IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920 56>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2014 во 18:10

Баунти рецепт од 4 состојки, готов за 10 минути


Баунти се познати мали чоколади во чиј вкус уживаат сите оние кои ја сакаат комбинацијата од кокос и чоколада. Сакате ли да си ги приготвите сами? Испробајте го овој супер едноставен рецепт за кој ви се потребни само четири состојки и 10-ина минути.

Состојки:

-200 мл. пастеризирано млеко
-150 г. трошки кокос
-400 г. шеќер
-400 г. чоколадо


Подготовки:

1.Во сад истурете млеко и додадете ги трошките кокос.

2. Додадете шеќер и се заедно добро промешајте додека не добиете густа, кремаста смеса.

3. Пренесете ја смесата во калапи или во правоаголен сад, и ставете ја во фрижидерот се додека потполно не се олади.

4. Откако ќе се зацврсти извадете ја од калапите и исечете ја во правоаголни форми.

5. Еден по еден ден потопувајте ги целосно во однапред стопената чоколада и вратете ја во фрижидерот повторно да се олади и стврдне.

Уживајте во овој фантастичен десерт!



Изменето од Valerija - 19.Октомври.2017 во 08:38
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 08:38

Кремисимо со кекси


Clipboard024

Состојки:

  • 14 јајца
  • 200 гр шеќер во прав
  • 400 гр чоколадо
  • 500 гр маргарин
  • 300 гр мелени кекси
  • 6 лажици шеќер
  • 400 гр крем шлаг од чоколадо
  • 4 дл млеко

Приготвување:
1. Се мешаат жолчките и шеќерот во прав па се матат на пареа. Се додава скршеното чоколадо и се меша додека не се стопи.
2. Во изладениот крем се додава пенесто изматен маргарин и се меша. На крајот се додаваат мелените кекси и полека се промешува.
3. Посебно се матат белките во цврст снег, а потоа постепено се додава шеќер и се мати со миксер додека не се стопи.
4. Се меша кремата од чоколадо со шамот од белки и полека се промешува.
5. Добиената крема се дели на два дела. Од едниот дел се пече кора, а другиот дел се остава за крем.
6. Тркалезен калап за торта се обложува со хартија за печење па се става 1/3 од смесата за кората. Се пече во загреана рерна на 200 ºЦ околу 20 мин. На ист начин од преостанатиот материјал се печат уште две кори.
7. Првата кора се премачкува со половина од оставената смеса за крем и се преклопува со другата кора. Истата постапка се повторува уште еднаш.

8. Крем шлагот од чоколадо се мати со млекото и се премачкува тортата.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 08:37

Колач „страчатела“


stracatela

СОСТОЈКИ:

 За кора: 

4 јајца

5 лажици шеќер

200 г маргарин

100 г чоколадо за готвење

2 полни лажици брашно
За прв фил:

1/2 литар слатка павлака

250 г чоколада за готвење
За втор фил:

1/2 литар слатка павлака

100 г рендано чоколадо  

100 г печени и мелени лешници (или ореви)

ПРИГОТВУВАЊЕ:

1. Јајцата се матат со шеќерот. Маргаринот се топи на тивок оган и се додава во садот за матење. Чоколадото, исто така, се топи и се додава во садот за матење. Накрај се додава и брашното. Смесата ја истураме во тепсија со димензии 20х30, обложена со хартија за печење. Печеме во загреана рерна.
2. Го приготвуваме првиот фил. Слатката павлака и чоколадото се загреваат додека се стопи чоколадото. Смесата се лади во фрижидер и потоа така изладена се мати со миксер за да се добие убав крем.
3. За вториот фил матиме 1/2 литар слатка павлака, се дели на два дела. Во првиот дел се ставаат ренданото чоколадо и лешниците и се соединува со лажица. Вториот дел останува бел.
4. Филување: кора – чоколаден фил – фил со чоколадо и ореви – слатка павлака (бел фил).

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 08:32

Торта „карамела“


Karamel-torta

СОСТОЈКИ:

За пандишпан:

  • 8 јајца
  • 250 г шеќер
  • 3 лажици лебни ронки
  • 80 г мелени ореви

За фил:

  • 6 лажици густин
  • 250 г маргарин
  • 350 гр шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 500 мл млеко

За украсување:

  • 1 пакетче шлаг
  • 100 мл млеко
  • чоколадни ронки

ПРИГОТВУВАЊЕ:

  1. Се прави пандишпан. Јајцата се матат со шеќерот. Се додаваат мелените ореви и лебните ронки и се меша. Тестото се распоредува во 2 тркалезни калапа. Се пече на 180 степени.
  2.  Се прави филот. Се зоврива 300 мл млеко со ванилата. Во друго тенџере на оган се става шеќерот да се пржи, со постојано мешање.
  3.  Преостанатото млеко (200 мл) се става во густинот и се меша. Откако шеќерот ќе се карамелизира, се додава зовриеното млеко, а потоа и густинот, и се меша додека се згусне.
  4. Се мати путерот, се додава изладениот крем и се мати со миксер.
  5. Се филува: пандишпан-фил, втор пандишпан-фил.
  6.  Се украсува со изматен шлаг и со чоколадни ронки.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 08:32

Брзи монте-коцки

СОСТОЈКИ:

1 пакување бисквити

1л млеко

12 лажици нишесте

8 лажици шеќер

200 г маргарин

300 г чоколадо за готвење

½ слатка павлака

ПРИГОТВУВАЊЕ:

1. Бел крем: 2 дл млеко добро се мешаат со 12 лажици нишесте, сè додека грутчињата ги снема од смесата. 

2. Во 8 дл млеко се ставаат 8 лажици шеќер, при што смесата се остава да зоврие.

3. Во врелото млеко се додава смесата со густин и постојано се меша, додека се згусне. Кога ќе се излади, се додава 200 г маргарин и повторно добро се меша.

4. Црн крем: потребно е да се истопат 300 г чоколадо за готвење во ½ слатка павлака (на тивок оган, постојано се меша и не смее да зоврие). 

5. Бисквитите се натопуваат во млекото и се редат во тепсија.

6. Потоа, врз нив се прелива белиот, па црниот крем. Кремот рамномерно се распоредува и се остава да се излади во фрижидер.



Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 22:41
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 17:16
За посебни моменти: Торта Фереро Рошер

Тортите кои што се имитација на дел од најпознатите чоколади во светот се секогаш одличен избор за подготовка во домот, за некои посебни прилики, а таков е случајот и со тортата Фереро Рошер.


Имено, станува збор за торта која што е совршениот избор за сите оние кои што сакаат богат чоколаден вкус со крцкави лешници. 


Така, тортата Фереро Рошер, инспирирана од планетарно познатите чоколадни бонбони, претставува десерт кој што ќе ги задоволи апетитите на сите страствени љубители на благото, но и ќе ги воодушеви оние што сепак можат да одолеат на парче вкусна торта. 


Она што е особено важно е тоа што станува збор за торта која што лесно се подготвува во домашни услови и истата е загарантирано одличен избор за посебните пригоди. Во продолжение прочитајте што се ви е потребно за тортата и самиот процес на нејзина подготовка. 


Состојки потребни за тестото:

● Пет големи јајца
● 200 грама кафеав шеќер
● 200 грама бело брашно
● Половина лажичка прашок за пециво
● Една и пол лажичка сода бикарбона
● Три големи лажици какао
● Еден ванилин шеќер
● Еден децилитар млеко
● Четири лажици масло
● Четири лажици врела вода


Состојки потребни за филот:

● 500 грама сирење маскарпоне
● 400 грама крем Нутела
● 200 грама печени лешници
● 7-8 парчиња наполитанки (бискивити)
● 1 чаша чоколадно млеко


Подготовка на тортата:

 Во еден сад измешајте ги шеќерот, брашното, пецивото, какаото и шеќерот за тестото. 


Во друг сад изматете ги јајцата и додадете го маслото и млекото. Потоа, смесата од двата садови спојте ја во една и на крајот додадете ја врелата вода.


 Тавата за печење обложете ја со хартија за печење или намачкајте ја со масло и во неа истурете ја смесата за тесто. 


Печете на 180 степени Целзиусови околу 40 минути, а откако ќе забележите дека тестото се одвојува од тавата, извадете го од рерната и оставете го да се излади. Потоа исечете го тестото на половина за да добиете две кори и секоја од нив натопете ја со чоколадно млеко.


 За подготовката на филот, потребно е со миксер да ги измешате сите состојки одеднаш, но имајте во предвид дека треба да издвоите околу 2-3 лажици лешници кои подоцна ќе ги употребите за украсување. 


Во филот додадете ги измелените наполитанки или бискивити. Една третина од филот нанесете на првата кора, а постапката повторете ја и со втората кора, и на крајот, преостанатиот дел од филот, нанесете го на целата торта, притоа внимателно покривајќи ја целата површина на корите и потоа можете да се посветите на украсувањето на тортата.


Сепак, она што е најважно е да ги поканите најблиските и заедно да уживате во неодоливиот вкус! Пријатно јадење!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2014 во 04:53

Чак Чак – Казахстански специјалитет

1. Јајцата, путерот, шеќерот, солта и млекото добро се матат со миксер. Во друг сад се става брашното и со смесава се замесува глатко и еластично тесто. Се прекрива со еластична фолија и се остава 1 час во фрижидер.
2. Се вади тестото, се дели на 4 дела и од секој дел се сука кора со дебелина од 2-3 мм. Секоја кора се сече на резанци со ширина од 1 см.
3. На средна температура, во повеке зејтин, се пржат резанците околу 1 минутка, до златно- жолта боја. Се вадат на салветка да се исцеди зејтинот.
4. Во помал сад се растопува шеќерот да се карамелизира. Се додава медот, сокот и кората од лимонот и портокалот(предходно добро и темелно измиени), се промешува убаво и се додава мушкатното оредвче. Пак се промешува.
5. Испрженото тесто се става во длабока чинија и се прелива со топлиот шербет. Внимателно се добро се промешува за да се обложи секое парченце со шербет.




Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2014 во 07:11

Неодолива торта за 5 минути


Еве еден едноставен и флексибилен рецепт што ќе го претвори сладоледот во слатка магија. Нема печење, брз е за правење и апсолутно неодолив за сите љубители на слатките.


Прелијте ги со ванила шлаг, чоколаден прелив, чоколадни бонбони или карамел сос, што и да ви е желбата.

step 2 Ice Cream Sandwich Cake No Bake Recipe (SUPER Easy!)

Ќе добиете нешто вакво:

ice-cream-sand[1]

или нешто вакво:

Make yourself an awesome cake with ice cream sandwiches in five minutes

Знаеме дека ќе уживате, и вие, но и сите што ќе го пробаат.



Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 22:42
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2014 во 18:47

Коктел торта

Коктел торта

За тесто:

2 јајца

2 лажици вода

100 г. шеќер

ванилин шеќер

100 г. брашно

25 г. густин

лажица прашок за пециво

50 г. растопен путер

За фил:

480 г. праски

2 кесички желатин

25 г. шеќер

75 мл сок од праски, 75 мл. џин

50 мл. сок од лимон

50 мл. вода.

За прелив:

500 мл. слатка павлака

2 лажици густин

2 ванилин шеќер

Подготовка

Изматете ги со миксер сите состојки за тесто, сипете ги во тепсија обложена со хартија за печење и печете на 30 минути на 180 степени.

Од желатинот, шеќерот 75 мл. сок, џин, лимонов сок и вода подгответе желе според упатствата на пакувањето, па помешајте го со праските исечени на коцки. Распоредете фил по кората. Изматете слатка павлака.



Изменето од Valerija - 22.Март.2014 во 18:48
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2014 во 18:30

Сникерс торта - проверен рецепт за врвен десерт


Ова е рецепт за идеалниот десерт на сите љубители на Сникерс чоколадото, за кои сме уверени ги има во огромен број! Затворете ги очите и замислете дека пред вас се наоѓа цела Сникерс торта... Ви потекоа лиги уште веднаш, нели?


Оваа торта можете да ја направите сами! Еве како:

Потребни состојки:

  • 6 јајца
  • 3 големи Сникерс чоколади
  • 130 гр. брашно
  • 70 гр. путер
  • 100 гр. печени, несолени кикирики
  • 80 гр. + една лажица шеќер во прав
  • 750 гр. несолен крем сир
  • една лажица како во прав
  • половина кесичка ванилин шеќер
  • 300 мл. карамел
  • 100 гр. чоколадо
  • една лажица густин

Подготовка:

Во сад помешајте го брашното, путерот, шеќерот во прав и какаото, па измесете го тестото и оставете го да се олади во фрижидер 60 минути.

Ставете го тестото на кружно тавче обложено со хартија за печење, лесно притиснете со прстите за убаво да го распоредите и печете околу 15 минути во рерна на 180 степени.

Со миксер кремасто изматете ги 6-те жолчки со 80 грама шеќер во прав, а после 5 минути додадете ванилиниот шеќер и густинот. Потоа посебно изматете ги белките и цврстиот снег што ќе го добиете помешајте го со крем сирот и ситно исечканите Сникерс чоколади, а потоа соединете ги со жолчките. 

Добиената смеса распоредете ја врз тестото, вратете ја тортата во рерна и печете околу 60 минути на 180 степени, а потоа оставете ја да се излади во фрижидер за цела вечер.

Прелијте ја тортата со карамелот, во кој сте ги додале печените кикирики, а кога ќе се подолади прелијте го и растопеното чоколадо.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2014 во 14:46

Индијанери

Индијанери


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1 голема лажица Шеќер во прав
  • 60 грама Шеќер
  • 100 грама Чоколадо за готвење
  • 80 грама Путер
  • 3   Жолчка/ки
  • 30 милилитри Вода
  • 90 грама Брашно
  • 500 грама Блага павлака
  • 4   Белка/ки
  • 50 грама Џем


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Чоколадото е "сладок грев", тоа им е добро познато на сите оние кои неуспешно настојуваат да ја победат желбата за тоа црно "задовоство". Многу од нас поради гомета желба за чоколадо, сметаат дека тоа предизвикува зависност, но нив успешно ги демантира психологот Д-р Петер Роџерс од Универзитетот во Бристол, кој тврди дека одредени состојки на чоколадото како што е фенилетиламинот, создаваат опасност, но него го има и во авокадото и сирењето, и тоа во многу поголема концентрација. Копнежот кон чоколадото Роџер го објаснува со фактот дека чоколадата која е многу посакувана храна, мора да се консумира со воздржаност, што ја зголемува нашата желба кон тоа забрането слатко.

ПОДГОТОВКА:

Тесто: од белките изматете цврст снег, па во него постепено додавајте го шеќерот, а потоа и жолчките една по една. Потоа со дрвена лажица вмешајте го брашното. Во тава ставете хартија и со лажичка нанесувајте од подготвента смеса, како купчиња. Печете ги 10 минути на 180 степени. Половина од ипсечените купчиња намачкајте со мармалад и полијте ги со чоколадната глазура. Оставете ги да се исушат. 

Слатката павлака со шеќер во прав изматете ја во цврст снег. 

Прелив: водата, шеќерот и чоколадото истопете ги на ниска температура, не смеат да зовријат, па додајте го путерот исечен на ливчиња и убаво изматете. Уште топлата глазура полијте ја врз колачињата со мармалад. 

Другата половина теста - купчиња намачкајте ги со убав слој слатка павлака и покријте со купчињата со чоколадна глазура. 

По желба на крајот целосно се поливаат со чоколадниот прелив.


Изменето од Valerija - 21.Март.2014 во 14:47
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2014 во 14:44

Brownies колачи

Brownies колачи


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку   Прашак за пециво
  • 100 грама Маргарин
  • 50 грама Лешник
  • 4 лажица/ци Какао
  • 5 грама Ванилин шекер
  • 250 грама Брашно
  • 50 грама Бадеми
  • 1   Јајца/це
  • 50 грама Шеќер


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Со потекло од Азија, лешникот бил познат уште во стариот Рим, каде што се поклонувал како симбол на среќа. Подоцна се одомаќинува на медитеранот, а највеќе се раширил во Турција, Шпанија, Франција и Италија.

Лешникот припаѓа на фамилијата на суво овошје. Плодот му богат со незаситени масти, киселини, протеини, витамини и минерални соли, има и енергетски својства. Треба да се има во предвид и на неговата калориска вредност. За да дојде до израз полниот вкус на лешникот треба да се конзумира во текот на неговата берба и да се чува на суво место. Излупени лешници може да се чуваат и во фрижидер.

ПОДГОТОВКА:

Измешајте го брашното со прашокот за пециво и додадете шеќер. измешајте го јајцето, какаото и ванилиниот шеќер. 

Премачкајте еден огноотпорен сад со маргаринот и во него излејте ја мешавината. 

Со нож исецкајте ги бадемите и лешниците и сипете ги врз тестото. 

Печете 15 минути на 200 степени. 

Колачот исечете го додека е топол. 

Топлиот колач може да се прелие со чоколаден прелив или со шеќер во прав.


Изменето од Valerija - 21.Март.2014 во 14:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2014 во 14:41

Колач со ананас



ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 50 грама Шеќер кафеав
  • 80 грама Шеќер во прав
  • 100 милилитри Сок од Ананас
  • малку   Сода бикарбона
  • 15 милилитри Оцет
  • 30 милилитри Масло
  • 1 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • 300 грама Брашно
  • 200 грама Ананас


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Ананасот е род на билките од родот бромелија (Bromeliaceae). Најпозната врста Е Ананасот Comosus. Успева во суптропските краеви на Америка, Африка и Азика.

ПОДГОТОВКА:

Во поголем сад измешајте го брашното, шеќерот во прав, ванилиниот шеќер, солта. 

Сипете околу пола шоља сок од конзерва и пола вода. 

Можете да киристите само сок или само вода во зависност колку сакате слатко. 

На крај додадете ги маслото и оцетот. Наредете го ананасот на дното на тепсијата и прекријте го со кафен шеќер. 

Доливајте од предходно подготвената смеса со брашно и сè убаво измешајте. 

Пазете да не се создадат грутки. 

Сипајте го тестото во плехот и печете го во претходно загреана печка на 180 степени. 

Печете околу 30 минути, додека тестото не добиете златна боја. 

Со чепкалка проверете дали тестото е готово. 

Потоа тестото оставете го да се олади, краевите одвоите ги со нож и превртете го колачот (ананасот да дојде на врв). 

Тепсијата не е потребно да ја премачкувато со масло, поради тоа што ананасот во комбинација со шеќерот нема да дозволи било што да се залепи. 


Изменето од Valerija - 19.Октомври.2017 во 08:40
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2014 во 14:37

Труфел торта



ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 2   Шекер лажичка/ки
  • 300 грама Чоколадо за готвење
  • 50 милилитри Рум
  • 1   Кафе филџан/и
  • 1 лажица/ци Какао
  • 30 грама Брашно
  • 500 грама Блага павлака
  • 2   Јајца/це


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Труфел торта

ПОДГОТОВКА:

Во сад за матење со миксер ги матиме јајцата и шеќерот. 

Откако шеќерот ќе се растопи, миксерот го исклучуваме. Какаото го мешаме со брашното, па и брашното го додаваме во садот за матење. 

Мешаме со лажица додека смесата не се соедини. 

Го истураме тестото во округол калап обложен со хартија. Калапот го ставаме во рерна и печеме 20-тина минути на температура од 200 степени. 

Ја кршиме чоколадата на коцки и ја ставаме да се топи на пареа. Благата павлака ја ставаме во тенџере на оган.

Загреаната павлака ја додаваме во садот со кој се топи чоколадата. Во садот ги додаваме румот и две лажици од вареното кафе, па мешаме со жица за матење. 

Откако чоколадата ќе се растопи, го тргаме садот од оган. Неколку лажици од чоколадниот прелив вадиме од садот и ставаме во друг сад. 

Преостанатата блага павлака ја матиме со миксер, додека шлагот не ја добие потребната густина. Оладениот чоколаден прелив го додаваме во садот со шлагот и мешаме со лажица додека смесата се соедини. 

Врз испечениот пандишпан нанесуваме од филот.

Oдозгора се посипува со чоколаден прелив и послужуваме.


Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 22:40
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920 56>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.