IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 56>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2014 во 13:37

КОЛАЧ СО ДВОЈНО ЧОКОЛАДО

11

Потребно ви е:

  • ½ шолја путер
  • 1 и 1/3 шолја темна чоколада
  • 2 јајца
  • 1 шолја шеќер
  • Лажица екстракт од ванила
  • ½ шолја брашно
  • 2 лажици незасладено какао
  • 1 шолја сечкани ореви

Од дадената мерка ќе добиете 24 колачи, за кои потребни ќе ви бидат 25 минути за подготовка и половина час за печење.

Подготовка:

Ставете хартија за печете во тава, а рерната загрејте ја на 180 степени.

Истопете го путерот и ¾ шолја чоколадо, па оставете го да се олади.

Изматете 2 јајца, додајте им го шеќерот, а кога ќе добиете пенеста смеса додајте го екстрактот од ванила и оладената мешавина на чоколадо и путер.

Преку смесата истурете го какаото, брашното, оревите и парчињата преостанато чоколадо, па мешајте со лажица.

Намачкајте ја тавата со малку путер и смесата истурете ја во неа. Печете 30 минути.

Изладете го колачот, па исечете го на 24 вкусни чоколадни коцки кои може да ги прелиете со бел крем и сезонско овошје. Преклопете ги како мини слатки сендвичиња.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2014 во 22:50

ТОРТА СО АФИОН

9

Состојки:

  • 3 јајца
  • 150 гр шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 200 гр мелен афион
  • 300 мл млеко + 6 лажици топло млеко за посипување
  • 150 гр брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 200 м масло
  • 6 лажици џем

Глазура:

  • 200 гр чоколадо за готвење
  • 2 лажици масло
  • 10 лажици хопла
  • 2 лажици шеќер во прав

Подготовка:

Рерната се загрева на 180°. Се одвојуваат жолчките од белките. Жолчките се матат со шеќер и ванилин шеќер. Им се додава маслото и брашното измешано со прашокот за пециво.
Млекото се загрева и кога ќе биде топло се попарува мелениот афион. Се меша убаво и се додава на смесата со јајца.
Белките се матат со малку сол додека не се добие цврст снег. Внимателно се мешаат двете смеси. Добиеното тесто се излева во плех за торта (26цм) претходно премачкан со масло и посипан со брашно. Се пече околу 35 минути, со чачкалица се проверува дали тестото е печено.
За глазурата: се мешаат сите состојки на најслаб оган додека не се добие густа и мазна глазура.
Испечената торта со нож се сече хоризонтално на 2 дела. Едниот дел се премачкува со 3 лажици топло млеко и 3 лажици џем. Врз џемот се става 1/3 од чоколадната глазура. Се поклопува со втората кора, пак се премачкува со 3 лажици топло млеко и 3 лажици џем и се филува со остатокот од чоколадната глазура. Тортата се остава да се излади и да се стегне глазурата.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2014 во 22:49

МОНТЕ ТОРТА

10

Состојки:

Тесто

  • бисквити
  • малку млеко
  • рум

Бел крем

  • 1 литар млеко
  • 100 гр. пченкарно брашно
  • 100 гр. шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 125 гр. путер

Црн крем

  • 500 мл слатка павлака (хопла)
  • 200 гр. чоколда за готвење

Подготовка:

На дното на сад за печење ставете ги бисквитите, потоа премачкајте ги со малку млеко и рум.
Почнете со подготовка на белиот крем. Загрејте го млекото и додадете малку рум во него. Во друг сад измешајте го шеќерот и брашното со малку млеко со цел да добиете мазна смеса, а кога млекото ќе почне да врие, згответе ја смесата и мешајте две минути. Додека смесата е топла додадете го путерот и прелијте ја смесата преку бисквитите.

Додека белиот крем се лади, започнете со подготовка на чоколадниот крем. За овој крем на тивок оган ставете ја хоплата и додадете ја исечканата чоколада за готвење. Кремот ќе биде готов кога чоколадата ќе се стопи целосно.

На крај прелијте го овој крем, над белиот, почекајте да се олади и послужете!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2014 во 21:39

СПЕКУЛОС – БЕЛГИСКИ КОЛАЧИЊА СО ЦИМЕТ И БАДЕМИ

spekulos

Потребни состојки:

250 гр. брашно

125 гр. кафеав шеќер

1 јајце

1 лажичка цимет

5 капки екстракт од цимет

1 прашок за пециво

100 гр. путер

50 гр. мелени бадеми

Малку сол

Припрема:

Во посебен сад ставете го брашното, шеќерот, мелените бадеми, прашокот за пециво и циметот. Растопете го путерот и додајте го екстрактот од цимет па матете со миксер. Потоа додајте го јајцето, изматете со миксер, додајте ја смесата со брашно и солта, па со рака измесете ги состојките за да добиете меко тесто.

Направете цилиндар од тестото со дебелина од околу пет сантиметри. Завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го да отстои преку ноќ во фрижидер. Утредента извадете го од фрижидер, отстранете ја фолијата и исечете колачиња со дебелина од пет милиметри или еден сантиметар.

Во тавата за печење ставете хартија за печење и печете во загреана рерна на температура од 180 степени целзиусови околу 15 минути, па оставете ги колачињата да се изладат. Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2014 во 16:50

БРАУНИ РОЛАТ

6

Ако и Вие сте во потрага по совршениот ролат, а никој од понудените во маркетите не одговара на Вашиот вкус – тогаш овој рецепт e создаден за Вас. Направете домашен брауни-ролат и изненадете ги ченовите на Вашето семејство, цимерите или пријателите.

Брауни:

  • 140g кршена црна чоколада
  • 50g путер
  • 50g кафен шеќер
  • 1 јајце
  • 35g сенаменско брашно

Бела торта:

  • 120g путер
  • 100g шеќер
  • 2 јајца
  • 120g сенаменско брашно
  • 2g пециво
  • 50ml млеко

 

2

Загрејте плехче во облик на ролат на 180 степени. За да го направите браунито, стипете ја чоколадата и путерот на слаба топлина. Додадете го шеќерот, јајцето и брашното додека не добиете хомогена смеса со миксер. Печете 15 минути.

За белиот дел, измешајте го путерот со шеќерот додека не добиете кремаста смеса. Додадете ги јајцата, па брашното и пецивото, па на крај млекото.

Истурете ја смесата врз браунито и печете уште 25-30 минути на 160 степени.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2014 во 11:15
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2014 во 11:41

Подгответе го најевтиниот чоколаден колач


Немате многу време, ниту пари, а сакате да ги изненадите пријателите или семејството со фин, лесен, кремаст и сочен чоколаден колач? Ова е идеалниот рецепт!

podgotvete-go-najevtiniot-cokoladen-kolac-01.jpg

Состојки: Шолја вода, половина шолја масло, шолја шеќер, 2 шолји брашно, 2 лажици џем по избор, 2 јаболка, прашок за печиво, 3-4 лажици какао прав, 50g темно чоколадо.

Подготовка:

Излупете ги јаболката и изрендајте ги. Сите состојки освен чоколадото добро измешајте ги, па додадете ги јаболката во смесата.

Промешајте неколку минути, па потоа мешавината истурете ја во тава подмачката со масло и посипана со брашно

Печете 40 минути на 180 степени.

Жешкиот колач прелијте го со глазура од растопено чоколадо. По желба, послужете со сладок зачин или сезонско овошје.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2014 во 22:20
2

Вкусен колач со мак и вишни

Подготовка:

Во добро изматен маргарин со шеќер, додадете едно по едно јајце. Брашното помешајте го со прашок за пециво и додадете го во смесата.

Одвоете една третина од смесата и во неа додадете мак, млеко, рум и цимет. Калапот за торта премачкајте го со масло и посипете брашно. Прво истурете ја жолтата смеса, а потоа и смесата со мак. Исчистените вишни додадете ги во смесата.

Печете во рерна на 180 степени, околу еден саат (доколку потемни колачот, покријте го со фолија). На оладениот колач посипете рендано чоколадо и шеќер во прав.

Состојки:

  • 200гр маргарин
  • 200гр шеќер
  • 5 јајца
  • 200гр брашно
  • Пола кесичка прашак за пециво
  • 150гр мак
  • 2 лажици млеко
  • 2 лажици рум
  • 2 лажички цимет
  • 200гр вишни или цреши
  • Рендано чоколадо и шеќер во прав


Изменето од Valerija - 27.Јули.2014 во 22:20
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2014 во 21:59
gude

Бинго торта


Полномасно млеко има околу 3-4% масти. За полу-обезмастено и обезмастено млеко, целата маст се отстранува а потоа (во случајот на полумасното млеко) еден дел се враќа. За возрасните луѓе се препорачува во исхраната да користат производи од безмасно или полумасно млеко.

Под безмасно млеко се подразбира млеко со состав од млечни масти помали од 0.9%.

Времето потребно за овој десерт е 40 минути.

Состав

1 кг. посни кекси
1 кесичка пудинг од банана
1 кесичка пудинг од ванила
1 кесичка пудинг од карамела
100 г. шеќер
200 мл растителна павлака

Припремање

Згответе го пудингот со млекото по упатството на кесичката и така топло премачкајте го врз кексите. Во калапот редете еден ред кекси, па пудинг од банана, потоа втор ред кекси, па пудинг од карамела, трет ред кекси па пудинг од ванила и завршете со уште еден ред кекси. Оставете да се олади. Извадете ја тортата од калапот, украсете ја со шлаг или чоколадни трошки и послужете.

Дебелите луѓе кои се на диета, дијабетичари и сите оние кој мораат да бидат претпазливи со внесување на јаглени хидрати, во овој десерт наместо шеќер можат да користат некој од нискокалоричните вештачки засладувачи.



Изменето од Valerija - 27.Јули.2014 во 21:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2014 во 23:22

ГРИЗ КОЦКИ

3

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

 Кора

* 1/2л вода

* 1/2л млеко

* 200гр шеќер

* 200гр гриз

* 100гр чоколадо

Фил

* 1л млеко

* 4 пудинга од ванила

* 10 лажици шеќер

* 150гр маргарин

* 2дл слатка павлака

За чоколдната глазура

*150гр чоколадо

*3 лажици масло, 50гр маргарин

*2 лажици шеќер во прав

*5 лажици млеко

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

За подлога сварете гриз во комбинација со вода и мелеко со шеќер. Откако гризот ќе се згусне додадете го изренданото чоколадо, добро измешајте додека не се стопи и додека целата смеса не стане еднолично чоколадна. Во лим со средна големина премачкан со путер додадете ја полутечната смеса од гриз. За кремот сварете околу 7-8дл млеко а остатокот измешајте го со пудингот и шеќерот. Сварете ги пудинзите на класичен начин. Во изладениот пудинг изматете со миксер маргарин и цврсто изматена слатка павлака. Со кремот премачкајте ја подлогата од гриз. Се добро изладете и нанесете ја чоколадната глазура која се прави така што чоколадото се топи и се меша со маслото, маргаринот, шеќерот и мелкото.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6759
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2014 во 04:14
НАЈВКУСНИТЕ ЧОКОЛАДНИ “БРАУНИ“ КОЛАЧИ

Состојки:
200 гр чоколадо за готвење, искршено на ситни парчиња
100 гр бело чоколадо, искршено на ситни парчиња
200 гр путер
200 гр кафен шеќер
4 јајца
140 гр брашно
50 гр какао
200 гр замрзнати малини
Загрејте ја рерната на 180 степени. Обложете ја тавата со хартија за печење. Стопете го црното чоколадо, путерот и шеќерот на водена пареа при што постојано треба да мешате. Кога ќе е готово тргнете го садот од оган.
Додадете ги јајцата едно по едно, во смесата и мешајте. Додадете ги потоа брашното па какаото и повторно мешајте при тоа. Додадете половина од малините и белото чоколадо. Префрлете ја добиената смеса во садот за печење. Додадете ги од горе преостанатите малини. Печете на средно ниво околу 35 минути. оладете го десертот пред сервирање.

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6759
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2014 во 04:12
ЧОКОЛАДЕН КОЛАЧ БЕЗ ЈАЈЦА, МЛЕКО И ПУТЕР, НО СЕПАК СОЧЕН И ВКУСЕН

Состојки:
1,5 чаша остро брашно
3 лажици какао
1 чаша шеќер
1 лажичка сода бикарбона
Половина лажичка сол
1 лажичка алкохолен оцет
1 лажичка течен екстракт од ванила
5 лажици масло
1 чаша вода
Загрејте ја рерната на 180 степени. Подмачкајте го садот за печење со масло кој би требало да биде околу 20 сантиметри, и во него додадете ги првите 5 суви состојки.
Во смесата направете три дупки, две мали и една поголема. Во едната мала додадете го оцетот, во другата мала дупка ванилата, и во третата, најголемата маслото.
Потоа додадете ја водата и добро измешајте за да се изедначи смесата.
Печете на средна решетка околу 35 минути.


Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2014 во 21:25

ОБЛАНДА “СЕДМО НЕБО“

4

Потребно:

3 листови обланда
9 белки
450 гр шеќер
240 гр ореви, крупно сецкани

За кремот:

9 жолчки
220 гр шеќер
250 гр маргарин (наместо маргарин може да употребите путер)

Подготовка:

- Во еден сад ставете 3 белки и 150 гр шеќер и изматете ги убаво со миксер да добиете цврст шлаг. Шлагот премачкајте го преку првиот лист од обланда. Посипете со сецкани ореви (околу 80 гр).

- Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 150 целзиусови степени околу 15 минути.

- Истата постапка повторете ја три пати, односно испечете ги сите три листови обланда со шлагот и оревите на нив.

- Во меѓувреме подгответе го кремот. Ставете ги сите жолчки со шеќерот во еден сад и изматете ги убаво. Потоа кремот ставете го да се вари на пареа со постојано мешање додека не се згусне.

- Оставете го кремот да се излади малку па во него додадете еден изматен маргарин или путер.

- Потоа филувајте, односно врз првиот лист обланда премачкајте 1/3 од кремот. Одозгора ставете го вториот лист обланда и нанесете уште 1/3 од кремот. Повторете ја истата постапка и со третиот лист обланда.

- Готовиот колач ставете го малку да се излади и стврдне пред да го сечете.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2014 во 23:04
ЧОКОЛАДНА ТОРТА СО МАЛИНИ

Чоколадо и малини во неописливо раскошна комбинација која не содржи брашно, а веруваме ќе ве воодушеви сите кои сте љубители на десертите.

Потребно:

 3 јајца
 120 г шеќер
 1 ванилин шеќер
 170 г стопен путер
 240 г стопено црно чоколадо
 200 г свежи малини (или одмрзнати)


Подготовка:

 Изматете ги јајцата со шеќерот и со ванилиниот шеќер, а кога смесата ќе стане пенива долевајте го растопениот путер постојано матејќи.

 Кога смесата ќе се соедини почнете да го додавате и стопеното чоколадо, а потоа полека додајте ги и малините.

 Печете го колачот на 170 степени, 30-35 минути. Почекајте да се олади па сервирајте.

Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 56>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,453 секунди.