![]() |
|
Мисирков |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1718192021 39> |
Автор | ||
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Точно... Многу факти од животот на Мисирков не се познати во Македониjа. На пример дека бил учител во Бугарската гимназиjа во Болград. А дали се знае дека жена му е Русинка? По таа причина можеби рускиот јазик станал вториот роден јазик. Изменето од Македон - 06.Јануари.2010 во 13:46 |
||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
||
![]() |
||
eptendosadno ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Апсолутно , и јас мислам дека е чиста манипулација , затоа што како што знаеме , Мисирков работи во Бугарија , ги учи децата во Бугарија , бил представник на Бугарите во Мојдавија .т.н. Можеби не добил стипендија од Бугарија , незнам . Инаку , да , знам дека членувал во многу, многу организации и друштава . Бил многу активен ![]() Изменето од eptendosadno - 05.Јануари.2010 во 18:33 |
||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
||
![]() |
||
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Приемам извинението ... Сепак сакам да уточним што "текстот во црвено" е класичен опит за манипулациjа на безименниот автор... За тоа е полезно да се работи со документи, а не со клишета. Дали знаеш што Мисирков е бил член на ВМОК? /за тоа има документи, ама на некоj не му се сака да бидат извесни/ |
||
![]() |
||
eptendosadno ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Јас се извинувам , не е тоа мој текст и немам такви докази . Јас само го пастирав како пример за тоа дека треба да се земе и образованието во обзир . Мсирков не е класичен пример на бугарски “ воспитаник “ . |
||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
||
![]() |
||
eptendosadno ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Да , сметам дека многу е битен моментот во кој се живеело , опкружувањето , состојбите во политиката и науката во однос на Македонија и македонското прашање , мора да се истакне тој фанатизам кој бил потребен да се опстои на своите ставови и истовремено да се прехрани семејството , некаде далеку , шибан од сите страни , од своите , од другите . Мисирков , и многу , многу други Македонци кои поради своите ставови не биле примани од заедницата - инстируциите во кои живееле на Балканот - Русија , затоа сметам дека се можни поклекнување , покажување слабост во презентирање на ставот , промена на ставот само за да се преживее да се избегне конфликт , да се добие малку мир . Доколку нашол некој кој имал разбирање за неговите позиции , нашол некој кој би му бил тутор , веднаш го дефинираат како руски ПЛАТЕН шпиун кој работел потив бугарштината . Тоа што бил стипендиста на “ С. Сава “ му лепат етикета српски платеник и.т.н. Науката Мисиркив го третира од скоро , нема одговори на сите дилеми , нема пристап до сите извори на информации кои би можеле да се искористат . Бугарските архиви , историчари , со пипета и со одбрани цитати , дела сакаат да ни го презентираат “ Македонецот на 20 век “ . Скоро од архивите ги извадија замолниците на Колишевски, Апостолски со кои сакаат да ги деградираат во очите на Македонецот затоа што како осуденици на смрт побарале милост од Царот . Но бидејки не ја знаеме целата приказна за Мисирков , не знаеме ни зашто “Мемуарите“ му се напишани на руски јазик , но знаеме за нив и за неговиот потпис , благодарение на бугарскиот архив , бугарските историчар потребна е отворена полемика , без резерви и без .... Изменето од eptendosadno - 05.Јануари.2010 во 17:55 |
||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
||
![]() |
||
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Дали можеш да дадеш доказателсва за текстот во црвено? |
||
![]() |
||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
За време на Првата балканска војна бил дописник од јужна Македонија, а веќе во 1913 година се вратил во Петроград каде и се придружил на Македонската колонија која започнала да го издава списанието „Македонский голос“. Мисирков објавувал под свое име, но и под псевдонимот К.Пелски. За време на Октомвриската револуција, тој се враќа во Софија каде било неговото семејство (сопругата и синот).
Поради неговата дејност не бил добредојден, но сепак добил работа во Етнографскиот музеј, во Карлово. Побарал работа во Кралството СХС, но не добил одговор. Под закана дека ќе биде ликвидиран, се разболел и умрел на 26 јули 1926 г., без да им остави никакви средства на своите блиски. Крсте Мисрков: „Нека ми биде простено, но јас, како Македонец, на прво место ги поставувам интересите на мојата татковина и моите сонародници и само потоа интересите на Бугарија и Југославија. Јас сум Македонец, со македонска свест, и како таков си имам свое македонско гледиште врз минатото, сегашноста и иднината и на мојата татковина и на целото јужно словенство и затоа сакам и нас Македонците да не прашаат за сите прашања што не засегнуваат нас и нашите соседи, а не да се свршува се само со спогодби помеѓу Бугарија и Србија за нас, но без нас.“ („Мир“ - „Македонски национализам“, 12.3.1925) Изменето од Platenik - 05.Јануари.2010 во 16:04 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
![]() |
||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Абе само на Бугарите треба да веруваме - тие се единствените
![]() |
||
![]() |
||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Биографијата е битна работа. Каде се родил, образувал, работел, со какви активности се занимавал, што организирал, и каде и во што земал учество. Секако биографските податоци ќе можат да се надополнат и со она што го пишувал. Изменето од Македон - 05.Јануари.2010 во 17:22 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
![]() |
||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Треба да веруваме на тоа што напишал некој за Мисирков или на тоа што самиот тој напишал?
|
||
![]() |
||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Во продолжение, пак нешто од животот на Мисирков.
Во тие лични залагања Ростковски ја немал поткрепата на својата влада. Дури бил и предупредуван и укоруван. На крајот турските власти инсценирале убиство, па Мисирков со мртвото тело на конзулот се вратил во Петроград. Тогаш избувнало и Илинденското востание во кое Мисирков не учествувал лично. Во Петроград ја подготвил својата книга „За македонцките работи“ и отишол во Софија да ја отпечати. Тогаш го придружувал Војдан Чернодрински со неговата театарска група во Србија и зборувал за македонското прашање во светлината на српско-бугарското зближување што било остро пречекано од српскиот печат. Кога се вратил во Софија да си ја подигне отпечатената книга, таа била откупена од тамошните власти и изгорена, а од изданието се спасиле и зачувале само мал број примероци. По таквиот настан Мисирков бил присилен да ја напиушти Бугарија. Се вратил во Русија и го подготвил и објавил списанието „Вардар“ од кое излегло само еден број (1905). Изменето од Македон - 06.Јануари.2010 во 14:00 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
![]() |
||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
По завршувањето на учителската школа, наместо на работно место во Приштина, тој отишол во Одеса со намера да студира во Русија. Бидејќи не му го признавале средното образование, тој уште две години учел духовна семинарија, па патоа се запишал на медицинскиот факултет, а во 1897 г. на историско-филолошкиот факултет. Во Петроград Мисирков станал многу активен. 1900 г. го основал Тајниот македонско-одрински кружок. 1902 со Димитрија Чуповски, Н. Димов, Г. Константиновиќ и др. го основаат Македонското студентско друштво, кое 1903 прераснува во Македонско научно-литературно другарство „Свети Климент“. Членовите на ова другарство испраќале од своите редовни седници барања пред се до руската влада , па и до владите на другите европски држави ,да се признае правото на македонскиот народ на самостојност, да му се признае правото на литературен јазик, правото за обновување на Охридската архиепископија.
Со студијата „Кон прашањето за народноста и причината за популарноста на македонскиот крал Марко“, како дипломска работа 1902 г. Мисирков брилјантно го завршил факултетот. Кога дошол во Македонија, во Битола работел за отварање македонски училишта и комуницирал со рускиот конзул Ростковски, кој бил познат како заштитник на рајата, па им станал трн во окото на турските власти. |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
![]() |
||
eptendosadno ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Македон , не си во право , мора , едноставно мора некои работи да се спомнат .
Прво , местото на раѓање , Постол - Пела и етничкото сознание на тој дел од Македонија . Тука влегуваат цитати на Џинот , Миладиновци , на некој турски паша кој владеел со таа територија и.т.н. Следи образованието : По неколкугодишна пауза, Мисирков се здобил со стипендија од српското друштво „Свети Сава“. Тоа биле првите закани за навлегување и на српската пропаганда во Македонија, преку инсталирање на разни стипендии за едуцирање на т.н. свој кадар како што веќе правеле грчката и бугарската пропаганда во Македонија[1] Користејќи ја извесно време оваа стипендија, Крсте Петков Мисирков сфатил многу добро (како и останатите негови македонски колеги) дека српската буржуазија ја започнала својата грда игра. Чувствувајќи ја денационализаторската политика, изразена преку дејноста на друштвото „Свети Сава“, Крсте Мисирков учествувал во немирите што ги пројавиле македонските стипендисти. Потоа со неколкумина свои едномисленици избегал од Белград во Софија. Тоа што го дочекало во Бугарија, речиси, по ништо не се разликувало од почувствуваниот режим во Србија. За да го продолжат понормално своето образование во Софија, македонските студенти морале да се пишат како бугари за да не би биле малтретирани. Мисирков не го прифатил тоа. Тој повторно пребегнал во Србија, за да запише трет клас, но сепак тоа не му успеало. Во Белград, сакал или несакал, се запишал со прва година како семинарист на богословско-учителската школа, која имала своја посебна цел и тоа: македонските ученици да ги подготвува за српски свештеници и учители кои подоцна би се вклучиле на македонски терен за да го пропагираат српското име. Овојпат македонските ученици го искажале своето незадоволство: тие кренале бунт, по кој училиштето било затворено, а македонските ученици биле испратени во внатрешноста на Србија. Така Мисирков се нашол во Шабац, каде завршил четврти клас гимназија .... И сега целиот тој вовед да се прерипа и да се фокусираме на тенденциозно извадени цитати од неколку негови дела ? Не , така не неможе да се води добра дебата . Изменето од eptendosadno - 05.Јануари.2010 во 13:13 |
||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
||
![]() |
||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Крсте Мисирков: “Ако два народа истовремено полагаат право врз некој народ, тогаш логично е тој народ да е некој трет“
|
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1718192021 39> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |