|
Припадник на МВР претепа момче до смрт |
Внеси реплика | страница <1 1617181920 29> |
Автор | |||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Каков и да е инцидентот, полицијата не смее така да реагира! А и констатацијата дека секој што бил тепан од полицијата заслужил воопшто не држи вода! И јас сум имал непријатно искуство со нив, затоа што им се видело нешто погрешно, иако не беше нешто сериозно,но и покрај тоа, се побунив за тоа. За жал и тогаш реакцијата беше никаква. Не сакав да одам докрај, иако имав и можности, а и пријатели. Ако некому му пука филмот и смета дека треба да му ја здроби муцката, треба потоа да биде подготвен да си ги сноси последиците. Која е потребата да се здроби муцката некому, особено кога за определени нешта постои можност за лишување од слобода, поднесување соодветна кривична или прекршочна пријава? Полицијата треба да разбере, со добро или со лошо, дека заврши времето кога можеа да тепаат колку сакаат и кого сакаат без да одговараат некому. А институциите треба да им овозможат тоа добро да го согледаат, по било кој пат. Ако некој пак си има проблеми со нервите и смета дека треба да му ја здроби муцката некому, тоа е само негов проблем. |
|||
Mindy
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14598 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Точно така како што пишал челнот над мене
Бидејки убиецов е од Штип, добив информации од луѓе кои го познаваат лично и нив тоа воопшто не ги чуди И дедо му и татко му и чичко му и други негови роднини имаат убиено по некој во својот живот, така да тоа на некој начин се пренесува во нивната фамилија и затоа и овој не е исклучок за да изврши убиство Значи сепак станува збор за психички проблем Штета што згаснал толку млад живот |
|||
|
|||
dejanpp
Сениор Регистриран: 30.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
poludeni lujdze koi sto ubivaat ima nasekade sto znaci toj ubistvoto ne go napravil zasto bil policaec nego kako i site ubijci si imal psihicki problem,i ne ja prefrlajte vinata na pogresna strana .
|
|||
pecok
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2011 Статус: Офлајн Поени: 300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
А кога протести затоа што станавме граѓани од втор ред во сопствена држава ех?
Со барања како: 1. Законите да важат исто за сите. Фискални каси, даноци, сметки, пајак служба на јаја паша, итн. Потоа партиските рамковни работници да мора да одат на работа место да си пијат чајче во чајџилница и да зимаат плата од државни пари кои се од македонци во суштина затоа што овие другиве не плаќаат даноци, немаат фискални итн… Ама овие проблеми не се важни нели? Интересно не? Убаво викаше Зевзекот во Зевзекманија. Ќе гласам за Али Ахмети затоа што вика дека ќе се залагал за еднакви права меѓу македонците и албанците. Добра ноќ Македонијо каде и да си. |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Прекрасен пост! За да воопшто може да се каже дека случајот е затворен, треба да има одговор на ова. Само со последното прашање нема да се согласам, затоа што не е во описот на екипите на Брза Помош да ја констатираат причината за смртта. Видливи траги на насилство не се секогаш и причина за смртта. Може да има милион други причини, невидливи за голото око. |
|||
Audiofil
Сениор Регистриран: 23.Мај.2006 Статус: Офлајн Поени: 374 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Tigarot imal golema sreka sto ubienovo dete e od makedonska nacionalnost.Da bese albanec garantiram so glava deka nekolku casa potoa ke bese faten i likvidiran uste pred samiot da se prijavi vo policija.
|
|||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
претепување не е опција и да, јас ако ми пукне филм, ќе претепам некого, ама јас не сум полицаец и моажам да си дозволам такво нешто, а тој мора да се однесува професионално во секоја ситуација а и мене не ми е јасна една работа, што мајка бараат специјални единици да се шетаат по улици и да прибираат ситна риба, наркоманчиња и траблмејкери??? тоа може да го прави обична полиција... вака, едниве претепуваат деца на улица, другите си седат по кафулиња и си уживаат во привилегии, или пак чекаат прилика да те казнат за нешто тотално споредно навистина за срамота е нашата полиција |
|||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
[QUOTE=Persej7]
Тоа се обидувам да ти кажам, доколку можам да допрам до твојата свест во целата таа хистерија и бес што те опфатиле. Легално-правно не можеш да бараш таква одговорност. Односно можеш, ама во друг систем - во комунизам. Некако си ги измешала лончињата. @ Персеј, за морална одговорност зборувам јас. Или е тоа непознат термин денеска? А доколку се отворат поголеми истраги, за тоа како полицијата регрутира полицајци, дали постојат прописи за нивни редовни психолошки тестирања и колку се почитуваат истите, па доколку се утврдат недоследности и прекршување на правилата, како и за сите овие пропусти во процедурата, каква одговорност е таа? Еве, некој правник нека каже. Знаеш која е разликата помеѓу моето пишување и твоето...? Доколку беше друга партија на власт, а не ДПМНЕ, ти ќе го пишуваше истото што и јас сега. Доколку беше било која друга партија на власт, после ваков настан, јас ќе го пишував истото што и сега. Ако пребараш во архивата на овој форум, бидејќи сум јас член од поодамна, јас исто толку жестоко критикував настани и СДС кога беа на власт. Тоа е разликата, помеѓу мене и тебе. Едно треба да имаме предвид....овој дечко може да е било кој дечко кој го познаваме, комшија, брат, братучед, син, итн. Тоа е можеби и најсилната порака до сите граѓани кои чувствуваат потреба да ги бранат институциите во овој момент, власта, и владејачката партија: партијата воопшто не е битна. Оти никој од нас не е поштеден од немили настани, сите нас не засега да се разрешат прашањата: - Како функционира полицијата? - Зошто се случи ваков очигледен пропуст во процедурата? - Да не беа медиумите, и очевидците кои реагираа до нив, дали ќе дознаевме за случајот? На пример, др Дума од Судска медицина изјави дека неколку часа пред Иво Котевски да ја даде првата официјална изјава, тој официјално и соопштил на полицијата дека се работи за насилна смрт. Иво Котевски потоа, го рече тоа што го рече, дека немало траги на насилство. ? Изменето од Kali - 13.Јуни.2011 во 12:59 |
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не се правдам, само расчистувам нејаснотии. Ти благодарам на грижата, Но да се вратиме на темата. Обично мразам да коментирам на вакви теми бидејки се вознемирувам како човек и како родител. Но, ме лути генерализирање на работите, ме лути политизација, ме лути “дување“ во свој рог или терање другите да мислат исто. Не гледаме сите со исти очи. За мене сплетот на настани направи да има многу заблуди. Ајде малку да одиме по некој логичен ред. Настанот се случи вечерта по полноќ кога низ Скопје имаше еуфорична атмосвера, многу млади луге разуздано возеа низ град (за малку ќе не удреа една група славеници кои извикуваа Али Ахмети) Многумина коментираа дека полицијата не може да воспостави ред- а огромен број полицајци беа ангажирани како обезбедување на ИО кои го носеа материјалот во ОИК. Значи ненормална ситуација. Вечерва на некоја од телевизиите дадоа снимки-слики од полицаецот-Тигар дека бил во непосредното обезбедување на премиерот. Според информациите момчето сакало да се качи на бина и не му било дозволено. Дошло до некое немило кошкање кое завршило со бркање и она што после следувало. Од сето лошо пак ќе речам- дава надеж една ситуација-младите. Нивните протести покажуваат дека Македонија има критичка маса, има млади кои се однесуваат како сите млади во светот. Еве една убава анализа за протестите на младите Децата на цвеќето Изменето од mamamd - 09.Јуни.2011 во 23:03 |
|||
ljoce
Сениор Регистриран: 24.Мај.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 197 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Да точно е мора да трпи но исто така треба да постапи по прописите и да го приведи лицето кое навредува службено лице. Во Македонија по се изгледа дека немаме таква полиција. Тоа се луѓе кој се школувани во установи кој професори се од времето на Југославија. Па затоа мислат дека тепањето е единствено решение за народот без разлика дали е виновен за нешто или не е.И така се функционирало до сега од времето на Тито до сега. Зошто нешто не е променето и после дваесет години "демократија"? Шокантно е тоа што народот го прифаќа концептот на застрашување и примена на сила иако не е контролирана таа сила од никаква институција која би го санкционирала истото. постои некоја внатрешна контрола но тоа е само ради реда створено , колку да се кажи пред народот дека и полицијата некој ја контролира. Таа внатрешна контрола е составена од полицајци и сега тие треба да ги контролираат нивните колеги . |
|||
Се што било,поминало и се што ќе биди ќе помини.
|
|||
pecok
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2011 Статус: Офлајн Поени: 300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Она што не го сфаќаш е дека мвр се поправи откако младината изврши притисок. 2 дена молчеа и не признаваа ништо. Дури и лекар утврдил дека нема траги на насислтво.
А сега се обидуваат да ги етикетираат тие што протестираат со политички етикети, а и со закани се обидуваат да ги спречат. |
|||
Persej7
Сениор Регистриран: 21.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 254 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Нема никакво прикривање ни заташкување на убиството. Напротив, вовлечените во случајот се во притвор и се води истрага против нив, а сослушани се и земени изјави од сите 15 сведоци. На самиот почеток од немилиот настан, односно во првата изјава со која се појави Котевски, беа наведените искази што си ги посочил. Но сето тоа се смени откако ги добија официјалните резултати. Пази се работи за прв ден од разврската на едно кривично дело и тоа ден после избори. Проблемот е што Македонската јавност сака се да и биде точно кажано во истиот момент. Мене ми изгледа дека повеќето не разбираат што е тоа истрага и како се води. Не разликуваат неофицијална од погрешна информација. Додатен проблем е за да се задоволи јавноста, портпаролите излегуваат и кажуваат неофицијални информации, а тоа е голема грешка. Значи првата изјава беше според дадените извештаи на полициските службеници кои вечерта биле на местото на настанот, а кои -- сега е веќе сосема јасно -- се обиделе да се покријат меѓу себе. Но после МВР веднаш се поправи посебно откако доби официјални информации од вештакот. Треба да се чекаат и следат СИТЕ информации, а не да се шпекулира и хистериише. Изменето од Persej7 - 09.Јуни.2011 во 22:58 |
|||
pecok
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2011 Статус: Офлајн Поени: 300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
И скоро сите ја користат оваа (грешна) слика: Додека скоро никој не ја користи исправната која изгледа вака: |
|||
Persej7
Сениор Регистриран: 21.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 254 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Нема никакво прикривање ни заташкување на убиството. Напротив, вовлечените во случајот се во притвор и се води истрага против нив, а сослушани се и земени изјави од сите 15 сведоци. На самиот почеток од немилиот настан, односно во првата изјава со која се појави Котевски, беа наведените искази што си ги посочил. Но сето тоа се смени откако ги добија официјалните резултати. Пази се работи за прв ден од разврската на едно кривично дело и тоа ден после избори. Проблемот е што Македонската јавност сака се да и биде точно кажано во истиот момент. Мене ми изгледа дека повеќето не разбираат што е тоа истрага и како се води. Додатен проблем е за да се задоволи јавноста, портпаролите излегуваат и кажуваат неофицијални информации, а тоа е голема грешка. Значи првата изјава беше според дадените извештаи на полициските службеници кои вечерта биле на местото на настанот, а кои -- сега е веќе сосема јасно -- се обиделе да се покријат меѓу себе. Но после МВР веднаш се поправи посебно откако доби официјални информации од вештакот. Треба да се чекаат и следат СИТЕ информации, а не да се шпекулира и хистериише. Изменето од Persej7 - 09.Јуни.2011 во 22:42 |
|||
Внеси реплика | страница <1 1617181920 29> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |