IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за солени јадења
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за солени јадења

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 30>
Автор
Порака Обратен редослед
BisernA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4662
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BisernA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2010 во 16:10
стално правам сос со печурки, ама некако не ми излегуваат како што треба.... прво пржам малку кромитче, па ставам вода и млеко,.... и на крај ги додавам печурките.... им ставам и павлака + зачини....

што не правам како што треба и дали знаете некој друг едноставен рецепт за печурки
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2010 во 14:50

Брокули со лук

Потребно:

* 400 г брокули
* 3 чешниња лук
* 50 мл масло
* 1 лажичка ѓумбир во прав
* 2 лажички нишесте
* малку сол
* 100 мл вода
* 1 лажица зачинал

Приготвување: брокулите исчистете ги, измијте ги и исечете ги на помали цветчиња. Бланширајте ги во вриена солена вода, во која сте додале 2 лажици масло, а потоа исцедете ја. Во тавче со дебело дно загрејте го остатокот од маслото, додадете ги брокулите, посипете ги со зачинал и кратко пропржете ги. Водата, нишестето и ѓумбирот измешајте ги, па додадете ги во брокулите. Уште малку смесата проварете ја и во неа ставете го истолчениот лук, а по потреба долијте уште малку вода.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2010 во 00:49

Печурки со кисела павлака

Потребно:

* 500 г шампињони
* 100 г кромид
* 40 г путер
* 15 г трошки
* 250 мл кисела павлака
* 1 лажица ситно сечкан магдонос
* бибер
* 1 лажица зачинал

Приготвување: печурките измијте ги и исечете ги на четвртинки. Во загреаниот путер кратко пропржете го ситно сечканиот кромид, додадете ги печурките, зачиналот и биберот, па сето тоа динстајте го на тивок оган додека течноста не испари. Додадете ги трошките, па динстајте ги печурките уште пет минути. На крај во печурките сипајте ја киселата
павлака и сето тоа посипете го со ситно сечканиот магдонос.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2010 во 15:13

Рагу од пилешко и домати

Потребно:

* 500 г пилешко бело месо
* 2 лажици масло
* 50 г кромид
* 300 г шампињони
* 400 г компири
* 300 г испасирани домати
* 1 лажичка зачинал
* сол
* бибер
* 1 лажица ситно сечкан магдонос

Приготвување: исечете го пилешкото на коцки и кратко пропржете го во загреаното масло. Додајте го ситно сечканиот кромид и уште кратко динстајте го сето тоа. Исечете ги шампињоните на четвртинки, а компирите на коцкички, па додајте ги во месото. Прелијте го сето тоа со вода за да ги покрие продуктите и во поклопено тенџере варете ги 15 минути на тивок оган. Потоа додајте ги испасираните домати, зачиналот, солта, биберот и варете уште 10 минути. Послужете го јадењето посипано со магдонос.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2010 во 16:19

Пире од грав

Потребно:

* 500 г грав
* 2 лажици зачинал
* 1 лажица ситно сечкан магдонос
* 1 гранче сечкан целер
* 50 мл масло
* 3 чешниња лук
* 1/2 лажичка ким
* бибер
* сол

Приготвување: сварете го гравот исцедете го и уште додека е врел,испасирајте го во блендер. Додајте ги зачиналот, магдоносот, целерот, маслото, истолчениот лук, кимот и биберот. Добро измешајте го сето тоа и по потреба досолете го.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2010 во 16:32

Телешко со грашок

Потребно:

* 600 г телешко месо од бут
* 150 г моркови
* 50 мл масло
* 1 главица кромид
* 100 мл бело вино
* 2 говедски коцки за супа
* магдонос
* 500 г грашок од конзерва
* 2 лажички нишесте

Приготвување: телешкото месо исечете го на коцкички и пропржете го во загреаното масло. Во него додадете го ситно сечканиот кромид, морковите исечени на коцкички и говедските коцки за супа. Сето тоа прелијте го со вода и динстајте го на тивок оган додека месото не омекне. Потоа, додадете ги виното, грашокот, нишестето разматено во малку вода и сето тоа уште малку динстајте го. На крај, во јадењето ставете го ситно сечканиот магдонос. Телешкото со грашок послужете го со пире од компири.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2010 во 14:13

Крцкави тиквички

Потребно:

* 6 тиквички
* малку брашно
* малку сол

Приготвување: тиквичките исечете ги на 4-6 парчиња по должина, посолете ги и ставете ги да се исцедат со помош на товар (како модрите патлиџани). Потоа исушете ги со хартиена салфета, испрпелкајте ги во брашно и распоредете ги во тавче обложено со хартија за печење. Печете ги околу 20 минути во рерна загреана на 220 степени. Крцкавите тиквички послужете ги како прилог на главното јадење.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2010 во 15:04

Похувани шницли

Потребно:

* 800 г свинско месо од бут
* 150 мл негазирана минерална вода
* 1 лажица зачинал
* сол
* масло за пржење
За панирање:
* 100 г брашно
* 3 јајца
* 100 г трошки

Приготвување: свинското месо од бут исечете го на шницли, па исчукајте го така што секоја шницла треба да има радиус од 20 сантиметри. Месото посолете го, посипете го со зачиналот и оставете го да отстои во негазираната минерална вода околу два часа. Потоа, шницлите исушете ги, испрпелкајте ги во брашното, па во изматените јајца и на крај во трошките. Пржете ги во загреано масло од секоја страна по околу три минути. Со похуваните шницли послужете парчиња лимон и салата од компири.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2010 во 13:07

Паштета од шампињони со вино

Потребно:

* 1 кг шампињони
* 3 лажици масло
* 150 г кромид
* 1 лажица зачинал
* 2 чешниња лук
* бибер
* 50 мл вино
* 70 г путер
* 3 лажици сок од лимон
* 1 китка ситно сечкан магдонос

Приготвување: исчистените и измиени шампињони исечете ги на ливчиња. Во загреаното масло кратко пропржете го ситно сечканиот кромид и додадете ги подготвените шампињони. Сето тоа зачинете го со истолчениот лук, зачиналот, биберот и виното. Шампињоните динстајте ги во сопствениот сок додека не испари целата течност. Така подготвените шампињони испасирајте ги во блендер и сипајте ги во подлабока чинија. Потоа, додадете ги омекнатиот путер, сокот од лимонот и ситно сечканиот магдонос. Сето тоа добро измешајте го и смесата изладете ја.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2010 во 06:43

Палента со пармезан

Потребно:

* 600 мл вода
* 600 мл млеко
* 170 г пченкарно брашно
* 40 г рендан пармезан
* 40 г путер
За сосот:
* 2 чешниња лук
* малку крупна сол
* 60 г свеж босилек
* 100 г рендан пармезан
* 150 мл масло

Приготвување: измијте го босилекот и добро исушете го. Иситнете го во електричен сецко заедно со лукот. Посолете го и постепено додавајте го ренданиот пармезан. На крај сипете го маслото и мешајте додека не добиете компактна смеса. Зовријте ги водата и млекото, сипете го брашното и мешајќи, варете го 15 минути. На крај измешајте ги путерот, пармезанот и третина од сосот. Готовата палента послужете ја со остатокот од сосот.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2010 во 19:09
Полнети шницли

4 дебели свински шницли, (по 125 гр.)
сол, црн пипер,
1 главица кромид,
125 гр. шунка,
магдонос, праз,
1 лажица брашно, 1 јајце,
лажица презли,
3 лажици масло.

На секоја шницла направете по еден „РЕЗ" и посолете ги и ставете црн пипер. Посебно измешајте го исецканиот кромид, шунката празот и магдоносот. Со оваа смеса наполнете ги шницлите, свиткајте ги во ролна и прицврстете ја со дрвени клечки или со конец. Испохувајте ги шницлите и пржете ги на масло од секоја страна 6 до 8 минути. Шницлите служете ги на чинија украсена со на тркалца исецкани краставици.



Изменето од Valerija - 15.Февруари.2014 во 16:17
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2010 во 19:07
Jогурт тава

Потребни состојки:

· јагнешко месо од бутче или преден дел
· 1 кг овчо кисело млеко со Знак за квалитет
· 4 јајца
· 2 - 3 лажици брашно
· магдонос
· масло
· црн и црвен пипер
· сол

Начин на приготвување:

Исечете го месото на парчиња, ставете го во сад, посипете го со сол, црвен и црн пипер и со масло, налејте малку вода и ставете го да се динстува. Кога месото ќе омекне и ќе изврие водата, разматете ги брашното и јајцата во киселото млеко, додајте малку сол и сипете ја смесата врз месото. Посипете го јадењето со исечкан магдонос и ставете го во рерна да се испече.




Изменето од Valerija - 15.Февруари.2014 во 16:17
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2010 во 19:04
Mусака од кисела зелка

Земете: една главиџа нисела зелна, една помала чаша ориз, една главица кромид, црн пипер, четири-пет лажици масло и сол.

Зелката исечете ја ситно па ставете ја во поголем сад да се динста. Откако ќе извире водата, додајте две-три лажици масло и продолжете го динстањето додека не омекне зелката.

За тоа време исчистете го кромидот, исечете го ситно и пропржете го на останатиот дел од маслото. Додајте го исчистениот ориз во кромидот па прпрожете го уште малку, а потоа иставете го од огинот.

Земете тавче од средна големина и во него ставете еден дел од динстаната зелка, врз зелката ставете го оризот па прекријте го со преостанатиот дел од зелката. Одозгора посипете го со црн пипер, по желба ставете една-две суви црвени пиперки, па налјете го со вода да се прекрие зелката. Вака приготвената мусака ставете ја да се пече.


Изменето од Valerija - 15.Февруари.2014 во 16:16
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2010 во 19:02
Солен ролат со спанаќ

Потребни состојки:

· 6 јајца
· 4 лажици спанаќ
· 4 лажици брашно
· сол
· кашкавал со Знак за квалитет
· салама со Знак за квалитет
· 2 павлаки со Знак за квалитет


Начин на приготвување:

Се матат 6 жолчки со 4 лажици исечкан, претходно обарен спанаќ. Потоа се додаваат 4 лажици брашно, сол по вкус и 6 изматени белки.
Се пече во тепсија со зејтин и хартија.


Фил: сечкан кашкавал, сечкана салама и 1 павлака. Сето ова се меша и се мачка ролатот. Откако ќе се завитка, ролатот одозгора се мачка со уште една павлака.





Изменето од Valerija - 15.Февруари.2014 во 16:14
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 30>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.