|
Ваши предлози до владата |
Внеси реплика | страница <1 1516171819 86> |
Автор | ||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Од каде ти се овие идеи? Звучат убаво, ама тоа воопшто не е така. Каде си слушнал некој американски или канадски војник, кој бил ранет или осакатен во војниве, да добил некаков специјален надомест или оштета... или пак да се компензира со решен иден статус ??? С'е што добиваат е медицинска нега, лекови и протези... затоа седат дома на сметка на домашните, висат во редовите за невработени или се самоубуваат за да не бидат на грбот на семејството или општетсвото. Додека се во служба добиваат одлични плати (затоа и македонци сакаат да одат како платеници), а ако бидат елиминирани од активно служење поради повреди не добиваат ништо. И секој самиот си ја опробува среќата... али ќе земе, али ќе му земат. Жално, ама вистинито... go both ways. P.S. Надвор сме од темата - да се вратиме назад. Изменето од Messenger - 10.Септември.2012 во 00:22 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
...е тука ќе те послуша Владава,да беше спротивното тешко. Како само "бранителите "на албанското лоби ден денес успеваат да си се дофинансираат за таа 2001не ми е јасно..Само сигурен сум дека парите не се од дијаспората,како што нас не лажат. И велиш,кога ќе пукне по некое време најдобро е да излеземе надвор...најсигурно е. |
||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Дали секој војник што бил на мисија а бил ранет или се здобил со повреда не добил отшета од државата? Служење во мисии во и вон државата се смета за служба, ама сепак надомест за отшета се плаќа, или се компензира тоа со решен иден статус. Бидејќи кај нас статусот не е сеуште решен ни за редовните ни за вонредните, државата е должна да плати отштета бидејќи бил повреден за време на вршење должност.
|
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Благодарам за објаснувањето. Се сложувам дека на човекот мора да му следува комплетна лекарска нега и плата додека е на лекување. Не сум сигурен дали се исплаќа 100% висина на платата... Колку што ми е мене познато во другите држави се исплаќа некаде околу 75% од платата (овие проценти се различни во различни држави). Инаку, за тврдењето дека дека во секоја држава се исплаќа паричен надомест за претрпен стрес на редовно запослени во полиција и војска не сум сигурен. Па, нивната работа не е ништо друго туку постојан стрес... затоа имаат добри плати, одлични бенифиции, комплетно здравствено и социјално осигурување и скусен работен стаж. Какви додатни парични надомести треба да се даваат за претрпени стресови кои се подразбираат како нормален и недделив елемент во извршувањето на работата? Според моите сознанија во америкиве такво нешто нема. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Согласно правилникот за заштита при работа во МВР, секој припадник е дополнително осигуран за цело времетраење на неговиот однос се додека работниот однос не му престане по некој основ. Што значи дали е на должност или е вон должност, припадникот е целосно осигуран. Исто така постои и осигурување кое ги покрива трошоците на неговото семејство или за него доколку работниот однос е прекин насилно или доколку припадникот се здобие со повреда на работното место која пак повреда трајно ќе го спречи од редовно извршување на должноста. За споменатиот случај, припадникот од ЕБР беше повреден на работно место за време на вршење службена должност со што по автоматизам му следува покривање на сите трошоци за негово лекување како и плата за времето додека е тој на боледување... Исто така следува паричен надомест согласно правилникот, а тој паричен надомест не беше исплатен па заради тоа припадникот мораше да го тужи МВР за да ги наплати своите пари од осигурувањето. Потоа МВР се повика на еден подчлен во договорот за осигурување каде стои доколку трошоците за лекување на службеното лице надминуваат определена сума за отштета МВР доколку смета дека е потребно ќе исплати дополнителен финансиски надоместок.. Тука е спорот... Инаку никој точно не знае колку чинеше операцијата на колегата, никој точно не кажа колку чинеше неговото лекување. Инаку во секој друга држава во правилникот за работа, покрај покривањето на трошоците за лекување, плата додека е на боледување следува и паричен надомест за претпениот стрес. |
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
За жал “од наша“ страна може да се прочитаат вакви информации, за проневери, малверзации- демек купен патриотизам. Од “нивна“ страна молк, ни колку загинале, ни како се снашле семејствата после нивната смрт, ни дали добиваат некаков паричен надоместок. Едноставно-молк, |
||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Државата направи голема грешка, кога донесе одлука да им плаќа на резервистите плата ( која за тоа време беше прилично висока, скоро за три пати повисока од просечната во тоа време ) за нивниот ангажман во конфликтот.
Во мојата единица имаше случај кај што резервист си ја скрши ногата во слободно време помеѓу две смени играјќи фудбал, ја тужеше државата и слушнав подоцна дека му исплатиле 16 илјади марки поради тоа. Во тоа време државата беше како крава музара, кој ти не зема пари по разни основи за учество во конфликтот. И после кога се направи ревизија, кога требаше да се враќаат незаконски земени пари, оф леле мајко, боли. Затоа и сум против барањата на бранителите за некакви си посебни статуси, како за нив така и за семејствата, а кои се комплетно со финансиски предзнак. Дека треба да се здобијат со нешт тоа стои, ко на пример порано носител на партизанска споменица или статус на борец кои статуси имаа влијание врз пензиите на нивните носители. Ама ова што сега се бара, мислам дека е претеризам.
|
||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Од објаснувањето постирано до Сантијаго разбрав дека човеков е ранет на редовна служба 2004 година. Значи не се работи за повреди од воениот конфликт во 2001 година. Сега не знам дали постои некој државен закон кој вели дека на повредените во конфликтот или на повредени полицајци и војници на редовна служба им се исплаќаат оштети ? Потоа гледам дека имало некаков судски спор со МВР. Каков спор било тоа ? Овој спор човеков го добил, но на контрасудење од страна на МВР Врховниот суд донесува спротивно решение и според него човеков треба да ги врати парите добиени по одлуката на понискиот суд. Како што следат настаните според опишаното, господинот Ангеловски не ги вратил претходно добиените пари и сега истите треба да ги враќа со интерес кој се насобрал во меѓувреме. Од сето разбрано не ми е јасно што има овој конкретен случај (повреда на редовна служба во 2004 година и тужење на господинот Ангеловски со МВР) со предлог Законот за бранители ? Дали Законот за бранителите е во контрадикција со нормалното работење на законодавството на државата ? Дали сите оние кои се бореле во 2001 година, луѓето кои ги нарекуваме бранители на државата, по некој автоматизам се стекнуваат со имунитет и за нив повеќе не важат законите и судските процеси во државата како што важат за сите други граѓани ? Го разбирам неговиот апел за помош, како што ја разбирам и подршката на здружението Бранители, но не разбирам зошто овој случај се користи за ставање под прашање на македонското правосудство и предлог Законот за бранителите ?
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Лебот ти насушен не чепкај тука оти ова е рак рана на правослвниот ( па и на некој муслимански ) дел од населението во Македонија по случувањата од 2001. Не ми е јасно што не разбра- дека бил ранет и тој и неговите колеги и дека едвам живи ги извадил. Дека човеков е припадник на специјалните сили и дека во секоја нормална држава кога ќе биде нападнат припадник на безбедносни сили неговите колеги прават сол се пред себе за да го најдат тој што нападнал и дека државата ги дава сите привилегии (во смисол на помош) за што побезболно да се пројдат траумите од атакот само кај нас изгледа бранител треба по судски пат да добие оштетување за настрадување на службена должност, па уште организацијата која те ангажирала да те тужи да ја вратиш отштетата, а од друга страна за политички маркетинг да носиш закон за бранители. Немој Меси, немој ! И јас имам симпатии кон владеачката опција, ама не замижувам пред фактите кога греши и кога носи непромислени потези. |
||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
http://www.time.mk/read/NONE/7c97842fa4/index.html хаахахххааа...и оваа од Србија ..забегала. |
||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Зоран Ангеловски се вработил во полицијата пред 24 години. Во воениот конфликт 2001 година учествувал од првиот до последниот ден како дел од посебните полициски сили. Во 2004 година, за време на редовни активности во населбата Шуто Оризари, се здобива со тешки телесни повреди, при нападот на службеното возило што тој го управувал. Ранети се и неговите колеги.
-Имав прострелна рана кај срцето и на двете раце. Кои трауми се тоа! Ме болеше, не можев да го соблечам палтото, но возев до болница, гледав да се спасам и себе си и колегата. Кога стигнав до болницата со огромна брзина, тој веднаш се онесвести, вели Ангеловски.
Тој го добива судскиот спор против МВР. Со одлука на Апелацискиот суд, во 2007 му се исплатени десетина илјади евра како отштета. Две и пол години подоцна, тужи МВР. Врховниот суд го враќа предметот на повторно одлучување, па судовите одлучуваат поинаку. Бараат да ги врати парите со камата.
-Ми пишува: стекнување имотна корист без основ. По две и пол години ми ги бараат парите со камата. Од 10 илјади, бараат 15 илјади. Се тужебме, платив и за жалбата во Апелација 34 илјади денари, сега пак треба за судските такси за врховен суд 60 илјади, вели Ангеловски.
Здружението на бранители Достоинство му дава поддршка на Ангеловски.
-Ние ги принудивме мвр да ги повлече тужбите против воените инвалиди. Ова сега дали е лицемерие или садизам? Во образложението се вели дека тој бил ранет по конфликтот, во 2004. Сакам да ја прашам министерката Јанкуловска: зарем раните од 2004 болат помалку од раните добиени во 2001? Зарем така се грижат за бранителите?, рече Стојанче Ангелов, Достоинство.
Полицаецот Ангеловски од полициската станица Чаир упати молба до МВР и до минситерката Јанкуловска да ја повлечат тужбата. Од МВР велат дека се работи за судска пресуда и дека секое непочитување на судот и на неговите одлуки би претставувало криминал. |
||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Дали знаете зошто му се бараат овие пари назад ? Jас не видов никакво објаснување на која основа првично ги добил, зошто му се оспорени и барани назад и зошто не ги вратил до сега штом му ги бараат со камата. Ниту го напаѓам човеков, ниту ги бранам оние кои кои ги бараат дадените пари назад, едноставно сакам да знам зошто ова се случува ?
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Повлечете ги ваквиве глупости-Предлагате закон за бранители, а барате бранител да враќа и тоа со камата
МВР тужело бранител да врати 15.000 евра отштета со камата |
||
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Jas bi predlozil vaka.....
|
||
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
||
Внеси реплика | страница <1 1516171819 86> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |