IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Љубов
  Активни теми Активни теми RSS - Напиши љубовен текст (дневник на вашата душа)...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Напиши љубовен текст (дневник на вашата душа)...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 58>
Автор
Порака Обратен редослед
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2010 во 15:10
.....Откинато од ...душата.... од  срцето ..... 
 
 Јас сум сама....  Не...  не  ме напуштија.... туку сум сама
во душата и срцето....како прескапа музичка кутија...
со преубава надворешност....а празна  структура .....
Од мене излегува песна..која сите сакаат да ја чујат ....
но не е онаа која што мене ми треба...не е онаа која ме исполнува
и ме прави среќна.... Плачам.... и нема да биде прв пат ниту последен
....Ме опфаќа носталгија за минатото... за сите спомени кои болат..
...повеќе од  сегашноста ...за сите личности кои ми недостигаат...
кои се последните делови  од сложувалката на мојата животна
..радост...оние кои ме комплетираат.....
 Се што сакам во овој момент...е ова да престане....
 Да се врати времето кога се смеев од се срце.... кога сакав вистински
да ја излечам  душава.... Да ги избришам сите лоши сеќавања....
..сите средби со погрешни луѓе на погрешни места  во погрешно
време... ...  сите празнини во срцево..кои што нема кој да ги пополни..
 Но сепак нема да го избрише трагот во моето срце....
......... сеќавањето на тебе  ..............
 И покрај пулсот...моето срце....полека ...престанува ..да  чука........
 
 
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2010 во 11:18
znam edna zaturena stara prodavnica so prashnjavi raftovi
retko odat mushterii tamu
ama na gorniot raft sokrieno od ocite na kupuvacite koi i taka ne ni vleguvaat ima edna ljubov
mozete da ja kupite na odlozeno, bez ziranti, na zimimama
kje vi ja dadat, kje bidete zaljubeni, vljubeni, seedno
a koga kje vi pomine
togas doagja vreme za plakjanje
kje si platite skapo i posteno, dadovte zbor ne?



Изменето од anakin - 03.Август.2010 во 11:19
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
BiBi_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 27.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3175
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BiBi_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2010 во 11:04

Го земам твоето име како мое,а затоа ти подарувам бесмртност,кондензиран воздив по тебе.Антологија на болката...и мое портре ако побараш...Капка крв од моето тело и душа-ја имаш веќе...Моето идно име - ме врзува засекогаш со тебе...


NO MATTER WHAT WILL HAPPEN I WILL ALWAYS SMILE!
Кон врв
BadrHari Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Јули.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 13
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BadrHari Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2010 во 18:20
Драга ******

Како си? Овде е пусто без тебе. Лежам на креветот и размислувам на нашите незаборавни денови. Кога ке се потсетам на денот кога бевме излезени во природата, кога јас прв пат те бакна. Се секавам на твојата насмевка која блискаше, беше неверојатно. Ах колку посакувам да сум сега со тебе. Цело време мислам на тебе ми недостасуваш. Потребна ми е твојата љубов, твоето разбирање, твоите прекрасни зборови, едноставно ми требаш ти. На овој брод сега патувам, тивок ветeр дува ми го шепоти твоето име. Ох колку посакувам сега да сум дома со тебе. Едвај чекам да поминат овие три месеца, да се вратам кај тебе и повторно да бидеме заедно.
ТЕ Сакам.
                                        Засекогаш твој
                                        *****

Изменето од BadrHari - 24.Јули.2010 во 18:40
            I kad mislim dosta je ljubav ne izostaje dovoljno i zrno je da srce uvek puno je....
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2010 во 12:55
Убаво, ама темата е за нешто лично, откинато од душа...намигнување
Кон врв
TheHacker Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
I see you!

Регистриран: 07.Јули.2010
Статус: Офлајн
Поени: 155
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај TheHacker Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2010 во 12:05
Еднаш, многу одамна, сите човечки суштества и сите човечки квалитети се нашле на едно скришно место на Земјата... Кога дошла Здодевноста се проѕевнала по третпат, а Лудоста, како и секогаш луда, предложила: - Ајде да си играме криенка! Кој најдобро ќе се скрие, ќе биде победник меѓу сите чувства. Интригата ја поткренала десната веѓа, а Љубопитноста, не можејќи да се воздржи, прашала: - Криенка? Каква е таа игра? - Тоа е една игра, почнала да објаснува Лудоста, во која јас ќе ги покријам очите и ќе бројам до милион, додека сите не се скриете. Штом ќе завршам со броење, тргнувам во потрага и кого нема да го пронајдам, тој е победникот. Ентузијазмот заиграл од радост, а истото го направило и Одушевувањето. Среќата толку скокала што успеала да ги наговори Сомнежот и Апатијата, кои никогаш и ништо не ги интересирало. Ама, не сакаа сите да си играат. Вистината беше против криењето, а и зошто би се криела? И така неа на крајот сите ќе ја пронајдат. Гордоста мислеше дека тоа е глупава идеја, иако всушност ја измачуваше мислата зошто нејзе не и текна прва да ја предложи играта. Вниманието не сакаше да ризикува. - Еден, два, три... почна да брои Лудоста. Прва се сoкри Мрзливоста, која како и секогаш, само се фрли зад првиот камен на патот. Вербата се качи на небото, Завидливоста се скри во сенката на Успехот, кој со мачење се искачи на врвот од највисокото дрво. Великодушноста никако не можеше да се одлучи каде да се скрие, затоа што секое место и се чинеше совршено за некој од нејзините пријатели. Убавината скокна право во кристално чистото езеро, а Срамежливоста ѕиркаше низ пукнатината на едно дрво. Прекрасноста го најде своето место во летот на една пеперутка, а Слободата - во здивот на ветрот. Себичноста најде скривница, ама само за себе! Лагата се сoкри на дното на океанот (лаже, на крајот од виножитото!), а Стрвноста и Страста - во кратерот на вулканот. Заборавот заборави да се скрие, ама тоа не е важно.

Кога Лудоста изброи 999.999, Љубовта се уште не најде скривалиште затоа што сите места беа зафатени. Здогледувајќи една градина со рози, скокна и се пикна меѓу прекрасните пупки од рози. - Милион!, извика Лудоста и почна да бара. Прво ја пронајде Мрзливоста, зад најблискиот камен. Наскоро ја слушна Вербата како расправа за теологијата со Господ, а Страста и Стрвноста скокнаа од вулканскиот кратер од страв. Случајно тука се најде и Завидливоста и, секако и Успехот. Себичноста не ни требаше да ја бараат. Сама излета од своето совршено скривалиште кое се покажа дека е кошница за пчели. Од толку барања Лудоста ожедне, и така во кристалното езеро ја пронајде Убавината. Со Сомневањето беше уште полесно, затоа што тоа не можеше да се определи за својата скривница, па остана да седи на блиските камења. Така Лудоста, малку по малку, ги пронајде речиси сите. Талентот во златните класја на житото, Тежината на душата во изгорената трева, Лагата на крајот (лажеше, сепак беше на дното на океанот!), а Заборавот заборави и дека воопшто нешто се играло. Само Љубовта не можеше никаде да ја најде. Ја пребара секоја грмушка, сите планински врвови и кога веќе беше бесна, ја здогледа градината од рози. Влезе меѓу розите, фати една сува гранка и од бес и изнемоштеност почна да ја удира по прекрасните пупки од рози. Одеднаш се слушна болен крик. Трњата од розите и ги изгребаа очите на Љубовта. Лудоста не знаеше што да прави. Го пронајде победникот, чувството над чувствата, ама Љубовта стана слепа. Плачеше и ја молеше Љубовта да и прости, и најпосле реши да остане засекогаш покрај неа, покрај Љубовта, и да и помага. Така Љубовта излезе победник над сите чувства, ама стана слепа, а Лудоста ја следи на секој чекор.

(не е мој текст, ама интересен е да се прочита )
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2010 во 20:26
Чувај ме со БАКНЕЖИ на устата своја. Зошто твоите милувања се подобри од виното. Положи ме како печат на СРЦЕТО твое, зошто ЉУБОВТА е силна како смрт, ЉУБОМОРАТА - лута како пекол. Стрелите нејзини се стрели огнени, огнен жар во нејзиниот пламен. Големата вода неможе да ја угасне ЉУБОВТА и ни реки неможат да ја потопат. Ако некој го дадеше сето богатство на својот дом за ЉУБОВ, тој би бил отфрлен со презир !!!
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Milica.B Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 355
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Milica.B Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2010 во 00:26
Со нетрпение чекам да дојде денот кога ние двајцата повторно ќе се видиме,кога јас повторно ќе бидам во твоите прегратки,но се случи и она што мораше да се случи,она што најмалку го сакавме.Денот на нашата разделба.Знаев дека ќе се случи и тоа,но не мислев дека ќе биде толку брзо.Занесена од твојата љубов,деновите минуваа пребрзо.Но,дојде време кога требаше да си заминеш и го направи тоа.Ме напушти.А, сега седам до прозорецот опиена од ноќта и занесена во ѕвездите кои го исполнуваат небесниот простор и мислам на тебе,мислам и се сеќавам на убавите и прекрасни денови поминати со тебе.Љубов моја,колку ми недостасуваш,колку си ми потребен.Ги бројам деновите и чекам,чекам да дојде денот на нашата повторна средба.Но,по се изгледа дека ќе чекам уште долго време.
Сакам само уште еднаш барем да те прегрнам,уште еднаш да те бакнам и да ти кажам колку те сакам...
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2010 во 18:28
ти ја гушкам душата
ти ги милувам мислите
ти ги бакнувам зборовите

страстно и диво
меко и топло
немо, со копнеж...

откинато од душа...




Изменето од Анастеа - 02.Јули.2010 во 18:28
Кон врв
HollyGolightly Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај HollyGolightly Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2010 во 06:08
Заборавам веќе како изгледаше да се биде верна на една личност, да се биде целосно заљубена во тоа што го познавав кога те сретнав, се чувствувам како да сум заглавена во сообраќајот а пред мене има колона преполна со автомобили и никој не се мрда а јас морам да стигнам на работното место на време, сите коцки кои што не правеа една голема џиновска светлечка топка сега ги нема.И се сеќавам како завршувам во нечии туѓи мисли и како лица кои што ги љубев пред да те љубам тебе ми го полнат денот ... патетиката скапо се плаќа во модерното време злато, љубовта уште поскапо, а јас немам сила да бидам нешто кое што одамна престанав да бидам.

Болно ми фалиш а со тебе го минам секој ден, зошто ова не е врска туку билатерален договор, мислам на тој од кој најмалку се плашиш и ми мине струја низ вените зошто тој е повистински од тебе, кој би помислил дека некогаш ќе дојдеме до оваа точка ... на зовривање или ладење.

Иронично е љубов, да бидам невеста но не на твојата свадба, да бидеш младоженец на некоја која што ќе ја мразам, зошто ова нема иднина во која што сум ти верна а ти вистински ме љубиш.Ме растргнаа сите знаци на слабост и ме продуховија сите твои испади ... убаво ни беше возењето низ нашите животи, но мислам дека наскоро ќе мораме да ја запреме колата, зошто веќе не одиме во ист правец.А толку ебано силно те сакав едно време ...
Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2010 во 11:58
Оваа песна ја има ставено Анархи во тема Љубовна Поезија. Малку изменета, ама у суштина таа е. Продолжена.
Инаку убава е.
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
vili2121 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Papa Bear

Регистриран: 04.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 5628
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vili2121 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2010 во 10:05
Еден ден ќе се сретнеме повторно
и тогаш ќе ти ги подадам своите раце како на стар пријател.
Ќе ја уништам болката од нашето минато...
И знај, ќе лажам кога ќе речам дека не се грижам за ништо,
дека сум среќна и дека повеќе не те сакам...
Прости ми затоа што сеуште ќе те сакам и паметам...
Скапа е мудроста што се плаќа со искуство
Кон врв
valentina-pp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 198
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај valentina-pp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2010 во 19:00
onie stihovi od Anestea Prav sme.... se nesto sto mi zui sekoj den bravo!
Кон врв
igi 3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
KVO VADIS

Регистриран: 30.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 18736
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај igi 3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2010 во 17:44
црвенеењеZnam deka za mene bese nameneto ova газење%20од%20смеењеголемо%20гушкање
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 58>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.