|
АНКЕТИ и РЕЈТИНЗИ на политичарите и партиите |
Внеси реплика | страница <1 151617 |
Автор | |
dras
Сениор Регистриран: 10.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 858 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
дали секогаш се виновни националистите што народот е гладен и трпи за основните животни потреби.... |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се купува се купува,кога на народот му се нудеа неколку влади со тешки националисти народот бараше пари.Епа еве сега да видиме како се купува Македонскиот народ,но барем Македонци ги купуваат доста беа плаќани од шиптари и власи
|
|
dras
Сениор Регистриран: 10.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 858 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Постот и тезите се интересни, но јас некако не верувам во рејтингот на ИРИ денеска се нешто се мести па и рејтингот, ако може да се платат толку инвестинг кампањи зошто да не се плати и рејтингот, дали рејтингот се купува со “бесплатно здравје“ или пак со “интернет кафулиња“ каде се тендерите, каде се странските инвестиции или пак струмичани со 2 ден лубеници ќе го држат рејтингот на Грујо. |
|
монте кристо
Сениор THERE CAN BE ONLY ONE Регистриран: 26.Мај.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 6869 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ubav tekst go "pozajmiv" od blogosferata , vo sekoj slucaj interesno glediste na avtorot , plus mislam dobro e za komentiranje , malku mozebi so postar datum , no aktuelnosta se zabelezuva . Sto mislite vie ? Рејтингот пусти да останеАмерикнацине во нивните професионални спортови особено во NBA, кога ќе победат викаат One win, ако добијат уште една тоа им се Two in a row, ако ја добиеш и наредната веќе имаш Series. А кога си во серија те носи моментот и играш напорно и цврсто за серијата да биде подолга. Нормално конк*ренцијата има задача да те сопре односно нејзиниот предизвик е да ја прекине серијата. Па кога ќе се случи тоа повеќе се памти оној кој ја прекинал серијата отколку должината на истата или како таа е остварена. Така е и кај нас. Спортскиот дух е насекаде. Гледам серијата на Премиерот не само што не прекинува него се зголемува, а разликата е се поголема и поголема. Така барем велат од ИРИ. Но серијата и не е толку битна, нели. Влезен си во шема ја знаеш формулата за успех и играш по тој рецепт. Она што е многу поинтересно е што прави конк*ренцијата во случајов опозицијата за да ја прекине победничката низа на Груевски. Значи, што прави опозицијата за да ја прекине низата? . . . . (ништо). Мора нешто да прави не може да не прави ништо? Прави само што се што прави е погрешно или јалово па не дава никаков плод во нивна корист. Го гледам вчера поранешниот премиер Бучковски како ја применува новата тактика за пораз на Груевски. Тој на пример причините за серијата на Премиерот ги гледа во ефтиниот популизам на Груевски и во неговата способност за добар ПР. Но тоа Бучковски и нему скараниот СДСМ не го загрижува толку колку што ги загрижува бројката од 30% поддршка за ВМРО – ДПМНЕ, 34% поддршка за Груевски и вкупната оцена од 3.45 на скала од 1 до 5 која ја има Премиерот. И сега следи најголемиот и најсилниот адут со кој опозицијата ќе го собори Груевски, неговиот рејтинг ќе го симне на ниво на нивниот 6 процентен, а на ќоравиот македонски народ ќе му ги отвори очите. Бучковски и СДСМ вчера крикнаа. Опасност се надвиснала над Македонија. Опасност од ни помалку ни повеќе диктатура. И тоа не диктатура во генералска униформа каква што посакуваше Љубчо, ами диктатура на рејтингот. Во СДСМ стравуваат дека 30% рејтинг на Груевски ќе го одведат него во диктаторски води, а демократијата во Македонија за некој месец ќе изумре. Толкава немоќ одамна не сум видел. Што стана со креативните луѓе во СДСМ. Толку ли неможат да смислат нешто поинтелигентно и малку поиздржано во своите напади. Диктатура, бе? Кај живеат овие луѓе не ми е јасно. Јас знам дека сега ќе дојде некој и ќе рече, од каде да знаеме дека во Груевски не лежи некој мал диктатор. Можеби и лежи но не е тоа муабетот. Муабетот е во тоа што СДСМ никогаш не можел да ја надрасне омразата и чувството на гадење кое го носат во себе кога ВМРО – ДПМНЕ е на власт. Како можат да зборуваат дека 30% популарност ќе ја однесат Македонија во диктатура, кога Македонија не така одамна го положи матурскиот испит по диктатура. Зарем Бучковски и СДСМ забораваат дека нашиот сакан Претседател Киро Глигоров 1994 г. го победи Љубиша Ѓорѓиевски со 75% гласови и тоа не од репрезентативен примерок (како анкетите на ИРИ) ами на општи избори на кои за ликот и делото на Глигоров гласаа 700 000 луѓе. Толку ли им е кратка паметта или идиотизмот нема крај. Нивната книшка 001 долго време ја владееше Македонија со популарност на која сите живи и мртви диктатори би и завиделе па не се случи ништо. Уствари се случи. Малиот wannabe диктатор му го извади окото на Претседателот за да ужива во плодовите на високиот рејтинг, ама се заеба. Лицето БЦ никогаш немаше таков рејтин иако сакаше. Но и со неговиот рејтинг во најдобрите денови за него 1995г. беше на границите на диктаторствотот(според сегашните СДСМ проценки). За Љубчо нема да правиме муабет, он барем си кажуваше отворено дека има мерак на таа дисциплина. Да се вратиме назад на денешнава состојба. Ќе му дошепне ли некој на СДСМ дека серија не се прекинува со обид да му ја скршите ногата на капитенот на противничкиот тим. Бадијала ви е, зошто постои опасност судирот да биде избегнат а вие да добиете црвен картон. СДСМ веќе има 5 црвени ја стварно не знам што им на луѓево. Македонија се наоѓала на самракот на демократијата вика Бучковски на тв Сител, триејќи ги дланките во надеж дека на тој начин ќе фати некој ситен поен. Есад Рахиќ пак отиде подалеку. Ни кажа дека Груевски е автократа, ама Шеќеринска била автократка. Да отвореа барем една две енциклопедии па да видеа дека диктаторите се раѓаат од мали, незабележителни човечиња кои седат во своите дувла и коваат планови за големата власт. Единствената добра работа во стравот на СДСМ е што ако Груевски стане диктатор ќе живееме во монти-пајтоновски свет. Ќе излезе Никола Груевски на плоштад и ќе ни свика во стилот на Biggus Dickus, “Освободете ја Шекелинска“, а ние одоздола ќе му викаме “Освободи го Бланко“. И нормално ќе дојде Бучковски и ќе му довикне “Пушти го Јован“ ???? Изменето од Анастеа - 28.Април.2011 во 16:19 |
|
во овие години што следат , ќе видиме дали европа и христијанството ќе се спасат . И ТИ !!! можеш да помогнеш . ОД НАС СИТЕ ЗАВИСИ .
|
|
Внеси реплика | страница <1 151617 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |