|
Абортус, да или не? |
Внеси реплика | страница <1 1718192021 26> |
Автор | |
Pejik
Сениор Регистриран: 13.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сите кои се за абортусот нека се замислат како би им било да сена местото на абортираниот плод !!!? Само да се разбереме оплодената јајце клетка не е семе,таа е оплодена јајце клетка т.е. живот.!!!
Изменето од Pejik - 17.Ноември.2008 во 19:21 |
|
Дак
Сениор Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И јас сум против онаа „Упс,ми излета„мажот ако неможе да се контролира подобро е да не ни почнува |
|
Љубов и само љубов
|
|
Storm2
Сениор Регистриран: 07.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 432 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
maz mi nema sto da se mesa,koga ke se budi navecer sekojpat koga ke stanuva deteto,koga ke dezura navecer kola e bolno,koga ke go seta sekoj den,koga ke si igra i koga e umoren,,koga ke me ostavi i mene da rabotam i da gi delime obverskite togas ok,a ne on si ja svrsil rabotata i donel plata doma i cel den se izlezava i spie,a jas od doma ne mrdam,on moze da saka i samo da saka da ragam,jas nemozam da odam na rabota bidejki cuvam dete,jas nemozam da izlezam zosto treba da cuvam dete a toj moze vo sekoj moment da izleze kade saka i kolku saka,, i posle da go prasam nego....nema sansi...jas zboram za mojot primer..
KOMENTAR; ODLICEN PRIMER ! TEMA E ABORTUS ! RODITELSKA VZAEMNA GRIZA ZA RODENO DETE SE PODRAZBIRA ! MI SE CINI MAZIVE TREBA DA RAZMISLAT MALKU PODLABOKO DALI SE SPOSOBNI DA ZADOVOLAT ZENA SEXUALNO BEZ DA JA ZABREMENAT NENAMERNO ! |
|
cuculga
Нов член Регистриран: 12.Ноември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 25 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
maz mi nema sto da se mesa,koga ke se budi navecer sekojpat koga ke stanuva deteto,koga ke dezura navecer kola e bolno,koga ke go seta sekoj den,koga ke si igra i koga e umoren,,koga ke me ostavi i mene da rabotam i da gi delime obverskite togas ok,a ne on si ja svrsil rabotata i donel plata doma i cel den se izlezava i spie,a jas od doma ne mrdam,on moze da saka i samo da saka da ragam,jas nemozam da odam na rabota bidejki cuvam dete,jas nemozam da izlezam zosto treba da cuvam dete a toj moze vo sekoj moment da izleze kade saka i kolku saka,, i posle da go prasam nego....nema sansi...jas zboram za mojot primer.. |
|
Storm2
Сениор Регистриран: 07.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 432 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
DNEVNIK 14.11.2008
Полемика Беседа против беседата на г. Иларион Имав можност да ја прочитам вдахновената беседа против абортусот на митрополитот брегалнички г. Иларион. Ужасувачкото имагинарно со кое оперира г. Иларион во оваа беседа има цел цврсто да го убеди читателот дека единствено исправна позиција во однос на ова прашање е неговата (а оваа, пак, е директен одраз на Божјата). Средновековната пропагандна тактика на митрополитот се состои од адека точноста на неговите обвинувања е несомнена, произлегува од очигледната увереност на г. Иларион дека ги има одговорите на најголемите метафизички прашања. Претпоставувам дека оваа негова увереност се темели на една друга цврста увереност - дека сознанијата што ги има се Божји, а не негови. Сепак, за да има такви јасни увиди во „ставовите“ на Бога, г. Иларион би морал да биде во непосредна комуникација со Него. Според мене, претенциозност и ароганција е да се говори во име на Бога, да се биде непоколебливо уверен дека ги поседувате непосредните и недвосмислено точни сознанија за тоа „што Бог мисли“. Но, тоа е само мое мислење. Теолошкиот диск*рс има свои правила, свои внатрешни механизми на легитимација кои во крајна линија се овозможени од - вербата, а таквата негова посебност го дефинира. Затоа и немам намера да го потценам и обесмислам во целина теолошкиот говор и неговите иманентни механизми на логицирање. Единствено сакам да ја осудам намерата на митрополитот да зборува во името на Бога, исто како што би ја осудила и претензијата на некој научник да говори во име на некаква апсолутна, универзална вистина во однос на големите метафизички прашања. Јас можам да говорам единствено со термини на цивилизациските заложби за еднакви права меѓу мажите и жените. Правото на абортус е човеково право бидејќи на жената и' овозможува да одлучува за сопственото тело и животен избор. Жената што не сака или не може да биде мајка по слободна волја и не треба да стане тоа, не само заради себе, туку и заради потенцијалното дете. Мислењето на митрополитот дека абортустот и пред третиот месец од бременоста е некакво убиство е само тоа - мислење. Сосем различно, па и спротивно е научното мислење во однос на ова прашање. Трансценденталните аргументи за бесмртната душа населена во утобата на жената од денот на зачнување увреливи се само во рамките на целокупната трансцендентална изведба на тезата на митрополитот. Имено, тешко веројатно е дека тие соодветствуваат со интимните, непосредни доживувања на жената или мажот „соучесник“ во абортусот во поглед на можноста во овој период од бременоста навистина да станува збор за формирана личност (душа). Студиите говорат дека искуствата се болни, трауматски токму поради абортираната можност од создавање и сведочење на раѓање на нов живот. Па, сепак, тоа што е трауматско е уништената можност, а не и актуелност на нов живот. Поттикнувањето на чувството на вина за чедоубиството е брутална теза и пропагандна алатка на митрополитот на свирепа осуда. Г. Иларион не се ни обидува да ги разбере жените што морале да се одлучат на таков чин, не ни претпоставува дека искуството можеби било болно, но неизбежно. Тој автоматски претпоставува некаква декадентна саможивост и слепа свирепост на убиец. Инквизиторскиот тон на индиферентност, на еднострано рецитирање на сопствената позиција без никаков знак на обид на идентификување (практикување љубов кон ближниот, па дури и кога овој е „грешник“) што го покажува во својата беседа г. Иларион е вознемирувачки анахрон. Современата теологија (а тука спаѓа и православната) произведува нови идеи што настојуваат да се сообразат со световната реалност. Позициите што комплетно ја исклучуваат оваа реалност и ја сведуваат на привид, измама произведена од Нечестивиот, вообичаено, се нарекуваат фундаменталистички. Д-р Катерина Колозова, професор на постдипломски студии по филозофија и родова теорија |
|
Storm2
Сениор Регистриран: 07.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 432 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сабота 11/15/2008 ВЕСТ
САКАМ ДА КАЖАМ - Горан Михајловски Утре Црквата ќе побара забрана на абортусот, а женското лоби во Парламентот ќе поддржи таков закон, оти така ќе му каже партијата 6 Владиката Иларион, додека си се возел во скапиот џип, смислил едно слово и го објавил во "Дневник". Владиката со нехристијанска јарост и без контакт со реалноста го осуди абортусот. Вели дека жените поради земни задоволства правеле чедоморства. А тој поради врска со Бога и од името божје вози скап џип што може да прехрани барем едно одделение. Ова е слободна земја. Секој си има право да си каже што сака. Ама кога тоа ќе го каже од насловна страница на голем весник владика, тоа веќе ја надминува дискусијата за темата абортус. Тоа е обид на Црквата за брутален упад во државата и начинот на живот со кој сака да ни ги одрече главните цивилизациски придобивки, како правото на слобода на избор, граѓански и човекови права, демократија. Се со цел да воспостави реакционерни, фундаменталистички вредности и да приграби власт. У е гајле на Црквата за децата. Колку деца прехранила? Да не изградила случајно градинка? Или згрижила бездомни деца? Нашата држава и по Устав и по закон е секуларна. Но ако заговараш општествена и државна организација која се базира на Библија и шеријатско право, тогаш добиваш талибанска држава, како Иран или Саудиска Арабија. Црквата со години во нашава транзиција прави напори да упадне во државното и општествено ткиво и да и се слуша зборот. Со оваа влада, која заради евтин популизам кокетира со религијата, темата абортус е идеална за тоа. Се потепаа жените да имаат квота во Парламентот. Не слушнав дека некоја од нив излезе да ги брани женските права. Утре можеби истиот владика ќе побара забрана на абортусот. А тие ќе го поддржат затоа што така ќе им каже партијата. |
|
Storm2
Сениор Регистриран: 07.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 432 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Невладините организации ХОПС, „Избор“, ХЕРА, ЕГАЛ, МАССО, СТАР, ММНШ
KOMENTAR; JAVNO KAZUVAM DA KE GI TUZAM OVIE SAMO ZA DA DOKAZAM KOJ E VO PRAVO A KOJ NE ! |
|
Storm2
Сениор Регистриран: 07.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 432 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Време, број 1521, 15.11.2008
Абортусот не е чедоморство! Невладините организации ХОПС, „Избор“, ХЕРА, ЕГАЛ, МАССО, СТАР, ММНШ во рамки на Коалицијата за промоција и заштита на сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници во Македонија, најостро реагира и го осудува текстот на митрополитот брегалнички г.Иларион. Коалицијата гледа на гореспоменатиот текст како на ретрограден обид за порекнување на основните сексуални и репродуктивни права на жените, загарантирани не само со Уставот на Република Македонија, туку и со цела серија меѓународни документи, вклучително Универзалната декларација за човековите права и слободи (1948), Меѓународна конференција за популација и развој (1994) и Конвенција за елиминирање на сите форми на дискриминација против жената (1979) како универзално легитимни документ за промоција и заштита на човековите и репродуктивни права, слобода и достоинство и кои истовремено се ратификувани и од страна на Владата на Република Македонија. Обвинувањата изложени од страна на митрополитот, а упатени кон сите жени кои абортирале како кон „чедоморци“ кои извршиле „ сурово и ладнокрвно убиство“ и „кренале нож против своите деца“ бидејќи повеќе го засакале својот „себичен удобен живот исполнет со удобност, сладострастие, блуд и разврат, без никакво воздржување, чистота, достоинство, слобода и љубов“ ги гледаме како лицемерен акт на ширење на говор на омраза, сериозен реторички маневар на навреда, осуда, клевета, исклучување, дискриминација и омаловажување на жената со префрлање на кривично дело (казниво со Кривичниот законик на РМ) и најригидно прекршување на човековите права, особено правото на избор како најрепрезентативно по однос основните човекови принципи и вредности. Имено, и член 16.1 од Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација против жената ги обврзува сите владини институции да „им овозможат на база на еднаквост на мажот и жената исти права да одлучуваат слободно и одговорно во однос на бројот и распоредот на децата и да имаат пристап до информации, едукација и можност кои ќе им овозможат остварување на овие права“. Обвинувањата од типот на изјавите дека ова „чедоморство претставува народна катастрофа“ и уништување на „својата земја, семејство, народ и иднина“ ги гледаме како чиста реторичка манипулација заснована на извртување на фактите и обид за подигрување со колективните и национални чувства на секојдневните читатели. Според Државниот завод за статистика, во 1985 година во Македонија се извршени 29.865 абортуси, со наталитет од 38.722 и стапка на мртвородени (на 1.000деца) од 43,6. Во 2005 се извршени 6.436, речиси исто толку и во 2007 година (четири и пол пати помалку од 1985 година), со стапка на мртвородени деца помала и од 11, а наталитет од 22.903. И покрај намалениот наталитет во однос на 1985 година, бројот на абортуси е фрапантно намален и со постојана тенденција на намалување, а бројот на мртвородени деца е сведен на нула, што јасно укажува на фактот дека правото на абортусот како легитимен правен инструмент во државата воопшто не влијае на намалување на наталитетот. Историјата ни покажува дека забраната на абортусот има сосема спротивен ефект од „фактите“ кои митрополитот се обидува да ги наметне во својот текст, како и дека забраната на истиот воопшто не помага во однос на намалување на бројот на абортуси, а уште помалку за „слава на животот“, туку единствено влијае во насока на зголемување на небезбедните абортуси и зголемена мајчина смртност. Имено, 20 милиони жени годишно завршуваат со трајни физички и психолошки повреди како резултат на небезбедно изведуван абортус; 5 милиони од нив се адолесценти; 500.000 случаи годишно завршуваат со смрт на мајки, 70.000 се предизвикани од небезбеден абортус; 96 проценти од небезбедно изведените абортуси се одвиваат во земјите во развој, со што паѓа во вода и тезата за „себичен удобен живот исполнет со удобност, сладострастие“; најмногу небезбедни абортуси се извршуваат во земјите со најрестриктивни закони по однос на абортусот; 30.000 жени умираат годишно во Африка; за разлика од оваа слика, Холандија и Белгија како земји со легализиран абортус, но и на висок степен на развиено образование за сексуално здравје, се земји со најниска стапка на абортуси. Коалиција за промоција и заштита на сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници |
|
Storm2
Сениор Регистриран: 07.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 432 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не доживува ништо ,пошто уште не е суштество.
KOMENTAR; SE HRANI PREKU KRVTA NA MAJKATA I E DEOL OD MAJKATA I ZACNATO E OD MASKO ! што можам jас да дадам на плода, коj после одредено време ке биде човешко суштество.KOMENTAR; MOZDA NE TI SVAKAM PRASANJE I SE IZVINUVAM NA OVA SEGA - NE MU ODZEMAJ PRAVOTO NA PLODOT DA STANE COVECKO SUSTESTVO ! Еден совет: книгите не секогаш дават потребното знание, него личното искуство, богатството на тоа искуство.KOMENTAR; KNIGITE SANO SE PATOKAZ I ISKUSTVA NA DRUGI ZA NASE DOBRO ! OD KNIGA NE SE UCI ! Едно прашане: зошто е дозволен тогаш абортусот? Зошто? KOMENTAR; OD MNOGU PRICINI - OD NESAKANJE DECA zacnati od ZAKONSKI ILI NEZAKONSKI MAZ ili POD VLIJANIE NA DRZAVA - DRZAVA DOZVOLUVA ABORTUS AMA ETIKATA I ZDRAVIOT RAZUM - NIKOGAS ! KAKO DA TI KAZAM - SAMIOT SUM TREBALO DA BIDAM ABORTIRAN !!! SITE KOI SE ZA ABORTUS KE GI TUZAM LICNO - ZDRUZENIJA ILI INDIVIDUI ! |
|
pagane
Сениор Регистриран: 21.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 13044 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Види ти ... не знам што се палиш толку на темава, но имам едно прашане: ти машко ли си или женско?
Не доживува ништо ,пошто уште не е суштество. Доживуваштиот е таа што е легнала изпод ножа доброзорно. Кога пред тебе стои дилемата : да го биде или не? тогаш ке видиш на колку уште прашаниjа ке треба да одговориш како например: што можам jас да дадам на плода, коj после одредено време ке биде човешко суштество. Е, тогаш ке си jа решил и дилемата. Еден совет: книгите не секогаш дават потребното знание, него личното искуство, богатството на тоа искуство. Едно прашане: зошто е дозволен тогаш абортусот? Зошто? П.С. А, и секако дека не сум за убиjството на човешко суштество. Затоа и медицината и законот е кажал : мисли до третиот месец. После ке е доцна. Изменето од pagane - 15.Ноември.2008 во 20:48 |
|
Storm2
Сениор Регистриран: 07.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 432 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сите кои се за абортусот нека размислат дали би сакале да го доживеат тоа што го доживува абортираниот плод?!!!
Ништо не доживува... затоа и се нарекува плод. Ти наj добро се запитаj што доживува таа коjа ке jа кидат. Преди, По време и после интервенциjата. KOMENTAR: DALI TVRDIS DA EMBRION NIJE ZIVO SUSTESTVO I ABORTUS NIJE UBIVANJE NA TOA SUSTESTVO ? " 1 DEN VO MAJCINA UTROBA SE 10 MILIONI GODINI ZA EMBRION !", Michio Kushi KOLKU TRAE VREMETO DODEKA SE USMRTUVA SUSTESTVO VO MAJCINA UTROBA ? VAZNO: ZOSTO RELIGIOZNI LIDERI GI NAPAGAAT ZENITE I ZOSTO ZENITE SMETAAT DEKA IMAAT PRAVO NA ABORTUS ? ZATOA STO DRZAVA IM DOZVOLUVA DA ABORTIRAAT ILI NIVNI 'ZDRAV RAZUM' ? VISTINSKOTO PRASANJE E - KAKO 'USPEVAAT' DA ZABREMENAT NENAMERNO I KOJ GI ZABREMENUVA ZENITE ? SAMITE SEBE ? ILI MAZITE GI ZABREMENUVAAT ? ZENITE SE STVORENI ZA SEXUALNO UZIVANJE BEZ NESAKANA BREMENOST I ZA RAGANJE DECA - AKO DOJDE DO NESAKANA BREMENOST I MOZEN ABORTUS - VINOVNIK NIJE NIKOJ OSVEN TOJ STO 'OSEMENUVA' - MASKOTO ! " KOJ NEMA KONTROLA NAD EJAKULACIJA NEMA KONTROLA NI NAD ZIVOTOT ! ", Isidora Bjelica EMBRIONOT E ZACNAT ZIVOT ! TYOA E ZIVO SUSTESTVO KOE CUSTVUVA I NAJMALA LOSA VIBRACIJA OD LOSA NAMERA NA POMISLATA DEKA KE TREBA DA BIDE USMRTENO. |
|
pagane
Сениор Регистриран: 21.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 13044 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ништо не доживува... затоа и се нарекува плод. Ти наj добро се запитаj што доживува таа коjа ке jа кидат. Преди, По време и после интервенциjата.
Изменето од pagane - 15.Ноември.2008 во 20:03 |
|
Pejik
Сениор Регистриран: 13.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сите кои се за абортусот нека размислат дали би сакале да го доживеат тоа што го доживува абортираниот плод?!!!
|
|
Storm2
Сениор Регистриран: 07.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 432 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
NAJTESKO E DA SE SOGLEDAAT NESTATA TAKVI KAKVI STO SE VO REALNOST - NIKKJAO SUBJEKTIVNO !
|
|
Внеси реплика | страница <1 1718192021 26> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |