![]() |
|
Преговори за името |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 171172173174175 184> |
Автор | |
kultuzin ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
CICADETTA MACEDONICA И ФИРОМИТ
Година на штурецот Јас, лично, ја раскажувам првата моја средба со еден пријател од Техеран, инаку Зороастријанец, кој кога разбра дека сум од Македонија воопшто на ја криеше огромната почит. Во историјата на неговата земја војските на Александар Македонски имаат посебно место. Се сметаше за потомок и наследник на една стара цивилизација и така ме гледаше и мене Типично за Македонецот овие 15 години е тоа што кога ќе види во весник интервју со странски дипломат, научник или уметник, ги прескокнува „небитните“ работи што ги кажува странецот, како на пример колку деца има, и го бара она место во интервјуто во кое овој ја фали Македонија. По сето она што се случи изминативе години, секој убав збор за Македонија е како шеќерче. Чувам еден репортажа за Македонија од Франкфуртер алгемајне цајтунг од 1983 година во која толку се фали дека Македонија што не може да се препознае. И најмногу ми се допаѓа она место каде што авторот вели дека „Македонците се еден од најнадарените народи во Европа“. И дека „не зачудува што релативно малиот број Македонци во соседната Бугарија се во голема мера застапени во државното раководство“. Но, што правиме ние самите за да не' фалат повеќе другите? Ние сме Македонци од Македонија. И толку. Гордоста налага само толку да кажеме. Но, реалноста прави од ова став, позиција, „основа за преговарање“ во спорот со Грција. И тука сме принудени да правиме нешто, принудени сме на разни потпирачи, на „заштитни појаси“. Се' што се определува како македонско ја потпира нашата појдовна позиција. Затоа сериозно мора да се земе сугестијата на доктор Фрчкоски „да се освои придавката македонски“. И навистина има многу варијанти на заштитни појаси. Животот на Македонецот, кој станува љубопитен и истражувачки расположен токму поради синдромот ФИРОМ и заради освојувањето на придавката македонски може да стане неочекувано интересен, дури и збунувачки и бизарен. Во една артуркларковска потрага по македонскиот монолит, може да се наиде на откритија кои ќе те седнат на земја, може да се слушнат туѓи искуства кои подеднакво ја галат македонската патриотска душа колку што изгледаат неверојатни. Јас, лично, ја раскажувам првата моја средба со еден пријател од Техеран, инаку Зороастријанец, кој кога разбра дека сум од Македонија воопшто на ја криеше огромната почит. Во историјата на неговата земја војските на Александар Македонски имаат посебно место. Се сметаше за потомок и наследник на една стара цивилизација и така ме гледаше и мене - како потомок на македонската империја. Еден друг пријател, инаку Турчин од Гостивар, имал слично искуство во Александрија, Египет. Александријците што ги запознал толку се возбудиле што имаат пред себе човек од Македонија што на нашиов му станало непријатно. И кога сакал да ги смири и спушти на земја Египќаните, со тоа што рекол дека тој сепак е Турчин, тие му рекле дека тоа нема никакво влијание - важно е дека е од Македонија. Во потрагата по македонското, се отвораат такви простори што ни епизодите од „Зона на самракот“ ни расказите на Борхес не одушевуваат веќе толку многу со својата имагинација. На пример, минералот македонит. Се работи за црн тетрагонален минерал (PbTiO3- оловен титаниумоксид), кој треба да го има само во Македонија и кој е најден во Црн Камен близу Прилеп. Ми текнува дека можеме да го искористиме како провокација и да ги прашаме Грците зошто не' притискаат да го изменат во фиромит. Промена на името на еден минерал не е толку едноставна работа. Прво ќе откријат дека научната класификација не е зафрканција и дека постои нешто што се вика политика на научна дисциплина која не зависи до толку од хирови на моќници или од некоја „реалполитика“. Научните дисциплини, сепак, релативно, самостојно се развиваат. Второ, ќе треба да се расправаат со моќта на светски енциклопедии и речници како што е, на пример, Вебстер, во кој стои: македонит - минерал од Црн Камен Прилеп, Македонија. Другото мое откритие во потрагата по придавката македонско не' води во Бразил. Во бројот 2 (том 76) на Бразилската академија на науките од јуни 2004 има еден текст со наслов што апсолутно фасцинира, особено ако не си по природните науки. Насловот гласи: „Биоакустички и таксономиски аспекти на комплексот на видот Cicadetta Montana (Homoptera: Cicadoidea: Tibicinidae)“ од авторите Матија Гогала и Томи Трилар (и двајцата научници од Словенија). Во текстот авторите расправаат за тоа дека во Македонија има штурчиња со морфологија и акустички образец кои ги разликуваат од другите штурци во Европа. И дека според молекуларните податоци, генетските разлики и според единствената песна, македонското штурче треба да се подигне на ниво на вид, односно да не биде повеќе подвид како што истражувачот Шедл го опишал во 1999 -година. Секоја чест на господата професори Гогала и Трилар. Но, не треба да обесхрабрува тоа што приказнава за штурчето кое станува вид неизбежно потсетува на приказната за подвидот Македончето на кој не му даваат да биде вид. Јасно, не можеме да ги ангажираме професорите да покажат дека и македонскиот човек според морфологијата и песната може да се подигне на ниво на посебен вид. Но потрагата по придавката македонски навистина отвора простори и можности да направиме нешто сами. Прво, целата работа околу ФИРОМ и непризнавањето полесно може да се тера до апсурд. Камен може да се нарекува македонски и бубачка може да биде македонска! Човек не!? Второ, малку имагинација и акција и може многу да се постигне. Веќе гледам македонски уметници кои користат македонит во своите дела. Во книжарници и продавници за сувенири гледам налепници на кои има слика на штурче и со големи букви пишува CICADA MACEDONICA. Во охридските филиграни хит е приврзокот штурче... Предлагам 2007 да се прогласи за година на штурчето. Бранислав Саркањац (Авторот е универзитетски професор) http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=CBC479CE77AFA14CAE57F2AB168AEB3C&arc=1 Морам целиот текст да го прострам зошто многу ми се допадна... Сум имал слични искуства со странци кои при спомнување на името Македонија се восхитувале... Верувам дека многумина овдека имале слично искуство... Но зошто го ставив овој текст токму на оваа тема? Причината секако треба да се бара во моите заклучоци кои ги стекнав читајки ги овдека а и во други медиуми коментарите на нашите сограѓани кои по секоја цена сакат да го сменат името...Имено имам впечаток дека сите овие луѓе не се ниту свесни колкаво богатство стои зад нашето БИБЛИСКО име кое неможат да го заменат ниту милион членства во НАТО и ЕУ... Изменето од kultuzin - 17.Декември.2009 во 21:13 |
|
![]() |
|
mileg ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 1758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Изменето од Анастеа - 15.Декември.2009 во 15:31 |
|
![]() |
|
brza ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
a?!
![]() ![]() |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
![]() |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Атина се' поригидна
Македонскиот идентитет е дел од идентитетот на секој Грк и за тоа нема да преговараме, порачува грчкиот алтернативен министер за надворешни работи Друцас... ItemID=241825BFAA2FF64BA6AC8D4D78139517 Link Им благодарам на Грците што им ги отварат очите на оние кои упорно се трудат да ги држат затворени... |
|
![]() |
|
orlov ![]() Сениор ![]() ![]() army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Zvrshija pregovorite.
Ne chekaat novi predvremeni parlamentarni izbori. Imeto si go imame i ni e dobro. Komu mu smeta neka se zjali. Imeto ni e so dolga tradicija i dovolno staro. |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
![]() |
|
dras ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 10.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 858 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
....кој сака нека сече,...., но нека сече,...вака само годините минуваат,.....а сиромаштијата е скапа работа,...особено кога ресурсите се стопат во „светските“ бескрајности,....„ИНВЕСТЕД МАЦЕДОНИА“,.... |
|
![]() |
|
aLbaneso ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Септември.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 933 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
"moze" no ne "saka" 100% sum siguren, samo Amerika tuka ke "presece" inace za evropa sekogas vaka ke ostaneme
![]() |
|
Љаеш НЕ касаш !
|
|
![]() |
|
dras ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 10.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 858 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
....а ти што мислиш?..... |
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Европа може многу, но не сака (во нашиот случај)!
Или - полесно и е да замиже на едно око пред грчките каприци на кои не им се гледа крај, отколку да го пресече гордиевиот јазол, како што некој го нарече... |
|
![]() |
|
aLbaneso ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Септември.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 933 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Drug problem e dali "moze", a drugo e dali "saka"
|
|
Љаеш НЕ касаш !
|
|
![]() |
|
dras ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 10.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 858 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
...притисок,... тоа е дисциплина од физика,...се мери во МПа, ...а Обама ....човекот веројатно има проблем со мисирката која ја амнестира,....се прашувам што е идејата на македонскиот егеец,...за него ништо не пишува ,...„Елефтеротипија“,....грците си работат што сакаат ,...тука ни Европа неможе ништо,....,или НЕ САКА!???... |
|
![]() |
|
aLbaneso ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Септември.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 933 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Македонија да биде Северна - јазикот и народот Македонски
Ова го пишува грчкиот весник „Елефтеротипија“, повикувајќи се на неименувани, високи американски дипломати. „Елефтеротипија“ објавува дека администрацијата на Обама, преку посредникот Нимиц ќе изврши притисок врз Атина и Скопје за решавање на спорот со името. |
|
Љаеш НЕ касаш !
|
|
![]() |
|
dras ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 10.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 858 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
.....пак ИМЕ,...а Јас си велам,....Пак избори напролет,....колку тоа кошта,...., а нема пари за СТОПАНСТВОТО,....,слушам на вести ВЛАДАТА,....пак се „рекламирала“.....тоа вели во моментот АЛФА....дали пензионерите ќе го дадат гласот?....
|
|
![]() |
|
Marko Polo 1 ![]() Сениор ![]() ![]() venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Pak kje recam - edno e da ni nametnat, sosem drugo e nie da se slozime... Sila Boga ne moli, a budala pri pamet nema da me napravat.
Da ne potpisuvame se sto kje ni podmetnat pod raka. Изменето од Marko Polo 1 - 13.Декември.2009 во 12:16 |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 171172173174175 184> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |