![]() |
|
ПРОЛОГ |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 141516 |
Автор | |
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
СОЗЕРЦАНИЕ
Да Го набљудувам Господа Исуса распнат на крстот, и тоа: 1. главата Негова со рани од трновиот венец; 2. очите Негови, затворени од болка; 3. устата Негова, исушена од жед. БЕСЕДА за Првиот и Последниот, ¤ивиот Не бој се, Јас сум Првиот и Последниот и ¤ивиот. Бев мртов, и, ете, жив сум за сите векови. Амин! (Откр. 1:18). Така му рекол Господ Исус на Својот љубен ученик Јован во визија на островот Патмос. Од што да не се плаши? Не плаши се од гонењето на Црквата од страна на незнабожците. Не плаши се од мачителите, кои ги мачат моите верни на сите страни. Не плаши се од царевите кои подигаат гонење против христијаните. Не плаши се од силните моќници на овој свет кои се исмејуваат на Моето понижување и на Мојата смрт. Не плаши се од демоните што ги заслепуваат луѓето со страстите за да не ја видат вистината што ја донесов Јас во светот. Не плаши се од ништо! Како да не се бојам, Господи, кога целиот свет е до заби наоружен и собран против нас, малобројните и ненаороужаните, како да не се плашам? Не плаши се, бидејќи Јас сум прв и последен, алфа и омега. А сите тие војски наоружани против вас се ништо и се како еден минлив виор на мртовци. Јас сум од пред времето и Јас сум по времето, пред почетокот на сé и по завршетокот на сé создадено, Јас сум. А тие сите се заклучени во еден миг од времето што Јас на секого сум му го одмерил и повеќе од тој миг не можат да се спружат. Не плаши се, бидејќи Јас бев мртов и еве оживев. Ни од смртта не бој се. Јас сум пред смртта и по смртта. Смртта ми е слуга и Јас го пуштив Својот слуга во светот да ми служи. И Јас се предадов на Својот слуга за три дена и му наредив да Ме пушти, и еве, жив сум. Јас сум сопственик на смртта како и на животот. Јас сум сопственик на времето како на вечност. Не плаши се! За вечни векови Јас сум жив. И ти ќе бидеш жив со Мене. И сите оние коишто ќе Ми останат верни и не се исплашат ќе бидат живи со Мене. Не плаши се, Јас сум - алфа и омега. Господи вечен и бесмртен, дај овие Твои свети зборови да одекнуваат во душите на Твоите верни кога и да се подигне гонење на светата Твоја Црква. Да не се плашиме, држејќи се за Твојата десна рака. На Тебе слава и вечна пофалба. Амин. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
РАСУДУВАЊЕ
Од многумина кои брзаат да се збогатат ќе слушнеш вакво оправдување: 'Кога ќе се збогатам, ќе можам да правам добри дела!" Не верувај им, бидејќи те мамат и тебе и себеси. Свети Јован Лествичник длабоко ги познал и најскриените побуди на човечката душа кога рекол: 'Среброљубието започнува со претпоставка да се прави милостиња, а се завршува со омраза кон бедните". Ова се потврдува кај сите среброљупци, многу богати и малку богати. Обично, луѓето говорат: 'Ако имам пари, јас би направил такво и такво добро дело!" Не верувај му. Нека и самиот на себе не си верува. Нека се огледа како во огледало на оние кои имаат пари и не сакаат да го направат тоа и тоа добро дело. Таков би бил и тој кога би стекнал пари. Повторно вели мудриот Јован: 'Не зборувај дека ти е потребно да собираш пари за бедните за преку таа помош за нив да добиеш Царство, бидејќи Царството може да се купи и за две лепти". Навистина, евангелската вдовица го купила за две лепти, а богаташот, пред чии врати лежел Лазар, не можел да го купи за неизброеното свое богатство. Ако немаш ништо да му дадеш на сиромавиот, помоли се на Бога Он да му даде и со тоа веќе си направил милостиња и си купил царство небесно. Кога св. Василиј Нови $ прорекол на царицата, жената на царот Константин Порфиродниот, дека прво ќе роди ќерка, па потоа син, царицата му понудила многу злато. Светителот одбил. Царицата го заколнала со Светата Троица да земе. Тогаш св. Василиј зел само три златници и ги дал на бедната Теодора, која го служела, велејќи: 'Не ни треба многу од тоа трње, бидејќи многу боцка". |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
21 Март/3 Април
1. Св. Јаков епископ и исповедник. Не се знае ни местото на неговото раѓање ниту местото на неговото епископствување. Се знае само дека го исполнил законот Христов подвизувајќи се многу во постот и молитвата и дека, во времето на Копроним, големи беди и маки претрпел од иконоборците: и глад, и самица, и потсмевање од секој вид. Најпосле Му ја предал душата своја на Бога, на Кого верно Му служел во овој живот. Живеел и страдал во VIII век. 2. Преп. Кирил еп. Катански, во Сицилија. Родум од Антиохија и ученик на апостол Петар. Добро управувал со стадото Христово. Имал и дар на чудотворство со помош на молитвата. Така, некоја горчлива вода што не можела да се пие - а во тоа место друга вода во лето немало - со молитва ја претворил во слатка, питка вода. Се упокоил мирно. 3. Св. Тома патријарх Цариградски. Живеел во времето на царевите Маврикиј и Фока и во времето на патријарсите св. Јован Посник и Кириак. Забележан од св. Јован поради големото благочестие и ревноста, тој од овој светител бил поставен во чин сакелариј на Патријаршијата (патријаршиски намесник), а по смртта на Кириака, бил избран за патријарх. Во неговото време се случила една необична случка: кога еднаш се одело во литија со крстови, крстовите почнале да се нишаат самите од себе и да се удираат еден од друг. На тоа се зачудил сиот народ; и кога патријархот тоа го дознал како вистинит случај, го повикал Теодора Сикеот, прочуениот испосник и прозорливец молејќи го да објасни што се претскажува со тоа. Теодор Му се помолил на Бога и му открил на патријархот дека тоа ги означува големите беди што ќе настапат и за Црквата и за грчкото царство поради внатрешните верски и политички разделби. Христијаните самите ќе се тепаат и ќе се истребуваат едни со други. Сето тоа наскоро се исполнило. Тома го молел Теодора да Му се помоли на Бога за него за Бог да го земе кај Себе пре да настапат бедите. 'Заповедаш ли да дојдам до тебе или да се видиме онаму пред Бога?" - така му пишал Теодор на патријархот, навестувајќи со тоа дека и патријархот и тој скоро ќе умрат. И тој истиот ден се разболел и завршил патријархот, а наскоро по него и Теодор. Св. Тома завршил и се преселил кон Господа во 610 година. 4. Преп. Серапион. Другар на св. Антониј Велики. Бил настојател во Нитриската пустина во т.н. Арсинојски манастир, во кој имало околу 11 000 монаси. Паладиј и Созомон го нарекуваат Велики. Се упокоил околу 366 година. Св. Серапион пишувал: 'Не мисли дека е болеста тешка; тежок е само гревот... Болеста нé следи само до гробот, а гревот следува по грешникот и после гробот". Изменето од sard |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 141516 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |