Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Јуни.2014 во 11:26 |
НУТЕЛА ЧИЗКЕЈК Состојки за тесто • 12 „Орео“ колачиња (или слични на нив) • 3 големи лажици путер, стопен за фил • 250 гр крем сирење • 2/3 шолја „Нутела“ • 1 мала лажица екстракт од ванила • 1 кесичка шлаг во прав за декорација • шлаг • кршени лешници • крупно рендано чоколадо Подготовка Чекор 1: во сад со средна големина, измешајте ги колачињата (кои претходно сте ги издробиле) и растопениот путер. Мешајте додека не добиете хомогена смеса. Смесата рамномерно распределете ја во стаклени садови за десерт и со помош на лажица притиснете ја смесата надолу. Чекор 2: во подлабок сад, со помош на миксер, измешајте ги крем сирењето и нутелата. Додадете ванила и измешајте. На крај додадете го шлагот во ќесичка и продолжете со миксирање, сѐ додека исчезнат сите грутки. Чекор 3: повторно распределете ја смесата во секој сад. Потоа, покријте ги садовите со фолија и оставете ги да отстојат барем два часа во фрижидер. Чекор 4: шлагот ставете го на крај и декорирајте со лешници или бадеми, и крупно рендано чоколадо.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 03.Јуни.2014 во 04:47 |
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Мај.2014 во 21:33 |
Крем колач со кикирики

Состојки: За тестото: - 7 белки
- 7 лажици брашно
- 3 лажици шеќер
- 1 дл зејтин
- 50 г чоколадо
- 1 прашак за пециво
За филот: - 7 жолчки
- 200 г шеќер
- 250 г путер
- 60 г бело чоколадо
- 60 г црно чоколадо
- 100 г сечкани кикирики
За декорација: - 50 г кикирики
- 2 шлага од ванила
Приготвување: Тесто: 1. Белките се матат во цврст снег, па постепено им се додава шеќер и се мати се додека шеќерот не се стопи. 2. Се додаваат зејтинот, брашното, рендано чоколадо, прашак за пециво и полека се промешува. 3. Приготвената смеса се става во правоаголен калап обложен со хартија за печење. Се става да се пече во загреана рерна на 180 ºC додека не порумени. Фил: 1. Во соодветен сад се соединуваат жолчките и шеќерот, се варат на пареа со постојано мешање додека шеќерот не се стопи. Потоа се трга од пареа и се остава да се излади. 2. Во изладената смеса се додава омекнат путер и се мати со миксер. 3. Филот се дели на два дела. Во првиот дел се додава стопено бело чоколадо и кикирики, а во вториот се додава стпено црно чоколадо. 4. Тестото се премачкува прво со филот од кикирики, а потоа се нанесува фил од црно чоколадо. 5. На крајот се премачкува со шлаг и се украсува со кикирики.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 18.Мај.2014 во 21:24 |
ЧОКОЛАДНИ КОЦКИ СО УРМИ И ОРЕВИСостојки: 1/2 лажичка екстракт од ванила 1/4 лажичка сол 100 гр. какао 400 гр. ореви мелени (или друго јаткасто овошје по вкус) 20 урми без семки Подготовка: Во блендер додадете ги оревите, какаото и солта и добро измешајте ги. Потоа додадете го ванила екстракт. Додавајте ги урмите една по една во блендерот. Со додавање на повеќе урми тестото ќе се лепи поубаво и нема да се распаѓа, но исто така ќе е по густо и по благо. Затоа е неопходно да се процени доволната количина на урми. Смесата од блендерот префрлете ја во правоаголна тава и добро притиснете ја за да ја добие формата на тавата како калап. Ставете ја тавата со колачот во фрижидер и оставете ја околу 10 минути за да се стегне. Потоа исечете го на коцки. Колачите послужете ги декорирани со шеќер во прав или какао.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Мај.2014 во 08:32 |
МИЛКА ТОРТА СО МАК И РУМ Состојки за бисквит со мак: - 3 белки
- 3 лажици шеќер
- 50 гр мелен мак
- 3 лажици брашно
- 1 лажица рум
- прашок за пециво
Состојки за белиот бисквит: - 3 белки
- 3 лажици шеќер
- 3 лажици бело брашно
- 2 лажици масло
- 1 лажица рум
- прашок за пециво
Состојки за кремата: - 700 мл млеко
- 200 гр бела Милка
- 100 гр шеќер
- 9 жолчки
- 1 пудинг од ванила
- 2 лажици брашно
- 150 мл слатка павлака
- 1 лажица желатин
Подготовка на бисквит: Се матат белките и шеќерот, додека да се добие пенеста смеса, по што се додаваат мак, брашно и пециво. Откако убаво ќе ги измешате додадете го и румот и повторно убаво промешајте. Сместата се пече во плек со дименизии 20х30 см на 150 целзиусови степени. Иста е постапката за подготовка и на другите кори. Подготовка на крема: Во млекто се растопува белата чоколада Милка, по што се додаваат, шеќерот, изматените жолчки, пудингот од ванила и брашното. Смесата се вари додека да се згусти. Во посебен сад цврсто се мати слатката павлака по што се додава во изладената крема во која претходно убаво сте го измешале желатинот. Најпрво се става бисквитот со мак, потоа ред фил, па белиот бисквит, ред фил, бисквит со мак и повторно тенок слој од кремата. Се украсува со зрна мак.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Мај.2014 во 08:31 |
КОЛАЧ ЗЕБРА Состојки: - 200 г шеќер (за течната смеса)
- 250 мл масло за готвење
- 100 мл млеко
- 1 пакетче ванилин шеќер
- 4 јајца
- 175 г брашно (за светлото тесто)
- 1 лажичка прашок за пециво
- 125 г брашно (за темното тесто)
- 25 г какао
- 1 лажичка прашок за пециво
Подготовка: - Најпрво се припрема течната смеса. Сите состојки (шеќерот, маслото, млекото, јајцата, ванилата) се ставаат во сад и рачно се мешаат додека шеќерот се раствори. Оваа смеса се дели на две еднакви делови.
- Во друг сад се мешаат брашното и прашок за печење за да се добие светлото тест. Во неа се додава едната половина од течната смеса и се меша додека се добие мазно, релативно тенко тесто.
- Во трет сад се меша брашното прашок за печење и какаото за да се добие темното тесто. Се препорачува смесата од брашното и какаото да се пресеат за да нема грутчиња, особено од какаото. Во неа се додава втората половина од течната смеса и се меша додека се добие хомогена, исто така течно тесто.
- Следи најважниот дела за да се добие шара која наликува на зебра. Округла тава се премачкува со маснотија (путер, маргарин или масло) и се посипува со брашно. Се зема една лажица од светлото тесто и се истура точно во средината на тавата, пото се црпнува една лажица од темното тесто и се истура одозгора врз белото тесто. Така се постапува додека се потрошат двете теста. Пожелно е ова да се прави бавно за да може нанесеното тесто малку да се разлее. Кога ставате од втората смеса врз првата за да се добијат поубави кругови, вртете ја лажицата над тестото.
- Се става во згреана рерна на 190° С и се пече 20-тина минути.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Мај.2014 во 07:57 |
Без миксер и рерна: Чоколадни тортички готови за минута
Ви се допаѓаат чоколадните десерти, а немате време или пак знаење како да подготвите нешто вкусно и благо. Тогаш овој рецепт е како создаден за вас. За подготовка на овие чоколадни мафини не ви треба ниту рерна ниту миксер, а готови се само за 60 секунди. 
Потребни состојки: - 2 лажици какао во прав
- 3 лажици брашно
- 2 лажици шеќер
- Малку сол
- ¼ лажица прашок за пециво
- 2 до 3 лажици масло (растително, маслиново или кокосово)
- 3 лажици млеко
- ½ лажица екстракт од ванила

Подготовка:
Сувите состојки (какаото, брашното, прашокот за пециво, шеќерот и солта) истресете ги во сад и добро измешајте ги.
Додадете ги останатите состојки (маслото, млекото и екстрактот од ванила) и сетоа тоа заедно добро измешајте го додека состојките не се поврзат во воедначена смеса.
Со смесата наполнете ги калапите за печење или чашите за кафе, ставете ги во микробранова печка и печете 40 до 60 секунди.
Чоколадните тортички извадете ги од калапите, ставете ги на чинија и послужете ги со шлаг, овошје или чоколаден прелив.
 Совети: - Колачите во средината мораат да останат меки
- Ако немате микробранова, колачите можете да ги подготвите и во рерна. Загрејте ја рерната на 180 степени, а печете од 3 до 5 минути, во зависност од големите на калапите.
- Најдобра проверка за тоа дали десертот е готов е секоја минута со прст да ја допирате површината на колачот. Штом смесата повеќе не е леплива и не останува на прстот извадете ја од рерната.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Мај.2014 во 13:46 |
Чоколадна торта без брашно: Хит рецепт од само 3 состојки
Чоколадна торта е непогрешлив избор кога сакаме да ги задоволи своите, но и вкусовите на мнозинството, бидејќи ретко кој може да одолее на магичниот вкус на чоколадото. 
Полниот вкус и топењето во уста се главни адути на овој едноставен рецепт за чија подготовка се доволни само три состојки. Недостатокот на шеќер и брашно, оваа торта ја издвојуваат од многуте слични чоколадни десерти, а пенастата структура ја вбројува меѓу колачите за кои се бара парче повеќе и рецептот се држи во тајност.
Потребни состојки: - 175 гр. темно чоколадо
- 7 јајца
- 140 гр. путер или маргарин

Подготовка
Загрејте ја рерната на 130 степени. Подгответе калап за торта, намачкајте го со путер и обложете го со хартија за печење. Чоколадото скршете го на коцки и стопете го на пара, а пред самиот крај, кого чоколадото ќе биде растопено додадете една коцка исечен путер и мешајте додека не се стопи.
Одвојте ги жолчките од белките и во еден сад изматете ги жолчките и со лесно мешање додадете ја изладената смеса од чоколадо и путер. Во друг сад изматете ги белките, и лажица по лажица додадете ги во претходно подготвената смеса со нежно мешање додека смесата не се соедини.
Излијте ја смесата во подготвениот калап и покријте го со фолија. Калапот ставете ја во поголем сад за печење и наполнете го со врела вода до половина.
Печете 25 минути, со што треба да добиете мека средина, а површината да биде обложена со крцкава кора. По печењето оставете тортата да се олади на собна температура, посипете со шеќер во прав, исечете ја со топол нож и послужете со малку шлаг или свежи малини, јагоди или некое слично овошје.
Пријатен апетит!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Мај.2014 во 11:54 |
Во случај да сакате да подготвите нешто слатко за пријателите, или само ви се јаде нешто благо, ви предлагаме да ги пробате вкусните плазма бомбици. 
Рецептот е едноставен и лесен, а ќе ви биде потребно малку повеќе од половина час за подготовка на овој вкусен десерт. Плазма бомбиците одлично ќе се вклопат со празничниот пикник, и ќе бидат навистина пријатно изненадување за пријателите. За подготовка на овој вкусен десерт ќе ви бидат потребни: - 300 грама мелена Плазма
- 200 грама шеќер во прав
- 250 грама маргарин
- 2 лажици рум
- 2 лажици какао
Начинот на подготовка е следниот: Во длабок сад ги ставете плазмата, шеќерот, какото и румот. Маргаринот растопете го на ниска температура, додека целиот не се растопи. Додадете го во садот со останатите состојки и мешајте додека смесата не се соедини. Потоа обликувајте бомбици и ставете ги во фрижидерот. Бомбиците по желба можете да ги прелиете го темно чоколадо или да ги извалката во ореви. Добар апетит! 
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Мај.2014 во 22:06 |
КОЛАЧИ СО ЕУРОКРЕМ И ПУДИНГ Состојки: пандишпан: 7 лажици брашно 2 лажици какао 1 пециво 3 јајца 2 лажици гриз 5 лажици кокос 10 лажици млеко 5 лажици шеќер 100 гр ореви прелив: пола чоколадо за готвење 1 лажица масло 100 грама еурокрем фил: 2 кесички пудинг од ванила 5 лажици шеќер 700 мл млеко 1 желатин декорација: шлаг крем од чоколадо Подготовка: 1. Најпрво ги сечкаме оревите на мали парчиња, но не многу мали и не рендани за да се почувствува вкусот. Плехот со димензии 32 * 22 го обложуваме со хартија за печење и ги распоредуваме оревите . 2. Брашното, какаото и пецивото заедно ги просејуваме за да нема грутки во посебен сад. Ја вклучуваме рерната да се загрее на 200 степени. 3. Во сад за матење ги матиме белките, со постепено додавање на шеќерот. Откако шеќерот ќе се растопи ги додаваме и жолчките и не престануваме да матиме. Потоа ги додаваме гризот, млекото, кокосот, брашното, пецивото и какаото и матиме со миксер додека смесата не се соедини. Ја истураме во плехот над оревите (внимавајте оревите треба да останат од долната страна) и печеме во загреана рерна околу 15тина минути во зависност од рерната. Пандишпанот е готов кога ќе се оддели од краевите а може да проверите и со чечкалица. 4. Откако ќе се испечи го оставаме да се излади. 5. Додека се лади пандишпанот го подготвуваме преливот. На пареа го топиме чоколадото со маслото и кога ќе се стопи го додаваме еурокремот и мешаме со лажица да се соедини. 6. На пандишпанот му ја отстрануваме хартијата и го враќаме во плехот со долната страна нагоре ( оревите да дојдат горе). Од страните ставаме хартија за печење за да не се залепат коцките и да можеме подобро да ги исечиме. Целиот пандишпан го премачкуваме со преливот. 7. Желатинот го раствараме со малку ладна вода. 8. Пудинзите со 5 лажици шеќер ги вариме во 700 мл млеко. Откако ке се свари пудингот , ја исклучуваме ринглата и го додаваме набабрениот желатин и мешаме да се растопи. Додека е топол го истураме врз пандишпанот. 9. Шлаг кремот го приготвуваме според упатството на кесичката и го ставаме во готварски шприц. 10. Пред да ги сечеме коцките ја отстрануваме хартијата. Над секоја коцка ставаме од шлаг кремот. Доколку сакате можете и поинаку да ги украсите а и без шлаг крем пак убаво ќе изгледаат.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 30.Април.2014 во 22:53 |
ПАРЕНА ТОРТА СО ЦИМЕТСостојки: 8 јајца 8 лажици шеќер 1 ванила ½ лажичка цимет 1 пециво 14 лажици гриз 3 лажици брашно Шербет: 1 кг шеќер 1 кг вода Подготовка: Се матат со миксер јајцата со шеќерот. Откако добро ќе се добие пенеста смесата, се додаваат гризот брашното и пецивото, ванилата и циметот. Миксерот го исклучувате кога додавате брашно! Вака подготвената смеса ја префрлате во намастен и набрашнет сад и оставате да се пече. Откако ќе добие златеста боја, проверувајќи со чепкалка да утврдите дали е печена па ја вадите од рерна и оставате да излади. Подготвувате стандарт шербет и преливате со шербетот. Значи како и обично, едното да е ладно, а другото топло. Сечете во коцки или како сакате, па служете изладена.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 30.Април.2014 во 22:51 |
ПАРЕНИ ЦРНО БЕЛИ КОЛАЧИСостојки: 600 гр. шеќер за шербет 3 лажици какао 1 парче прашок за пециво 1 парче квасец 3 филџани вода млака 3 филџани гриз 3 филџани зејтин 0,5 кг. брашно 2 парчиња ванилин шеќер за шербетот кора од лимон рендана лимон за шербетот Подготовка: Квасецот се рони во брашното, се додаваат сите други состојки и се замесува смесата, која се дели на два дела па во едниот се додава какаото. Вака се остава околу дваесетина минути да стасува па потоа се расукуваат кори од двете смеси кои се редат една врз друга и се виткаат во ролат. Се сечат парчиња во дебелина од еден сантиметар и се редат во ненамастено плехче. Не се грижете кога ги сечете парчињата тие се сплескуваат но кога ќе ги ставите во тавчето постепено ја добиваат формата на ролат. Се печат околу десетина минути и млаки се потопуваат во претходно приготвениот шербет(кој треба да биде млак и не многу густ, значи не треба многу да врие). Се сервираат ладни.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Април.2014 во 16:09 |
За некои луѓе тортата не е торта ако не е чоколадна. Ви ја претставуваме најчоколадната торта. Состојки: За кора: - 2 јајца - 2 лажици брашно - 2 лажици шеќер - 2 лажици какао - ½ вреќичка прашак за пециво За фил: - 2 чоколадни пудинга - 400 мл млеко - 400 мл слатка павлака - 150 г. млечна чоколада - 6 лажици шеќер За прелив: - 1 дл слатка павлака - 100 г. млечна чоколада Подготовка: Јајцата и шеќерот изматете ги, додадете брашно измешано со прашок за пециво и на крај лажица какао. Смесата ставете ја во намачкан плех обложен со хартија за печење. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути. Проверите со чепкалка дали кората е печена. Печената кора извадете ја од рерна и кога ќе се олади малку прелијте ја со чоколадно млеко, и оставете ја да се стврдне. Пудингот згответе го со шеќер и млеко на вообичаен начин и оставете го да се олади. Слатката павлака изматете ја и помешајте ја со оладениот пудин и се измиксајте со миксер. 50г чоколадо изрендајте ги и измешајте ги во фил. 100 г. чоколадо стопете ги и полека ставајте во филот додека мешате со миксер се додека убаво не се соедини. Смесата ставете ја врз испечената кора и рамномерно распоредете ја. Чоколадот и павлаката ставете ги во тава на лесен оган, и гответе мешајќи додека чоколадото не се стопи. Тргнете го од оганот и оставете малку да се олади а потоа ставете го преку тортата. Оставете ја тортата да се стегне неколку саати. Потоа тргнете го обрачот, сечете и послужете.
Изменето од Valerija - 26.Април.2014 во 16:09
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 22.Април.2014 во 20:35 |
ЧОКОЛАДНИ КОЦКИ СО ЈАБОЛКА Состојки:- 3 јајца
- 3 лажички шеќер
- 3 лажици гриз
- 150 гр мелени ореви
Фил: - 3 рендани јаболки со просечна големина
Глазура: - 100 гр црна чоколада за готвење
- 2 лажици млеко
- 30 гр маргарин
Подготовка: Со миксер матете ги јајцата и шеќерот се додека не се создаде пена. Потоа додадете го гризот, па изматете уште малку. На крај ставете ги оревите и измешајте со лажица. Во намрсен сад за печење со димензија 25×40 см посипете брашно па истурете ја половината од смесата. Во загреана рерна на 200 степени ставете го садот за печење на 3-4 минути, само да започне да се пече тестото. По 3-4 мин извадете го од рерната и посипете ги ренданите јаболки. Веднаш преку јаболките истурете ја и останатата половина од смесата за тестото и распоредете ја преку јаболките. Вратете го садот во рерната и продолжете да печете уште 20-25 минути. Кога ќе се испече тестото извадете го од рерната, исечете го на коцки. Додека колачот се лади, подгответе ја глазурата од чоколадо. На умерена температура стопете го маргаринот со малку млеко и 100 гр црна чоколада за готвење, па прелијте ги коцките со топлата глазура.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |