![]() |
|
Преговори за името |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1516171819 184> |
Автор | ||||
Zlatnik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Моите мисли секогаш ги изразувам со јасни, обично недвосмислени зборови. Токму затоа јасно и гласно кажувам дека не се согласувам да влеземе во ЕУ под услов да си го промениме името. Па макар да живееме и посиромашки. За разлика од мене, за тебе (и некои други) позначајно од националната чест, националната гордост, повредно од зачувување на националните вредности (јазик, идентитет, култура ... нешта за кои се бореле генерации наши претци), повредно од колективниот но и личниот дигнитет ... ти се парите! Зарем самиот тоа не го призна овде:
Токму затоа јас ти го реков тоа што го спомнуваш овде:
Како поинаку да се нарече некој, кој „заради пари и подобар живот сака во ЕУ“? Па и по цена да му се избрише идентитетот! Не би сакал со додатни пишувања да патам од дон-кихотовски комплекс. Затоа, а и за да не се нервираш многу кога ќе се вклучиш на форумов, ти велам ![]() |
||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||
![]() |
||||
којсумјас ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
О ти Златниче златен...
мислиш дека ако ги завиткаш зборовите во обланди... ќе бидат помалку вулгарни од оние што јас ќе ги зборам... а што ќе спинуваш за ова бре...
А бе Златник... почнуваш да ме замараш бре со пубертетски спинови... а бе не бегај од тоа што си го рекол... а си го рекол... и си го мислел... имај муда и застани зад своите зборови...
О ти... сите се борат за подобар живот... а подобар живот најчесто значи повеќе пари... а ЕУ колку толку можеби ќе ни го овозможи тоа ОК... или кажи АЛТЕРНАТИВА бре.... О ти, не лупетај бре глупости... па владава наша преговара ли со години со Грција... за што преговараат, за лижавчиња ли... ![]() за заедничко решение што подразбира и можна промена на името... за целосна употреба... за делумна употреба... за билатерална употраба... тие што преговараат знаат што се' е на маса... па нели е речено и дека ако има промена на името, тоа ќе оди на референдум... што бре тебе тука не ти е јасно... ![]() или тебе ништо друго освен твоето не ти е јасно... |
||||
![]() |
||||
Zlatnik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Не, јас не сум рекол тоа. Еве види кој рекол:
Е алооо де ... Дали сега самиот виде зошто имаме различни мислења? Јас цело време „крекам“ дека не треба да си го даваме името за пари, ама ти (и некои други) не се согласувате со тоа. Сакате повеќе пари и, за таа „света“ цел прифаќате промена на име. Р.Ѕ. Се извинувам што користам разни бои, но морам да нагласам кои делови од текстот треба да се споредат. За повторно да не бидам грешно разбран. |
||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||
![]() |
||||
којсумјас ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Ајде бе добро Меси... ако толку ти е кеиф... ние сме глупи и мислиме дека одеднаш во Македонија ќе протече мед и млеко... само ако не примат во ЕУ... толку ни сече паметот... толку разбираме од животот... што да правиме, пусто неписмено племе што ништо не разбира... мора другите да ни кажат што е добро за нас... П.С. Барем еден од вас поддржувачи на идејата против ЕУ... еднаш... да кажеше која е алтернативата... и како државата ќе изгледа после 10-15 години... според вашата визија... ако воопшто ја имате... Изменето од којсумјас - 04.Јуни.2013 во 08:27 |
||||
![]() |
||||
којсумјас ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
До Златник...
Ти викам = велам (заб. којсумјас) дека Скопски сленг подеднакво може да се користи како и другите дијалекти низ Македонија, акои ги има и на форумов... Тоа што не знаеш да читаш меѓу редови, ти продуцира гламурозни изјави од типот "кардинална јазична грешка"... не заебавај, се посрамотив од грешката... ![]() За да не држиш предавања по литературен македонски јазик, стилски фигури и слично... ќе ти посочам повторно, а ти читај како што пишува, не како што ти одговара... ако сакаш да кажеш дека......
А јас сега повторно ќе те те цитирам...
Пошто метафорички и фигуративно се изразуваш... ти објасни ми што си сакал да кажеш... не ми држи бре предавања по македонски јазик и изразување... ние, газиме по честа, угледот, маката и животот на државата ли бре... ![]() а бе ти мене и тие кои мислат како мене ме правиш предавник... без чест, без морал... во неколку постови претходно ми кажуваш... дека таквите како нас се продавале за пари... да не речеш сме курви кои за пари ќе го продадат името... само затоа што мислам различно од тебе и таквите како тебе... па после ќе ми кажуваш дека погрешно сум разбрал... ![]() Изменето од којсумјас - 04.Јуни.2013 во 08:14 |
||||
![]() |
||||
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Како прво, никој не избегал од Македонија. Како второ, фала богу и во Македонија има луѓе кои знаат дека нема да потече мед и млеко ако Македонија влезе во ЕУ. Не мора да се живее надвор од Македонија за да се научат економските и политичките односи меѓу државите. На крајот, темата не се македонците кои живеат во дијаспората. Не знам дали не дочитуваш или пребрзуваш со репликите бидејќи доколку читаше внимателно ќе забележеше дека јас говорам за СИТЕ македонци, без обзир каде живеат:
Изменето од Messenger - 03.Јуни.2013 во 22:00 |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
![]() |
||||
Zlatnik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Овој цитат многу кажува за тенденциозноста со која настапуваш. Кога за поправката на една оваква кардинална јазична грешка тврдиш дека си во право, тогаш што остана за некоја друга тема каде има простор за дискусија? Тебе очигледно не ти е дојдено до развивање на една дискусија низ која со аргуметни ќе ги спротивставуваме нашите ставови, туку очигледно ти е до тврдоглаво инатење. Затоа мислам дека доколку продолжиш со овој начин, би било илузорно да се продолжи било каква понатаможна дискусија на оваа тема.
Овој цитат само го потврдува мојот сомнеж дека ти од моите правилно изнесени размислувања донесуваш погрешни заклучоци. Некако премногу често го правиш ова за да биде случајна грешка. Очигледно е дека ти навистина се погрешно разбираш. Како ли само заклучи, по тоа што реков „ ... некои од нас се решаваат ... “ дека и јас сум еден од нив?! Па добро, како поинаку да кажам дека некои од нас македонците кои се решаваат ...“ Да сакав да кажам за себе, ќе речев „кога јас се решив...“ И кога сме кај тие „кои се во потрага по подобар живот...“, пак ќе речам, тие директно не придонесуваат за уништувањето на македонците, за разлика од вас кои сте ОВДЕ*. *- Со оглед на вашиот, досега често пати виден, капацитет за толкување на (моите) зборови, ова го пишав со големи букви за да не бидете во заблуда каде сум. Да бев како што вие мислите, ќе пишев: „за разлика од вас ТАМУ.“ Се надевам дека барем сега ќе бидам правилно разбран! А за ова пак ептен се запрепастив и, просто не поверував дека го читам!
Ете како може твоето погрешно сфаќање да внесе погрешно перцепирање! Зарем ти досега не си сретнал некој друг или самиот ти да си бил во ситуација кога за одредена општа работа, се изразуваш во второ лице еднина. Пример, кога некој прави муабет за ... еве да речеме испраќање на војници во НАТО, нормално е за таа општа појава да рече: „Како би ти било да отидеш да војуваш за некои туѓи интереси?“ Секако, сигурно притоа не мисли навистина на тебе. Тоа е еден вид фигуративно изразување. Е сега, ако ти тоа навистина го сфаќаш како тебе да ти се обраќа, како во мојот пример со куќата ... тогаш, навистина не гледам причина за понатамошна дискусија. Оти, како што оди работава, можам и ќотекот да го извадам. ![]() Р.Ѕ. Се надевам (и го замолувам) модераторот да не го отстранува овој пост иако е целосно надвор од темата. Едноставно морав да дадам објаснување за некои работи за кои сум обвинуван од луѓе кои имаат сосема подруги погледи на светот, односно кои (случајно или намерно, незнам) имаат некои тенденциозни (па дури и заканувачки ![]() |
||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||
![]() |
||||
којсумјас ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
...кој знае, можеби и ние ќе бидеме како кокошката која бегала пред петелот... па си мислела во себе дека ако не бега ќе испадне курва... ама кога подобро размислила сфатила дека ако избега, ќе остане неебана... и така си нашла соломонско решение... се сопнала... ![]()
Златен тој, Златник... ако сакаш да кажеш дека и ти си од оние кои фаќаат магла по белиот свет... а потоа ни ја продаваат нас останатите дома... тогаш многу работи се појасни... вие,фаќачите на магла, во потрага по подобар живот заминувате таму каде мислите дека ќе ви биде најдобро... очигледно не мислите дека може да ви биде најдобро тука во РМ... ама мислите дека треба нас да ни кажувате дека ни е најдобро во РМ... сигурен сум дека знаеш што биле јаничари... некои фаќачи на магла многу ме потсетуваат на нив...
За вакви тешки зборови, г-дин Златник... оние кои како мене растеле по Скопските улици, би побарале длабоко извинување... а ако не би го добиле... дотичниот кој ги изговорил не би поминал баш најдобро... и неколку пати избришав тоа што сакав да ти го кажам, ептен вулгарно дури и за мене би било... па ај ќе речам дека е симболично-во-занес-без памет-и совест кажано... јер размисли малку кој е оној што си отишол од куќата... и за кого таткото ја правел куќата... за себе... за само едно дете.. за сите деца... или пак да зјае празна... Изменето од којсумјас - 03.Јуни.2013 во 15:01 |
||||
![]() |
||||
Alekxandar ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Златник секој има свој став и мислење и тоа го ценам,но би те запрашал како ти ја гледаш Македонија по 10 години од сега доколку не се интегрираме во Нато и ЕУ..??
|
||||
![]() |
||||
Zlatnik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
... којзнае, можеби за покажаната сервилност, ќе ни’ дозволат да им се наместиме како ние сакаме. За помалку да не’ боли! ![]() Кога некои работи не се согледуваат или кога не се сака да се согледаат или пак се согледуваат ама не се сака да се признае за тоа, тогаш спротивното секогаш е погрешно. Ако ти моите ставови ги сметаш за контрадикторни или несоодветни („сакам да кажам, а незнам да речам“) тогаш навистина со некој од нас не е во ред. Еве, за да не ме сфатиш погрешно, прв прифаќам дека ќе побарам помош од стручни лица! ![]() Иако оксиморонството е можам да речам вид уметност и, би бил горд ако умеам да ја совладам, сепак тука не се работи за никакво оксиморонство. Иако убаво читаш, сепак повторно извртуваш зборови. Очигледно (намерно?! ![]() Ајде Јово - наново! - Во некои земји на ЕУ е прекрасно да се живее. - Ние тоа го посакуваме. - Тие нема да ни’ го дозволат. (ни под услов да си го смениме името) Но, сепак (хипотетички), доколку ни’ дозволат без промена на име да станеме членка - во ред е. Се согласувам*. Незнам што има толку комплицирано да се разбере сето ова?! Затоа некои од нас се решаваат да заминат од тука. Тие, во потрага по подобар живот, не сакајќи (барем не директно**) да ја уништат Македонија, заминуваат таму каде мислат дека ќе им биде најдобро. Зошто и вие не го направите тоа, туку сакате, заради вашиот ќеиф, да го смените името на државава? Ова ќе се обидам да го претставам со попластичен пример, за да повторно не бидам поинаку сфатен. Татко ти направил куќа, ама тебе не ти се допаѓа, па сега сакаш да ја продадеш. Тоа би било во ред ако и татко ти го сака истото. Но, доколку тој не сака, ти си заминуваш од дома. Не татко ти! Е, вие, кои сте за промена на името, го правите токму ова. Газите врз честа, угледот, маката, па ако сакате и животот на татко ви! *- Иако и тука има простор за дискусија, како на пример обврска од донесување закони кои се контраверзни на нашите поимања на животот. За пример би издвоил еве, само закон за брак меѓу педери и лезбејки и за нивно посвојување деца. **-А индиректно - да. Ако сите заминеме во странство, тогаш нема да не’ има како македонци. |
||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||
![]() |
||||
LiDivio ![]() Модератор ![]() Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Да, ама тие не избегале во ЕУ, туку ууууууште подалеку... Канада, САД, Австралија...
![]() Стварно и јас забележав дека оние кои збришале од МК се против влез во ЕУ, ни еден не е ЗА... ![]() ![]() http://www.youtube.com/watch?v=A3yCcXgbKrE ![]() Изменето од LiDivio - 03.Јуни.2013 во 09:21 |
||||
![]() |
||||
којсумјас ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Златниче златен... ти сакаш да збориш дека ЕУ не е добра за нас... дека ќе не ебаваат како стигнат... ама од друга страна... никогаш директно не си рекол дека во ЕУ не е убаво... ти сакаш да кажеш... ама не знаеш да речеш... ќе ти помогнам... грозотиите во прекрасната ЕУ... е она што сакаш да ни го кажеш... оксиморон... ![]() Изменето од којсумјас - 03.Јуни.2013 во 08:53 |
||||
![]() |
||||
којсумјас ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Она што јас го забележувам...
е дека сите оние кои избегале од Македонија... се упорни поддржувачи на тезата... дека ќе ни биде подобро ако не влеземе во ЕУ... што би рекле... не ме гледај што правам... туку слушај што зборам... лицемерие бре... |
||||
![]() |
||||
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Оноа што го забележувам кај скоро сите подржувачи за влез во ЕУ, со кои доаѓам во разговор, е нивното сериозно убедување дека одеднаш во Македонија платите ќе станат како оние во Германија-Франција-Англија-Шведска... инвестиции ќе вјасаат во републикава, а европските банки ќе се истурат давање пари. Небаре сите оние европски држави се некакви алтруисти кои од чист ќејф едвам чекаат да не посипат со богатство. ![]() |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1516171819 184> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |