|
СДСМ се согласиле за промена на името |
Внеси реплика | страница <1 131415 |
Автор | |
Vladimir88
Сениор "Arbeit macht frei" Регистриран: 20.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4349 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СДСМ се согласила да се промени уставното име, доколку партијата биде поканета да биде дел од широка владина коалиција, дознава ВЕЧЕР од дипломатски извори. Според нив, сценариото било разработено минативе две недели со интензивни преговори на дел од амбасадорите во земјава со една невладина организација раководена од блиска роднина на лидерката на СДСМ, Радмила Шекеринска. Таа вчера одбегна директно да одговори дали СДСМ би прифатила да партиципира во Влада на широка коалиција. - Контрапродуктивни се тезите "што би било, кога би било". Дури ни една широка колалиција не може да го реши проблемот кој очигледно постои помеѓу коалиционите партнери. Сите опции се на маса, но јас го поставувам прашањето која од тие опции ќе го реши сегашниот проблем - изјави Шекеринска. Според информациите, СДСМ прифатила да биде дел од влада, во која би биле уште и ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, откако и станало јасно дека без некаков компромис за името, Грција ќе стави вето на поканата за НАТО. Партијата заедно со амабасадорите констатирала дека премиерот Никола Груевски нема под никакви услови да се согласи со промена на уставното име, и дека е потребен, покрај константниот надворешен, и внатрешен притисок врз него. Одлучиле за таа цел да го искористат лидерот на ДПА, Мендух Тачи, кој, според нашите извори, само чекал некој амабасадор да го поддржи во намерата за да ја напушти Владата, која ја најави уште пред десет месеци, по мајскиот договор Груевски-Ахмети. Амбасадорите заклучиле дека со ова сценарио сите цели ќе бидат исполнети. Македонија ќе го направи неопходниот компромис за името, без историска одговорност за ниту една партија, а земјава ќе ја добие поканата за членство во НАТО. СДСМ со влезот во власта, ќе си го подигне рејтингот, слично како во 2001 година, повторно прикажувајќи се како "државотворна партија". Единствено, не пресметале како ќе реагира премиерот Никола Груевски. Сепак, според изворите, ваквото сценарио ВМРО-ДПМНЕ веќе го разоткрила и тоа е малку веројатно. Владејачката партија, најверојатно, ќе се одлучи да распише предвремени избори, веднаш по Самитот на НАТО. Дотогаш, Владата би функционирала со намален интензитет, без да носи битни одлуки. Како прв можен термин за избори се споменува 25 мај. Инаку опозицијата и понатаму се противи на распишувањето на предвремени избори. - Немаме премногу време. Ако имавме нормален период до НАТО, јас ќе ви кажев "дајте утре да направиме избори" и да го избегнеме заложништвото на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА. Жалам што ми се враќаат спомени од 2001 година и фактот што истите две партии не може да истераат ниту две години од мандатот - рече вчера лидерката на СДСМ, Радмила Шекеринска. ЦРВЕНКОВСКИ: Ниту избори, ниту широка коалиција Претседателот Бранко Црвенковски смета дека евентуални предвремени избори или широка коалиција не се решение за моменталната ситуација. За денеска најави средба со Премиерот Никола Груевски и смета дека најдоцна до понеделник треба да се одржи нова лидерска средба. -Предвремени избори или евентуална широка коалиција нема да ја решат моменталната криза која за жал ни се случува во најнеповолен период за нас, на само 20 дена пред самитот на НАТО во Бук*решт. Имам намера да се сретнам со Премиерот и да ги слушнам неговите ставови. Имам одредени решенија и предлози кои ќе им ги соопштам на лидерите на партиите. Недозволиво е во ваков момент Македонија да нема Влада или да има Влада без никаков кредибилитет, рече Црвенковски. (Г.М.), (Г.Ма.) http://www.vecer.com.mk/?ItemID=F9A7E9D68728494392B42B4D10EDCE6D |
|
Внеси реплика | страница <1 131415 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |