IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Поучни случки
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Поучни случки

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 23>
Автор
Порака Обратен редослед
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2010 во 22:28
 Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 81)

Рече Господ во приказна: верниот во малку и во многу е верен, а несправедливиот и во многу и во малку е несправедлив. Па така, ако во неправедното богатство не бевте верни, кој ќе ви го довери вистинското? И ако во туѓото не бевте верни, кој ќе ви го даде вашето? Ниеден слуга не може да им служи на двајца господари; зашто, или едниот ќе го замрази, а другиот ќе го засака, или на едниот ќе му угоди, а другиот ќе го презре. Не можете да служите на Бога и на Мамона.“ Сето тоа го слушаа фарисеите, што беа среброљупци, и Му се потсмеваа. И им рече: „Вие се прикажувате пред луѓето за праведни, но Бог ги знае вашите срца; зашто, она што е за луѓето високо, пред Бога е мерзост. 3аконот и Пророците беа до Јована; а оттогаш царството Божјо се благовествува и секој со сила влегува во него. Но полесно им е на небото и на земјата да преминат, отколку една црта од Законот да пропадне.
Секој, што ја остава жената своја и се жени со друга, прељубодејствува, и секој, што се жени со напуштена, прави прељуба.

Старец Паисиј Светогорец

Кога некој се обидува да ги постави црковните работи на православен начин, а целта му е себеси да си благоугоди, како може таквиот да биде благословен од Бога? Ниту пак, треба да се воодушевувате од оние што црковните проблеми ги поставуваат на многу добар начин, православно, а самите не си го знаат местото во Црквата и ја потресуваат со безрасудни крајности или лекомислености во однесувањето. Тие две крајности секогаш ја измачуваат Мајката Црква, а и оние што се држат за нив бидуваат измачувани, бидејќи крајностите вообичаено се судираат. Тоа е како едниот крај да го држи демонизиран, кога има духовна безочност, презир кон сè, а пак другиот како да го држи некој што е луд, со нездрава ревност и тврдоглавост. Тогаш - Бог да чува! Може двете крајности постојано да се судираат, а крајот никој да не им го најде. Оние што ќе можат да ги соединат двата краја ќе бидат овенчани од Христа со два невенливи венца. 
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2010 во 22:28
Лествица: За среброљубието и за нестекнувањето 

Поголемиот број мудри учители зад штотуку опишаниот непријател обично го ставаат овој стоглав демон на среброљубието. За ние, толку неуки, да не би го менувале редот на мудрите, и самите ќе одиме според нивниот распоред и правило. Затоа, ако е по волја, ќе ја разгледаме самата болест, а потоа во неколку збора и начинот на нејзиното лечење.

            Среброљубието е обожување на идол (в. Кол. 3, 5), ќерка на неверието, извинување за слабостите, весник на староста, претскажувач на глад, пророк на суша.

            Среброљубивиот го исмева Евангелието1. Тој е свесен престапник.

            Оној што стекнал љубов ги растура парите. А кој може да го има и едното и другото, се лаже себеси.

            Тој што се оплакува себеси, се откажува и од телото свое, и во случај на потреба не го штеди ни телото.

            Немој да велиш дека собираш за сиромасите. Царството Небесно можело да се купи и за само две лепти. (сп. Лука 21, 1 - 4).

            Еден ден се сретнале еден гостољубив и еден среброљубив човек. И вториот го нарече првиот неразумен.

            Оној што ја победил оваа страст, се ослободил од грижите. А кој е врзан од неа, никогаш нема да може да се моли чисто.

            Среброљубието почнува под изговор за милостиња, а завршува со омраза кон сиромасите. Додека не натрупа пари среброљубивиот е милосрден; штом дојде до пари, ја стиска раката.

            Сум гледал луѓе сиромашни со пари како во друштво на сиромашните по дух го збогатија својот дух и заборавија на својата поранешна беда.

            На монахот што сака пари унинието му е туѓо. Тој секој час се сеќава на зборовите на апостолот: Тој што не работи нека и не јаде (2 Сол. 3, 10), и уште: За моите потреби и на оние што се со мене ми послужија овие мои раце (Дела 20, 34).

            Нестекнувањето (т.е. доброволната сиромаштија) е отфрлање на овоземните грижи, безгрижен живот, непопречуван пат, вера во заповедите Божји, отстранување на тагата. Монахот којшто живее во доброволна сиромаштија е господар на светот, којшто на Бога Му ја доверил сета грижа за себе, и со помош на верата сите ги направил свои слуги. Тој никому не кажува за своите потреби, а она што му доаѓа, го прима како од раката Господова. Подвижникот што живее во доброволна сиромаштија е син на беспристрастието, кој за сè што има смета како да го нема. Напуштајќи го светот тој сè смета за ѓубре. Ако пак за нешто му е жал, уште не станал сиромаштвољубив.

            Човекот којшто живее во доброволна сиромаштија има чиста молитва, а лакомиот човек се моли мислејќи на земните нешта.

            На оние што живеат во послушание туѓо им е среброљубието. Зашто, кога го предале и своето тело, што уште имаат да сметаат за свое? Таквите луѓе со тоа се само во едно оштетени: што сега лесно и спремно можат да преминуваат од место на место. Сум забележал дека сопственоста над извесни нешта може да го врзе монахот на едно место. Но сепак дојдов до заклучок дека поблажени се монасите што скитаат заради Господа.

            Кој го вкусил небесното, лесно го презира земното. А оној што не го вкусил небесното, се радува на стекнувањето на земните нешта.

            Неразумно сиромашниот монах трпи двојна штета: се разделува од сегашните добра, а се лишува и од идните.

            О монаси, да не бидеме во верата послаби од птиците: тие не се грижат за ништо и не собираат во амбари (Мат. 6, 26).

            Голем е оној човек којшто побожно се откажува од својот имот, а свет е човекот којшто се откажува од сопствената волја. Првиот ќе прими стократно, било во имот било во благодатни дарови, а вториот ќе наследи живот вечен.

            Како што во морето секогаш има бранови така и среброљубивиот не го напуштаат гневот и тагата.

            Кој ги презрел вештествените добра, се избавил од спорови и расправања. А лакомиот човек и за игла ќе се гони до смртта.

            Непоколебливата вера им става крај на грижите; а сеќавањето на смртта доведува до одрекување и од сопственото тело.

            Кај Јов немаше ни трага од среброљубие: заради тоа тој остана спокоен и кога се лиши од сè (Јов 1, 22).

            Среброљубието се нарекува и е корен на сите зла (Тим. 6, 10). Тоа доведува до омраза, до кражби и завист, до раздвојувања и непријателства, до судири и злопамтења, до суровост и до убиства.

            Некои со мал пламен успеваа да запалат голема шума. И со помош на малечка добродетел, многумина успеваа да ги избегнат сите овие досега споменати страсти. Таа добродетел се нарекува беспристрасност, а неа ја раѓа опитното богопознание, и грижата за сè што ќе кажеме во своја одбрана во часот на заминувањето од овој свет.

            Кој со внимание ја прочитал поуката за мајката на сите зла (стомакоугодието), знае дека како второ дете во нејзиното грозно и проклето потомство е наведен каменот на нечувствителноста. Но многуглавата змија на идолопоклонството (среброљубието) ме спречи на тој камен да му го дадам соодветното по ред место. Не знам како, но среброљубието мудрите отци го поставиле на трето место во низата на осумте страсти. Дури сега, откако го завршивме ова сразмерно излагање за среброљубието, имаме намера да говориме за нечувствителноста, страст по ред трета, а според потеклото втора. После тоа ќе зборуваме и за сонот и бдеењето. Не само тоа туку ќе кажеме и неколку зборови и за детинската и малодушна страшливост. Сето тоа се болести на почетниците.

            Уште еден степен: тој што ја добил оваа битка, патува со духот кон небото, ослободен од сè вештествено.

          

Шеснаесетта битка:

кој во неа ќе победи,

или ја стекнал љубовта

или се ослободил од грижите
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2010 во 22:24

Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 46)

Рече Господ на учениците Свои: „Колку е тешко за богатите да влезат во царството Божјо!“ А учениците се уплашија од зборовите Негови. Но Исус пак им одговори и рече: „Чеда, колку им е тешко на оние, што се надеваат на богатството, да влезат во царството Божјо! Полесно ѝ е на камила да влезе низ иглени уши, отколку на богат - да влезе во царството Божјо.“ А тие се чудеа многу и си велеа помеѓу себе: „Тогаш кој може да се спаси?“ Кога ги погледа Исус, им рече: „3а луѓето тоа не е можно, но не и за Бога; зашто за Бога сè е можно!“
И Петар почна да Му говори: „Ете, ние оставивме сè и по Тебе одиме.“ А Исус одговори и рече: „Вистина ви велам: нема таков што оставил куќа, или браќа, или сестри, или татко, или мајка, или жена, или деца, или имот, заради Мене и Евангелието, а да не примил, и тоа сега, во ова време, стопати повеќе од куќи, и браќа, и сестри, и татко, и мајка, и деца, и нивје, а во идниот век - и живот вечен. И мнозина први ќе бидат последни, а последните - први.“ Кога беа на пат, искачувајќи се за Ерусалим, Исус одеше пред нив, а тие беа уплашени, па, врвејќи по Него, се боеја. И кога ги повика повторно дванаесетте, почна да им зборува за она што ќе се случи со Него.

Старец Паисиј Светогорец

За жал, во денешно време се множат зборовите и книгите, а се намалува опитот, зашто луѓето се под влијание на световниот дух, кој постојано се стреми кон леснотии и го одбегнува телесниот напор.

Многумина од нас се успокојуваат преку многу читање, а малку или воопшто не творат.


Имаме само восхит кон Светите атлети на нашата Црква, без да направиме обид да го сфатиме нивниот труд, зашто самите не се потрудивме да го сториме тоа, да ги возљубиме и од усрдност да се обидеме да ги подражаваме. Сите оние пак, кои усрдно прават пoдвиг, не се штедат себеси и не си припишуваат никакви заслуги, се од голема помош бидејќи само тогаш ќе се успокојат душите на кои помошта им е потребна, а кои прибегнуваат кон нив. И само тогаш, ќе се успокои нивната душа и во овој живот и во вечниот
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2010 во 21:56

Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 45)

Во она време, кога излегуваше Исус на пат, притрча некој, падна на колена пред Него и Го праша: „Учителе добар, што треба да направам, за да наследам живот вечен?“ Исус му рече: „3ошто ме нарекуваш добар? Никој не е добар, освен единиот Бог! Заповедите ги знаеш: не прељубодејствувај; не кради; не сведочи лажно; не навредувај; почитувај ги татка си и мајка си.“ А тој Му одговори и рече: „Учителе, сето тоа сум го запазил од младини.“ Кога го погледна Исус, му омиле, па рече: „Едно не ти достига: оди и продај сè што имаш, и раздај го на сиромаси, и ќе имаш сокровиште на небото; дојди и врви по Мене, кога ќе го земеш крстот.“ Тој, пак, кога се смути од тие зборови, си отиде нажален, зашто имаше големо богатство. И кога погледа Исус, им рече на учениците Свои: „Колку е тешко за богатите да влезат во царството Божјо!“
А учениците се уплашија од зборовите Негови. Но Исус пак им одговори и рече: „Чеда, колку им е тешко на оние, што се надеваат на богатството, да влезат во царството Божјо! Полесно ѝ е на камила да влезе низ иглени уши, отколку на богат - да влезе во царството Божјо.“ А тие се чудеа многу и си велеа помеѓу себе: „Тогаш кој може да се спаси?“ Кога ги погледа Исус, им рече: „3а луѓето тоа не е можно, но не и за Бога; зашто за Бога сè е можно!“

Старец Паисиј Светогорец

Во Црквата не треба да создаваме проблеми, ниту да ги преувеличуваме малите човечки престапи што се случуваат, за да не создадеме поголемо зло, па лукавиот да се радува. Оној што заради незначителен престап, многу се потресува и гневно и грубо се однесува, наводно за да поправи нешто, личи на лесноумен клисар, кој гледајќи како капе една свеќа грубо и со залет се стрчува за да ја исправи, а патем ги турка луѓето и ги урива шанданите создавајќи голем неред за време на богослужбата. За жал, во наше време имаме многу такви што ја потресуваат Мајката Црква. Оние што се образoвани се фатија за догмата со својот ум, а не со Духот на Светите Отци. Неуките пак, се фатија за догмата, но со заби, и затоа кога разговараат за црковните теми крцкаат со забите така што прават поголема штета, отколку непријателите на Православието...
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2010 во 13:35
Амин
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2010 во 12:44


      SARENATA HARTIJA

    Sega dusata mi e dlaboko potresena, no sto da kazam?Zar da se molam:"Tatko, postedi Me od ona sto Me ocekuva?"Pa tokmu za taa cel dojdov na ovaa zemja![Jovan 12; 27-28].



    Ricard Bakster zadovolno si gi trie racete kog gi gleda lugeto kako besmisleno gi kinat negovite proizvodi. Imeno, toj e sopstvenik na najgolemata kompanija za proizvodstvo na sarena hartija za zavitkuvanje na podaroci. Negoviot komentar glasi: "Neka ja kinat"! Nie ne sakame nasiot proizvod da se cuva vo fiokite na lugeto, tuku da se kine , da se trosi!"

    Vo ova ima edna interesna paralela so Bozik. Koga Bog Go prati Svojot Sin na svetov da se rodikako bebe, Toj ne go stori toa za da ni dade ubavo zavitkan podarok vo koj treba da stavime, kako sto nekoj luge pravat so ikonite na Marija so bebeto Isus. Sluzbata i zadacata na Isus bese da umre kako zamena na nasie grevovi i taka da ne opravda pred Boga.Negovata covecka pojava bese nameneta da bide zrtvuvana, tokmu kako sarenata hartija vo koja gi zavitkuvame podarocite.

    Neposredno pred da bide osuden na smrt so raspnuvanje, Isus se molel vaka; Dusata mi e dlaboko potresena,no sto da kazam? Zar da se molam:"Tatko, postedi Me od ona sto Me ocekuva? Pa tokmu za taa cel dojdov na ovoj svet!

    Celta na Isus bese samozrtvuvanje. No toa ja otkri vrednosta na podarokot, tokmu kako sto kinenjeto na obvivkata go otkriva podarokot. Toj podarok e namenet i za tebe. Go primas li?

     ISUS SE RODI ZA DA NE PREPORODI !
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
deshad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1350
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај deshad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2010 во 23:10
“О АЛЛАХУ МОЈ СТАВИ ГО ЕБУ БЕКРА НА
ИСТ СТЕПЕН СО МЕНЕ НА СУДНИОТ ДЕН”



Кога Мухаммед а.с. сакал да направи Хиџрет го зел со себе и Ебу Бекра како придружник и сопатник . Така патувајќи тие стигнале до пештерата Севр. Ебу Бекр го замолил Пејгамберот да влезе пред него во пештерата да ја провери да не има нешто во неа.
Кога влегол внатре видел дупки од змии, и тогаш ја искинал својата кошула и почнал да ги затвора дупките случајно да не излезе нешто од нив. Меѓутоа неговата кошула не му стигнала да ги затвори сите дупки, па му останале уште две. На едната дупка ги ставил неговите нозе да ја затвори а другата дупка останала отворена. Потоа го повикал Пејгамберот да влезе, откако се осигурил дека нема ништо што може да му наштети нему. Изморен од пат Пајгамберот веднаш легнал да спие и се потпрел на колената на Ебу Бекр.

Токму од таа дупка од која се плашел Ебу Бекр излегла змија и го каснала. Ебу Бекр не се помрднал ниту се одбранил со цел да не го пробуди Пејагамберот а.с.

Болките почнале да се зголемуваат по што на Ебу Бекр му потекле неколку солзи, и една од нив паднала врз лицето на Мухаммед а.с. и тој се разбуди. Тогаш Мухаммед а.с. го запрашал Ебу Бекр: - Што ти е тебе О Ебу Бекре!? Ебу Бекр му одговорил: - Ме касна змија.Пејгамберот му го допрел местото каде бил каснат од змијата и му проучил нешто и местото веднаш оздравело со помош на Аллах џ.ш.

Потоа Мухаммед а.с. забележал дека ја нема кошулата и го прашал за неа. Ебу Бекр му рекол дека ја искинал со намера да ги затвори дупките од пештерата. Тогаш Мухаммед а.с. ги дигне рацете кон небото молејќи го семоќниот Аллах џ.ш. со зборовите: “О Аллаху мој ! Стави го Ебу Бекра на ист степен со мене на Судниот ден.” ( Кабесат )

Се пренесува дека по пат за Медина еднаш Ебу Бекр одел пред Пејгамберот другпат одел зад него, на што Мухаммед а.с. го прашал за тоа. Ебу Бекр му одговорил: “Одам пред тебе кога ќе помислам дека може да излезе некој звер, па посакувам мене да ме изеде а ти да останеш жив., бидејќи од тебе зависи целото човештво. А понекогаш одам зад тебе бидејќи се плашам да не не стигнат неверниците и не повредат.”

(Затоа што меканците давале награда за оној кој ќе го убие Мухаммеда а.с. или ќе го доведе жив сто камили)


Изменето од deshad - 08.Јануари.2010 во 23:10
Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2010 во 18:50
................. 
Два ангели патувале и решиле да застанат и да се одморат во една куќа. Семејството во куќата било доста богато, но безобразно. Така да на Ангелите им дозволиле да преноќат и да се одморат, но не во гостинската соба, туку ги сместиле во мало собче во ладен подрум. Кога почнале да си ги местат постелите, постариот Ангел на зидот видел дупка и ја поправил. Тогаш, младиот Ангел го прашал зошто ја поправа дупката, на што стариот одговорил: "Работите не се секогаш такви како што ти се чини дека се!" Следната ноќ, патувајќи, Ангелите дошле во нова куќа, но многу сиромашна. Љубезното семејство, со нив ја поделило својата вечера и им дозволило да преспијат во нивните постели, каде би можеле добро да се одморат од напорното патување. Кога сонцето изгреало утрото, Ангелите ги сретнале домаќинот и неговата сопруга, како плачат. Нивната единствена крава, нивниот единствен извор на храна, лежела мртва на нивата. Младиот Ангел, вистински бесен, му се обратил на стариот Ангел: "Како можеше тоа да го дозволиш. Првиот домаќин имаше се, а ти сепак му помогна. Другиот домакин, имаше толку малку и спротивно на тоа, тој не нахрани и ни дозволи да спиеме во неговата постела, а ти дозволи неговата крава да умре!" Стариот Ангел му одговори: "Работите не се секогаш такви како што ти се чини дека се! Кога бевме во ладниот подрум приметив дека во онаа дупка на ѕидот се крие злато.Бидејки домаќинот беше многу лаком и не сакаше да го дели своето богатство, јас ја "поправив" дупката за да не може никогаш да го види златото. Минатата ноќ, кога спиевме во постелата на добриот домаќин, Ангелот на смртта дојде по неговата жена. Јас му ја дадов кравата наместо неа. "Работите не се секогаш такви како што ти се чини дека се!" Понекогаш, работите се одвиваат како што нам не ни одговара, туку како што мора. Единствено е потребно да се верува во нив, затоа што секоја таква случка е твоја предност. Со време, ке го дознаеш тоа. Некои луге брзо доагаат во нашиот живот, и брзо си одат од него, некои луге ни стануваат пријатели и долго се присутни во нашиот живот. Оставаат убави траги во нашите срца... И никогаш повеке не сме такви какви што сме биле, затоа што сме запознале добар пријател!!!!
секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2009 во 11:44
 
 

Стара индиска книга….

ДЕсидерата БИДИ ВНИМАТЕЛЕН И ТЕЖНЕЈ ДА БИДЕШ СРЕКЕН....

Чекори смирено низ вревата и заборавеноста , и сети се на мирот што може да се најде во тишината.Колку што е возможно биди во добри односи со сите луѓе . Зборувај ја својата вистина смирено и јасно , и слушај ги другите дури и глупавите и неуките, бидејки и тие имаат своја приказна . Избегнувај ги бучните и агресивни луѓе затоа што тие се товар на духот. 

Ако се споредуваш себеси со други можеш да останеш огорчен или горд , бидејки секогаш ке има поголеми и помали од тебе

Радувај се со своите достигнувања како и на своите планови . Одржувај го ентузијазмот за сопствената професија колку и да е скромна. Тоа е вистинско богатство во променливи времинја . Но тоа нека не те попречува да ги видиш доблестите колку што ги има .Многу луѓе тежнеат кон високи идеали , и животот на секаде е полн со хероизам ...!!!

секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2009 во 12:45



          BOG NI SE DOBLIZI


     Ni se rodi [Bozjo] Dete, ni se dade [Bozji] Sin.
                    Isaija 9,6




     Eden zimski den, odejki po ulicata, zabelezav jato vrapcinja koi kolvaa troski sto nekoj im gi frlil vrz snegot. Koga se obiduvav da im se doblizam, toa vidno gi voznemiri. Uste eden cekor kon niv i tie pocnaa da otstapuvaat, a veke pri mojot tret obid da im se doblizam, vrapcinjata isplaseni letnaa.

     Prodolzuvajki si go patot, razmisluvav: zosto begaat od mene ? Nisto loso ne im mislev! Potoa svativ deka za niv mora da sum mnogu golem i strasen. Edinstveniot nacin da im se doblizam bez da gi isplasam ke bide ako samiot se prestoram vo vrapce i im se pridruzam.

     Vo ova ima i duhovna analogija. Vo staro vreme, Gospod mu se javil na Avraam preku angeli, na Mojsej preku rasplamtena grmuska, no tie se plasele od Negovata velicanstvena pojava. Togas, vo vremeto opredeleno od Gospod, Negov angel ja objavi Boziknata poraka: Denes, vo Davidoviot grad, vo Vitleem, vi se rodi Spasitelot - Mesijata, Gospod. [Luka 2,11]. Aostol Jovan dodava: Zborot [t.e. Hristos] stana covek i ziveese megu nas[Jovan 1,14].

     Dragi prijateli; Gospod se prestori vo covek i dijde kaj nas lugeto, za da ne se plasime od Nego. Ke se priblizime li i nie do Nego, pred se so poslusnost i so vera.?


     NEDOSTAPNIOT BOG NI STANA DOSTAPEN VO

          LICNOSTA NA ISUS HRISTOS !!!.


       
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2009 во 15:22



        NEZABELEZANI


Site nie sme mu blagodarni na Boga za Negoviot dar sto so zborovi ne moze da se iskaze![2. Korintjani 9,15].


     Na pocetokot na 19 vek, obremenet od golemi vojni, svetot go svrtelcelokupnoto vnimanie kon napreduvanjeto na Napoleon Bonaparta. Sepak, tokmu vo toa vreme, nezabelezlivo ke se rodat luge koi ke dadat golemi pridonesi za covestvoto.

     Taka, vo 1089 godina, pred poznatata bitka kaj Vaterlo, pogubna za Napoleon, vo Liverpol se raga Viljam Gledstun, vo Hamburg se raga Feliks Mendelson, vo SAD se raga Abraham Linkoln.... Od ovaa recisi 200-godisna distanca , zarem ima dilema za toa , sto bese povazno za dobroto na covestvoto vo toa vreme; borbite na Napoleon ili raganjeto na spomnatite licnosti!?

     Slicno mze da se kaze i za vremeto vo koe se rodi Isus Hristos . Vnimanieto na togasniot svet bese svrteno kon seopstiot popis narden od Rimskata imperija, so mocta na cezarot...Vo edna bitleemska stala, nezabelezano se rodil Bozjiot Sin , Koj bese najskapoceniot podarok od Gospod za neblagodarniot covek.

     Da ne ni se sluci i nam da zapadneme vo vitelot na coveckite slavi i praznuvanja, a Bozjiot skapocen podarok da ostane nezabelezan! Ke Mu ja iskazeme li na Bog i nasata blagodarnost za Negoviot skapocen dar sto ni e daden vo Hristos?



       VO HRISTOS IMA ZIVOT
       ZA SVETOT NA UMIRANJE!
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2009 во 23:17
  Господовата воља.... 
 
Живеел и владеел со едно царство,владар за кој неможе да се рече дека е неверник.Со него секогаш беше неговиот слуга.Неразделниот слуга кој за секоја случка велеше:„Тоа е Господова воља“Со тоа мирно прифаќал се околу себе.Тоа на владарот понекогаш и му сметаше.Но слугата не зборуваше многу.А тоа е добра особина.Па нели и затоа го одбрал, оние кои зборуваат се досадни.

Еднаш владарот,се забавувал со нож за сечење дрва.Во тоа не беше многу вешт,па исече дел од прстот.На левата рака.Оној што го држеше дрвцето.Почна да галами кога видел дека дел од прстот му виси на ноктот.Страшно зборувал.Сите околу потскокнуваа.Некои,да му помогнат и да го утешат.Дојде неговиот слуга кој што не се разделуваше од него и рече:„Тоа е Господова воља!“Владарот,и така бесен,уште повеќе се налути.И нареди неговиот слуга да го однесат во темнина.Слугата тоа мирно го прифатил како Господова  воља.

Утрината,владарот сам отишол на лов.Добро му е што со него не е неразделниот слуга.Не знаел колку е убаво да биде сам.Толку му било убаво,занесен во убавината,налвегол длабоко во шумата.И тоа му се допадна.Продолжи уште подлабоко.Тогаш пред него се појавиа чудни луѓе.Го фатија,го заврзаа и го однесоа во својот град.

Го врзаа за едно дрво.Владарот свати дека паднал во рацете на невернички народ.Тогаш разбра дека утре им е празник низ кој принесуваат жртва на нивниот Бог.И дека жртвуваат човек.

Владарот таа ноќ помина во најтешки исчекувања.Утрото го одврзаа,му ја соблекоа облеката.Се намачи и тој додека го соблекоа.На крајот,и ракавниците,десната па левата.На левата рака го видоа завојот.И многу биле нестрпливи,и завојот го одмотаа од неговиот прст.Тогаш видоа дека му фали дел од прстот.

Дивјаците се растрчаа во потрага по нова жртва.Владарот остана сам одврзан.Ослободен.Подобро од кога и да е,и увиде дека тоа е навистина Господова  воља.Тоа го потсети на неговиот неразделен слуга.А слугата во затвор.Брзо облече нешто од расфрлените владарски алишта.Па низ шумата трчаше колку што може побрзо.И дојде во својот дворец.Веднаш нареди слугата да се пушти од затворот.

-Извадете го и колку што е тежок дајте му злато!
Верниот слуга тоа го одби.И рече дека е веќе награден.
-Како?-се зачуди владарот.
-Со затвор.
-Како?!
-Затоа што се е Господова  воља.
-Како?!Викаше владарот.
-Да не завршев во темница,тие неверници нема да бараа друга жртва.Тие и мене,кој никогаш не се оделував од тебе,ќе ме фатеа и денес ќе ме жртвуваа.......
__________________
секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2009 во 00:02
Живиот и Единсвен БОГ - во Името и Срцето Исусово - да те награди пчелке!

Пред некој ден, еден пријател сиот потресен ми раскажуваше за еден негов добар другар (турчин) кој починал - пред нешто повеќе од една недела - поради преголема доза на дрога!

Луѓе, БОГ да ве чува сите од лажната утеха на опојните средства и да ве одведе на БОЖЈИОТ СОВРШЕНО МИРОЉУБИВ ПАТ, Кој ТОЈ лично ни го покажа во Исуса Христа!

АМИН





Изменето од spiros - 09.Декември.2009 во 00:03
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2009 во 22:50
ЗОШТО ТАТКО МОЈ?

Во една од Заливските држави се случил овој настан,а овде се запишува, поради поука и лекција.

Имаше едно седумнаесет годишно момче по има Маџид. Неговиот татко беше голем трговец во градот во кој живееја. Маџид беше се запознал со еден имам од блиската џамија, почнал од него да учи за верата, за љубовта кон Возвишениот Аллах и Неговиот пратеник а.с. Светлината на иманот почнала да свети во неговото лице , ведра насмевка го красела неговото лице. Маџид искажувал учтиво однесува кон своите родители. По некое време, неговиот татко ја забележил промената кај Маџид, бидејќи Маџид веќе ја напуштил музиката која секогаш излегуваше од неговата соба. Маџид стана мирно момче, постојано го спомнуваше Аллах џ.ш., често читаше к*р’ани-Керим, меѓутоа сето ова не му се допаѓаше на неговиот татко. 

По некој ден, татко му почна да врши притисок врз него и да му вели: „Што се овие глупости кои ги правиш во последно време?“ „Зошто читаш к*р’ан?“ „Дали е ова време за намаз?“ „Дали умрел некој?“ Кога Маџид стануваше за сабах-намаз го будеше и татко му, а тој не беше клањал уште од дента кога се оженил, и сега му беше чудно како син му доаѓа и му тропа на врата преку ноќ и го буди за да клања намаз, и тојќе го плукнел во лице...

Еден ден таткото замина кај имамот на џамијата и му рече: „Зошто го расипа моето дете?“ Имамот на џамијата се насмеал и му одговорил: „Ние не го расипавме твоето дете туку го упативме на правиот патоказ, патот на добро и спасот, твојот син сега знае напамет шест џуза од к*р’анот и е ревносен во извршување на намазот.“

Таткото возврати: „О ти беднику еден, ако уште еднаш го видам мојот син во ваша придружба или пак да присуствува на вашите предавања и кругови, ќе ти ги искршам коскените зглобови.. и го плукнал во лице на имамот. Имамот само возвратил: „Аллах да те награди со добро и да Те упати Господарот на световите!“

Најпосле таткото на Маџид одлучи да го испрати својот син во друштво на неговиот внук (дете од брат му кое беше познато по расипаност и грешење) да заминат заедно до некоја западна држава која е позната по расипаност, голотија со цел да го оддалечи од имамот на џамијата, од правилниот пат и добросостојбата.

Внукот му предложил на Маџид да заминат за Шпанија, впрочем, таму има исламски историски споменици, цивилизациски трагови од време на исламот. Па така Маџид одлучил да замине со него во Шпанија.

Таткото на Маџид се погрижил за добивање на виза, билет и потребните материјални средства за време на престојот. 
Отпатувал Маџид заедно со неговиот братучед во Шпанија и се сместиле во хотел во чија близина се наоѓале ноќни клубови исполнети со музика и проституција. Неговиот братучед секоја вечер излегувал на тие места, додека Маџид не ја напуштал неговата соба. Меѓутоа со тек на времето и упорноста на братучед му почнал Маџид постепено да излегува во ноќните клубови, и лека-полека се впуштил во сите забранети работи кои претходно ги избегнуваше. По неколку дена Маџид почна да го напушта намазот кој на почеток го клањаше и во хотел, ги заборави зикровите и довите кои ги повторуваше секое утро и вечер. 

Еден ден неговиот братучед му понуди на Маџид цигара завиткана со некаков вид на трева, тоа беше дрога, па така Маџид падна во бунарот на темнините и злото на денешницата.
Маџид стана човек кој повеќе не се грижеше ниту за себе ниту за верата, околу неговите очи беше црнило од дрога и долгите непреспиени ноќи, од блуд и алкохол. Повремено Маџид стапуваше во контакт со неговиот татко за да му испрати пари, татко му леташе од радост мислејќи дека го к*ртулил од верата. Маџид почна да употребува хероин. Откако заврши рокот на визата, братучед му го предупреди дека треба да се вратат во својата татковина, а Маџид вресна силно: „Јас немам татковина, ниту родител, ниту семејство, моја татковина, татко и семејство е една четвртина грам од белиот прашак (дрога)!“
Се врати Маџид со неговиот братучед во родната земја, а татко му излезе да го пречека, но кога го виде забележи страшна промена, Маџид се доближи до него и му удри шлаканица. Се врати татко му со него дома разочаран од целата ситуација и почна да го лекува од пустата дрога но без некоја полза. Маџид неколку пати физички го нападнал и повредил на татко му, многу вредни работи од злато и скапоцености ги покрал од својот дом и почна да му се заканува со нож на татко му за да му даде пари.
Еден ден таткото замина кај имамот на џамијата и му рече: „Прости ми за мојата груба постапка кон тебе, за она што те плукнав, јас се каам за тоа, меѓутоа морам да ти раскажам за Маџид дека стана зависник на дрога. Те молам обиди се да го вратиш во првобитнатасостојба, врати го на намаз, врати го на доброто учтиво однесување.. Имамот се насмевнал и му рекол: „О татко Маџидов, моли го искрено Аллаха за него, во Негови раце е упатството...!“

По две недели, приближно, од оваа средба се клањаше џеназе на родителите на Маџид во истата џамија. Маџид ги убил бидејќи тие не поседувале пари за да купи дрога.

Маџид во позадина од сафовите плачеше со дробни солзи и велеше: Зошто татко мој?.............тага

секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 23>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.