IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРОЛОГ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРОЛОГ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 13141516>
Автор
Порака Обратен редослед
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2006 во 03:12

3. Преп. Малх. Малх бил земјоделец од близината на Антиохија. Од младоста го управил сиот свој дух кон Бога. Арапите го заробиле и го присилиле да земе за жена Црнкиња. Но тој и неа ја привел кон верата Христова и поживеал со неа како брат со сестра. Се договориле и избегале од ропството. Но Арапите за малку што не ги стасале. Тие се засолниле во една пештера, во која виделе лавица со своите млади и се уплашиле. Но Бог ги сочувал. Лавицата не ги повредила, а заклала еден Арап, кој сакал да влезе во пештерата и да ги фати бегалците. Стигнувајќи во своето место, Малх ја дал својата жена во женски манастир, а тој отишол во машки. Проживеал многу лета подвизувајќи се и се преселил меѓу небесните граѓани во IV век.

4. Преп. Василиј Новиот. Најпрво живеел во шума, без покрив и огниште. Кога го фатиле и прашале кој е, тој одговорил: 'Еден од живите на земјата". Се посомневале во него дека е некој шпион, та многу го мачеле. Најпосле во слобода проживеал многу години во Цариград. Проѕирал во сите човечки тајни, ја претскажувал иднината, правел големи чуда. Негова послушница била старицата Теодора, која кога умрела му се јавила на Григориј, послушникот Василиев, и му опишала 20 воздушни митарства (царини) низ кои, после смртта, секоја просветлена, крстена душа мора да помине (а некрстените веднаш се фрлале во пеколот) и и се одредува место на чекање до страшниот суд, до Второто Христово доаѓање. Св. Василиј мирно завршил на 25 март 944 година и се преселил во прекрасните небесни обиталишта. Бил виден после смртта во голема слава на небесата од еден цариграѓанин.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2006 во 03:08

26 МАРТ/8 АПРИЛ

 

1. Св. архангел Гаврил. Благовесник на воплотувањето на Синот Божји. Тој е еден од седумте велики Ангели што стојат пред престолот Божји. Тој му јавил на Захарија за раѓањето на Претечата (Претходникот) и самиот за себе рекол: 'Јас сум Гаврил кој стои пред Бога" (Лука 1:19). Неговото име, Гаврил, означува маж - Бог. Светите отци говорејќи за Благовештението, толкуваат дека е испратен ангел со такво име да означи Кој и Каков ќе биде Оној што треба да се роди од Пречистата. Значи, ќе биде маж - Бог, крепок, силен Бог. Некои дознале дека истиот Гаврил им јавил на Јоаким и Ана за раѓањето на Дева Марија и дека тој го поучувал Мојсеја во пустината како да ја напише книгата Битие. Светите отци мислат дека Гаврил припаѓа на првиот и највисокиот чин на небесните сили, т.е. на серафимскиот чин, бидејќи серафимите стојат најблизу до Бога. Значи, тој е еден од седумте најблиски на Бога серафими. Имињата на тие седуммина се: Михаил, Гаврил, Рафаил, Урил, Салатил, Јегудил и Варахил. На овој број некои го додаваат и Јеремил. Секој има своја посебна служба, а сите се рамни по чест. Зошто Бог не го испратил Михаил? Затоа што Михаиловата служба е сокрушение на противникот на верата Божја. А Гавриловата служба е благовестието на човечкото спасение.

2. Свештмч. Иринеј еп. Сремски. Се мисли дека бил Словен и дека пред епископството бил женет и имал деца. Пострадал за Христа во времето на Максимијан. Во времето на тешките мачења неговите роднини стоеле околу него и плачејќи го молеле да се поштеди себеси и нив (т.е. да се одрече од Христа). Но овој прекрасен свештеномаченик ги љубел повеќе раните за Христа отколку сите блага на овој свет. Во истото време од Проб пострадале и еден бавчанџија во Срем, Серен и Афр во Регија. Бидејќи Иринеј никако не сакал да се одрече од верата, кнезот Проб наредил да бидат фрлени од еден мост во реката Сава каде што овој пастир на стадото Христово завршил и се преселил меѓу граѓаните небесни. ^есно пострадал во 304 година.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2006 во 02:47

БЕСЕДА

за семоќта на зборот Божји

Зашто нема да остане во Бога ниеден збор без сила (Лк. 1:37).

И рекол Бог да биде светлина и би светлина: додека Бог не рекол, светлина немало. Ниту некој друг имало што би знаел што е светлина додека Бог не рекол и додека светлината не постанала. Исто така, кога Бог рекол, тогаш постанала водата и сувата земја, и сводот ѕвезден, и билките, и животните, најпосле и човекот. Додека Бог не рекол, ништо од сето тоа немало, ниту било кој друг освен Бог знаел дека сето тоа може да постои. Со силата на Својот збор Бог создал сe што создал на небото и на земјата. Што и да посакал Бог да биде, и ќе речел тоа да биде, тоа морало да биде, и не можело да не биде, бидејќи зборот Божји е неодолив и творечки. Создавањето на светот е големо чудо на зборот Божји.

Создавајќи ги овие твари, Бог, пак, со Својот збор поставил ред и начин на постоење на сите твари и однесувања на тварите кон тварите. И тој ред и начин којшто Бог го поставил е големо чудо на зборот Божји.

Но постои ред и начин помеѓу тварите, видлив и достапен за нас луѓето, а постои ред и начин невидлив и недостапен. Според тој невидлив и недостапен ред и начин, кој е тајна на Светата Троица, се случија и се случуваат оние појави што луѓето ги нарекуваат посебни чуда. Една таква појава е безмажното зачнување на Господа Исуса Христа во утробата на Пресвета Дева Марија. Тоа изгледа упаѓање во видливиот и достапен ред и начин. Тоа раѓање е навистина големо чудо, можеби и најголемо чудо што ни е откриено на нас смртните. Но и целиот создаден свет е чудо и целиот видлив и достапен ред и начин е чудо, и целото тоа чудо станало со зборот Божји, исто така, како што и Господ се зачнал во утробата на девицата.  И ова и тоа се случило со силата на зборот Божји. Затоа чудесниот Гаврил и одговара на Пречистата на нејзиното прашање, кое е прашање за сите поколенија: 'Како може тоа да биде?" - тој и одговара: 'За Бога е сe можно што и да рече!"

О Господи Боже, Создателу наш, бесмртен и постојан ^удотворецу, вразуми го нашиот ум за повеќе да не се сомнева, но да верува и вразуми го нашиот јазик повеќе да не прашува туку Тебе да те прославува. На Тебе слава и вечна пофалба. Амин.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2006 во 02:47

РАСУДУВАЊЕ

Го прашале авва Атанасиј: 'Како е можно Синот да е рамен на Отецот?" Тој одговорил: 'Како што се две очи а еден вид". Прекрасен одговор. Покрај ова, ние можеме да додадеме: како што се две уши а еден слух. Исто така и за сите три Божји ипостаси: како што има три свеќи а една иста светлина.

 

СОЗЕРЦАНИЕ

Да ја набљудувам Пресвета Дева Марија, и тоа:

1. како смирено, послушно и предано Му служела на Бога 11 години во храмот;

2. како смирено, послушно и предано Му служела на Бога во својата одаја во Назарет;

3. како смирено, послушно и предано ја примила божествената благовест од архангелот Гаврил.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2006 во 02:45

25 МАРТ/7 АПРИЛ

 

1. Св. Благовештение. Кога на Пресветата Дева $ се навршиле единаесет години престојување и служење при храмот ерусалимски, и четиринаесет години од раѓањето, значи, кога стапи во 15. година од животот, свештениците $ соопштиле дека, според законот, таа повеќе на може да остане при храмот, туку треба да се прстенува и да стапи во брак. Но колку големо изненадување за сите свештеници бил одговорот на Пресветата Дева дека таа Му се посветила на Бога и дека сака да остане девојка до смртта не стапувајќи со никого во брак! Тогаш, по промислата и внушение Божјо, првосвештеникот Захарија, таткото на Претечата, во договор со останатите свештеници, собрал 12  мажи без жени од племето Давидово за на еден од нив да му ја врачат Дева Марија на чување на нејзиното девојчинство и на старателство за неа. И му била врачена на стариот Јосиф, од Назарет, кој имал преку 60 години, кој $ бил и роднина. Во домот Јосифов пресветата Дева продолжила да живее исто како и во Соломоновиот храм, поминувајќи го времето во читање на Светото Писмо, во молитви, богоразмислување, пост и работа. Скоро никогаш од куќата не излегувала, ниту се интересирала за светски работи и случувања. Воопшто, малку со кого говорела и никогаш без особена потреба. Најчесто во куќата општела со двете ќерки на Јосифа. Но кога се исполнило времето проречено од пророкот Даниил и кога Бог благоволил да го исполни Своето ветување дадено на изгонетиот Адам и на пророците, се јавил великиот архангел Гаврил во одајата на пресветата Дева, и тоа, како што пишуваат некои свештени писатели, во моментот токму кога таа ја држела отворена книгата на пророкот Исаија и размислувала за неговото големо пророштво: 'Ете, Девица ќе зачне и ќе роди Син!" Гаврил $ се јавил во архангелска светлина и $ рекол: 'Радувај се, благодатна! Господ е со тебе!" и останатато редум како што пишува во Евангелието на божествениот Лука. Со оваа архангелска благовест и со слегувањето на Светиот Дух на Пречистата Дева, започнува спасението на луѓето и обновувањето на тварта. Историјата на Новиот завет ја отворил архангелот Гаврил со зборовите: 'Радувај се!" да означи со тоа дека Новиот завет ќе значи радост за луѓето и за сето создание. Оттаму и Благовештението се смета колку голем толку и радосен празник.

2. Св. мч. Пелагија, Теодосија и Дула. Овие три свети жени пострадале за Господа. Пелагија и Теодосија после самувањето и маките биле заедно со меч исечени. А светата Дула, која била слугинка, и самата пострадала и завршила во градот Никомидија. Три бели ружи, полеани со маченичка крв, ги пресадил Бог во Својата небесна градина.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2006 во 00:11

БЕСЕДА

за верноста во страдањето и венецот на животот

 

Не бој се воопшто од она што ќе има да претргаш... Биди верен до самата смрт и ќе ти го дадам венецот на животот. (Откр. 2:10).

 

Господ со своето страдање ги олеснил нашите страдања. Он претрпел најголеми маки и излегол како победник; затоа Он може да нe охрабрува во нашето мало страдање. Он страдал и трпел на правина, а ние страдаме и трпиме отплатувајќи ги своите гревови. Затоа Он може двојно да нe опоменува, да истрпиме до крај, како што Он, безгрешниот, истрпел.  Нему никој од нас не Му помогнал ниту Му ги олеснал маките и трпењето, а Он стои зад секого од нас кога страдаме и ни ги олеснува нашите маки и неволји. Затоа Он има право да каже на секој страдалник заради Неговото име: 'Не плаши се! Не плаши се воопшто од она што ќе претргаш", вели Он, 'бидејќи Јас ги поднесов сите страдања и ги познавам; и  од ниедно страдање не сум се уплашил, туку сите ги примив на Себе и истите на крајот ги победив. Јас не ги победив отфрлајќи ги или бегајќи од нив, туку примајќи ги доброволно сите на Себе и поднесувајќи ги сите до крај. Така и ти прими ги на себе доброволно страдањата, а Јас гледам и знам колку ти можеш да поднесеш и до кога".

'Ако страдањата траат и  до смртта, ако тие и смрт ти предизвикаат, сепак, не плаши се: ќе ти дадам венец на животот. Ќе те крунисам со бесмртен живот, вечен во кој Јас царувам со Отецот и животворниот Дух. Бог не те ни испратил на Земјата угодно да живееш туку да се приготвиш за бесмртен живот. ¤алоста би била големо кога твојот Создател не би можел да ти даде подобар, подолг и посветол живот отколку што е тој на Земјата, кој целиот заудира на гнилеж и смрт и кој е пократок од животот на гавранот".

О браќа мои, да го послушаме зборот на Господа и сите страдања ќе ни олеснат. Ако ударите на светот сега ни се чинат како тврди камења, кога ќе Го послушаме Господа, тие ќе станат како морска пена.

Господи, Победителу, научи нe на Твојата долготрпеливост. И кога ќе малаксаме, пружи ја Твојата рака и поддржи нe. На Тебе слава и вечна пофалба. Амин.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2006 во 23:35

РАСУДУВАЊЕ

Патувале некогаш авва Данило и авва Амој. Ава Амој рекол: 'Оче, кога ќе стигнеме во келијата?" (т.е. да би можеле да се молиме на Бога). Авва Данило одговорил: 'А кој сега ни Го одзема Бога? И во келијата е Бог и надвор од келијата е истиот Бог". Со ова се учиме за непрестајност на молитвата, размислување за Бога и созерцување на Божјото делување во нас и околу нас. Храмот ја олеснува и ја зајакнува молитвата. Исто така и затвореноста и осаменоста на свој начин ја олеснува и ја појачува молитвата. Но кој не сака да се моли, ниту храмот, ниту келијата нема да го врзат. Ниту, пак, силата на природата и патувањето ќе можат да го оддвојат од молитвата оној кој ја почувствувал сладоста на молитвата.

 

СОЗЕРЦАНИЕ

Да Го набљудувам Господа Исуса распнат на крстот, и тоа:

1. броејќи ги капките од Неговата пречиста крв и броејќи ги моите гревови;

2. броејќи ги Неговите болни воздишки и броејќи ги глупавите денови на мојата смеа
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2006 во 23:34

4. Спомен на чудото во Печерскиот манастир. Двајца другари, Јован и Сергеј, се збратимиле пред иконата на св. Богородица во тој манастир. Јован бил богат човек и имал петгодишен син Захариј. Јован се разболел и пред умирање го препорачал својот син на грижата на Сергеј, и му оставил на Сергеј на чување доста сребро и злато, со обврска овој тоа да му го врачи на Захариј кога ќе порасне. Но кога Захариј пораснал, Сергеј одрекол дека нешто примил од умрениот Јован. Тогаш Захариј му рекол да се заколне пред онаа иста икона на Пресвета Богородица, пред која што се збратимиле со неговиот покоен татко дека ништо не примил од Јована, па ништо нема ни да му бара. Сергеј се согласил. Но кога се заколнал, сакал да пристапи да ја целива иконата, но некоја сила го држела подалеку и не допуштала. Тогаш наеднаш почнал бесно да вика: 'Свети отци Антониј и Теодосиј, не давајте да ме погуби овој немилостив ангел!" Тоа демонот го беше нападнал по Божјо допуштање. Потоа ги посочил сите пари што Јован ги оставил. Но кога отвориле, ја нашле таа сума удвоена. Таа сума се удвоила со Промислата Божја. Примајќи ги парите, Захариј ги дал на манстирот, а самиот тука се потстрижал за монах, проживеал долго, се удостоил на големи дарови Божји и се преселил мирно во вечноста.

5. Преп. Захариј. Син на Карион Египќанецот, кој ја оставил жената и децата и се замонашил. Захариј го зел татко му кај себе, бидејќи мајка му не можела да го прехрани. Иако помлад од многуте старци во Скитот, станал подобен на поголеми благодатни дарови отколку мнозина старци. Од благодатта Божја чувствувал како да му гори целата внатрешност. На прашањето на св. Макариј кој е вистинскиот монах, Захариј одговорил: 'Оној којшто непрестајно се принудува на заповедите Божји". А на прашањето на авва Мојсеј што значи да се биде монах, Захариј ја симнал својата камилавка и ја згазнал со нозете, па рекол: 'Ако човекот не биде вака скрушен со духот, не може да биде монах!" Бил големо светило меѓу монасите во пустината и млад се упокоил во Господа.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2006 во 23:31

24 МАРТ/6 АПРИЛ

1. Св. Артемон еп. Селевкиски. Во Селевкија е роден и воспитан. Кога св. апостол Павле дошол во тој град, го видел Артемона, го утврдил уште повеќе во верата Христова и го поставил за епископ на тој град. Артемон со љубов и ревност управувал со словесното стадо Христово, бил лекар на душите и телата човечки и се преселил во вечноста во длабока старост.

2. Преп. Јаков Исповедник. Пострадал за иконите од царот Лав Ерменецот. Бил монах и собрат на Студитскиот манастир. Па кога великиот Теодор Студит бил во затвор, Јаков го ставиле на големи маки за да се одрече од иконопочитувањето. Но тој останал истраен и верен на православието до крај. Претепан и измачен го вратиле назад во манастирот кога лошиот цар Лав лошо го завршил животот. Во манастирот умрел од тешките рани и се преселил меѓу небесните граѓани.

3. Свештмч. Партениј патријарх Цариградски. Родум од островот Митилена. Бил епископ Хиоски подолго време. После бил избран за патријарх. Но по лажните доставувања дека работел против државата, Турците прво го нуделе да се потурчи, а кога тој тоа решително го одбил, го обесиле во 1657 година.



Изменето од sard
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2006 во 23:30

БЕСЕДА

за немоќта на човекот пред величествието на Бога

Штом Го видов, паднав пред нозете Негови како мртов. (Откр. 1:17).

 

Свети Јован паднал како мртов кога Го видел Господа Исуса во слава. Свети Јован, возљубениот ученик Исусов, евангелистот, девственикот, љубителот на Господа, ревнител на светињата  тој не можел да се одржи на нозете ниту во присебност кога Го видел својот учител во небесна слава и Неговата сила! Туку падна како мртов. Како ли ќе Го издржат присуството на Господа и Неговиот поглед како пламен огнен оние кои Му погрешиле, кои станале против Него, го хулеле Неговото име, ја презреле љубовта и жртвата Негова, го исмеале крстот Негов, ги погазиле Неговите заповеди, ја гонеле Неговата Црква, ги срамеле Неговите свештеници, ги убивале Неговите верници? Што ќе се случи со нив пред лицето Господово, ако свети Јован падна како мртов? Што ќе се случи со книжевниците кои прават разврат? Со воспитувачите кои ја убиваат верата во младите души? Со скептиците кои со својот сомнеж ги трујат луѓето? Со разбојниците и крадците? Со развратниците и чедоубијците? Што ќе се случи со непријателите Христови кога пријателот Христов падна како мртов пред неискажаната светлина на славата Негова?

Толкава е славата, и силата, и власта, и убавината, и господството, и светлината и величеството на Господа Исуса воскреснатиот и вознесениот, што најблиските Негови другари, кои три години без страв го гледаа Неговото лице на земјата, паѓаат како мртви кога ќе Му го согледаат лицето на небесата по страданијата, смртта и победата!

Господи сеславен и сесилен, освети не и оживи не со силата и славата Твоја. На Тебе слава и вечна пофалба. Амин.

 

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2006 во 23:28

РАСУДУВАЊЕ

Св. Пафнутиј го молел Бога да му открие на кого е тој (Пафнутиј) сличен. И слушнал глас кој му рекол: 'Сличен си на трговец кој бара добри бисери, стани и не биди мрзлив!" Но Бог не би рекол на секој од нас дека сме слични на трговец кој бара добри бисери, бидејќи многумина од нас не бараат бисери туку се затрупуваат со подебели слоеви на евтина прашина. Не е с# бисер што мрежата ќе го извади од дното на морето туку тиња и песок. Но тие што не знаат се грабат за  тињата и песокта како по бисери. Само трговецот кој го познава добриот бисер ја фрла мрежата во морето безброј пати и ја извлекува, истурајќи ги тињата и песокот додека не најде едно зрно бисер. Зошто Бог го споредува Пафнутија со трговец? Затоа што Пафнутиј го дал целиот свој имот и вложил голем труд и целото свое време некако да дојде до едно зрно вистински бисер. Тоа зрно вистински бисер е очистеното срце од страстите и лошите помисли и е загреано со пламенот на љубовта кон Бога. Стани и ти, човеку, и не биди мрзлив! Твојот пазарен ден се приближува кон првиот мрак.

 

СОЗЕРЦАНИЕ

Да Го набљудувам Господа Исуса распнат на крстот, и тоа:

1. како сострадалната љубов кон луѓето кај Него не се смалила заради Неговите маки;

2. како со љубов $ пружа на мајката утеха, укажувајќи на Јована како на син, наместо на Себе;

3. како со љубов се моли на Отецот за луѓето: 'Оче, опрости им зашто не знаат што прават!"
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2006 во 23:25

23 МАРТ/5 АПРИЛ

1. Свештмч. Никон. Роден е во Неапол од татко незнабожец и мајка христијанка. Никон бил римски офицер во Неапол. И не бил крстен, иако мајка му, скришум од таткото, го поучувала во верата Христова. Еднаш кога отишол со својата чета во борба, мајка му го посоветувала, ако биде во неволја, да се прекрсти и да Го повика Христа на помош. И навистина кога во борбата Никоновата чета била опколена и сосема близу до конечна погибел, Никон се прекрстил и во срцето повикал кон Христа. Во тој миг тој се исполнил со необична сила, се втурнал кон своите непријатели и едни ги убил, а други ги натерал во бегство. Враќајќи се дома, Никон непрестајно во чудење извикувал: 'Велик е христијанскиот Бог!" Откако ја израдувал мајка си со веста за својата победа со помошта на крстот Христов, тој тајно отпловил во Азија каде што епископот Кизички Теодосиј го крстил. По крштението, се затворил во еден манастир каде што се предал на учење и на подвиг. Но пред смртта епископот Теодосиј имал видение во кое му било наредено за наследник да го ракоположи Никона. Старецот Теодосиј веднаш го повикал Никона и го ракоположил за ѓакон, потоа за презвитер и епископ. Со Божја промисла Никон наскоро дошол во Неапол каде што ја нашол својата мајка уште жива. По смртта на мајка си, тој се оддалечил со девет ученици, некогашни воени другари, во Сицилија, и таму се оддал на проповедање на Евангелието. Но во тоа време имало страшно гонење на христијаните. И кнезот Квинтијан го фатил Никона со другарите и ги подложил на големи маки. Неговите 190 ученици и другари биле исечени. А Никона мачителот го врзувал за опашките на коњите, па ги потерувал, го фрлал од висока карпа во провалија, го тепал, го стругал, но Никон сите тие маки ги преживеал. Најпосле бил исечен со меч и се преселил при Господа. Неговото тело било оставено во полето за птиците да го изедат. Но некое овчарче, со бесен дух, се сопнало и паднало на мртвото тело на Христовиот маченик и веднаш се исцелило. Тоа разгласило за телото на Никона, та христијаните дошле и чесно го погребале. Свети Никон пострадал во времето на царот Декиј.

2. Преп. Никон Печерски. Другар на св. Антониј Печерски и духовен отец на преподобниот Теодосиј. Поради потстригнувањето на бојарот Варлам и евнухот Ефрем бил загрозен од кнезот Изјаслав, но кнегињата го обрати гневот на кнезот во страв Божји и свети Никон бил оставен на мир. Сакајќи да го украси храмот со икони, Никон Му се молел на Бога за помош. И поради молитвите негови во Киев од Цариград дошле некои Грци - иконописци, на кои во видение им се јавиле св. Антониј и св. Теодосиј, и се упатиле во Киев кај Никона1. Бил прославен со своите смели подвизи и духовната мудрост. Во староста беше и преку својата волја игумен Печерски. Му се претстави на Господа во 1066 година. Неговите мошти нетлени се чуваат во Киевските пештери.



1 Во грчкиот Синаксар и во Атонскиот патерик на овој ден се спомнува и новомаченикот Лука, роден во Едрене. Како дете, Турците го фатиле во Цариград и го обрезале. Заради тоа луто го гризела совеста. Тој обрезанието го сметал за ѓаволски печат на себе што може да се уништи само со мачеништво за Христа. Замонашен во Св. Гора, отишол со својот старец Висарион на Митилена и таму бил обесен од Турците на 23 март 1802 година. Висејќи во воздухот телото на маченикот испуштало благомирисно миро.

 



Изменето од sard
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2006 во 20:55

РАСУДУВАЊЕ

Дури ни со маките на крстот Господ Исус не ги осудил грешниците туку го изнел пред Својот Отец извинувањето за нивниот грев, велејќи: 'Не знаат што прават!" И ние да не судиме никого за да не бидеме осудени. Бидејќи никој не е сигурен дека и тој до смртта нема да го направи оној ист грев за кој го осудува својот брат. Св. Атанасиј Синајски поучува: 'Ако видиш дека некој греши, не осудувај го, бидејќи не знаеш како тој ќе го доврши својот живот. Оној разбојник распнат со Исуса беше човекоубиец. Јуда, пак, беше апостол Христов, па сепак, разбојникот влезе во Царството, а апостолот отиде во пеколот. Ако и видиш дека некој греши, ти не ги знаеш неговите добри дела. Бидејќи многумина погрешија јавно, а се покајаа тајно, ние ги гледаме нивните гревови, а нивното покајание не го знаеме. Затоа, браќа, никого да не осудуваме за да не бидеме осудени".

 

СОЗЕРЦАНИЕ

Да Го набљудувам Господа Исуса распнат на крстот, и тоа:

1. како е безгранична Неговата љубов за луѓето заслепени од гревот;

2. како на крстот Неговите мисли се повеќе упатени кон Отецот небесен отколку кон Себе;

3. како на крстот Неговите грижи се повеќе упатени кон луѓето отколку кон Себе;

4. како на крстот Он е сигурен во Својата победа и воскресението.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2006 во 20:48

22 МАРТ/4 АПРИЛ

 

1. Свештмч. Василиј презвитер анкирски. Под царот Констанциј трпел многу од ариевците. И во тоа време се беше прочул како голем ревнител на православието и вистински пастир на словесното стадо во Анкира. А кога потоа на престолот седнал Јулијан Отстапникот и почнало гонењето на христијаните, Василиј јавно го разобличувал ова ново нечестие и ги утврдувал своите луѓе во верата. Затоа бил фрлен во самица. Па кога царот Јулијан дошол во Анкира, Василиј бил изведен пред царот и царот почнал да го наговара да ја остави Христовата вера, ветувајќи му почести и богатство. Тогаш Василиј му одговорил на царот: 'Јас Му верувам на мојот Христос, од Кого ти си се одрекол и Кој тебе ти го даде ова земно царство, но тоа наскоро ќе ти биде и одземено. Зарем не ти е срам од олтарот под кој се спаси од смртта како осумгодишно дете кога бараа да те убијат?... Затоа наскоро ќе ти се одземе ова времено царство и телото твое нема да биде погребано кога ќе ја испуштиш душата во остри маки".  Јулијан се разлутил и наредил на Василиј да му се дерат на ден по седум ленти кожа од телото. И така правеле мачителите неколку дена. Кога Василиј повторно излегол пред царот, тој зел самиот од себе една лента од својата сопствена кожа и му ја фрлил на Јулијан в лице, велејќи му: 'Земи, Јулијане, и јади, ако таквото јадење ти е слатко, а мене Христос ми е живот!" Таа случка се разгласила по градот, а царот од срам тајно се тргнал од Анкира во Антиохија. Василија, пак, продолжиле да го мачат со усвитено железо додека не Му ја предал својата душа на Господа за Кого многу страдал во 363 година.

2. Св. Дросида. Ќерка на царот Трајан. Била фатена со други пет жени кај што ноќе ги собира телата на постраданите маченици за Христа и поради тоа од царот остро тепана. Оние пет жени биле тешко мачени и најпосле фрлени во растопен бакар каде што своите души Му ги предале на својот Господ. А Дросида останала под строга стража. Но таа избегала од дворот и сама себеси се крстила во една река. По осум дена, Му ја предала својата душа на Бога.

3. Преп. мч. Евтимиј. Роден е во селото Димитцани на Пелопонез. Како момче живеел христијански, но подоцна отишол во Романија и таму се предал на голем разврат. Во тој разврат го навел лошиот дух да се потурчи. Но, штом го сторил тоа, почнал горко да се кае. Се вратил повторно во верата Христова и се замонашил во Св. Гора. После неколку години, поминати во тежок пост и молитва, се решил да умре за Христа. Со благослов на својот духовник отишол во Цариград каде некако успеал да излезе пред великиот везир. Пред везирот тој почнал да се крсти, да Го фали Христа и да го навредува Мухамеда. После долги тормозења, бил осуден на смрт и исечен на 22 март 1814 година, на Цветници. Од неговите мошти се случиле многу чудни исцеленија на болни. Неговата чесна глава се наоѓа во рускиот манастир 'Св. Пантелејмон" во Св. Гора. И така, ова дваесетгодишно момче прво Му умрело на Христа, а потоа за Христа.



Изменето од sard
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 13141516>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,359 секунди.