IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 56>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2014 во 20:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2014 во 16:24

КОЛАЧ ОД КОКОС И ГРИЗ

14

Состојки:

  • 180 гр пченичен гриз
  • 100 гр шеќер
  • 50 гр кокос
  • 20 гр путер
  • 8 дл млеко
  • Екстракт од ванила
  • 2 јајца
  • Изрендана кора од лимон
  • Шеќер во прав

Подготовка:

На средна температура загрејте го млекото до точка на вриење.
Намалете ја јачината на ринглата, додадете гриз и мешајте со лажица додека да згусне.
Додадете го путерот, кокосот, лимоновата кора и екстрактот од ванила.
Кога ќе се соединат состојките тргнете го садот од огнот.
Кога смесата ќе се олади, додадете ги жолчките а белките посебно изматете ги во цврста пена. Пената додадете ја на смесата со гриз.
Префрлете во намрсен плех и печете околу 40 тина минути на температура од 180 степени.
Кога колачот ќе се излади, посипете го со шеќер во прав.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2014 во 16:23

НАЈВКУСНИОТ КОЛАЧ ШТО НЕКОГАШ СТЕ ГО ПРОБАЛЕ

15

Состојки:

Тесто:

  • 4 јајца
  • 4 лажици шеќер
  • 3 лажици брашно
  • 1 лажици какао
  • Половина пециво

Шербет:

  • 200 гр шеќер
  • 250 мл вода

Крем:

  • 500 мл млеко
  • 5 лажици шеќер
  • 1 пудинг од ванила ( може и од банана или кокос)
  • 1 лажица брашно
  • 4 жолчки
  • 220 гр путер
  • 200 гр шеќер во прав

Декорација:

  • 4 белки од јајце
  • 8 лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер

Подготовка:

Тесто:

Од горенаведените состојки изматете тесто. Ставете го во намастен калап и печете на 180 степени.

Шербет:

Додека тестотото се пече, на оган ставете шеќер и вода. Варете околу 5 мин и тргнете го од рерната.
Топлото печено тесто прелијте го со шербетот и оставете го да отстои.

Крем:

Во сад ставете 400 мл млеко и 5 лажици шеќер и оставете да зовријат.
Во друг сад изматете ги жолчките, пудингот, брашното и 10 мл млеко. Сето ова ставете го во зовриеното млеко и мешајте додека згусне ( исто како да варите подинг)
Добиениот крем тргнете го од огнот и оставете да се олади. Поклопете го за да не се создаде коричка и повремено промешајте.

Додека се лади кремот, извадете го путерот од фрижидер за да омекне. Кога кремот потполно ќе се излади, изматете го путерот со шеќерот во прав и додадете го во кремот.

Повторно добро изматете и премачкајте го преку печеното тесто.

Декорација:

Изматете ги белките, една по една лажица додадете ги шеќерот и матете без престан.
Додадете го ванилиниот шеќер и продолжете со матењето се додека не добиете фин шлаг.

Шлагот премачкајте го врз колачот и оставете да се олади минимум два часа во фрижидер.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2014 во 15:45

Павлова торта: Најбрз рецепт за крцкав и вкусен десерт


Една од најпопуларните торти, која се поврзува со приказната за руската балерина Ана Павлова, со доаѓањето на пролетта и првите свежи јагоди конечно може да излезе од книгите со рецепти и да се најде на вашата трпеза.


Нежен, поетичен и бајковит, баш како балетската вештина, е описот за овој едноставен рецепт.

Потребни состојки:

  • 3 белки
  • 150 грама шеќер
  • 2 мали лажички пченкарно брашно
  • 1 мала лажичка бел вински оцет
  • ½ лажица екстракт од ванила
  • 200 мл слатка павлака
  • 300 гр свежи јагоди

Подготовка:

- Загрејте ја рерната на 150 степени. Тавчето обложете го со масна хартија за печење и со помош на чинија од средна големина нацртајте кружница, која ќе ви послужи како подлога за смесата од белки. Површината на означениот круг намачкајте ја со путер.

- Во сад ставете ¾ од шеќерот и пченкарното брашно и мешајте додека грутките од брашно во потполност не исчезнат, па така подготвената смеса оставете ја на страна.

- Во друг сад пенасто изматете ги 3-те белки (матењето треба да трае 2-3 минути, а јајцата треба да бидат на собна температура, а не штотуку извадени од фрижидер). Потоа, во веќе оформената текстура додадете ја во три наврати останатата количина на шеќер. Важно е после секое ставање на шеќер смесата да ја матите додека целосно не се растопат грутчињата шеќер.

- Во смесата додадете ги екстрактот од ванила и винскиот оцет, па повторно матете додека не се создаде цврста смеса која не ја губи формата.

- Нанесете ја смесата во нацртаната кружница на масната хартија. Со нежни потези со лажица распоредете ја рамномерно, а во средината направете мала вдлабнатина.

- Намалете ја температурата на рерната на 140 степени и печете еден час. Потоа, отворете ја вратата од рерната и оставете ја смесата да постои внатре уште 10-15 минути, а потоа извадете ја и оставете ја да се олади.

- Додека истата не се излади, изматете ја слатката павлака. Потоа намачкајте ја преку кората и наредете ги јагодите (цели или сечкани – по ваша желба). За поосвежителен вкус, врз јагодите ставете неколку ливчиња свежо нане.

За полесно да се снајдете со подготовката на оваа популарна торта, погледнете го и видеото:

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 21:51

Тарт со чоколадо и карамела


tart1

Тартот е десерт кој се состои од тесто и полнење. Полнењето може да биде слатко или солено. Нашиот денешен рецепт е тарт со чоколадо и карамела.

Состојки:

за тестото

- 250 гр. брашно

- 30 гр. мелени бадеми

- 150 гр. маргарин

- 80 гр. шеќер

- 1 јајце

- 1 лажица ванилин шеќер

- малку сол

за полнењето од карамела

- 70 гр. шеќер

- 70 гр. крем за готвење

- 1 лажица маргарин

- малку сол

за чоколадниот крем

- 500 мл. крем за готвење

- 350 гр. чоколадо за готвење

за шлагот

- 300 мл. крем за готвење

- 2 лажици шеќер

Инструкции:

Со состојките за тестото, направете го и ставете го во фрижидер околу 30 минути. Потоа размесете го повторно и прекријте го калапот за тарт со него, направете неколку дупчиња на тестото со вилушка и печете го околу 25 минути на температура од 200°.

За да го направите полнењето од карамела, стопете го шеќерот и чувајте го на топлина додека не зоврие. Тргнете го настрана и ставете ги маргаринот и кремот за готвење. Смесата истурете ја во тартот и ставете го тартот во фрижидер минимум 1 час.

За да го подготвите чоколадниот крем стопете го чоколадото и потоа додадете го кремот за готвење и убаво промешајте. Распоредете го рамномерно кремот во тартот.

Ставете го тартот во фрижидер неколку часа пред да го послужите. Пред да го послужите направете го шлагот така што со миксер ќе го измешате кремот за готвење со 2 лажици шеќер.

Декорирајте го тартот со какао во прав.

tart2

tart3

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 21:49

Торта со боровинки и лимон



torta-borovinki1
Оваа торта со лимон е вистинско освежување во овие сончеви февруарски денови. Повеќе слоеви, вкусни боровинки и крем.

Состојки:

за тортата:

- 200 гр. маргарин

- 300 гр. шеќер

- 4 јајца

- 1 лажичка ванилин шеќер

- 370 гр. брашно

- 1 лажичка пециво

- 1/2 лажичка сол

- 1 чаша млеко

- 1 чаша и половина свежи боровинки

- сок и кора од 3 лимони

за филот:

- 5 белки од јајца

- 100 гр. маргарин

- 250 гр. шеќер

- 1 лажичка ванилин шеќер

torta-borovinki-2Подготовка:

Со миксер измешајте го маргаринот. Додадете го шеќерот и мешајте 2-3 минути. Додадете ги јајцата и ванилиниот шеќер. Мешајте се додека смесата целосно не се спои.

Во друг сад измешајте ги брашното, пецивото и солта. Соединете ги двете смеси, а потоа додадете ги млекото, кората и сокот од лимон и на крај мергаринот и боровинките.

Оваа торта е со три слоеви, па затоа смесата распоредете ја во три тепсии. Печете ја тортата 20-25 минути на 200°C

За да го направите филот за тортата измешајте ги со миксер состојките погоре.

Израмнете ги врвовите на трите торти и на сите ставете дел од филот, но оставете и за страничните делови и врвот.

Израмнете го филот и ставете ја тортата во фрижидер за да се стврдне. Декорирајте ја со боровинки и парчиња лимон.

torta-borovinki3




Изменето од Valerija - 12.Април.2014 во 21:50
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2014 во 19:13

ДОМАШНО ТОБЛЕРОНЕ

1

Состојки:

1 маргарин од 250 гр

3 јајца

300 гр шеќер

200 гр чоколадо

2 лажици какао во прав

100 гр пржен сусам

100 гр сецкани, пржени, не солени кикиритки

200 гр мелени бисквити

100 гр чоколадо за прелив

Неколку капки масло

Подготовка:

Загрејте го маргаринот на водена пареа и почекајте додека се стопи.

Јајцата и шеќерот изматете ги добро и додадете ги во маргаринот.

Загревајте се додека шеќерот не се стопи, додадете какао, чоколадо, полека мешајте и додадете ги кикиритките, бисквитите и сусамот.

Калап-тепсијата подмачкајте ја со неколку капки масло и топлата смеса префрлете ја внатре. Почекајте да се стегне смесата, па додадете го чоколадниот прелив на крај. Се сече на парчиња и се служи со кафе или чај.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2014 во 19:09

ЧОКОЛАДНА УЖИВАНЦИЈА

26

Потребни состојки:
500 гр бисквити (за обложување на садот)
10 јајца
100 гр шеќер во прав
250 гр црна чоколада за готвење
250 гр бела чоколада за готвење
(јас ставив по 300гр и црна и бела чоколада, нели по 3 чоколада од секое)
500 мл млеко
1 маргарин
500 гр мелени бисквити
200 мл слатка павлака (за декорација – јас декорирав со шлаг, повкусно ми е така)
50 мл вода и 100 гр шеќер – за шербет.

Постапка:
Јајцата се кршат и се делат белките од жолчките. Во садот со жолчките се додава шеќерот во прав и се мати. Во тенџере на оган се става половина од млекото (250мл), се додаваат изматените жолчки и се меша со лажица – да се добие крем. Откако кремот ќе ја добие потребната густина, се трга од оган. Притоа, внимавајте да не го преварите!
Кремот треба убаво да се излади, а потоа во него се додаваат мелените бисквити и се мати со миксер за смесата убаво да се соедини. (Јас додадов и една ќесичка ванилин шеќер)
Во друг сад се мати маргаринот – убаво да се избие. Во маргаринот се додава кремот со бисквитите и повторно се мати со миксер.

Во две тенџериња на оган се растопуваат чоколадите, посебно белата, посебно црната. Во трето тенџере се става водата и шеќерот за да се направи шербетот.
Белките кои претходно ги одделивме, се матат и во многу тенок млаз, внимателно, се додава врелиот шербет и се мати. Во овој сад со белките и шербетот се додава смесата од садот со маргаринот, кремот и бисквитите. Се мати додека смесата не се соедини. Добиената смеса се дели на половина, во едната половина се става растопената бела чоколада, во другата, растопената црна чоколада и се мати.

Калапот (може да биде во различна форма, во рецептот беше во форма на срце, но може да се направи во било која форма. Јас ја направив тортата во калап во форма на квадар) се обложува со најлонска фолија за да може без проблем да ја префрлите во сад за торта.
Бисквитите се макаат во преостанатото млеко и се редат во калапот – и долниот дел од калапот и по страните. Во калапот се става прво темната смеса (препорачливо е неколку минути да постои во фрижидер за да се стегни), а потоа и белата смеса. Откако ќе ги ставите смесите, и горниот дел го редите со бисквити.

Тортата се става во замрзнувач за да се стегне убаво. Потоа може да ја декорирате по желба со слатка павлака или со шлаг.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2014 во 16:55

ЧОКОЛАДНА ТОРТА СО БАНАНИ

10
Состојки за тестото:
200гр путер, растопен
100гр шеќер
2 јајца
1 лажица ванилин шеќер
100гр слатка павлака
околу 20гр брашно
1/2 лажиче сода бикарбона
1 чоколадо за готвење, изрендано
2-3 изгрмечени банани

Состојќи за филот:
1/2гр растопен путер
200гр шеќер во прав
1 чоколадо за готвење, растопено

Подготовка на тестото:

1. Рерната претходно се загрева на 150-200°C. Подмачкајте го тавчето со путер.
2. Со миксер добро изработете го путерот и шеќерот.
3. Додадете ги јајцата, едно по едно, во ванилата и слатката павлака.
4. Измешајте ги брашното, содата бикарбоната и чоколадото. Полека додадете ги во смесата со путер и банани. Мешајте додека смесата не се изедначи.
5. Истурете ја во тавчето и печете околу 30 минути. Проверете со чепкалка за заби дали тестото е печено, доколку не се лепи значи дека е готово.

Приготовка на филот:
1. Обработете го маргаринот до течна состојба.
2. Постепено додавајте го шеќерот во прав и растопеното чоколадо, мешајте додека не се изедначи.
3. Истурете го филот врз разладеното тесто и нежно размачкајте го. Украсете ја тортата со парчиња банана.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2014 во 16:07

КАПРИ ТОРТА

2

Потребни состојки:

10 јајца

450 гр шеќер

150 гр шеќер во прав
 
4 ќесички ванилин шеќер
 
60 гр густин
 
500 мл млеко
 
250 гр маргарин
 
600 гр јагоди (замрзнати)
 
3 ќесички пудинг од ванила
 
1 ќесичка пудинг од јагода
 
200 гр чоколадо за готвење
 
4 ќесички шлаг
 
хартија за печење

Во две чинии одделете ги белките од жолчките.

Подготовка на кора:

Со миксер изработете ги белките додека не добиете пенаста смеса, а потоа постепено додавајте 150 гр шеќер. Рерната загрејте ја на 150 степени. Тавчето обложете го со хартија за печење, можете малку да ја намачкате со зејтин.  Истурете ги белките и печете ги 1 час на 150 степени, така што повеќе да се сушат отколку да се испечат.

Подготовка на чоколаден прелив:

Растопете 200 гр чоколадо за готвење и истурет го врз испечената кора од белки. Оставете да се олади и ставете ја во фрижидер.

Фил1:

10те жолчки изработете ги со миксер со 100 гр шеќер, додадете ги  4те ванили, густинот и 1 пудинг од ванила. Згрејте пола литар млеко и постепено во него додавајте ги жолчките. Постојано мешајте за да не настанат грутки, треба да добиете густа смеса. Оставете го филот да се олади.Со миксер изработете го маргаринот, постепено додавајте го шеќерот во прав, а потоа и изладениот фил со жолчки.  Ставете ја смесата во фрижидер.Доколку се појават грутки уште еднаш изработете ја смесата со миксер, пред нанесување.

Фил  2:

Во сад за готвење ставете 1 чаша вода и 200 гр шеќер. Остевете ги да повријат и додадете ги јагодите.  Кога ќе зовријат додадете 2 ќесички пудинг од ванила и 1 ќесичка пудинг од јагода (пудинзите пред да ги додадете во смесата со јагоди, посебно измешајте ги со малку вода и внимавајте да не се создадат грутки). Оставете го филот да се олади.

Откако кората и филовите ќе се оладат, започнете со филување. На кората првин се нанесува жолтиот, па црвениот фил, а најгоре ставете го шлагот.Декорирајте со јагоди, вишни или чоколадни мрвици.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2014 во 15:55

ЧОКОЛАДНА БАКЛАВА

7

Состојки:

  • 500 гр. кори за баклава
  • 300 гр. ореви пола сецкани; пола мелени
  • 300 гр. чоколадо за готвење рендано
  • 250 гр. путер несолен
  • 1 лажичка цимет
  • морско оревче

Шербет

  • 800 гр. шеќер
  • 600 гр. вода
  • 0,5 лимон цеден

Подготовка:

 Во ренданата чоколада се додава циметот. Се зема една кора и се превиткува на пола. На неа се наросува една супена лажица рендани ореви, една супена лажица мелени ореви и две супени лажици рендана чоколада. Потоа кората се витка во тесен ролат. Се повторува постапката со сите кори кои се редат во подмачкано плехче. Баклавата се сече на димензија околу 6cm  и се прелива со растопениот путер. Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20-тина минути, додека добие златно жолта боја.  Испечената баклава се вади од рерната и над неа се попрскува малку морско оревче. Се остава да се олади и се прелива со топол шербет. Се покрива со фолија и се препорачува да преседи преку ноќ за доволно да се впие шербетот и да биде спремна за служење.

Припрема на шербетот:

Се ставаат шекерот и водата да вријат околу 10 – тина минути. Се додава сокот од лимон и рендана кора од лимон и се остава да вари уште 2 минути. Се остава да олади околу 5 минути пред да се прелие баклавата.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2014 во 19:10
НЕОДОЛИВА МОКА ТОРТА

Оваа торта ќе ги исполни сите ваши сетила и ќе ги задоволи вашите потреби за благо, но и за омиленото кафе.

Состојки:
● 360гр брашно
● 200гр шеќер
● 110гр путер
● 3 јајца
● 0,5 дл сварено концентрирано незасладено црно кафе
● 1 кесичка прашок за пециво
● сол

Прелив:
● 220 гр чоколадо за готвење
● 220 гр слатка павлака

Подготовка:

Торта: растопете 100 гр путер на тивок оган. Скршете ги јајцата во еден сад и сматете ги со шеќерот така да добиете пенеста смеса. Додадете им го разладениот путер, малку сол, свереното кафе, 350 гр брашно и прашокот за пециво. Добиената смеса прелијте ја во однапред замастено со путер и наросено со брашно плехче со пречник од 18-20 цм и печете околу 1 час во рерна загреана на 180 Целзиусови степени. Исклучете ја рерната, а тортата оставете ја во рерна уште 5 минути а потоа извадете ја.

Прелив: исецкајте го чоколадото. Загрејте ја павлаката до вриење, па прелијте ја со чоколадото. Оставете ги да отстојат неколку минути, а потоа промешајте за да добиете хомогена смеса. Оставете го преливот да се олади, а потоа премачкајте го врз тортата.

Добар апетит!


Изменето од Valerija - 09.Април.2014 во 19:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2014 во 09:16

ЧОКОЛАДНИ ЕКЛЕРИ

19

Потребни состојки:

Тесто:

- 80 грама брашно
- 40 грама путер
- 2 големи јајца
- 125 милилитри вода
- 10 грама шеќер
- 10 грама какао во прав
- сосема малку сол

Фил:

- 100 грама чоколадо
- 250 милилитри млеко
- 1 лажица брашно
- 30 грама шеќер во прав
- 2 жолчки
- шеќер за шлагот

Подготовка:

1. Вклучете ја рерната на температура од 180 степени Целзиусови. Во тенџере на оган ставете ја водата, додадете го путерот, шеќерот и солта и почекајте да зоврие.

2. Тргнете го тенџерето од оган и во истото додадете го брашното и какаото во прав. Вратете го тенџерето на потивок оган и мешајте го тестото со дрвена лажица се додека истото не се стврдне, околу пет минути. Знак дека сте при кај со подготовката е одвојувањето на тестото од дното на садот.

3. Оставете го тестото да се олади, па додадете ги јајцата, едно по едно, притоа постојано мешајќи. Тавата за печење обложете ја со хартија за печење. Со мала лажица земајте малечки парчиња од тестото и поставете ги на тавата, на соодветно растојание едно од друго. Печете го тестото околу 30 минути, без притоа да ја отворате рерната.

4. Стопете го чоколадото во млеко на тивок оган. Во сад измешајте ги и јајцата, шеќерот и брашното, а потоа, постојано мешајќи, полека додадете го и чоколадното млеко. Оставете го филот да се олади.

5. Откако тестото ќе се излади, секое од парчињата пресечете го на половина, така што да може во средината да се стави од филот, како што е прикажано на сликата. На крајот, секој од еклерите можете да ги украсите со чоколаден прелив, шеќер во прав или шлаг, според вашиот вкус.

На самиот крај, се што ви преостанува е да уживате во вкусниот десерт!


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2014 во 09:14

КРЕМИСИМО СО КЕКСИ

17

Состојки:

Приготвување:
1. Се мешаат жолчките и шеќерот во прав па се матат на пареа. Се додава скршеното чоколадо и се меша додека не се стопи.
2. Во изладениот крем се додава пенесто изматен маргарин и се меша. На крајот се додаваат мелените кекси и полека се промешува.
3. Посебно се матат белките во цврст снег, а потоа постепено се додава шеќер и се мати со миксер додека не се стопи.
4. Се меша кремата од чоколадо со шамот од белки и полека се промешува.
5. Добиената крема се дели на два дела. Од едниот дел се пече кора, а другиот дел се остава за крем.
6. Тркалезен калап за торта се обложува со хартија за печење па се става 1/3 од смесата за кората. Се пече во загреана рерна на 200 ºЦ околу 20 мин. На ист начин од преостанатиот материјал се печат уште две кори.
7. Првата кора се премачкува со половина од оставената смеса за крем и се преклопува со другата кора. Истата постапка се повторува уште еднаш.

8. Крем шлагот од чоколадо се мати со млекото и се премачкува тортата.



Изменето од Valerija - 08.Април.2014 во 09:15
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 56>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.