|
Абортус, да или не? |
Внеси реплика | страница <1 1617181920 26> |
Автор | |||||||||||||||||||||
La La Laaa
Нов член Регистриран: 24.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||
Дали абортусот влијае врз наредната бременост?
Не, не постојат докази дека правилно извршен абортус може да доведе до пореметување на наредната бременост: бременоста која е надвор од матката, пореметување на плодот, спонтан абортус, предвремено породување или раѓање на мртво дете во иднина. *wikipedia.org* |
|||||||||||||||||||||
Дак
Сениор Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||
„не е ли тивко убиство да ги тераш свесно жените кои кога ќе дојде до тука да абортираат во некои собчиња касапници или да одат надвор во другите држави да абортираат ,зашто само тоа ќе го предизвика овој закон,ништо друго„ Па да,колку на диво ќе чистат,(ќе цвета криминалот)а жените,девојките ќе бидат приморани да одат на чистење кај касапи,сомнителни жени кои со вретено ќе го прскаат воденикот(а за стерилноста не станува збор и не станува и збор за смртни случаеви од не стручност под сомнителни околности,за инфекции)така наречени жени кои не им е грижа за нив,а сигурно и добро ќе си наплатат...баш не одамна гледав еден таков филм...лекар,гинеколог, кој работи на диво,опремен со се,но што се случи...девојката прокрвари и кога виде дека неможе да го сопре крварењето и самиот го пријави случајот,дојдоа со брза помош по девојката и за среќа се спаси,лекарот се разбира доби затвор...а што со оние не стручни лица кои ќе чистат...несовесните нема да пријават,ќе сокрие нечио дете и случајот нема да го пријави КРИМИНАЛ-УБИСТВО. |
|||||||||||||||||||||
Љубов и само љубов
|
|||||||||||||||||||||
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||
доколку дозволиме навистина да се воведе закон против абортус и се протурка како и сите закони до сега,а некои квазижени од некоја си квазиорганизација си дозволуваат да не убедуваат нас,самосвесните жени дека треба да раѓаме не да абортираме тогаш со жалење ќе констатирам дека НИЕ НЕ СМЕ СВЕСНИ ЧОВЕЧКИ СУШТЕСТВА полодот од 2 недели бил човек ние сме вршеле убиство не е ли тивко убиство да родиш деца кои нема да бидеш способен да ги одгледаш не е ли тивко убиство да одгледуваш 8члено семејство со 2000 денари не е ли тивко убиство ако присилно натераш 16годишно дете да подига дете не е ли тивко убиство да ги тераш свесно жените кои кога ќе дојде до тука да абортираат во некои собчиња касапници или да одат надвор во другите држави да абортираат ,зашто само тоа ќе го предизвика овој закон,ништо друго црквата ли ќе биде на чело на државата и ќе не води низ 21 век? луѓе без семејства ли ќе ги кројат нашите семејства и нашите животи???? НИЕ ЖЕНИТЕ ТРЕБА ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА ПОКАЖИМЕ НА ОВАА ДРЖАВА И ОВАА ВЛАДА ДЕКА НЕ ЖИВЕЕМЕ ВО 18 ВЕК |
|||||||||||||||||||||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|||||||||||||||||||||
Дак
Сениор Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||
А,незнам зошто е толку таа забрана?Па секоја жена си одлучува дали ќе има едно,две,па и три деца...три деца и не се многу,но ако остане бремена и излезат( gemili) близнаци Знам мајка со четири деца,возрасни и се,и сега замисли остане бремена и со петто дете,а има случаеви и каде син и се оженил,а свекрвата останала трудна ќе си чува свое дете и дете на снаа Има и девојки по 17,18 год каде останат во таа блажесна состојба,треба да го роди ли?сепак тоа е нивно право,дали ќе го чува или не.Или само што се зеле,бракот не оди па не оди,и мајката решила да се исчисти,тоа е нејзино право. Но,шега на страна,да не се руши човечките права...или човекот нема права а? |
|||||||||||||||||||||
Љубов и само љубов
|
|||||||||||||||||||||
Leo24
Нов член Регистриран: 11.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||
Se slozuvm so site komentari koi se ZA abortus.
Se slozuvam zatoa sto so donesuvanje na zakon za zabrana na abortus se krsat covekovite prava potocno pravata na zenata.Fakt e deka sekoj nemoze da odgleduva deca ne e vo sostojba finansiite se osnovnoto nesto deteto ne odlucuva vo kakva sredina ke se rodi megutoa roditelot e toj sto ke odluci dali ke bide srekno negovoto dete ili ke mu go zagorci zivotot.Prasanjeto e koj ke go hrani toa dete,koj ke go oblekuva,koj ke go skoluva? Ili e samo bitno da se zabrani a idninata kakva ke mu bide na deteto sto ke se rodi ne e bitna? Sto pravime so decata sto se rezultat na nekoe siluvanje ,zarem ne e dovolna taa trauma,ili sega treba i plodot od traumata da se tretira normalno????? |
|||||||||||||||||||||
pmmladen
Сениор Регистриран: 21.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 333 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||
Си седиме на топло си пишуваме коментарчиња, растураме со нашата мудрост..........
Дали мислите дека вака ќе постигнеме нешто со ситни коментарчиња против абортусот или треба нешто вистински да се направи надвор помеѓу луѓето во институциите. |
|||||||||||||||||||||
Дак
Сениор Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||
Кога државата ќе обезбеди доволно сретства на истите родени деца да им обезбеди пари и иднина тогаш жените нека раѓаат и по 10 деца.
Кога и мажот и жената ќе работи во ред,а не незапослени и да немаат со што да ги издржаваат,децата треба да се облечат,да јадат,а не да мизеруваат ако родителот неможе ниту за леб да ги обезбеди,каде е школството,облеката и се друго што иде по ред. |
|||||||||||||||||||||
Љубов и само љубов
|
|||||||||||||||||||||
Kristin969
Сениор Регистриран: 01.Октомври.2007 Локација: Scotland Статус: Офлајн Поени: 340 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||
Sosema si vo pravo, koga ke im se podigne svesta i na mazite, malku i tie da se cuknat vo glavata, nema da ima ni nesakana bremenost ni abortusi, nitu pak ke ima potreba od vakvi maloumni kampanji. Zasega samo po zenite se gagja so drva i kamenja, a mazite ne se diraat, tie se nevini!!!
|
|||||||||||||||||||||
Ljubov i Svetlina!
|
|||||||||||||||||||||
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||
Категорично ЗА во следниве случаеви-
-доколку мајката е малолетна и потекнува од исклучително сиромашно семејство -доколку плодот е со аномалии и би имал страшни последици по здравје и развој, и доколку здравјето и животот на мајката е доведен во опасност -доколку жена несакано забременува и покрај користење на контрацепција а другиот родител не сака да превземе никаква морална и материјална одговорност за детето, а мајката нема услови стамбени и материјални да го одгледува (ова ретко кој го споменува) -доколку се работи за инцест, силување од било кој тип Се друго нема изговор, а најмногу ми се гади од несовесни луѓе поради и кои е толкава бројката на извршени абортуси, кои не користат никаква заштита за време на сексуалните односи, од оние жени кои само шират нозе без да вклучат мозок и од оние мажи кои мислат само со долната глава наместо со горната. И тоа нивното „убаво ми беше„, „така ми дојде„ и сите одвратни изговори кои ги користат за да ги оправдаат своите незрели акти се последица на масовна појава на абортуси. И повторно се апелира значи до жените тие да користат заштита бидејќи тие остануваат бремени. Не треба да се остава на случајност или по желба на „некојси„ пастув кој не сака да користи кондом а го гледаш вторпат во живот да одлучува за понатамошните последици. Треба да се каже НЕ на таквиот незаштитен секс од 1000 причини.Исто тоа важи и за машките, па колку сака нека не им се допаѓа тоа. Последиците се многу поголеми и потрајни отколку задоволството. Ете толку Изменето од GlenKlouz - 22.Јануари.2009 во 15:57 |
|||||||||||||||||||||
Kristin969
Сениор Регистриран: 01.Октомври.2007 Локација: Scotland Статус: Офлајн Поени: 340 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||
Ljubov i Svetlina!
|
|||||||||||||||||||||
Storm2
Сениор Регистриран: 07.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 432 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||
вторник, 18 ноември 2008, SPIC
Отецот ширел омраза? „Беседата за абортусот“ на митрополитот брегалнички Иларион е ретрограден обид за порекнување на основните сексуални и репродуктивни права на жените, кои се загарантирани со Уставот и со меѓународни документи, реагираат од здруженијата за заштита на човекови права. Отец Иларион пред неколку дена во „Дневник“, во својата беседа напиша дека за Православната Христова црква, чедоморството или абортусот претставува убиство од најтежок вид, бидејќи на тој начин се лишува од живот еден човек кој немал можност да биде удостоен да се очисти од првородениот грев преку светото крштевање. Жената што абортирала тој ја нарекува чедоморка и ја обвинува дека повеќе го сака својот себичен удобен живот исполнет со конфор, сладострастие, блуд и разврат, без никакво воздржување, чистота, достоинство, слобода и љубов. Група невладини организации обединети во коалицијата за промоција и за заштита на сексуалните и здравствени права на маргинализираните заедници, сметаат дека ставовиве на отец Иларион се косат со човековите права, особено со правото на избор. - Говорот е лицемерен акт на ширење говор на омраза, сериозен реторички маневар на навреда, осуда, клевета, исклучување, дискриминација и омаловажување - велат од коалицијата. Според експертот за човекови права, Мирјана Најческа, „Беседата за абортусот“ треба да подлежи на целосна анализа. - Не се крши само правото на избор, туку се врши и дискриминација, текстот содржи говор на омраза. Дури мислам дека текстот може да биде искористен против свештеникот да се покрене правна постапка. А ако МПЦ не се огради, постапка треба да биде покрената и против црквата - вели Мирјана Најческа. Досега од МПЦ не се изјасниле дали стојат зад ставот на митрополитот брегалнички Иларион. Невладините организации посочуваат дека сите владини институции се обврзани да ја почитуваат конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација против жената. Според таа конвенција, мажот и жената имаат исти права да одлучуваат слободно и одговорно во однос на бројот и распоредот на децата и да имаат пристап до информации, едукација и можност, кои ќе им овозможат остварување на овие права. П.М. |
|||||||||||||||||||||
polzavce
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||
Пак ќе речам, наместо да трошиме време и енергија на размислувања за или против абортусот.........да полемизираме за причините зошто дошло до несакана бременост, за тоа чија негрижа довела до тоа да имаме ваква младина, да зборуваме за одговорноста, претпазливоста, уживањето.........а сето тоа поврзано со несаканата бременост............... Залудно е да се дрдори јас сум за јас сум против абортус........сосема залудно.............зашто ако дојде до несакана бременост еден оштетен од ситуацијата секако ќе има........или плодот или мајката............. |
|||||||||||||||||||||
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||
незнам зошто во последно време многу повеќе се зборува за абортусот..........
денес видов постери исполепено насекаде по градов.......НЕ МЕ АБОРТИРАЈ........НЕ МЕ УБИВАЈ мислам навистина ниедна жена нетреба да се чуствува како убиец.....и зошто толку тоа е изразено како убиство во самиот тој процес се вади нешто кое што сеуште не е ништо....... тоа ти е исто како уништено семе за цвеќе,од кое што постоело можност да стане цвет и би додала дека ниедна жена која направила такво нешто не било без причина........зошто самиот чин е тежок Изменето од mrzla - 17.Ноември.2008 во 03:04 |
|||||||||||||||||||||
Biba_G
Сениор Непоправлив оптимист Регистриран: 18.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 13718 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||
Абортус???
Да!...зошто не??? |
|||||||||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 1617181920 26> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |