![]() |
|
МУЗИЧКИ ВЕСТИ |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1415161718 32> |
Автор | |||||
dimigor ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 02.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 102 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Najnoviot spot na Karolina.Mora da priznaam dosta provokativen e
![]() http://mesto.com.mk/video/52490a9df50f503/ |
|||||
![]() |
|||||
Tetratka ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Песната „Исцеление дел од кампањата за обнова на манастирот „Св. Јован
Бигорски
Песната „Исцеление, во изведба на Вања Лазарова, Калиопи, Елена Ристеска, Тамара Тодевска, Ламбе Алабаковски, Влатко Илиевски, Врчак, Јован Јованов, Влатко Лозаноски, групата „Некст тајм и Катарина Бадаровска, е дел од големата кампања за обнова на манастирот „Св. Јован Бигорски. Сите што сакаат да се вклучат во возобновувањето на Бигорскиот манастир и да се вложат себеси како жив камен во живата Црква, можат да донираат на следните жиро-сметки: денарска жиро-сметка: 500-000000-3835-65 Стопанска банка А.Д. Битола девизна жиро-сметка: МПЦ Дебарско-кичевска епархија Бигорски манастир Свети Јован Крстител IBAN MK07500701000133139 Депонент: Стопанска банка А.Д. Битола SWIFT STBBMK22 Телефони за донација: 070 / 075 / 077 143 444 Однапред благодариме на сите и Бог нека е со нас. http://www.youtube.com/watch?v=z8Fl9HM8oYM Исцеление Икона над извор лебди Покрај Радика, Свети Јован лекува... Многу пати тој бил рушен И обновуван, И од Бога сочуван ! Конаци Бигорски Секому пак ќе му дадат мир ! РЕФРЕН: Свети Јоване Печат раните, Но, ѕвонат од љубов Камбаните ! Твојот манастир Ќе се обнови Со вера, со надеж, Со молитви ! Добри луѓе ќе го спасат, Пак ќе воскресне, Тука спијат светците ! Дури Монах тука чита Евангелие Има исцеление ! Бигорски Манастир На секој човек пак ќе му даде мир ! п.с. ОВА НЕ Е ОФИЦИЈАЛЕН СПОТ! Изменето од Tetratka - 30.Октомври.2009 во 20:38 |
|||||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|||||
![]() |
|||||
Renatax ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|||||
![]() |
|||||
Anarchy ![]() Сениор ![]() ![]() Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Еве неофицијална сет листа што треба овие баткиве вечерва да ја свират
![]() Under Pressure Waitin' for the Bus Jesus Just Left Chicago Pincushion I'm Bad, I'm Nationwide Future Blues Cheap Sunglasses Mexican Blackbird I Need You Tonight Brown Sugar Foxey Lady Just Got Paid Gimme All Your Lovin' Sharp Dressed Man Legs А јас од премногу обврски нема да одам ![]() |
|||||
![]() |
|||||
Anarchy ![]() Сениор ![]() ![]() Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
|
|||||
![]() |
|||||
Anarchy ![]() Сениор ![]() ![]() Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
ZZ Top сепак... дефинитивно и во Македонија!!! После
многу преговори и на наше големо инсистирање, Скопје е сепак во
последен момент вклучено во рутата како трет концерт на ZZ Top, кој
Авалон ќе го работи на нивната европска турнеја. ![]() Легендарните тексашки рокери еден ден пред тоа ке свират на стадионот Академик во Софија а два дена после Скопје во Атина. Посебно важно што го истакнуваат сите светски музицки критичари се нивните концерти и ги сврстуваат во десетте најдобри Live rock бендови, а за публиката се препознатливи и по единствениот сценски имиџ, покрај каубојските шешири, двајцата членови ги имаат најдолгите бради во историјата на rock музиката. И покрај понудата од милион долари да ги избричат своите бради за потребите на тв реклама, тие ја одбија понудата и останаа верни на своите амалјии. Во својата кариера имаат издадено 15 албуми и 5 компилации,а повекето од нив се продадени во милионски тиражи.Секако нивни најголеми хитови се "Gimme All Your Lovin, Give it Up, Sharp Dressed Man , Legs, Velcro Fly, My Head’s In Mississippi, Viva Las Vegas.... Од пред 5 години се членови на "Rock and Roll куќата на славните". |
|||||
![]() |
|||||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Симон Трпчевски на хуманитарна турнеја низ Македонија
![]() Концертната турнеја е од хуманитарен карактер, а почнува утре во Домот на културата во Валандово Нашиот пијано-виртуоз Симон Трпчески од утре до 8 ноември ќе одржи турнеја низ државава. Како што најавуваат од агенцијата „КултурОп“, кои ќе ја организираат турнејата, серијата концерти ќе бидат како продолжение на ланските настапи на Трпчески низ државава, а со кои беше предизвикан голем интерес кај гледачите. - Како резултат на извонредниот прием од домашната јавност и публиката од градовите во кои се одржаа првите три циклуси, како и поради барање и огромно инсистирање на публиката во внатрешноста на земјава, Трпчески повторно ќе настапи низ нашата земја - велат од „КултурОп“. Концертната турнеја ќе биде од хуманитарен карактер. Утре Трпчески ќе настапи во Домот на културата во Валандово, а на 10 октомври концерт ќе одржи и во Домот на културата во Кавадарци. Турнејата продолжува и следниот месец, при што на 7 ноември Трпчески ќе има концерт во Охрид. Турнејата ќе заврши со концерт во Велес на 8 ноември. На концертите Трпчески ќе изведе дела од Хајдн, Моцарт, Шопен, како и од домашни автори, при што премиерно ќе биде изведена и нова суита од Панде Шахов. По секој концерт предвидени се и средби со публиката, при што Трпчески ќе ги потпишува и своите компакт-дискови. Неодамна тој одржа и повеќе концерти низ европските центри на културата, а за неговите настапи се пишуваше и во повеќе музички списанија. Со пофалби и позитивни критики беа освртите на медиумите во Ливерпул, Велика Британија, каде што Трпчески минатиот месец настапи како солист во изведбата на Концертот број 3 за пијано и оркестар од Сергеј Рахманинов, заедно со Кралскиот ливерпулски филхармониски оркестар, а под диригентската палка на Василиј Петренко. Со овации и долги аплаузи Трпчески деновиве беше награден и од публиката во Тронтхајм, Норвешка, каде што со Симфонискиот оркестар на тој град го изведе пијано-концертот од Морис Равел. Диригент беше маестро Александар Ведерников, кој го предводеше оркестарот на театарот Бољшој на концертот во Скопје во мај годинава. |
|||||
![]() |
|||||
Anarchy ![]() Сениор ![]() ![]() Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
![]() |
|||||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
![]() |
|||||
___tanas_ ![]() Сениор ![]() ![]() ШЕФ НАДЕНИЧАР Регистриран: 26.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 156 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
![]() |
|||||
Tanjuska ![]() Сениор ![]() Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 120 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
ПОМЕСТЕН ДАТУМОТ ЗА КОНЦЕРТОТ ПОСВЕТЕН НА ПОП - ЅВЕЗДАТА
Место на 5 октомври, за Тоше ќе се пее на 25 јануари Петти октомври, кој лани беше избран за ден кога секоја година ќе се одржува концертот посветен на Тоше Проески, е сменет со 25 јануари, денот кога покојната поп-ѕвезда е родена. Меѓународната фондација "Тоше Проески", како организатор на настанот, реши следниот хуманитарен концерт посветен на Тоше да се одржи на 25 јануари 2010 година. Минатата година организаторите ја исполнија желбата на Тоше, кој на концертот на 5 октомври во 2007 година посака својата публика да ја види следната година на истото место, но во поголем број. На истиот ден лани, стадионот беше преполн, а музичките пријатели на Тоше од Балканот ги пееја неговите песни. Собраните средства од хуманитарниот концерт во континуитет се распределуваат за општествено корисни цели согласно одлуките на Управниот одбор на Фондацијата. Дел од средствата неодамна беа доделени за неопходни медицински апарати за болницата во Крушево. - Размислувавме дека понатамошната организација на концерт за Тоше, наместо на датумот на одржувањето на неговиот последен концерт - на 5 октомври, треба да го поместиме на датумот на неговото раѓање. Така ќе ја славиме и понатаму радоста од неговото раѓање, а не денот на неговиот последен концерт. За нас членовите на семејството, а веруваме и за сите на кои Тоше им е во срцата, 25 јануари е денот кој треба да се слави и исполни со музика и љубов", велат од Фондацијата. Средствата кои би се собрале од овој хуманитарен концерт ќе бидат наменети за манастирот Свето Преображение во Крушево, соопшти директорот на Фондацијата Андреј Николоски. |
|||||
![]() |
|||||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Во чест на Тоше Проески ќе се пее на 25 јануари Одлуката неодамна ја донесе Управниот одбор на Меѓународната фондација „Тоше Проески“, бидејќи смета дека публиката треба да го слави денот на неговото раѓање Традиционалниот концерт посветен на нашата мегаѕвезда Тоше Проески
нема да се одржи на 5 октомври во националната арена „Филип Втори“,
како што досега се шпекулираше, туку на 25 јануари 2010 година, а
локацијата допрва ќе се одредува. Со парите ќе се доградува манастирот во Крушево Парите што ќе се соберат од овој хуманитарен концерт ќе бидат
наменети за манастирот „Св. Преображение“ во Крушево, каде што
градителските работи се во тек. |
|||||
![]() |
|||||
Majkl ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
на 7-ми септември 2009(понеделник), во МКЦ 21:00ч Изменето од Majkl - 04.Септември.2009 во 17:15 |
|||||
![]() |
|||||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Ќерката на Мадона - каква копија на оригиналот
![]() Дванаесетгодишната
ќерка на Мадона, Лурдес, на најновите фотографии кои проструија на
интернет ја потврдуваат сличноста во стиловите и изгледот на мајката и
ќерката. ![]() Во школска униформа, со превез и црвен кармин Лудрес (12) се повеќе личи на нејзината мајка Мадона. Оваа слика која може да се најде на интернет е дел од втората верзија од видоето на Мадона за песната „Славење“. Другата верзија за видеото е достапна на интернет од вчера. Лудрес и се придружи на Мадона на сцената во Израел на вчерашниот концерт во Тел Авив како дел од нејзината „Стики енд вет“ турнеја. Лудрес е најстарото дете на поп-кралицата Мадона од Карлос Леон, поранешниот фитнес тренер на Мадона. Според пејачката, нејзините деца имаат многу строго воспитување: „Моите деца не гледаат телевизија. Имаме телевизор дома, но не сме претплатени на ништо освен на филмови. Телевизијата е ѓубре. Мојата ќерка има проблем со собирањето облека од подот. Па затоа ако не си ја стави облеката во плакарот, таа ќе заврши во ѓубре. Таа мора да научи да биде уредна“, изјави Мадона. |
|||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1415161718 32> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |