Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(1)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Декември.2010 во 13:43 |
Погачици со пченка
Потребно:
* 350 г зрна од пченка (од конзерва) * 2 јајца * 90 г брашно * 1 лажичка прашок за печиво * 1 лажичка сол * 1/2 лажичка бибер * 200-300 мл масло за пржење
Приготвување: зрната од пченка и јајцата измешајте ги, додадете ги брашното измешано со прашокот за печиво, солта, биберот и сето тоа добро измешајте го. Со лажичка земајте од смесата и погачиците пржете ги во добро загреаното масло додека не се вцрват. Пржените погачици ставајте ги на хартиена салфета за да се впие вишокот масло. Послужете ги топли.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(1)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Декември.2010 во 06:07 |
Рижото со спанаќ
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 1 мала лажица Црн пипер
- 1000 грама Спанаќ
- малку Сол
- 50 грама Путер
- 300 грама Ориз
- 2 лажица/ци Маслиново масло
- 1 главица Кромид
ПОДГОТОВКА:
Спанаќот исчистете го и измијте го.
На масло пропржете го сецканиот посолен кромид.
Кога кромидот, постепено додавајте го исчистениот и измиен спанаќ.
Кога целиот спанаќ сте го додале, оставете да испари целата течност, па додадете го оризот.
Посолете и попиперете, а по вкус додадете и зачинска сол.
Уште малку промешајте па додадете врела вода.
Водата додавајте ја постепено и варете на тивок оган додека оризот не се свари.
Пред крајот, додадете го путерот, па исклучете го оганот и поклопете го садот.
Оставете го уште 10-на минути, исцедете ја водата, па послужете.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(1)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Декември.2010 во 04:34 |
annaja напиша:
Ме интересира,ако некои знае,рибата ослич замрзната, дали кожата се лупи пред да се пржи и дали некој од искуство знае дали треба рибата да се пржи одмрзната или замрзната.Мене ме советуваа дака кожата се лупи додека е замрзната,затоа што после горчи и подобро се пржи замрзната. |
Мојот совет е следниот:кожата ја тргај кога рибата е полузамрзната.Тогаш ќе ти биде најлесно. А инаку се пржи идеално размрзната,овкусена со сол,црн пипер и девисил.Топиш ја во брашно.Потоа ја тресеш убаво да и падне непотребното брашно и ја пржиш во немногу силен зејтин. 
|
 |
annaja
Сениор
Регистриран: 21.Април.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 531
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Декември.2010 во 00:28 |
Ме интересира,ако некои знае,рибата ослич замрзната, дали кожата се лупи пред да се пржи и дали некој од искуство знае дали треба рибата да се пржи одмрзната или замрзната.Мене ме советуваа дака кожата се лупи додека е замрзната,затоа што после горчи и подобро се пржи замрзната.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(1)
Цитирај Одговор
Испратена: 16.Декември.2010 во 17:07 |
Ориз со праз и сланина
Потребно:
* 300 г ориз * 40 г чадена сланина * 2 лажици масло * 500 г праз * 1 лажица пире од домати * сол * магдонос
Приготвување: добро исчистете го празот, измијте го и исечете го на парчиња. Пропржете ја сланината исечена на коцкички во загреаното масло, па додајте го исечениот праз, добро измешајте го, кратко издинстајте го, прелијте го со малку вода, па продолжете со динстањето се додека празот не омекне. Потоа, во него измешајте ги измиениот ориз, пирето од домати, посолете го сето тоа и прелијте го со вода. Продолжете со динстањето. Откако оризот ќе омекне, посипете го со ситно сечканиот магдонос.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(1)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Декември.2010 во 22:19 |
Сочни плескавици
Кога во мешаното мелено месо (половина свинско и половина јунешко) ќе ги додадете другите состојки и зачини по желба, повторно сомелете го на машина за мелење месо. Со повторното мелење ќе добиете покомпактна смеса. Така подготвените плескавици испржете ги. Ќе откриете дека по пржењето, плескавиците ќе имаат посебен вкус и, едноставно, ќе се топат во уста.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(1)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Декември.2010 во 23:12 |
Кремасти моркови
Потребно:
* 700 г моркови * 75 мл слатка павлака * 1 лажичка сок од лимон * малку бибер * малку рендано морско оревче * цимет * сол * 1/2 лажичка зачинал * 1 лажица путер * 1 шипка цимет * 2 лажици ситно сечкан магдонос
Приготвување: морковите излупете ги и исечете ги на еднакви стапчиња. Ставете ги во сад со вода и со шипката од цимет. Откако ќе зоврие водата, варете ги 6-8 минути. Извадете ја шипката од цимет, исцедете ги морковите и вратете ги во садот. Во нив додадете ги путерот, солта, циметот, ренданото морско оревче и биберот. Сето тоа добро измешајте го, а потоа додадете го сокот од лимонот и слатката павлака. Сето тоа варете го околу една минута или додека павлаката не се згусти. Пред да ги послужите, морковите посипете ги со ситно сечканиот магдонос.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(1)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Декември.2010 во 05:37 |
Запечен карфиол со шампињони
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 1 главица/и Карфиол
- 1 лажица/ци Дафинка
- 300 милилитри Вода
- 2 лажица/ци Брашно
- 1 Китка магдонос
- 500 грама Компир
- 50 грама Маргарин
- 1 чаша 200мл Масло
- 1 лажица/ци Презла
- 1 лажица/ци Сол
- 400 грама Шампињони
ПОДГОТОВКА:
Измијте го карфиолот, разлистајте го на цветови и обарете го во тенџере на оган со посолена вода. Компирите исечкајте ги на поситни коцки и варете ги во друго тенџере со посолена вода. Сварените компири процедете ги, ставете ги во сад, изгмечете ги со вилушка, додадете го маргаринот и потоа измиксајте како за пире. Шампињоните исечкајте ги на тенки листови и пржете ги во тава со загреано масло. Кога шампињоните ќе се пропржат додадете го брашното, налејте ја водата и варете додека сосот не биде средно густ. Тргнете ја тавата од оган, додадете ги ситно исечканиот магдонос и мешаниот зачин, наросете мелен црн пипер и промешајте. Измиксаните компири ставете ги во огноотпорен сад намрснет со маргарин и израмнете ја површината. Врз компирот наредете ги обарените и исцедени цветови карфиол. Врз карфиолот нанесете го сосот од тавата и наросете со лебни трошки. Печете во загреана рерна 15-20 минути на 200 степени.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(1)
Цитирај Одговор
Испратена: 30.Ноември.2010 во 16:21 |
Паштета од модри патлиџани со бадеми
Потребно:
* 500 г модри патлиџани * 2 чешниња лук * 5 лажици маслиново масло * 3 лажици лимонов сок * 2 лажици сечкани бадеми * сол * бибер * 2 лажици ситно сечкан магдонос
Приготвување: исечете ги модрите патлиџани на тркалца, испржете ги во една лажица загреано масло и изладете ги. Добро испасирајте ги со миксер, па додајте ги истолчениот лук, магдоносот, солта и биберот во нив. Постепено во смесата додавајте го остатокот од маслиновото масло и лимоновиот сок. Пасирајте го сето тоа додека не добиете кремаста смеса. На крај додајте ги сечканите бадеми.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(1)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Ноември.2010 во 15:16 |
Кисела зелка со суви ребра
Потребно:
* 2 лажици масло * 1 главица кромид * 800 г кисела зелка * 400 г суви ребра * 2 лажички зачинал * 1 лажица пире од домати
Приготвување: во загреаното масло продинстајте го ситно сечканиот кромид, додадете ја ситно исечканата кисела зелка, па сето тоа кратко динстајте го. Потоа, додадете ги исечените суви ребра и зачиналот. Сето тоа прелијте го со вода, колку да се покријат продуктите, па варете го околу еден час на тивок оган. На крај додадете ги пирето од домати, па уште кратко сето тоа варете го.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(1)
Цитирај Одговор
Испратена: 22.Ноември.2010 во 21:21 |
Бифтек во сос
Потребно:
* 4 парчиња бифтек по 150 г * сол * бибер * 2 лажици масло * 2 лажички шеќер * 350 мл вода * 1 говедска коцка за супа * 150 мл црно вино * 1 лажица нишесте
Приготвување: говедската коцка за супа ставете ја во 350 мл вриена вода и варете ја околу 5 минути. Бифтекот зачинете го со сол и бибер. Во тавче загрејте го маслото, кратко пропржете го бифтекот од двете страни, намалете ја температурата и продолжете со пржењето уште 2-3 минути. Извадете го бифтекот и ставете го на топло место. Во истото масло карамелизирајте го шеќерот, прелијте го со супата, додадете го виното и нишестето разредено во малку вода. Сето тоа кратко проварете го и со сосот прелијте ги парчињата бифтек.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(1)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Ноември.2010 во 22:10 |
Полнет француски леб
Потребно:
* 1 француски леб * 500 г мешано мелено месо * 100 мл млеко * 50 г ситно сечкан црвен кромид * 1 лажица ситно сечкан магдонос * 2 лажички зачинал * 30 г рендан пармезан * масло
Приготвување: лебот пресечете го по должина и издлабете ја средината. Подгответе го филот од месото, зачиналот, кромидот, пармезанот, магдоносот и средината од лебот, претходно потопена во млекото. Сето тоа добро измешајте го. Со подготвениот фил наполнете една половина од лебот и цврсто притиснете ја со другата половина. Лебот завиткајте го во проѕирна фолија и ставете го во замрзнувач. Замрзнатиот леб исечете го на тенки парчиња и кратко потпечете го во загреано тефлонско тавче.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(1)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Ноември.2010 во 06:25 |
Облечени модри патлиџани
Потребно:
* 500 г модри патлиџани * 50 мл соја сос * 200 г брашно тип 850 * 300 мл вода * 1/4 лажичка лут мелен црвен пипер * масло за пржење
Приготвување: модрите патлиџани исечете ги на тркалца дебели 1 см, прелијте ги со соја сосот и оставете ги да отстојат 10 минути. Во брашното додадете ги водата и лутиот мелен црвен пипер и мешајте додека не добиете густа мазна смеса. Маринираните модри патлиџани исцедете ги, потопете ги во смесата од брашното и пржете ги во загреаното масло. Пржените модри патлиџани ставајте ги врз хартиена салвета за да се впие вишокот масло и послужете ги со варен ор
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(1)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Ноември.2010 во 04:45 |
мојот совет е преди да ставиш водата и млекото запржи малки брашно внатре 
инаку може да му ставиш на сосот малку копар,бело вино и соев сос (разбирасе тогаш ќе ставаш помалку сол)
|
 |