IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 157>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јануари.2016 во 10:02

ЗИМСКИ ХОРОСКОП: ОД ОВЕНОТ СЕ БАРА ПРОМЕНА, НА ЛАВОТ МУ СЕ СМЕШКА ЉУБОВ…

6

Еве што носат зимските денови на крајот од оваа и почетокот на идната година.

Овен

Пред нас е уште една зима која Овните ќе ги учи на трпение. Може во одредени моменти ќе пукате по шевовите, но се се учи, додуша на потешкиот начин. Внимавајте на крвниот притисок. Многу ќе ви значи признанието од другите луѓе, бидејќи се случува тоа да ви бида најбитното огледало. Негативните коментари може да ве исфрлат од колосек, но ѕвездите ви шепотат да не се предавате туку секогаш да поведете разговор на таа тема. Подготовката на време води кон нови победи па овие препреки прескокнете ги уште во првите денови на зимата. Интуицијата ќе ви биде поизразена од порано, а на испит е и вашата филозофија на живот, бидејќи од вас веќе подолго време се бара промена.

Бик

Овој земјен знак поминува доста работно низ самиот почеток на зимата, но подоцна ќе се дружи и забавува. Примапри за овој знак во периодот пред нас е дека ќе работи повеќе од обично. На полето на љубовта кое е доста изразено кај Бикот зимата може да донесе голема љубовна приказна. Може да се случи толку многу да се вљубат што ќе ја изгубат главата бидејќи ќе сретнат личност која може за нив да биде фатална. Овде единствено Сатурн може да ја доведе ситуацијата во баланс и да не дозволи претерано да се велича нешто што всушност не е толку силно. Не наѕира голем тест па подгответе се да го полозите. Дружењето е многу битно за вас оваа зима, па искористете го зимскиот годишен одмор убаво да си поминете во одбран круг на луѓе.

Близнаци

Малку полош период се гледа пред вас бидејќи вашата планета МерК*р има разронето достоинство. Сите оние шеги и приказни веќе не поминуваат кај луѓето во вашата околина. Потребно ви е големо отрезнување. Веќе имавте вакви аспекти и тоа за вас не е ништо ново. Полното петто поле ве потсетува дека сепак не сте сами и дека можете да очекувате поддршка од партнерот. Многумина од вас не ги држи место и едноставно морате да се занимавате со некакво хоби додека не видите каде води тоа.

Рак

Се стекнува впечаток дека негативните вибрации ви доаѓаат од партнерот и дека тоа се рефлектира на вашата работа.Морате да научите да се носите со предизвикот и да сфатите дека не треба да се преиспитувате туку едноставно да промените некои работи. Имате одлични идеи кои можете да ги искористите во овој зимски период. Внимавајте на помладите машки личности кои може да направат лоѓа атмосфера во вашиот дом со своите постапки. Внимавајте на родителите бидејќи може да бидат сериозно здравствено загрозени. Вам тоа нема да ви падне тешко бидејќи по пророда сте пожртвувани и најголема „мајка“ во своето семејство.

Лав

Ви се смешка период на силна љубовна врска. Прво ќе се вљубите, па потоа ќе почнете да работите со полна пареа на деловен план. Се разбира ќе имате прилика убаво да си поминете за новогодишните празници и тоа на величенствен начин-онака како што вие најдобро умеете. Самиот почеток на годината носи повеќе пари бидејќи дојде часот за наплата, се разбира, во ваша корист.Морате да се чувате од излив на бес од една личност од машки пол. Вие тоа секако нема да го дозволите, бидејќи навреме ќе согледате некои работи. Можеби одненадеж ќе отпатувате. Така е најдобро бидејќи планот не ви донесува ништо посебно. Ќе се почувствувате автентични во своите одлуки.

Девица

Ќе бидете доста среќни на полето на финансиите. Добивката на тоа поле е неминовна. Ќе имате брилијантни идеи и вашиот остар ум може да ве доведе до голем успех на професионален план, посебно ако имате приватен бизнис. Ќе имате доста изненадувања од страна на партнерот. Ваша одлична особина ќе е тоа што страствено ги завршувате работите без некој да ви спомнува било какви рокови. Тоа е вашата тајна која другите се обидуваат да ја копираат.

Вага

Во текот на зимскиот период ќе ве мачи „глад“ на повеќе начини-не само што ќе сакате да уживате во храната повеќе отколку обично, туку ќе имате и порив да заработувате повеќе. Вашето второ поле доста нагласено дава во прилог на претходно реченото. Советот за вас е да се откажете од некое залче бидејќи ќе ставите неколку килограми повеќе. Свеста ви е свртена кон претприемништво, па тука можете да очекувате поволна ситуација која би било добро да ги искористите. Аспектот на тој сегмент говори дека сте насочени кон нешто што долго го чекавте, па можете да имате прекрасни идеи кои ќе ги преточите во нешто мошне корисно.

Скорпија

Вашиот знак има доста предизвикувачки перспективи. Ќе имате енергија повеќе отколку обично, па би било добро што повеќе да се занимавате со зимски спортови. Ќе бидене неодиливи за спротивниот пол. Можно е да имате љубовна врска. Мислите ќе ви ги обземе личност од состството или која е во ваша близина. Ве очекуваат и мали проблеми со финансиите, бидејќи Сатурн прави таква енергија во полето на парите токму кај вас. Сето тоа ќе помине, па научете како да се носите со оваа енергија бидејќи е можно да се повтори во овој циклус. Се свртувате кон домот и семејството заштитнички бидејќи се плашите дена не баш се во најдобар ред. Без грижа можете да се решите од таа функција бидејќи сте предодредени повеќе да се занимавате со финансии отколку со семејсни нешта.

Стрелец

Се водите според интуицијата како да заработите пари. Ќе ви послужи во овој зимски период. Понекогаш ви се чини дека не е толку пријатна ситуацијата низ која минувате, но повторно преовладува оној оптимистички дух како кај ниеден знак од хороскопот. Ѕвездите предупредуваат на можни тајни непријатели кои ќе посакаат дел од вашиот колач. Љубоморните противници ќе се обидуваат да се надмудруваат со вас, па и ако загубите некогаш сфатете го тоа како уште еден предизвик. Старата поговорка има едно начело: Памтете, па вратете.

Јарец

Вие од јануари ќе тежнеете да ги заокружите нештата во својот живот. Ќе имате позитивна енергија, па ќе имате повеќе елан и оптимизам од обично. Искористете го тоа на продуктивен начин бидејќи така ќе ги намалите тензиите во своето опкружување. Темите кои најмногу ќе ви одговараат се пари од клиенти или од други луѓе бидејќи преку работата можете да добиете одлична сатисфакција. Предупредувањата на полето на здравјето ве мотивира да не го запоставувате тој сегмент од вашиот хороскоп бидејќи имате можност тоа лично да го решите токму во зимскиот период. Сите одлуки зависат исклучиво од вас.

Водолија

Она што е актуелно кај вас е можноста за стекнување пари преку пријателски врски и често дружење. Можете да имате поддржка преку шефовите, а особено од лиичност од машки пол кој е доста успешен во работата со која се занимава. Ќе ви пренесе вештини преку кои брзо ќе заземете добра позиција на работното место. Потрудете се тоа да го постигнете бидејќи секоја одлука не зависи од некој друг, туку исклучиво од самите вас. Темите за љубов доаѓаат малку подоцна на ред во вашиот живот бидејќи постојат приоритети.

Риби

Знакот на вечните тајни има можност да почека малку на некои битни нешта, а моментално можат да се одморат за да бидат орни за нови победи. Можно е да заработите пари по извесно време или преку некого во странство, а секако дека сте поврзани со тоа поле кое директно се одразува на вашиот џеб. Нема да има кусок, но се бара разработка на добар план за да се дојде до конкретен успех. Се разбира, ни парите од клиентите во вистинскиот момент нема да недостигаат, бидејќи тоа е жетва од деловните потфати од претходниот период.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јануари.2016 во 10:01

ТРИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ХОРОСКОПОТ КОИ СЕ ПОЗНАТИ КАКО ВИСТИНСКИ НЕСРЕЌНИЦИ И БАКСУЗИ

9

Девица – Родените во знакот на хороскопскиот знак Девица се познати по својот перфекционизам. Умеат да решат туѓи проблеми, но кога треба да одлучат сопствените, не знаат како да постапат. Во тешка ситуација брзо паѓаат во паника, нервозни се, а во овие моменти чистењето е единственото нешто што може да им помогне да ги намалат тензиите. Или токму на емоционален и љубовен план ги подредиле своите приоритети и ги следат и судбината им нуди уште еден непријатен тест. Во животот морале да се борат против нешто да го поправат и секогаш тоа се случува со леснотија.

Вага – Вагата спаѓа во листата на овие знаци на кои судбината често им ја манифестира својата неправда. Претставниците на овој знак го сакаат балансот и внатрешниот мир. Во напнати моменти прво дејствуваат, а потоа ја размислуваат ситуацијата. Секогаш чепкаат во проблемот, а не го бараат неговото решение кое ги меша уште повеќе работите околу нив и им носи уште повеќе проблеми.

Риби – Ако некој може лесно да падне во лоша ситуација, тогаш тоа ќе биде претставник на хороскопскиот знак Риби. Вечните сонувачи тешко се поврзуваат со реалноста и можеби затоа ги привлекуваат кон себе несреќите. За нив животот и сè што ги опкружува треба да е совршено. Затоа рибите секогаш се обидуваат да се спротивстават на реалноста. Општо земено претставниците на овој знак ја манифестираат често својата емоционалност, што ги тера да реагираат неодговорно и да запаѓаат во тешки ситуации.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јануари.2016 во 10:01

АСТРОЛОШКИТЕ ЗНАЦИ И СТРАВОТ: БИКОТ СЕ ПЛАШИ ОД СИРОМАШТИЈА, А ЛАВОТ ОД ПРЕДАВСТВО

8

Овен – Страв од ропство

Овните се луѓе кои не е лесно да ги заплашите затоа што секое застрашување делува како предизвик за нивната вродена храброст. Од време на време Овните стануваат свесни за брзината со која минува времето и затоа често се плашат од старост, губење на телесната сила и моќ.

На психолошки план, Овните се плашат да не бидат игнорирани од околината и ако нивниот труд остане непризнаен.

Во секој Овен постои потсвесен страв од затворање или било какво ограничување на физичката слобода, што кај претставничките на понежниот пол претставува главна препрека за неконтролирано изливање на огнениот темперамент.

За Овните е својствено на стравот да реагираат насилно водени од мотото “нападот е најдобра одбрана“.

Бик – Страв од сиромаштија

Добро испланираниот живот кој го водат биковите не остава многу место за стравови. Но, стравот од сиромаштијата, од губење на имот и лични работи е оној кој не ги заобиколува.

Со оглед на тоа дека Биковите мора да контролираат се, овој страв ги прави поспори и претпазливи, па во склоп на тоа се замислуваат за секоја ситуација во која се очекува да постапат брзоплето.

Во својот „имот“ ја вбројуваат и саканата личност, па затоа се вклучува и страв од губење на љубовта. Бикот спаѓа во најљубоморните знаци во зодиакот, што значи немаат самодоверба.

Близнаци – Играта ги штити од страв

Земајќи предвид дека се сфаќаат како игра, Близнаците не се особено плашливи. И ако се уплашат од нешто успешно го прикриваат тоа.

Површните Близнаци се плашат од ситуации кога треба да завземат став или да ја изразат својата волја. Тие чувствуваат страв од сериозни, строги, одлучни и систематични луѓе, кои повеќе ги ценат делата од зборовите.

Ситуација која мириса на авантура или опасност, повеќе ќе ги привлече отколку да ги исплаши.

На психолошко ниво, Близнаците се плашат од старост, затоа што сметаат дека заради тоа би биле приковани на едно исто место и би зависеле од другите.

Но, повеќе се плашат од самотијата и затоа цел живот го поминуваат во настојување да не останат сами со своите збркани мисли.

Рак – Фантазиите ги хранат стравовите

Полесно е да се каже од што НЕ се плашат. Со оглед на тоа дека се многу приврзани за фамилијата и домот, на врвот на листата на стравови на типичните ракови е стравот од распаѓање на семејството.

Самата помисла на развод на бракот, брачна невера, губење или заминување на децата од домот на родителите и слични неволји, предизвикуваат депресија кај Раковите.

Сличен, речиси параноичен страв, покажуваат од преселба, губење или оштетување на домот и постојано замислуваат какви се несреќи би можеле да ги снајдат во домот, а имаат богата фантазија.

Раковите исто така се плашат од злоба, одмазда, предизвикување, караници и несогласување, а голем дел од својот професионален живот поминуваат во страв од надредените.

Лав – Страв од предавништво

Заедно со Овенот, Лавот е веројатно најхрабар член на зодиачката заедница. Правата причина за нивната значајност во општеството се крие во стравот од туѓиот презир, јавен срам или неуспех.

Бидејќи им е важно туѓото мислење, Лавовите изведуваат јуначки дела само за да не излезат кукавици пред другите. Често изведуваат и некои прави подвизи за да се направат важни пред околината.

Лавовите се плашат од  ситуации кои ги водат кон промена на состојбата, особено ако динамиката на промената неможе да се контролира.

Се плашат од можно издавање од пријателите или соработниците, и тој страв често преминува во параноја.

Девица – Страв од неред

Свесни за недостатокот на храброст, Девиците избегнуваат ситуации во кои треба да се однесуваат храбро.

Темелно и долгорочно ги планираат сите можни проблеми и своите реакции на нив, па кога ќе се појави проблем спремно излегуваат со решение.

Ако се работи за непредвидлива ситуација, стравот може потполно да ги блокира. Помислата за живот во неред и нечистотија како и дезорганизација е на листата на стравови кај Девиците.

Цел живот мака мачат со хипохондријата и се плашат да ги изразуваат чувствата.

Вага – Страв од караници

Во потрага по животната хармонија Вагата повремено се соочува со луѓе кои не ги делат нејзините животни вредности. Страв од караници, тепачки, навреди и грубости, самотија и изолираност се примарни стравови кај Вагите.

На интимен план, целиот живот се плашат од љубовно одбивање, разочарување и искористување, но тоа не ги плаши доволно и понатаму влегуваат од една во друга промашена врска.

Попрво би прифатиле живот со некој манијак и перверзник отколку да останат сами.

По Девиците, тие се вториот хипохондричен знак во зодиакот и се плашат од цела колекција на болести, почнувајќи од обична настинка па се до умислување на различни опасни пореметувања.

Скорпија – Страв од немоќ

На прв поглед изгледаат храбро, но позади ладнокрвната маска се крие суштество кое не е баш имуно на стравови, иако сакаат да остават таков впечаток.

Нивен одбранбен механизам е мазохизмот, па затоа и не се плашат од насилство и опасности.

Најизразен е стравот од сексуална полова немоќ, а веднаш потоа следат стравот од старост, зависност од другите и ограничување.

Кај Скорпиите постои и страв од издавање и лажење, а во врска со тоа тие се плашат и од ситуациите каде би можеле да бидат жртва на неверство или раскинување.

Стрелец – Страв од притисок (искористување)

Во својот безгрижен и алтруистички свет, Стрелците пронаоѓаат малку работи кои им влеваат страв.

Сепак кога се наоѓаат во ситуации кога им вршат притисок или им ја ограничуваат слободата, и тогаш овие ведри оптимисти чувствуваат страв.

Не се рамнодушни и кога може да бидат жртви на неправда и насилство. Уште еден постојано присутен страв кај овој огнен знак е стравот од непризнавање на нивна заслуга за некој успех на работа или на друго место, доколку тоа им пречи во понатамошното напредување во хиерархијата.

На психолошки план, кај Стрелците постои страв од општ неред, односно непочитување на законите, а во кризни ситуации Стрелците јасно покажуваат страв од загрозување на демократијата и граѓанската слобода.

Јарец – страв од туѓо мислење

Ладната организираност и ефикасност кај Јарците го прикрива долгиот список на стравови. Секој Јарец, помалку или повеќе пати од имагинарни стравови, кои се резултат на нивната песимистичка природа.

Психолошки гледано Јарците се плашат од сплетки, разочарувања и предавства.

На второ место е сепак стравот од несреќни околности кои по негово верување, влијаат само на него.

Се плашат да не станат мета на потсмев од околината ако направат некој погрешен потег или исказ. Не прифаќаат и се плашат од туѓи шеги во нивно име.

Водолија – Грижа за целиот свет

Водолиите може да се вбројат во храбри знаци. Тие се плашат, но пред се за општото добро.

Се ужасуваат од појави кои се дел од секојдневниот модерен живот како – насилство, злочини, војни, глад, загадување, расна нееднаквост, верски проблеми и други состојби, без разлика дали некако влијаат врз нив.

Водолиите ги мачи и стравот дека еден ден ќе треба да ги напуштат своите идеали и да станат подередени во хиерархискиот систем, а покажуваат и голем страв од постојано врзување за еден партнер.

Риби – Страв од се живо

Дефинитивно најплашливиот знак – збир од стравовите на сите останати знакови. Тука се вклучени: телесно насилство, закани и навреди, самотија и одбегнување, болест и смрт, а посебно се плашат од духови, вампири и други чудовишта.

Во склоп на околината во која живеат се плашат од неред и природни катастрофи, а и обична гужва и галама, предизвикуваат непријатно чувство кое се граничи со паника.

И покрај бројните стравови, Рибите имаат способност за пронаоѓање излез и во најтешките ситуации.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јануари.2016 во 09:59

ЧУДНИ И НЕСФАТЕНИ: КОИ АСТРОЛОШКИ ЗНАЦИ ИМААТ ВОНСЕРИСКИ СПОСОБНОСТИ?

1

Постојат знаци во Зодијакот, кои под влијание на своите планети добиле одредени карактеристики, кои за другите може да бидат во извесна мера неприфатливи или, во најмала рака, несфатливи.

Сепак, кој може да биде соодветен за да тврди кој е нормален, а кој не е? Сепак, овие знаци од Зодијакот важат за по малку чудни.

Водолија

Не го разбирате тој јазик на иднината? И не трудете се. Залудно е. Водолијата има сериозни визии за кои дури по извесно време може да се покаже и дека се навистина реални и остварливи, но дури за неколку децении. Овој знак има високи умствени капацитети. Не би било лошо во вашиот бележник да меморирате некои од нивните идеи, а ако успеете и да ги одгонетнете еве ви шанса да дојдете и до вашето „дрво на кое растат пари“, бидејќи Водолијата тежнее кон тоа да биде сфатена и материјалните нешта не ја интересираат.

Риби

Иако важат за најемотивен знак, Рибите се, во суштина, многу нестабилни. Сепак, нивните визии за иднината се речиси секогаш непогрешливо точни. Тие имаат визионерски и претскажувачки способности. Погледнете ги припадниците на овој знак в очи, и ако нивните очи не се исклучително светли, тогаш мора да се сосема чудни. Бидете сигурни дека нивната интуиција е до тие мери развиена, дека дури и со најубедливите лаги не можете да ги излажете или доведете во заблуда.

Јарец

Овој знак е како Дедо Мраз. Несфатлив е за своето опкружување поради отсуството на реакции и својот имунитет дури и на најдраматичните животни сцени и околности. Главно, луѓето остануваат изненадени од нивниот студен однос. Од друга страна, и покрај сè, постојат луѓе кои што многу ги сакаат. И тоа е тоа што е навистина збунувачки. Значи, за да се сфати што точно чувствува еден Јарец, треба да се имаат натприродни способности.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јануари.2016 во 17:58

ОТКРИЈТЕ КОИ СЕ НАЈУСПЕШНИТЕ ЗНАЦИ ВО ЗОДИЈАКОТ

8

Дали е во прашање положбата на планетите, снаодливоста или разумот, не знаеме, но едно е сигурно, ова се најуспешните знаци во Зодиајкот.

Овен

Тие сакаат да водат и се авторитетни. Тој поседува храброст, одлучност, ентузијазам, самодоверба, динамичност…постојано тера инает и знае да биде користољубив.

Тој ужива во предизвиците и со сета сила се пробива низ истите во животот. Работлив е и секогаш тежнее кон нешто поголемо. Тешко му паѓа кога не е во право, кога нешто ќе погреши или изгуби, и кога не е по негово.

Со своите изјави често знаат да понижат и други за да го добијат тоа што го сакаат, но едно е јасно-не се откажува!

Јарец

Има доминантна природа и затоа ако некој од знаците во зодиакот е роден за шеф, тоа е овој. Одогворен е дисциплиниран и паметен. Амбициозен, истраен и непоколеблив, секогаш оди кон целта.

Во природата им е да се грижат да има добар ред и правилно да се изврши работата.

Фантастично реагираат на притисок, тој не ги бутка, туку им помага да станат подобри.

Ако се потрудат можат да го извлечат најдоброто од другите.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Суада Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Април.2015
Статус: Офлајн
Поени: 311
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Суада Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Декември.2015 во 11:20
Бик сум, кажете ми што ме очекува во животот понатака... Шо ќе напрам во 2016 год. Кажете ми нешто за здравјето и слично. Не ми кажувајте кои карактеристики ги иам и маани, пошто си ги знам.
Доаѓам тука-себеси се брукам...
Ми идИ во глава да си пукам
Хехе
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2015 во 08:16

Што НЕ треба да му подарите на секој хороскопски знак: Овенот не сака загатки, Лавот бижутерија


Веројатно веќе се подготвувате со подароци за најблиските и пријателите, па добро е да знаете што точно да им подарите, но и што да избегнете.

shto-ne-sakaat-horoskopskite-znaci-da-dobijat-kako-podarok-ovenot-ne-saka-zagatki-jarecot-rokovnici-01.jpg

Хороскопот открива што не сакаат хороскопските знаци да добијат за подарок.

Проверете:

Овенот не сака:

Загатки и друштвени игри кои бараат трпение и комбинирање. Дебели книги со детални описи и малку акција. Облека и обувки. Предмети од домаќинството.


Бикот не сака:

Работи чија монтажа и употреба е напорна, неудобна и ги фрустрира. Сè што е скапо за одржување или поправање.


Близнаците не сакаат:

Предмети кои се бескорисни или кои не можат да ги употребат за забава, комуникација или работа. Работи кои бараат редовно и комплицирано одржување, бидејќи ќе заборават да ги одржуваат.


Ракот не сака:

Ладни и метални предмети. Нешто практично без емоционални ноти. Книги од автори од земји кои ги сметаат за непријателски.


Лавот не сака:

Бижутерија. Евтина синтетика, облека од лажни или анонимни брендови.


Девицата не сака:

Нападна облека и модни додатоци. Нешто многу шарено и со силни бои. Изненадувања.

Вагата не сака:

Козметика или облека која не се вклопува во нивниот стил. Работи за куќата чии дизајн или боја се издвојуваат од она што веќе го поседуваат дома.


Скорпијата не сака:

Шарени и детинести работи кои укажуваат на незрелост, тривијални игри, облека со ликови од цртаните филмови или уреди кои наликуваат на играчки. Уште од многу мали години Скорпиите сакаат сериозни работи.


Стрелецот не сака:

Работи кои мораат да се сложуваат и составуваат пред употреба. Прирачници за брачен живот, освен ако не планираат свадба.


Јарецот не сака:

Скапи поклони, бидејќи ги сметаат за обврска. Роковници, бидејќи веројатно веќе имаат неколку. Апстрактни слики или скулптури. Нешто екстравагантно.


Водолијата не сака:

Банални работи и оние за кои не ви била потребна креативност. Предмети од домаќинството и за секојдневна употреба, како чинии, чаши и прибори за јадење.


Рибите не сакаат:

Работи кои имаат симетрични пропорции. Уреди со долги упатства и многу бројки. Прирачници.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2015 во 22:06

КАКО ВИ ПОКАЖУВА ДЕКА Е ГОТОВО СПОРЕД ХОРОСКОПCКИОТ ЗНАК

17

< border="0" ="0" marginheight="0" marginwidth="0" scrolling="no" ="0" ="0" width="100%" id="I0_1451336759754" name="I0_1451336759754" ="https://apis.google.com/se/0/_/+1/fast?usegapi=1&size=medium&count=true&origin=http%3A%2F%2Fpopara.mk&=http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2015%2Fzhivot%2Fljubov-i-seks%2Fkako-vi-pokazhuva-deka-e-gotovo-spored-horoskopckiot-znak%2F&g=3p&ic=1&jsh=m%3B%2F_%2Fscs%2Fapps-static%2F_%2Fjs%2Fk%3Doz.gapi.bg.CxWNfIbqvVE.O%2Fm%3D__features__%2Fam%3DAQ%2Frt%3Dj%2Fd%3D1%2Ft%3Dzcms%2Frs%3DAGLTcCPofviUX6eX0z6qrT284WLIdF2EdA#_methods=onPlusOne%2C_ready%2C_%2C_%2C_resizeMe%2C_renderstart%2Concircled%2Cd%2Ce%2C&id=I0_1451336759754&parent=http%3A%2F%2Fpopara.mk&pfname=&rpctoken=10879010" -gapiattached="true" title="+1" style="margin: 0px; padding: 0px; border-width: 0px; border-style: none; outline: 0px; vertical-align: line; max-width: 100%; : static; top: 0px; width: 90px; left: 0px; visibility: ; height: 20px; : transparent;">

Во прилог ви нудиме мало упатство како секој хороскопски знак се однесува кога нема исти чувства спрема вас.

ОВЕН

Овните не умеат да лажат и тешко им е да одржуваат лажна слика на добра врска. Тоа што го гледате тоа и го добивате.
Ќе ви биде тешко да слушнете дека е крај но барем ќе знаете на што сте.

БИК

Ако бикот престанал да ви носи цвеќе, чоколадо и останати ситници кои порано нон стоп ги правел тоа е знак дека повеќе не е заинтересиран. Впрочем тоа ќе ви стане јасно и поради тоа што повеќе нема да ги чувствувате некогаш долгите и сензуални бакнежи кои сега ќе ги добивате колку да се каже дека ве бакнал.

БЛИЗНАЦИ

Близнаците имаат многу пријатели, но на вас е посветено посебно внимание. Кога тоа нема повеќе да се случува тогаш треба да знаете дека тие го губат интересот за вас.

РАК

Веројатно поминувате поголем дел од времето да го сфатите својот рак. Ако се смее заедно со вас, ако се грижи за вас и е романтичен тогаш и понатаму ги има истите чувства, но ако станува непријатен и негодува додека е со вас тогаш треба да ја прифатите грдата вистина.

ЛАВ

Лавовите се во основа дарежливи и тогаш кога веќе немаат исти чувства спрема вас. Секако тој ќе се потруди да ви ја соопшти вистината, но пред тоа ќе се однесува како специјален пријател со вас.

ДЕВИЦА

Ако девицата го губи својот интерес за вас, прв знак ќе биде што тој ќе биде почесто “болен“.
Некој ден кој на вас ви е важен, тој ќе го расипе со неговата главоболка или стомачен вирус. Оваа состојба ќе продолжи во недоглед. Толку ќе ве исцрпи неговото однесување што на крај вие ќе ја прекинете врската.

ВАГА

Многу е тешко да ја натерате вагата да ви каже кога е готово. Ќе се однесува со вас исто како и секогаш така што нема да знаете дека нешто не е во ред. Исто ќе ве бакнува, милува се додека еден ден не го видите со некоја друга.

ШКОРПИЈА

Бидете внимателни ако имате партнер кој е шкорпија, тој ќе се потруди да направи се да изгледа како да е ваша вина. Тие никогаш не се виновни, секогаш сте вие. Кога ќе престане да ве сака шкорпијата дури и ќе го изгуби апетитот.

СТРEЛЕЦ

Стрелците не се тактични. Мали се шансите дека ќе успеат да скријат нешто од вас, па дури и фактот дека не го интересирате повеќе.

ЈАРЕЦ

Јарците имаат изразено чувство на должност кое се однесува на нивната врска. Тое се во состојба да ја одржуваат врската на исто ниво како на почетокот, и долго откако ќе го загубат интересот за вас.
Нема да ви кажат ништо но поголем дел од времето ќе го поминат на работа или на деловни патувања. Па така ќе знаете дека нешто не е во ред.

ВОДОЛИЈА

Ако сте во врска со водолија тогаш сте најдобри пријатели од самиот почеток на врската. А како најдобар пријател, тој ќе има потреба да ви го соопшти фактот дека повеќе не ве сака

РИБИ

На рибите им е потребно најмногу време за да ви соопштат дека вашата врска е завршена. Тие чувствуваат вина и не сакаат да ве повредат. Во состојба се да изнакажат цел куп на лаги за да се заштитат себе.
Но на крајот лагата ќе исплива на виделина.



Изменето од Valerija - 28.Декември.2015 во 22:06
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2015 во 10:54

Што прави секој хороскопски знак за време на празниците и славите? Водолијата се налева со ракија, Девицата упорно ги чисти флеките


Сезоната на празнични собири и слави веќе на големо е почната, па ако сакате да погодите кој што е во хороскоп, доволно е да ги следите манирите.

sto-pravi-sekoj-horoskopski-znak-za-vreme-na-praznicite-i-slavite-vodolijata-se-naleva-so-rakija-devicata-uporno-gi-cisti-flekite-01.jpg

Како што во секој аспект од животот хороскопските знаци се разликуваат драстично, така е и кога се работи за славењето.

Некои сакаат постојано да чистат, други гласно да раскажуваат, трети да пијат додека има...

Овенот обично почнува со славење штом ја засили музиката и нетрпеливо ги очекува гостите. Кога конечно ќе стигнат, ги дочекува видно напиен и ги бакнува сите по ред.

Бикот на славата е во природен елемент. Веднаш се нуди да помогне околу поставувањето на храната и задолжително пробува од сè по малку, пред воопшто храната да стигне до масата.

Близнаците цело попладне не можеле да се одлучат што пијалак да донесат за домаќинот, па како по обичај доцнат и со себе носат цел бар пијалаци.

Ракот мераклиски седи во некоја удобна фотелја и го дегустира она што Близнаците го донеле. Понекогаш станува да отвори врата, додека Овенот држи говор.

Лавот е најгласен на масата, веднаш после Овенот. Го прескокнува мезето затоа што се чува за главното јадење и постојано пие вино, па затоа во секоја минута е сè повесел.

Девицата упорно се труди да ги отстрани мрсните флеки и дамките од виното или барем да ги сокрие да не се гледаат. Во меѓувреме мези и следи на гостите нешто да не им недостасува.

Вагата го објаснува потеклото на сите обичаи и на сите им влегува во збор, па сите ја бркаат во кујната „да помогне“ околу јадењето.

Скорпијата доаѓа веќе напиена и доведува уште неколку весели пријатели, па сите шетаат низ куќата барајќи столчиња и прашуваат - Што е ова луѓе? Слава или погреб? Дајте малку музика!

Стрелецот е гостинот кој сите го сакаат и на сите им е забавен. Неговите шеги се прераскажуваат и наредната година.

Јарецот седи мирно, јаде сè по ред, пие што му е ставено. Не се буни и ништо не бара. Но, кога ќе прозбори, сите паѓаат од смеење. На крајот задолжително останува да му помогне на домаќинот да расчисти.

Водолијата се налева со ракија без да престане. Цело време другите и кажуваат да касне нешто, да не пие на гладен стомак, но таа само си игра со храната.

На Рибите постојано им е топло и малку по малку се расоблекуваат. Конечно ќе им стане сè по мерка кога сите гости ќе се напијат, па атмосферата станува максимално опуштена.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
outlook123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maya

Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај outlook123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2015 во 09:57
аииииии....
едно е - не се две
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2015 во 08:33

ОВА СЕ НАЈОПАСНИТЕ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ – БЕГАЈТЕ ОД ПОСЛЕДНИОТ!

7

Хороскопскиот знак на кој му припаѓате многу говори за вашиот карактер. Сега се откри кои се трите знаци од хороскопот кои немаат влакна на јазикот и со кои не треба да се задевате.

ДЕВИЦА

Опсесивно-компулсивни невротици, перфекционисти кои цепидлачат за се и сешто. Ни премногу некогаш не им е доволно. Мислат само на работата и не познаваат емоции. Само робот може да биде поладен од девицата. Кога ќе им згрешите знаат да премолчат и простат, но ако го повторите истото, бегајте од нив! Со месеци и месеци ќе спремаат план за одмазда, а вие нема да бидете свесни што ве снашло. Иако се кревки по природа, кога некој ќе ги налути после долго толерирање, бидејќи такви се по природа, стануваат прави ѓаволи.

Кај девицата нема страст и емоции.

ШКОРПИЈА

Самосожалувачи кои и вас ќе ве повлечат во бездна. Ако утре е крај на светот не би се шокирале, би го поминале со многу пиење и секс. Се она што е лошо и бизарно за обичните смртници, за нив е најнормална работа. Емотивно се незрели, подли, неодговорни, а се деца кои никогаш нема да пораснат.

Иако делуваат промислено, паметно и итро, под кората се крие незрело дете, без рзлика на возраста.

Тие веднаш напаѓаат ако некој им згреши. Сакаат да се одмаздуваат.

ЈАРЕЦ

Веруваат во судбина, а зборот прошка не постои во нивниот речник. Можете да бидете со нив од најрана возраст, да живеете со нив, да бидете во брак…но никогаш нема целосно да ги запознаете.

Не знаат да ги искажат емоциите со зборови. Бегањето и оставањето на цедило е нешто што овој знак прави цел живот.

Премногу се спори, мрачни и душевно сиромашни за да дадат било што некому и да се предадат некому.

Ова е дефинитивно најлошиот хороскопски знак. Гледа само за себе и ќе ве остави во најтешко.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2015 во 22:08

ТРИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ КОИ ЌЕ ОСТАНАТ САМЦИ ДО КРАЈОТ НА ЖИВОТОТ

9

Тоа не значи дека овие три хороскопски знаци се предодредени да биде самци, туку само ќе мора да обрнат внимание на некои црти од својот карактер поради кои среќната врска им „бега“ многу полесно отколку на другите.

Близнаци

За Близнаците карактеристична е љубопитливата, речиси детската природа. Токму таа преголема љубопитливост ги тера во истражување на светот и запознавање на најразлични луѓе. Во тоа им помага нивната комуникативност и тоа што кон луѓето секогаш се пријателски настроени. Ретко кога имаат каков било вид на предрасуди па токму таа особина често ги вовлекува во емотивни невољи. Накратко, ова е најневерниот знак во Зодијакот. За Близнаците е карактеристично за партнер неретко да одберат недостапна личност – или некоја која е сосема незаинтересирана за нив, или некоја која е веќе во врска или во брак. Ако првиот случај е во прашање, во состојба се неутешно да страдаат, но не се откажуваат, бидејќи се убедени дека другата страна сепак ќе се промени. Голем проблем на Близнаците е тоа што главата често им е во облаците па не ја гледаат реално состојбата на работите. Оваа нивна маана доаѓа до израз и кога ќе се вљубат и отпочнат врска со зафатена личност. Сметаат дека е доволно да се биде внимателен и стрплив, па се ќе се преиначи во нивна корист. Бидејќи тоа најчесто не се случува, ќе изгубат многу време во исчекувањето на она што го посакуваат и на крајот ќе бидат сосема скршени. Најлошо од се е што тие навистина сакаат брак и деца, но во повеќето случаи не одбираат адекватна личност за реализација. Имајќи предвид дека се многу друштвени и се движат насекаде, запознаваат многу луѓе, а некои од нив им изгледаат интересни, но за нив се само краткротрајна врска. Дури и ако со некого отпочнат семеен живот, среќата е со краток век. Близнаците најмногу ги интригираат новитети и предизвици, но наместо да ги бараат секогаш и наново во некој друг, можеби би требало да бараат начин како да ја зачинат својата врска.
Лав

Вистински претставник на огнен знак – енергичен, забавен и динамичен, така што освојува каде што ќе се појави. Исклучително се зборлести па го привлекуваат вниманието на спротивниот пол, што им овозможува остварување на најголемите желби – да бидат обожавани и во центарот на вниманието. Врските во кои влегуваат често се исклучиво од сексуална природна, иако другата страна неретко очекува нешто повеќе од тоа. Лавовите се вистински срцекршачи и не водат многу сметка дали некого ќе повредат, дури и кога станува збор за личност со која имаат деца. Меѓутоа, како по правило, и за него секогаш ќе се најде некој кој е фатален. Тогаш е во состојба на таа личност да и го понуди целиот свет, да и приреди најлуди изненадувања и да ја искаже својата љубов на многу необични начини. Колку и да е таа врска интензивна и полна со страст, Лавот на крајот најчесто останува сосема уништен, бидејќи другата страна не може да ја поднесе импулсивноста, брзите одлуки и претераниот авантуризам на еден Лав. Всушност, голем проблем на Лавот е тоа што сака личноста која ја сака секогаш да биде тука за него, а за себе смета дека сепак најдобро функционира кога ништо не го попречува. Без оглед на врската и врскичките по таа фатална љубов, тој најчесто староста ја поминува осамен, размислувајќи за тоа како животот би му бил сосема поинаков доколку останале заедно.

Водолија

Водолиите се исклучително интелигентни и елоквентни, што во комбинација со нивниот шарм ги прави неодоливи. Меѓутоа, тоа во нивниот случај најчестоо не е предуслов за среќа и емотивна исполнетост. Знаат добро да ги советуваат другите за љубовни проблеми, но кога станува збор за нив, тие самите паѓаат во бездна. Секогаш го слушаат срцето и често се впуштаат во врски со оние кои не се добри за квалитетен емотивен однос. Иако на Водолијата тоа од почетокот и е јасно, хазардерската природа ги тера да останат во таа врска, бидејќи ги интересира што ќе биде на крајот. Воопшто не знаат да тактизираат, а на партнерот му се предаваат не 100 туку 200 отсто. Дури и кога ќе влезат во некоја макар приближно нормална врска, на нејзиниот партнер најчесто му пречи тоа што Водолијата не ја интересираат нормите и што на светот гледа со поинакви очи од повеќето луѓе. Кога ќе почувствува дека другата страна се обидува да ја зароби, извесно време можеби ќе се обидува да се адаптира, но најчесто бега како од ѓавол. Тоа ќе го направи дури и ако е во прашање семејство, бидејќи на Водолијата и е помалку важен привидот на идилично семејство од сопствената слобода. Водолијата не сака да игра по ничии правила, туку да живее според сопствените. Во повеќето случаи, за тоа плаќа со самотијата.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2015 во 21:42

ОВИЕ ТРИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ СЕ НАЈГОЛЕМИ СПОНЗОРУШИ!

6

Девица

Личностите родени во знакот на Девица се се само не невини. Девојките Девици како да имаат вграден скенер за спонзори или спонзороловец. Без грешка ќе му пријдат на фраерот со најмногу пари па дури и кога тој е во друштво со слични типови, исто така со полни џебови. Омилени „жртви“ и се татини синови кои сакаат да се фалат, па така нејзиниот плен уште на стартот настрадал бидејќи ќе го смота како змија жаба. Како вистинска змија, девојките во знакот Девица се мошне отровни за машкиот род, а штом ги потрошат паричките, веќе имаат подготвено нова жртва.

Вага

Вага… Опасен знак кога се спонзорушите во прашање. Вагата долго ќе мери кој маж ќе и пружи повеќе бидејќи е неодлучна и секогаш и се чини дека другите девојки добиваат повеќе. Мошне е љубоморна иако не се вљубува во своето момче со џип, јахта или куќа на море. Неа никогаш не и е доволно и секогаш глуми жртва со надеж дека ќе добие скапи нешта. Ако на Вагата не и подарите скап накит барем еднаш месечно лесно паѓа во депресија и во тие моменти веднаш размислува за друг маж. Грубо, зарем не?

Водолија

Водолијата го сака морето и плажите, па така нејзиниот најдобар терен за лов на спонзори е токму летувањето. На море е неприкосновена, а на нејзиното вешто око еден фраер со скап кабриолет нема шанса да и побегне. Има соколово око за такви нешта иако на плажа често носи двоглед во случај да има некоја јахта од неколку милиончиња во близина. Не се воздржува од влегување во врска и со постари личности под услов тие да се полни како брод. Кога Водолијата еднаш ќе се качи на јахта, не слегува. Освен во случај кога преминува на некоја поскапа.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2015 во 21:35
ОВОЈ ЗОДИЈАК НЕМА "ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ": ТОЈ Е УБЕДЛИВО НАЈИСКРЕНИОТ ЗНАК ВО ХОРОСКОПОТ!

Тој нема време, ниту желби за измислени приказни ниту игри, туку тоа што навистина го мисли, и го кажува, а најчесто е и во право.

Далеку од тоа дека не умее да се оснесува пристојно и дека сака некого да навреди, но едноставно кажано, тој е непосреден и отворен. Можеби неговите ставови понекогаш ќе ви делуваа чудно, но тој ќе ве освои со својата оригиналност и несекојдневна личност. Тој е последен помеѓу воздушните знаци – секако, тоа е чудната и чудеснаВодолија.

Нивната искреност во овој свет се цени исклучително малку, некои можеби ги сметаат и за изроди, но на сите им е апсолутно симпатичен начинот на којшто тие ја изразуваат својата искреност. Водолиите нема да размислат два пати пред да ви кажат дека сте ставиле некој килограм повеќе, или пак дека палтото не ви стои добро, или дека можеби сте погрешиле во нешто.

Тие се отворени, ја сакаат забавата и дружењата. Секогаш се подготвени за да помогнат. Нивната интелигенција ги надминува границите, но често тие немаат волја за да ја искористат, бидејќи помалку се и мрзеливи. Не сакаат ограничувања и подготвени се да бидат сосема искрено – Јас имам свој живот, не мешај ми се!

Тие исто така не ја трпат и досадата, бидејќи едноставно не можат да се смират на едно место, а нивната љубопитност пак и интелигенција никогаш не им даваат мир. Водолиите се големи мислители и филозофи, па со оглед на тоа сакаат да го имаат главниот збор, но и да ги послушаат туѓите мислења.


Сакаат да бидат независни, да имаат слобода, па често се индивидуалисти и не се снаоѓаат во тимското работење. Водолиите немаат предрасуди кон другите, а често знаат и да се издигнат над ситуацијата и да посветат мало внимание на неважните нешта. За нив велат дека се големи сонувачи и дека главата буквално им лебди во облаците. Често знаат да се исклучат, како да не се присутни, иако им се обраќате токму ним. Тоа е затоа што сакаат да сонуваат, но понекогаш се мрзеливи за да тргнат во остварување на своите планови.

Водолиите се добри глумци, па често глумат и во животните ситуации, а поради тоа не им паѓа тешко за понекогаш да излажат како би се извлекле од непријатните околности. Како во крвта да им е всадена желбата за блефирање. Не мислете дека лесно ќе ги прејдете, бидејќи нивниот ум работи побрзо од било што друго. Можат да бидат исклучително мирни и срамежливи, но и енергични и ексцентрични. Исклучително многу се самоуверени и знаат дека тие едноставно го можат тоа. Никако не го сакаат моментот кога ќе се посрамотат пред другите.

Кога се работи за љубовта, тие најчесто се заљубуваат во нечија интелигенција, а досадните личности никогаш нема да го освојат нивното срце. Често делуваат како да сакаат да бидат осамени, но всушност тие се во постојана потрага по сродна душа со којашто ќе може да водат разговори до доцна во ноќта.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,578 секунди.