот компромис. Нивните брзи и бурни реакции се уште еден проблем во врските, затоа што на другите им е тешко да се справат со неочекуваните изливи на бес.


Бик

Биковите кои се во долги и стабилни врски често знаат да се запуштат. Се чувствуваат удобно, па претеруваат во храната и пиењето и не внимаваат на изгледот, што знае да биде непривлечно. Понекогаш се премногу мрзливи за романтика и партнерот го земаат здраво за готово. Уште една пречка е нивната тврдоглавост. Биковите се склони на едни исти замерки и упорно започнуваат кавги на иста тема, што со текот на времето досадува.


Близнаци

Близнаците се склони на флерт, па партнерите со нив се чувствуваат несигурно. Не оставаат впечаток на стабилност и преданост, заради што никој не се потпира на нив. Честото менување на мислењето и расположението е уште една работа која никогаш не е привлечна. Внимавајте со маските кои ги прикажувате.


Рак

Раковите често уште на почетокот на врската стануваат зависни од партнерот, а спомнувањето на брак и заеднички живот може само да го исплаши и оддалечи. Кога се во врска, партнерот станува центар на нивниот свет, заради што често другиот може да се чувствува задушено. Ракот лесно се навредува и е чувствителен, а покрај тоа не сака да започнува нови активности и да прави било какви експерименти. Со него животот лесно станува рутина и тоа му е најголемата грешка.


Лав

Големото его на Лавот е нешто со што секојдневно треба да се натпреварувате. Не е лесно да живеете со личност која лесно се навредува за секоја ситница и е подготвена со денови да молчи и да игнорира. Лавот сам на себе си е секогаш на прво место, што со текот на времето знае да стане проблем. Не знае да ја признае грешката, а како капак на сето тоа, склон е кон флерт, па партнерот никогаш не се чувствува сигурно.


Девица

Срамежливите и повлечени Девици тешко ги откриваат своите вистински емоции, па нивниот партнер ретко кога знае на што е. Животот со нив знае да биде тежок затоа што се критичари и во сè наоѓаат по некоја маана. Тежнеат кон совршенство, но не сфаќаат дека треба да уживаат во ситниците. Нивната опседнатост со здравјето исто така знае да биде напорна.

Вага

Вагите постојано се во љубовен хаос, со погрешни партнери, најчесто оние на кои им треба помош или „поправање“, што не е добра основа за врска. Кога се во врска Вагите се неодлучни и се прашуваат дали го одбрале вистинскиот. Потребата за флерт исто така го излудува партнерот. Не сакаат кавги, па го кажуваат тоа што партнерот сака да го слушне, односно немаат проблем да лажат.


Скорпија

Скорпиите секогаш одат на сè или ништо, па со нив не е лесно. Во врските се посесивни и љубоморни, па неретко го гушат партнерот. Освен тоа, таинствени се, па саканата личност секогаш има чувство дека Скорпијата нешто крие. Злопамтила се кои никогаш не простуваат, а малата кавга редовно ја претвораат во долготраен конфликт. Склони се кон емоционална манипулација.


Стрелец

Стрелците често несвесно го повредуваат партнерот, а тоа го прават заради потребата за возбуда и акција. Партнерот има товар дека постојано мора да биде активен и интересен, што создава притисок кој со тек на време досадува. Најголемиот проблем во врската со Стрелецот е потребата за личен простор, забава и слобода, што на многу од партнерите не им одговара.


Јарец

Јарецот е отсутен и дистанциран додека не стекне целосна доверба во партнерот, што е долготраен процес. Партнерот лесно се фрустрира затоа што Јарецот не ги искажува емоциите. Не е лесно да живеете со меланхолична личност која се грижи за сите ситници, а песимизмот го пренесува на околината. Не се спонтани и оптоварени се со работа, па со нив животот лесно станува монотонија.


Водолија

Индивидуалноста на Водолијата може да биде исцрпувачка за партнерот. Богатиот друштвен живот може да биде извор за љубомора кај партнерот, што Водолиите никогаш нема да го сфатат. Во некои случаи недостатокот на интимност и романтика може да доведе до оддалечување. Потиснувањето на емоциите е уште еден недостаток заради кој Водолиите се непосакувани партнери.


Риби

Рибите живеат во свој свет и склони се кон идеализирање на партнерот, што доведува до нереални љубовни стандарди и барања од партнерот. Често влегуваат во односи со нестабилни личности или одржуваат тајни врски. Подготвени се да трпат многу, па затоа партнерите знаат да ги искористат и откачат. Мораат да сфатат дека во љубовта не може само да вложуваат, туку и да си ги покачат стандардите.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2015 во 10:13
Со нив шестарот е како книга на полица...
Тие сакаат тријаголници.
Кон врв
outlook123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maya

Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај outlook123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2015 во 09:44
батали шестарот..
едно е - не се две
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2015 во 09:12
Јас сум упорен околу близнаците...Дури четири бивши ми се близнаци!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2015 во 08:28

OВОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК ЛАЖЕ КОГА ЌЕ КАЖЕ „ТЕ САКАМ“

17

Близнаците доколку ви кажат дека ве сакаат, треба да побарате „потврда од суд“. Нив тој збор му е како добар ден и не значи апсолутно ништо.

Доколку овој хороскопски знак се сети дека изјави љубов, ќе каже дека се шегувал. На близнаците им треба долго време да се врзнат, бидејќи тие најмногу се сакаат себе си. Тоа што е сигурно со нив никога нема да ви биде досадно. Знаат да бидат духовити, забавни, авантуристи, а врските и бракот не им одат од рака.

Ако се заљубите во нив, внимавајте, бидјеќи постои опасност да ви го скршат срцето.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2015 во 19:22

ХОРОСКОП ЗА ВО КАФЕАНА - ПРОЧИТАЈТЕ ВЕДНАШ!

2

Какви се луѓето според хороскопските знаци во кафеана.

Овен
Иако е Овен, во кафеана се снаоѓа како риба во вода, без оглед на поводот. Кога ќе се напие малку повеќе, а тоа често се случува, почнува многу директно да се однесува кон преставничките на поубавиот пол. Иако е фокусиран на својот “плен” од женски род и понатаму го забавува целото друштво раскажувајќи шеги.
Жената Овен е главна во кафеана, нарачува пијачки за целото друштво, игра и си ги порачува омилените песни.

Бик
Сонува да има своја кафеана, што и не е реткост, но ако нема тогаш има омилено место каде што сите го знаат, од келнери до готвачи. Ги собира музичарите околу својата маса и не ги пушта да си одат, но им дава голем бакшиш, нарачува песни и ѝ угодува на својата поубава половина или на жената која му се допаѓа.
Жената Бик исто така ужива во кафеански амбиент, сака да запее, па караоке во некој ресторан е совршено за неа.

Близнаци
Со Близнаците можете да си поминете најубаво во кафеана без оглед дали таму одите како заљубена двојка или како пријатели. Мажот роден во овој знак знае да биде неодолив, бидејќи тој го знае она што другите не го знаат, имитира, пее, танцува и го забавува друштвото.
Жената Близнак секогаш е во друштво на помлади од неа, не го држи партнерот на око, затоа што обично не е љубоморна и се забавува како дете, или подобро кажано како големо дете.

Рак
Иако тој ги сака домот и семејството, обично за Ракот втор дом е неговата омилена кафеана. Никаде не може така да се опушти како со чашка добар пијалак и разговор со пријателите, тој ќе запее, ќе заигра и така до доцните вечерни или раните утрински часови.
Жената Рак знае да се фати на оро, но и да заигра танго. Таа сака да се опушти кога е со пријателите, но кога е со партнерот гледа само во него како да не постои никој друг околу нив.

Лав
Кралот на забавата, игрите и сите видови на прослави, Лавот умее сѐ да организира во својата омилена кафеана, каде музиката го поздравува со почит, а келнерите трчаат да му ја отворат вратата веднаш штом ќе го видат.
Лавицата, атрактивна и провокативна, прво “ја снима” ситуацијата и го набљудува друштвото во кое се наоѓа, а потоа стапува на сцена. Тогаш сите очи се вперени во неа, кога таа е на нејзиниот “трон” – подиумот за танцување, знае дека е неодолива.

Девица
Знак роден за мерак и релаксација, а кој би рекол, кога мажот Девица секогаш е дотеран, пристоен и воздржан? Штом малку ќе се напие и атмосферата почнува да се загрева, тој е оној кој во кафеаната нарачува тури, им сипа пијачки на сите и го подигнува расположението до точка на вриење.
Женската Девица ќе се преправа дека нејзината сестра-близначка лудувала минатата ноќ, а не таа.

Вага
Боем, џентлмен, хедонист – мажот Вага не може без да ужива со друштвото во кафеана, без разлика дали станува збор за најотмен ресторан или “биртија”. Тој инсистира да ја плати сметката, се грижи за тоа дали чашите се полни, не дозволува музичарите да се оддалечуваат од неговата маса, но им даваа и богат бaкшиш.
Жената Вага избира отмени ресторани за трач партија со пријателките, но кога ќе се одлучи да оди во “биртија” – таму останува до зори. Зад нејзината воздржана појава се крие желбата за забава, па таа никогаш не гледа на часовникот.

Скорпија
Елегантна и бучна, магнетно привлечна за спротивниот пол, Скорпијата ужива во кафеанската атмосфера, правејќи се дека не ja забележaла личноста која ја “голта” со очите. Не дозволува да ја напуштите забавата кога вие сакате, туку кога таа ќе ви дозволи.
Жената Скорпија секогаш го бира ресторанот, или знае “машки” да се напие или е тотален антиалкохоличар. Сепак, тоа не ја спречува да ужива во флертувањето со мажите со “подлабок џеб”, затоа што нејзин додворувач не може да биде било кој.

Стрелец
Ги обожава кафеаните, но само оние кои се на “добар глас” и каде што доаѓаат познати личности, вклучувајќи го и него затоа што мажот Стрелец секаде е омилен гостин. Знае да започне разговор на некоја “жешка” тема, но умее и да се контролира. Кога ќе се напие повеќе, не прави скандали.
Жената Стрелец наизглед успешно се вклопува во било кое друштво и во било која кафеана, но сепак сака да ги менува рестораните и да испробува нови, бидејќи има авантуристички дух.

Јарец
Жената Јарец, за разлика од вообичаеното мислење дека само работи, работи и работи, дека е стегната и воздржана, знае многу добро да се опушти во вистински кафеански амбиент, со црвено вино и добра музика, тогаш може дури и да заигра.
Мажот Јарец, наизглед срамежлив и расеан, во кафеана останува да лудува до раните утрински часови и не им дозволува на другите да си одат порано. Некои од неговите пријатели едноставно не можат да го препознаат, особено колегите од работа.

Водолија
Водолијата ги обожава кафеаните бидејќи таму го има она што најмногу го сака – пијалак, пријатели и флерт. Мажот Водолија е голем боем, ужива во добрата чашка додека музичарите му свират на увце.
Жената Водолија знае да ја дочека зората во омилената кафеана во друштво на пријателките, додека нејзиниот партнер дома си игра на компјутер.

Риби
Мажот Риби се чувствува одлично кога е во кафеана, особено кога е во машко друштво бидејќи веќе се знае кој што сака да пие и колку може да испие, а и каква музика слуша. На кого му е грижа колку е часот, кога него му е толку убаво, како во некој свет од неговата фантазија.
Жената Риби сака дискретни места, по можност во близина на река или езеро, со врвно послужување и џентлмени кои скокнуваат да ја услужат на секое нејзино движење. Од неа треба да се учи уметноста на боемските манири.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2015 во 19:21

ЛУЃЕТО ВО ОВОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ, СЕ НАЈМОЌНИ ЛИЧНОСТИ НА ПЛАНЕТАВА

05

Кој е најмоќен, а кој најкомуникативен хороскопски знак?

Најмоќниот хороскопски знак

Најмоќниот хороскопски знак е Риби. Да, овие романтичари со нежни души всушност имаат најсилен карактер, бидејќи собрале многу мудрост под велот на емоциите. Бидејќи што и да се случува, тие знаат како да се извлечат, без да се скршат.

Најкомуникативниот знак

Штом стане збор за убедување, разбирање, дискусија, заштита или само слатки приказни тука се Вагите. Тие умеат да го разгледаат прашањето од секој агол и да анализираат најразлични возможни сценарија за реализација. Но најважно е што умеат да најдат заеднички јазик со сите останати знаци. Ќе импресионираат и претседател и клошар.

Најмистериозниот знак

Тоа е Јарецот. И не знаеме дали мистериозен или потаен е вистинскиот опис. Или и двете заедно. Не само што не ги споделува мислите и чувствата, туку секогаш успева да биде ладнокрвен и не можеш да претпоставиш што точно се случува во неговата глава. Колку и да си добар психолог, додека Јарецот не посака да се отвори, никогаш ништо нема да дознаеш.

Најпретставителниот знак

Тоа е Бикот. Со своите совршени манири, ретко се изразува без тактика и умее веднаш да ги поправи работите, ако тоа се случи. Не сака конфликти и секогаш ќе помогне ако го замолите. Тој е толку префинет знак, благороден и умен, што во негово присуство те прави да изгледаш како селски глупак дојден да бара совет од некој мудрец.

Најсексапилниот знак

Тоа е Овенот. Овните се енергични, решителни, но најважно е тоа што од нив извира магнетизам, за кој нема објаснување. Дури кога конкретниот субјект не се одликува со голема убавина, сепак околу него има многу додворувачи. Тоа се должи на таа мистична, моќна сексуална енергија.

Најпосветениот знак

Ова е Девицата. Таа ќе ви биде верна до гроб, таа ќе ве заштитува и ќе се грижи за вас. Може да негодува и да критикува, и да ве дразни со безбројните претенции, но вие знаете дека длабоко во нејзиното срце има место за вас. Штом ќе успеете да и го освоите срцето на Девицата, таа нема да ве изневери и ќе се грижи да ги задовили вашите потреби. А ако некој ја повреди, ќе го натера да жали до крајот на животот.

Најопасниот знак

Сосема очекувано тоа е Скорпијата. Ако реши да се одмазди, ќе оди до крај и нема да ја пропушти и најмалата шанса да ве заболи. Во исто време ако Скорпијата прави мудри планови, вие никогаш нема да дознаете, се додека не ве удри како гром од ведро небо. Затоа, што и да правите, не создавајте непријател Шкорпија.

Најубавиот знак

Што се однесува на убавиот надворешен изглед, природата била најдарежлива кон Стрелецот. Претставниците на овој знак се навистина убави, и лице и тело, но токму затоа се многу суетни и се грижат секогаш да изгледаат совршено. Што уште повеќе ја зголемува нивната привлечност.

Најсреќниот знак

Најсреќните се Близнаците. Тие по природа се оптимисти и има зошто. Ако близнакот почне да станува мрачен и негативен, само ќе страда во животот. Близнакот знае секогаш да биде на вистинското место во вистинското време. Неговата судбина е таква – што и да се случува, на крајот тој секогаш печали.

Најсемејниот знак

Дефинитивно тоа е Ракот. За претставниците на овој знак семејството е се! И тешко дека некој друг хороскопски знак би можел да им се фати на малиот прст во тој поглед, како и за воспитување деца, создавање топол дом, грижа и посветување на блиските. Не случајно е многу важно Ракот да си најде партнер со висок морал кој ќе знае да ја прочита неговата добра душа.

Знакот кој никогаш нема да го заборавите

Секако, тоа е Лавот. Човек едноставно не може да му одолее ниту пак да го заборави тој кралски став кој секогаш се издвојува од толпата. Кога на тоа ќе го додадеме чувството на хумор, високиот интелект, префинетите манири и боемското присуство, овој знак навистина ќе те натера да се вљубиш за секунда. А после тоа ќе ти требаат месеци, или години, за да го избришеш Лавот од мислите. Ако воопшто некогаш успееш…

Најекстравагантниот знак

Екстравагантни, оргинални, модерни, со стил, како ѕвезди од големите екрани се Водолиите. Буквално од две парталчиња ќе направат комбинација како од високата мода. Имаат неверојатно чувство за стил дури и кога изгледаат нестандардно. И не само тоа. Самата нивна внатрешна енергија дава на знаење дека се нешто повеќе од другите. Дека ќе биде вистинска чест ако ти обрнат внимание.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2015 во 14:21


Најдобрите кандидатки што мажите би ги посакале за во брак, се обично родени во следниве три знаци:

 

РАК

Емоциите на жените родени во знакот на Рак се многу силни и интензивни – тие сакаат вистински. Со таквата жена никогаш ништо нема да ви недостасува бидејќи е спремна да направи сé за својот партнер. Таа сака сите околу неа да се среќни и секогаш ќе се труди да им го исполни денот со убави нешта. Проблем е што е склона кон тоа да ги драматизира нештата, но тоа е само ситница во однос на она што е спремна да го понуди. На крајот, никој не е совршен, но сепак, жената Рак е речиси перфектна домаќинка и мајка, успевајќи секогаш сé да постигне. Сé што очекува за возврат од мажот е почит, искреност и да биде крај неа.
ЛАВ

Лавицата е храбра, неустрашива и неверојатно способна. Крај себе сака партнер со истите доблести, кој ќе и биде потпора и поддршка. Таа умее да сака и тоа на свој начин од кој секој би бил маѓепсан, дури и кога се лути е симпатична. Нејзините емоции се искрени, крај неа се чувствувате сигурно. Голем борец е, особено кога се работи за своите деца. Од партнерот очекува да ја обожува и опсипува со внимание, но крај неа, вие тоа би го правеле и на своја рака, со оглед на тоа дека Лавицата е таа што ќе ви пружи и створи ваше љубовно царство.
ЈАРЕЦ

Она што секој маж би го скршило, жената во знакот на Јарец знае да го соопшти така ненаметливо и достоинствено, што ќе се запрашате дали сте воопшто достојни. Ако одговорот е „Да“, тогаш бидете сигурни дека вашата љубов ќе гори долго и топло. Одржувањето на пламенот е она на што таа е посветена и го смета за нејзина одговорност и должност. Таа ретко живее во фантазија, стои цврсто приземјена и добро знае кога и што може да очекува. Ако сте имале среќа да привлечете ваква жена, а не ви е јасно како, имајте во предвид дека таа можеби и ве гледа подобро отколку вие себе си. Таа знае каков човек сте и колку вредите. Ќе даде сé од себе да го извлече најдоброто од вас. Во улогата на мајка е строга, но праведна. Сé што бара од вас е да покажете карактер и истрајност, а во тоа ќе ви олесни служејќи ви како пример.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2015 во 10:01

ОВА СЕ 3ТЕ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ КОИ НАЈЧЕСТО ОСТАНУВААТ САМИ

2

Иако сите посакуваат да ја најдат личноста совршена за себе и со неа да оформат сопствено семејство, сепак во реалноста многумина живеат различно. Кај нив не постои „ние“, туку само „јас“.

И како што поминува времето, изгледа оваа ситуација станува сè потрајна.

Некогаш зависи од самите животни околности, но некогаш и хороскопскиот знак може да игра улога. Откријте што велат ѕвездите за 3-те знаци кои имаат најголеми шанси да останат сами.

Близнаци

За припадниците на овој воздушен знак карактеристична е љубопитноста и детската природа. Токму нивната огромна љубопитност ги тера да го истражуваат светот и да се запознаваат со најразлични луѓе.

За ова однесување многу им помага нивната комуникативност и фактот што секогаш се пријателски настроени. Тие ретко кога имаат какви било предрасуди, па токму таа карактеристика и често ги води кон емотивни проблеми.

За Близнаците карактеристично е да одбираат емоционално недостапни партнери или личности кои веќе се во врска или брак.
Ако станува збор за првиот случај, тогаш тие се во состојба енормно да патат, но да не се откажат од идејата дека другата страна ќе се промени.
Најголемиот проблем на Близнаците е тоа што главата им е често во облаци, па не ја гледаат добро реалноста. Токму затоа и постојано се заљубуваат во личност која е недостапна за нив.

Тие сметаат дека со доволно трпение и внимание ќе можат сè да свртат во нивна корист.

Бидејќи тоа најчесто не се случува, тие губат многу време во исчекување на она кое го посакуваат за на крај повторно да бидат скршени.

Најлошо од сè е што тие навистина сакаат брак и деца, но во поголемиот број случаи не ја одбираат соодветната личност за реализација на овие планови.

Лав

Лавот е вистински претставник на огнените знаци – енергичен, забавен и динамичен. Тој освојува сè пред себе.

Припадниците на овој знак се многу зборливи, па лесно го привлекуваат вниманието на спротивниот пол. Токму тоа и им овозможува да ја остварат својата најголема желба – да бидат обожувани и да им се восхитуваат.

Врските во кои влегуваат се често од сексуална природа, иако другата страна неретко очекува и нешто повеќе од тоа.

Лавовите лесно кршат срца и не водат сметка дали некого повредуваат со своето однесување, дури и кога станува збор за личност која има деца.

Но, по правило, дури и за нив секогаш се наоѓа личност која е фатална.

Во тој момент тие се подготвени да му/ѝ го подарат цел свет и ја искажуваат својата љубов на необични начини. Без разлика колку е интензивна оваа врска, сепак Лавот останува сам бидејќи другата страна не може да ја поднесе неговата импулсивност.

Всушност, најголемиот проблем на Лавот е што тој би сакал личност која е секогаш тука за него, но сепак смета дека најдобро функционира доколку ништо не го сопира.

Без разлика на врските кои следат по таа фатална љубов, тој најчесто староста ја поминува сам, размислувајќи за тоа колку неговиот живот би му бил различен доколку остареле заедно со оваа личност.

Водолија

Припадниците на овој воздушен знак се исклучително интелигентни и елоквентни, па во комбинација со нивниот силен шарм стануваат скоро неодоливи.

Но, сепак овие карактеристики најчесто не им помагаат да бидат среќни и емотивно исполнети.

Без разлика колку добро знаат да ги советуваат другите за љубовните проблеми, тие самите се водат кон пропаст. Секогаш го слушаат срцето и често се впуштаат во врски со несоодветен партнер за нив.

Иако за Водолијата тоа е јасно уште од самиот почеток, нејзината природа ја тера да остане во таа врска со цел да види што ќе се случи на крајот.

Тие воопшто не умеат да тактизираат, а на партнерот му се предаваат 200%. Дури и да започнат добра врска, на нивниот партнер ќе му пречи слободниот ум и различниот поглед на светот кој ги издвојува од останатите.

Кога ќе почувствуваат дека другата страна ги забавува или заробува, тие ќе се обидат да се прилагодат, но најчесто бегаат пред да биде доцна.

Тоа може да се случи дури и по формирањето свое семејство, бидејќи за нив идиличната семејна слика пред светот е помалку важна од сопствената состојба.

Тие не сакаат да играат по туѓи правила, туку да живеат според своите верувања, па затоа и со самотија плаќаат за да го остварат тоа.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2015 во 17:06

КАКО ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ ГО ПРЕЖИВУВААТ РАСКИНУВАЊЕТО?

16
Раскинувањата никогаш не се лесни и едноставни за преболување, но некои полесно го прифаќаат тоа, а други не можат да се помират со тоа дека дошол крајот на врската.

Овен

Овенот болно ги преживува раскинувањата меѓутоа се труди да остави впечаток на неодолив срцекршач. Овој огнен знак се чувствува како полиен со ладна вода кога доаѓа до прекин на врската. Верува дека во љубовта и војната сè е дозволено, па на секој можен начин ќе се обиде да ја придобие личноста. Ако тоа не му појде од рака, се одлучува за излегувања со пријателите и колегите.


Бик

Иако делува релаксирано кога нема никакви проблеми, Бикот тешко се соочува со раскинувањето дури и ако тоа се случи за краток период. Ако прекинот на врската е засекогаш, емотивниот Бик ќе остане во својот дом и ќе страда во тишина. Евентуално може да разговара со својот најдобар пријател, но тешко дека ќе излезе од дома. Ако излезе, утеха се обидува да најде во стиховите од песните кои го потсетуваат на партнерот.


Близнаци

Можеби делуваат како личности кои сè успеваат да преживеат и преболат спортски, на Близнаците воопшто не им е лесно. Навикнати се дека сите ги сакаат и ги молат да останат уште малку, па не им е јасно зошто некој би можел да ги остави. Ако тоа се случи, на саканата личност долго време ќе и испраќа пораки, ќе и ѕвони на телефонот и ќе и спушта слушалка.


Рак

Раковите тешко ги преживуваат раскинувањата, дури и кога станува збор за привремени разделувања од саканата личност. Се одаваат на храна и пијалаци, излегуваат и често без никаква контрола се предаваат на личност која е под нивно ниво. Тоа воопшто не им пречи, па и она што пријателите и блиските им го кажуваат. Единствено нешто што ги интересира е кога повторно ќе ја сретнат љубовта на својот живот.


Лав

Гордиот Лав страда драматично, отворено и сите околу него мораат да знаат дека е емотивно повреден. Сите мораат да страдаат заедно со него. Кога тешко му паѓаат раскинувањата, не може да сфати дали е тоа резултат на повредената суета или скршеното срце. Лавот одново и одново се обидува да сфати како партнерот со кој до вчера го освојувал светот, сега му задава толкава болка.


Девица

Пребирливата и трпелива Девица тешко бива оставена, но сепак ако дојде до прекин на врската, ќе направи сè за да открие која е вистинската причина за раскинувањето. Ќе ја грицка својата омилена чоколада и ќе размислува какви пораки да и прати на саканата личност. Ако случајно посака да го напушти партнерот, ќе направи сè за да изгледа како таа да е оставена.

Вага

Воздржаната и суетна Вага, како родена актерка, нема никому па и на саканата личност да и го овозможи тоа задоволство да ја гледа како страда и тагува. Ќе се смешка пред другите и ќе се прави како она да го оставила партнерот, а не обратно. Дома ќе ги проба сите слатки десерти, ќе плаче и ќе ја мириса перницата која сè уште мириса на партнерот.


Скорпија

Скорпијата пати како ниту еден друг знак кога е заљубена и оставена, посебно кога личноста искрено ја сака. Тогаш чувствува и физичка болка кога ќе дојде до прекин на врската. Не знае на кого попрво да се јави, не знае на кого да му каже колку е тажна, бидејќи за неа најтешки се љубовните маки. За жал, ниту еден пријател и ниту една кафеана не можат да и помогнат.


Стрелец

Хедонистички настроениот Стрелец не може да го преболи раскинувањето, туку едноставно бега од суровата реалност. Токму затоа, патувањето е секогаш прва опција, но ако не е во можност, тогаш со сигурност ќе се одлучи за забава во диско или ресторан. Тешко им е поради раскинувањето, но секогаш се одлучуваат за некоја нова љубовна авантура.


Јарец

На практичниот, но чувствителен Јарец не му е јасно како некој може да е толку луд и да го остави кога нема што не би направил за таа личност. Ако партнерот му раскине, тогаш си го враќа филмот назад и се обидува да сфати што не е во ред со него за да открие што му пречело на партнерот. Во мислите си ги враќа старите љубовни искуства и емоции и мечтае да се вратат назад.


Водолија

Како што живее, така и страда – оставената Водолија ќе трча од кафуле во кафуле, од пријател до пријател обидувајќи се да открие зошто дошло до прекин на врската. Сè она што требало или посакувала да и го објасни на саканата личност, Водолијата ќе го објаснува и раскажува на најдобриот пријател. Сепак, и понатаму ќе се обидува да ја разубеди саканата личност да и се врати во прегратки.


Риби

Рибите се родени за страдање, а болките ги поднесуваат така филмски како да се родиле со нив. Тагата за нив е поголема од сите зборови кои постојат на светот, страдањето не престанува, а солзите остануваат неисплакани. Во таквите ситуации, кога се преплавени со сопственото самосожалување и одбивање од партнерот, секогаш се враќаат на сите стари врски кои некогаш ги имале.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2015 во 06:56

Како е да бидеш во врска со секој хороскопски знак?


Никогаш не можете со сигурност да знаете како некоја врска ќе се одвива, но сепак хороскопскиот знак може да открие што да очекувате од партнерот.

kako-da-bides-vo-vrska-so-sekoj-horoskopski-znak-01.jpg

Дали ќе ви биде забавно или сериозно, дали ќе останете дома или ќе се журкате и патувате...?

Ова се основните 5 работи кои можете да ги очекувате од врската со секој хороскопски знак:

kako-da-bides-vo-vrska-so-sekoj-horoskopski-znak-02.jpg

kako-da-bides-vo-vrska-so-sekoj-horoskopski-znak-03.jpg

kako-da-bides-vo-vrska-so-sekoj-horoskopski-znak-04.jpg

kako-da-bides-vo-vrska-so-sekoj-horoskopski-znak-05.jpg

kako-da-bides-vo-vrska-so-sekoj-horoskopski-znak-06.jpg

kako-da-bides-vo-vrska-so-sekoj-horoskopski-znak-07.jpg


kako-da-bides-vo-vrska-so-sekoj-horoskopski-znak-08.jpg

kako-da-bides-vo-vrska-so-sekoj-horoskopski-znak-09.jpg

kako-da-bides-vo-vrska-so-sekoj-horoskopski-znak-10.jpg

kako-da-bides-vo-vrska-so-sekoj-horoskopski-znak-11.jpg

kako-da-bides-vo-vrska-so-sekoj-horoskopski-znak-12.jpg

kako-da-bides-vo-vrska-so-sekoj-horoskopski-znak-13.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1718192021 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.