IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Музика
  Активни теми Активни теми RSS - МУЗИЧКИ ВЕСТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

МУЗИЧКИ ВЕСТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920 32>
Автор
Порака Обратен редослед
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јули.2009 во 03:32
       задоволство      

Изменето од да бе - 31.Јули.2009 во 03:33
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2009 во 00:30
Две нови песни од Тоше Проески и хуманитарен концерт на 5 октомври



На Градскиот стадион во Скопје, на 5 октомври ќе се одржи хуманитарен концерт посветен на Тоше Проески, каде ќе бидат претставени уште две необјавени песни на трагично починатата музичка ѕвезда.

Станува збор за песната „Крушево“ и „Уште сонувам дека сме заедно“. Kaкo што пишува порталот pressonline.rs, веста е обелоденета за време на предавањето на тродимензионалниот кардиоваскуларен ехо-апарат во болницата во Крушево, што е поклон од родителите на Тоше, Никола и Доменика, кои ја продолжуваат хуманитарната мисија на својот син.

Апаратот, вреден 25.000 евра го поклониле како дел од акцијата на хуманитарниот фонд „Тоше Проески“, кој е основан од неговото семејство. Оваа фондација планира да поклони медицински апарати во детската болница во Скопје.


Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2009 во 03:33
Историско враќање на Пол Макартни



Поранешниот член на групата „Битлси“, Пол Макартни направи историско враќање, настапувајќи во средата попладне на покривот на театарот „Ед Саливан“ во Њујорк, непосредно пред гостувањето во шоуто „Late Night with David Letterman“.

Тоа беше негово прво појавување во шоуто на Летерман без останатите членови на „Битлси“, во кое првпат гостувал со легендарната ливерпулска четворка пред 45 години.

Во текот на својот настап на покривот, Макартни извел некои од најголемите хитови, како „Get Back“, „Band on the Run“, „Helter Skelter“ и „Back in the USSR“, а со тоа го промовирал и својот концерт кој утре ќе се одржи во Сити Филд.

Обожавателите на Пол и „Битлси“ со собраа во голем број и го блокираа сообраќајот во овој дел на Њујорк.

Во јануари 1969 година, „Битлси“ го изведоа незаборавниот перформанс на покривот на тогашната зграда „Apple“ во Лондон, за што е снимен и документарен филм „Let It Be“. Групата потоа се распадна, а филмото остана како потсетник на комплетното општествено движење кое се роди околу легендарниот британски бенд.

Џон Ленон, Пол Макартни, Џорџ Харисон и Ринго Стар го сочинуваа еден од најкомерцијалните и најуспешните состави во историјата на поп музиката.

Paul McCartney Smooth Talks Crowd On Top Of The Ed Sullivan Theater Marquis Then Plays "Get Back"
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2009 во 13:49

Продиџи го затворија Егзит

Околу 500 изведувачи пред близу 150.000 посетители, настапија на јубилејниот 10. музички фестивал Егзит што заврши рано изутрина на Петроварадинската тврдина во Нови Сад.

Последниот ден на најголемиот музички фестивал во југоисточна Европа го одбележа настапот на главната сцена на славниот англиски бенд "Prodigy", чиј концерт во 2007 на Петроварадинската тврдина беше прогласен за најдобар настап од формирањето на Егзит.

Покрај нив, забележителни настапи од четвртокот до понеделникот изутрина имаа и светски познатите групи "Madness", "Kraftwerk", Moby, како и пејачката Lilly Allen, и DJ-ите Carl Cox и Green Velvet, пренесува Макфакс.

Славниот американски DJ Моби им изјави на новинарите дека е почестен што е гостин на фестивалот со впечатлива историја и кој започна како протест на младите против политичкиот режим.

„Ова е единствен ваков фестивал на светот“, изјави Моби.

Успешно организираниот Егзит го засени загинувањето на еден посетител од Велика Британија, која настрада обидувајќи се да се искачи на високите ѕидови на Петроварадинската тврдина.

Егзит е фестивал, кој влијателните медиуми,како Гардијан, Обсервер и Тајмс го оценија како настан на музичката карта на светот што не смее да се пропушти.

За време на десетте години постоење Фестивалот беше домаќин на најголемите светски имиња како Iggy Pop, Robert Plant, Billy Idol, "Sex Pistols", "Prodigy", "Pet Shop Boys", "Franc Ferdinand", "Moloko", "Garbage" и многу други, но, исто така, и на најпознатите бендови и пејачи од просторите на поранешна Југославија.

Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2009 во 05:44
Бијонсе е најбогата ѕвезда помлада од 30 години



Пејачката Бијонсе според податоците на магазинот Forbes е најбогатата славна личност под 30 години, со годишна заработка од 87 милиони долари. RNB дивата оваа година ја предводи листата на најбогати млади ѕвезди, а нејзината заработка доаѓа од рекламните договори, концерти, заработката од албуми и филмови.



На второто место се најде возачот на Ферари во Формула 1, Кими Рајконен, кој заработил 45 милиони долари, додека со заработка од 40 милиони е ѕвездата од NBA, Леброн Џејмс.



Поп дивата Бритни Спирс благодарение на новиот албум, светската турнеја и новите рекламни договори заработи 35 милиони долари и се најде на 4 место, додека петти е тенискиот ас Рожер Федерер.



По нив следи фудбалерот Роналдињо со 30 милиони, а седма е 16 годишната Мајли Сајрус. Актерот од Harry Potter, Даниел Редклиф, талентираните браќа музичари Џонас и супермоделот Жизел Бундшен заработиле околу 25 милиони долари


Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2009 во 03:23
Кортни Лав се дрогира заедно со ќерка си?!



Дивата рокерка Кортни Лав не може да ја изненади јавноста со своето однесување. За жената која јавно призна дека се дрогирала за време на бременоста, не чуди ни податокот дека можеби Кортни се дрогира заедно со ќерка си.

Имено, пејачката и нејзината ќерка која ја има со к*рт Кобејн, Френсис Бин, минатата недела поминаа неколку денови во Њујорк. Од хотелот во кој отседнале, соопштено е дека собата прилично изгледала растурено. Меѓу ѓубрето кое било оставено, пронајдено е големо количество на искористени шприцови.

Кортни која по добриот стар обичај избегала пред да ја плати штетата која се проценува на пет илјади долари.

Иако не постои доказ дека Кортни повторно се дрогира. Сликите покажуваат дека пејачката на групата Hole, која пред неколку години имаше голем проблем со вишокот на килограми, сега е коски и кожа.




lele kolku e "Sexy" na prvata slika
ccc kakvi oblini
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2009 во 01:49
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2009 во 01:49
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2009 во 01:46
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2009 во 11:53
Го гледавте ли филмот за ЕКВ?




Еве една убава вест за сите фанови на легендарниот состав Екатарина Велика! Филмскиот портал Filmovi.com.mk има чест on-line да ви промовира документарниот филм
Kao da je bilo nekad.

Kao da je bilo nekad е документарниот филм за најкултниот бенд на балканските простори, бенд кој отвори нови страници на југословенската рок историја и бенд низ кој поминаа сега многу познати имиња и групи, но за жал, најголем дел од оригиналната постава повеќе не се меѓу живите.

Оваа година се навршуваат 15 години од смртта на фронтменот Милан Младеновиќ, па во таа чест филмскиот портал ви ги прикажува 4-те дела од документарецот за ЕКВ: Као да је било некад...

Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2009 во 20:42
The Visitor... 2009   UFO

http://rapidshare.com/files/238564342/TVUFO.rar
anakin
Сениор
Сениор
Лик
Unidentified Flying Object
Регистриран: 08.Август.2005

http://1.bp.blogspot.com/_atKrCdoiKZ4/SgOcIjLRxqI/AAAAAAAACw4/dhL432d8rgc/s320/ufo-the-visitor-2009-cd.jpg

01. Saving Me
02. On The Waterfront
03. Hell Driver
04. Stop Breaking Down
05. Rock Ready
06. Living Proof
07. Can't Buy A Thrill
08. Forsaken
09. Villains & Thieves
10. Stranger In Town



sega go skidamголема%20насмевкаголемо%20гушкање


Изменето од anakin - 29.Јуни.2009 во 20:43
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2009 во 02:28

Морис Равел напишал композиција за Вардар

Францускиот композитор Морис Равел (1875-1937) напишал композиција за реката Вардар. „Фронтиспиче“ е насловена композицијата за две пијана и пет раце, која Симон Трпчески и неговите студенти по пијано за првпат ќе ја изведат во Македонија на концертот в недела.

Оваа композиција Равел ја напишал како музичка илустрација на „Поемите за Вардар“, кои италијанскиот поет Ричото Канудо ги создал додека бил војник во Првата светска војна „северно од Егејот“.

Композицијата е напишана 1918 година и трае помалку од две минути. Равел ја напишал по смртта на својата мајка, која длабоко го погодила.

Кон врв
Pentakostalec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 11.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pentakostalec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2009 во 00:02
Хејтери се гладни, нов сингл на Раперите !
од RadioMK
Објавено на: Јуни 25, 2009

Новиот сингл кој е продуциран од Дејан Фанки "Хејтери се гладни" од денес го имате за бесплатен download во македонската секција 2009. Се работи за поголем број на хип хоп изведувачи кои имаат голема надеж и како најава од нив би требало во блиска иднина да очекуваме голем подем во рапот. Во песната како изведувачи се потпишани: Deyan Fanky, Loyal Mc, Wigga King, Igreto, New Style, Getilot и најмалиот Дарко кој со своите 16 години прави фантастичен Beat Box во одреден дел од композицијата.
Чујте за што станува збор.

Za Download---http://www.sendspace.com/file/dx9af9

Изменето од Pentakostalec - 26.Јуни.2009 во 00:03
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2009 во 01:54

На 24 и 25 јуни во Загреб ќе се одржи 4-тото издание на In Music, најголемиот фестивал под отворено небо во Хрватска и еден од најдобрите летни фестивали во Европа, а македонскиот диџеј Кирил Џајковски ќе го заокружи збиднувањето со свој диџеј сет на крајот од фестивалот



На минатогодишното издание на In Music настапија 30 домашни и странски изведувачи на 4 фестивалски бини. На фестивалот беа присутни околу 25.000 посетители. Годинава се очекуваат настапи на над 40 домашни и странски изведувачи, на 5 фестивалски бини. Меѓу главните ѕвезди се најавени Моби, Крафтверк, Франц Фердинанд, „Yeah Yeah Yeahs“, Лили Ален, N.E.R.D., Tricky и други. Нашиот Кирил Џајковски го затвора фестивалот, како и минатата година. Тој и неговиот бенд ќе бидат задолжени за забавата на Ноќниот стејџ во четврток навечер. На In Music фестивалот уште настапуваат: Ришард Дорфмастер, Адриан Шервуд, Серџент Гарсија, Editors, Рокиа Траор, Арт Брут, како и претставниците на метал звукот Антракс, Диму Бургир, Хејтбрид, Год Детроунд и Флешгод Апокалипс. Британскиот весник The Times повторно го вброи In Music меѓу 20-те најдобри летни фестивали во Европа, заедно со Exit фестивалот во Нови Сад. In Music фестивалот се одржува на спортско-рекреативниот комплекс Јарун, на Островот на хрватската младина. Минатата година главни ѕвезди на фестивалот беа Ник Кејв и The Bad Seeds, Продиџи, The Go! Team, Hot Chip, Jazzanova, Serj Tankian и Stereo MC's. Минатогодишното издание на фестивалот беше затворено со настап на Кирил Џајковски и неговите придружници, штипскиот дувачки состав Серџук Оркестар и њујоршкиот проект Gaea (составен од Дуке Бојаџиев и TK Wonder). Кирил предизвика голем интерес од локалните медиуми и беше рекламиран како “меѓународно признат музичар од Македонија, мајстор за електроника“.Хрватските медиуми известија дека крајот на фестивалот бил разубавен од Кирил и големата дружина на виртуозни македонски и ромски музичари, опишувајќи го нивниот сет како“оригинална Балканотроника!”

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920 32>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,330 секунди.