![]() |
|
ПРОЛОГ |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1213141516> |
Автор | |
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
БЕСЕДА за познавање на Синот Божји среде општата темнина Навистина Овој бил Син Божји (Мт. 27:54). Овие зборови ги изговорил капетанот кој си ја вршел својата должност совесно како војник. По наредба на своите претпоставени, тој требало да го чува телото Христово на Голгота. Надвор како една машина, а одвнатре како човек со будна душа. Тој, римски војник, незнабожец, идолопоклоник, видел се што се случило при смртта на Христа Господа и извикал: 'Навистина Овој бил Син Божји!" Не знаејќи за единиот Бог, ниту знаејќи го законот и пророците, тој одеднаш го сфатил она што свештениците на Единиот Бог и познавачите на законот и пророците не можеле никако да го сфатат. И така се обистинил и во оваа прилика зборот Господов: 'За суд дојдов во овој свет за да прогледаат слепите, а оние што гледаат да станат слепи" (Јн. Не е можно еврејските старешини да не го виделе помрачувањето на Сонцето, да не го осетиле земјотресот, да не виделе како карпите се распаѓаат, да не согледале како црковната завеса во храмот се расцепува, да не познале многумина од светите луѓе кои од отворените гробови излегле и се јавиле во Ерусалим. Сето тоа тие го виделе и за се точно посведочиле, но сепак нивниот дух останал слеп и срцето од камен. Сите тие настани, страшни и необични, тие веројатно ги толкувале, како што и денес неверните би правеле, како случајност и привидение. Безбожниците на сите времиња се толкуваат како случајност и самозалажување кога и да се јави прстот Божји на луѓето за да ги покара, да ги упати или да ги извести. А римскиот капетан Лонгин, така се викал, погледнал без предрасуди во се што се случило и ја исповедал под крстот својата вера во Синот Божји. Неговиот извик не се оттргнал случајно од неговото преплашено срце, туку тоа било неговото вероисповедување за кое подоцна тој и својот живот го положил за да добие подобар во Христовото царство. О браќа, колку е голем овој римски капетан, кој, кога Го видел мртов Господа, меѓу разбојниците, распнат на ѓубриштето на Голгота, Го познал како Бог и Го исповедал како Бог. А колку се мали, браќа, сите оние христијани кои Го познале Господа како воскреснат, како прославен и како победник и победоносец преку илјадници Свои светители, па сепак се сомневале во своето срце како отровна змија што ги труе во сите денови и нивниот живот го сохранува во вечна темнина. Господи, Распнат и Воскреснат, помилувај не и спаси не! На Тебе слава и вечна пофалба. Амин. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
РАСУДУВАЊЕ
Ако е потребно понижување пред луѓето заради возвишување пред Бога, и привремен труд заради бесмртен живот, зошто да се грижиш ако некој замавне со главата и се насмее на твоето понижување? Јован безмолвникот бил 10 години епископ во Аскалон, па потоа согледувајќи дека му пречат човечките почести, се преоблекол во прост монах и дошол во манастирот на св. Сава Освештен каде што му се дало да собира и да носи дрва и да вари сок за работниците. Кога и тука бил познаен, тој се затворил во келија каде што проживеал 47 години, хранејќи се само со зелје. Така старите ги избегнувале почестите човечки, за кои многумина во наши дни беспрекорно се борат, расипувајќи ја својата душа во прав и пепел. СОЗЕРЦАНИЕ
Да Го набљудувам Господа во смртта, и тоа: 1. како Јосиф од Ариматеја го симна Неговото тело од крстот; 2. Како Јосиф и Никодим Го завиле Господовото тело во чисто платно, Го помажале со мириси и Го положиле во нов гроб; 3. како биле верни и неплашливи овие двајца угледни луѓе, меѓу мнозина непријатели Христови и меѓу општиот страв и одрекувањето. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
30 МАРТ/12 АПРИЛ 1. Преп. Јован Лествичник. Писател на познатата книга 'Лествица". Дошол од некаде на Синајската Гора како шеснаесетогодишно момче и тука останал, најпрво како послушник, потоа како отшелник и најпосле како Синајски игумен до својата 80. година, кога и завршил, околу 563 година. Неговиот животописател, монахот Данил, за него вели: 'Се вознесе со телото на Гората Синајска, а со духот на Гората Небесна". Кај својот духовен отец, Мартириј, поминал во послушание 19 години. Св. Анастасиј Синајски, видувајќи го еднаш младиот Јован, прорекол за него дека ќе биде игумен Синајски. По смртта на својот духовник, Јован се повлекол во една пештера каде во тешки подвизи поживеал 20 години. Неговиот ученик Мојсеј заспал еден ден во ладовината на еден голем камен. Јован на молитва во својата келија видел дека неговиот ученик е во опасност и почнал за него да Му се моли на Бога. Кога подоцна дошол Мојсеј, паднал на колена и му заблагодарил на својот духовен отец што го спасил од сигурната смрт. И раскажал како во сонот слушнал Јован кај што го викал, па скокнал и во тој миг оној камен паднал. Да не скокнел, каменот би го убил. На навалувањето на браќата, Јован се нафатил за игумен и управувал со спасението на човечките души со ревност и љубов. Еднаш слушнал прекор од некои дека е многуглаголив. Не лутејќи се ни малку, Јован замолкнал и цела година не проговорил ни збор, додека браќата не го измолиле да проговори и да продолжи да ги учи со својата благодатна мудрост. Еднаш дошле 600 поклоници во Синајскиот манастир. При трпезата сите виделе едно подвижно момче во еврејска облека коешто служело и на другите слуги им заповедало и распоредувало. Наеднаш тоа момче го снемало. И кога сите се обѕирале и се распрашувале, Јован рекол: 'Не барајте го, тоа пророкот Мојсеј послужи на своето место". За време на своето молчание во пештерата, Јован напишал многу корисни книги, од кои најславна, и ден денешен многу читана е 'Лествицата", во која се опишува методот на вознесување на душата кон Бога како по некоја скала. Пред смртта, Јован го одредил за игумен својот брат по тело, Георгиј. Но овој тагувал многу поради разделбата со Јована. Тогаш Јован му рекол дека, ако тој се удостои на близината Божја во оној свет, ќе моли и тој, Георгиј, да биде земен на небото. Така и се случило. По 10 месеци и Георгиј се успал и се вселил меѓу граѓаните небесни како и великиот му брат Јован. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
БЕСЕДА за чудното отворање на гробовите И гробови се отворија, и многу тела на упокоени светии воскреснаа (Мт. 27:52). О колку голем знак! И упокоените тела на светите луѓе и жени Го познаа Оној Кој на крстот издивна во маки, а мртвите души на еврејските старешини не Го познаа. Сета твар се поколеба, само злосторничката душа на Ана, на Кајафа и на Ирода не се поколеба. Мртвите светители се покажаа поостеливи од живите грешници. Но како и мртвите светители би останале рамнодушни кон својот Создател на крстот кога ни мртвите карпи не можат да бидат рамнодушни? Како при таков случај, од кој Земјата се тресе и Сонцето се помрачува, можат да лежат во гробовите телата на оние праведници кои го исполнија Неговиот стар закон, кои се надеваа додека беа живи, кои Го прорекуваа и кои со надеж во Него ги склопија своите очи? О колку голем знак! Колку голема утеха за нас, кои се надеваме на воскресението! Бидејќи, според нашата немоќ и маловерието, би можеле да речеме: 'Навистина Христос воскреснал, но дали и ние ќе воскреснеме?" Христос воскреснал според Својата сила, но како ние ќе воскреснеме? И кој знае дали Бог и нас, со Својата сила ќе не воскресне? Еве утеха, еве доказ: и гробовите се отворија и станаа многу тела на упокоени светии! Значи, дека и обичните луѓе смртта не можела да ги уништи. Значи, дека и оние кои се многу помали од Христа не се мртви како камења, туку се живи како ангели. Значи, дека когатогаш и нашите тела ќе се кренат од гробовите и ние ќе живееме. Се што рекол Господ е поткрепено и е преполно со безброј докази. Знаејќи ја немоќта на нашата вера, Он го докажал Своето пророштво за воскресението не само со Своето сопствено воскресение туку и со дигнувањето на многу тела од гробовите за време на Својата смрт. О браќа, никој од нас нема да има ни најмал изговор за неверувањето во животот по смртта. О Господи премилостив, утврди ги верните во верата и обрати ги неверните во верата! На Тебе слава и вечна пофалба. Амин. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
РАСУДУВАЊЕ
Спиритистите од наши дни ја примаат секоја појава на духовниот свет како испратена од Бога и веднаш се фалат што им се 'открило". Јас познавав седумдесетгодишен монах, кого сите го почитуваа како голем духовник. На моето прашање дали во животот видел некое духовно битие од духовниот свет, тој ми одговори: 'Не, никогаш, слава на милоста Божја!" Кога виде дека јас за тоа се чудам, тој рече: 'Јас постојано се молев на Бога ништо да не ми се јави за да не паднам во лага и да го примам преправениот ѓавол како ангел. И Бог досега ја почу мојата молитва". Колку старите биле скромни и внимателни во тој поглед покажува и овој запишан пример: на некој брат му се јавил ѓаволот облечен во ангелска светлина и му рекол: 'Јас сум архангел Гаврил и сум испратен кај тебе". На тоа братот му одговорил: 'Помисли се, да не си испратен кај некој друг, бидејќи јас не сум достоен да видам ангел". И ѓаволот веднаш постанал невидлив и исчезнал. СОЗЕРЦАНИЕ
Да Го набљудувам Господа Исуса во смртта, и тоа: 1. како темнината обзеде се; 2. како стравот навлезе кај сите присутни под крстот; 3. како исплашениот капетан на стражата извикал: 'Навистина Овој беше Син Божји!"; |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
29 МАРТ/11 АПРИЛ 1. Св. Марко Исповедник еп. Аретусиски во Сирија. За неговото страдање известуваат св. Григориј Богослов и блажениот Теодорит. Според тие извештаи Марко, во времето на царот Константин, разорил некој незнабожечки храм и превел мнозина во верата Христова. Но кога дошол царот Јулијан на престолот и наскоро постанал отстапник од верата Христова, тогаш и некои аретусиски граѓани се одрекле од Христа и му се вратиле на незнабоштвото. И сега тие станале против Марко затоа што им го разорил храмот, барајќи тој или храм да соѕида или да плати некоја голема сума пари. Бидејќи старецот Марко откажал да направи било што од тие две работи, бил тепан, исмеван и низ улиците влечен. Потоа му ги отсекле ушите со тенок и јак конец, потоа го слекле и со мед го намачкале, па го оставиле врзан за дрво на летната горештина за осите, комарците и стршлените да го касаат. Но маченикот Христов се претрпел без офкање. Бил сосема стар, а во лицето светол како ангел Божји. Незнабожците се пониско ја спуштале цената на својот храм, барајќи најпосле од Марко некоја сосема незначителна сума, која тој лесно можел да ја даде. Но тој се одрекол да даде и една паричка за таа цел. Неговата трпеливост направила огромен впечаток на граѓаните поради што тие почнале да му се восхитуваат и да го жалат, па поради тоа и ја спуштале цената на својот храм скоро до ништо, само тој да остане во живот. Најпосле го пуштиле на слобода и еден по еден пак сите примиле поука од него и се повратиле во верата Христова. За слично дело пострадал во тоа време и ѓаконот Кирил од градот Илиопол под гората Ливан. Тој искршил некои идоли во времето на слободата на христијанството, та под Јулијан за тоа бил остро мачен. Толку биле лути на него озлобените незнабожци што кога го убиле со своите заби му ја расекле и му ја отвориле утробата. Истиот ден пострадале и многу други. Злобните незнабожци ги исекле нивните тела на парчиња, ги измешле со јачмен и им ги дале на свињите. Но казната ги стигнала набрзо: на сите им испопаднале забите и на устата им избила неиздржлива смрдеа. 2. Преп. Јован Пустиник. Бил син на некоја жена христијанка Јулијана, во Ерменија. Уште како момче ја оставил својата мајка и избегал в пустина. Сиот пламтел од љубов кон Христа Господа. Во пустината прво се предал на раководството на духовникот Фармутиј, кој толку се удостоил кај Бога што ангел Божји секој ден му донесувал леб. Потоа младиот Јован се оддалечил и се повлекол во самотија. Се спуштил во некој бунар. Во него поминал 10 години во пост, молитва и бдеење. Св. Фармутиј му носел од ангелскиот леб и му давал зашто ангелот Божји не сакал лично да му дава леб на младиот Јован за овој да не се погордее туку преку неговиот духовник, отец Фармутиј. По 10 години тежок подвиг во бунарот, св. Јован се претставил пред Господа и моштите негови се покажале чудотворни. Поживеал и бил прославен од Бога и од луѓето во IV век. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
БЕСЕДА за ужасот на природата при смртта на Господа И земјата се затресе и карпи паднаа (Мт. 27:51). О каков страшен укор на луѓето! И мртвата природа Го познала Оној Кого луѓето не можеле да Го познаат. Сета нема твар се поколеба и застанала на свој начин и на свој јазик да протестира. Немата земја се тресела - тоа е нејзиниот јазик. Карпите паднале - тоа е нивниот јазик. Сонцето ја задржало својата светлина - тоа е неговиот јазик. Секоја твар на свој начин протестирала. Зашто секоја твар е покорна како некогаш Адам во Рајот. Бидејќи Него секоја твар Го познава како Адама во Рајот. Како е тоа можно бесловесните твари да го познаат и да Му бидат послушни, тоа ние не го знаеме. Тоа е некакво внатрешно чувство на тварите кое им дошло до зборот Божји со кој се создадени. И тоа чувство на бесловесните твари повеќе вреди отколку човечкиот разум помрачен со гревот. Од се што постои ништо не е послепо од разумот на човекот помрачен со гревот. Бидејќи тој не само што не го гледа она за што е создаден да гледа, туку го гледа она што е спротивно на битието, спротивно на Бога, спротивно на вистината. Тоа се степени на слепило под слепило, тоа се бројки под нулата. Тоа е човекот понизок од тварите. Бидејќи, додека свештениците во Ерусалим не Го познаа својот Бог, Го познаа бурите и ветровите, Го познаа билките и животните, Го познаа морињата и реките, и земјата, и карпите, и ѕвездите, и Сонцето, па и самите демони. О каков срам за луѓето! Земјата се затресла, карпите се распаднале, а Сонцето се помрачило, колку заради гневот, толку и заради жалоста. Целата природа се разжалостила за маките на Синот Божји, на чии маки се радувале ерусалимските свештеници. И протест, и жалост и страв. Се уплашила целата твар од смртта на Оној кој ја повикал да стане од ништо и да се радува на битието. Како да сакала да каже: 'Со кого сега остануваме и кој ќе не одржува кога Седржителот издивна?" О браќа, да се засрамиме од овој протест, од оваа жалост и од овој страв на немите твари! Со покајание да извикаме кон Господа, Победителот: 'Опрости ни, милосрден Господи, опрости ни, бидејќи навистина кога грешиме и Те навредуваме, не знаеме што правиме". На Тебе слава и вечна пофалба. Амин. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
РАСУДУВАЊЕ
Свети Симеон Нови Богослов, раскажувајќи за еден прекрасен младич од 20 години, Георгиј по име, како и покрај убавината и младоста, живеејќи среде суетниот свет, го познал патот кон спасенеито и се просветил со духовна мудрост, завршува со овие зборови: 'Разбирате ли дека ниту младоста ни пречи, ниту староста ни е корисна, ако човекот нема разум и страв Божји?" Што му пречела младоста на апостолот Јован да поверува во Христа Господа, а што им користела староста на еврејските старци кога со умот биле слепи и во своето слепило Го осудиле Синот Божји на смрт? Ништо. Ништо не им пречи младоста на младите и во наши дни да ја подарат верата и љубовта на Христа, Кој од љубов и ги создал. И ништо не им користи на старците од нашите дни нивната старост, ако душата им е затруена со злоба кон Христа. Младо и старо тело не е ништо друго туку нова и стара облека на душата. И едната и другата облека може да ја крие здравата или болната душа. А нашата цел е: здрава и чиста душа. СОЗЕРЦАНИЕ
Да Го набљудувам Господа Исуса во смртта, и тоа: 1. како сета твар се поколебала кога Он издивнал како да протестира против злосторничкиот човечки род; 2. како земјата се затресла, Сонцето се помрачило, карпите паднале, црковната завеса се расцепила, гробовите се отвориле. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
28 МАРТ/10 АПРИЛ 1. Преп. мч. Евстратиј Печерски. Бил мошне богат, но трогнат со љубовта Христова, сиот имот го раздал заради Христа, стапил во Печерскиот манастир и се замонашил. Кога Полјаците завојувале против Киев во 1097 година, го ограбиле манастирот, мнозина христијани и монаси исекле, а Евстратија со уште некои верници го продале во ропство на некој Евреин во градот Корсун. Тој Евреин и се потсмевал на верата Христова и ги приморувал христијаните да преминат во еврејската вера. Гледајќи дека нема друг излез, сите решиле со глад да умрат, но од вистинската вера да не се одречат. На таа одлука христијаните ги охрабрил Евстратиј. И сите изумреле од глад, некој после три, некој после четири, а некој после седум дена. Научен на пост Евстратиј издржал 14 дена без храна. Разгневен Евреинот што му пропаднале парите со кои ги купил робовите, му се одмаздил на Евстратија на тој начин што го приковал на крст. Но Евстратиј од крстот Му благодарил на Бога и му прорекол на Евреинот лута и скорешна смрт. Бесен, од лутина, Евреинот го прободел со копје. И така, светителот Божји, Му ја предал својата душа на својот Спасител. Телото му го фрлиле в море, но тоа испливало и големи чуда се случиле над тоа маченичко тело. Наскоро потоа византискиот цар наредил да се казнат Евреите во Корсун за злобата кон христијаните. И тој мачител бил обесен на дрво, и ја примил платата на Јуда. 2. Преп. Иларион Нов Исповедник. Бил игумен на манастирот 'Пеликити" близу до Хелеспонт. Како сонце просветил со Духот Божји и ги исцелувал болестите на луѓето и ги прогонувал лошите духови. Во времето на Лав Ерменецот настанало иконоборечкото гонење, во кое пострадал и овој Божји човек. Со своите 40 монаси бил испратен во заробеништво близу до Ефес и таму завршил во самица во 754 година и се преселил во Царството Христово. 3. Преп. Исихиј Ерусалимски. Презвитер и голем богослов. Ученик на св. Григориј Богослов. Треба да се прочита неговото славно дело 'За трезвеноста и молитвата". Бил современик на св. Ефтимиј Велики. Мирно се упокоил околу 434 година. 4. Св. мч. Бојан, кнез бугарски. Бил син на Крутогон, а внук на Грубош. Ја исповедал верата Христова, додека неговиот брат Миломир бил незнабожец. По наредба на својот брат бил исечен за вистинската вера во 827 година. 5. Чудна случка со Таксиот, војникот од Картагена. Целиот живот го поминал во тешки гревови, но најпосле се покајал, ја оставил војничката служба и живеел богоугодно. Излегувајќи еднаш со својата жена на својот имот близу до градот, направил прељуба со жената на својот аргат и веднаш потоа го каснала змија, и умрел. Бил мртов шест часа, а потоа станал и дури во четвртиот ден проговорил, и раскажал какотака поминал низ другите митарства додека не дошол до митарството на блудот. Тука паднал во мрачното обиталиште на демоните, од каде бил изведен со заземањето на еден ангел и бил испратен повторно во телото да го покае својот последен грев. И се каел 40 дена, одејќи од црква до црква и удирајќи со главата на вратите и праговите. Само плачел кажувајќи ги страшните маки во кои грешниците живеат во оној свет и ги преколнувал луѓето да не грешат и да се покајат за веќе сторените гревови. На четириесеттиот ден со радост се преселил во Царството на милостивиот Бог. Изменето од sard |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
БЕСЕДА за христијаните како цареви и свештеници И не направи пред нашиот Бог цареви и свештеници; и ќе царуваме на земјата (Откр. Господ Исус сака сите луѓе да ги направи слични на Себе. Како Син Божји Он сака сите луѓе да бидат посинати. Како Цар Он сака и тие да Му бидат соцареви. Како свештеник - да Му бидат сосвештеници. Како Семоќен - да учествуваат во Неговата моќ. Како Бесмртен да учествуваат во Неговата бесмртност. Како Свет - да учествуваат во Неговата светост. Како воскреснат - сите да бидат деца на воскресението. Тоа Господ го сакал и затоа и слегол на Земјата за да не издвои од животните, да не воздигне над животинскиот живот и да ни даде достоинство над сета видлива твар, какво што достоинство имал Адам во Рајот пред гревот. Заради овој човекољубив, и за луѓето, спасоносен план, Господ од еврејските старешини бил распнат на крстот, а и од нас христијаните до сега безброј пати пожнеал трње на неблагодарност и неразбирање. Ние се покажуваме неблагодарни и неразумни кога ги поништуваме и ги газиме Неговите заповеди. Со своите гревови секој грешник плете нов трнов венец и го поставува на Неговата света глава. Кога тој не навредил така да правиме? Кога Он, на било кој од нас, ни помислил зло, та со зло да Му враќаме? Тој се симнал во нашата смрдлива јама каде што ние сме привикнале на живот со змиите и акрепите и не повлекол нагоре, кон височина, на светлина, чистота, во царството. Он сака да не направи цареви и свештеници, а ние ја отфрлуваме Неговата спасоносна рака и се враќаме во јамата кај змиите и акрепите. О браќа, доволно е тоа понижување кон Него! Да се фатиме крепко за раката на својот Спасител и да тргнеме по Него. Он ни посакува добро. Он ни прави добро. Он за наше добро пострада. Он е единствен, единствен наш пријател кој не се менува. Господи, на Тебе слава и вечна пофалба. Амин. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
РАСУДУВАЊЕ
'Кој помислува за зло, во него нема чистота", вели св. Симеон Нови Богослов, па уште додава: 'Како може да има чисто срце оној кој се валка со нечисти помисли како огледалото што потемнува од прашината?" Гледаш ли на колкава височина стои Христовата религија над сите останати вери и светски мудрувања. Кој само ќе помисли на злото, макар и да не прави никакво зло, крив е пред Бога и пред својата душа. Бидејќи го навредува Бога а својата душа ја губи. Да се биде христијанин во вистинска смисла, значи да се вложи огромен напор за исчистување на своето срце и својот ум од лоши помисли. Каков е тој напор, за тоа постои цела наука, која во наши дни постанала сосема заклучена дури и за христијаните, и едно огромно вистинско искуство на светите луѓе и жени кои оваа наука ги оправдува. Да се исчистиме себе си од лоши и нечисти помисли, од овој корен на сите лошотии, било цел на сите големи подвижници, пештерници и безмолвници. СОЗЕРЦАНИЕ
Да Го набљудувам Господа Исуса во смртта, и тоа: 1. како Он, Кој ги воскреснувал мртвите, виси на крстот мртов по тело; 2. како Он умрел заради нас за ние да имаме повеќе живот и повеќе вистина за бесмртниот живот. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
27 МАРТ/9 АПРИЛ 1. Св. мчца Матрона. Како девојкасирак била слугинка во куќата на еден Евреин во Солун. Жената на тој Евреин непрестајно и се потсмевала на Матрона поради нејзината вера во Христа и ја наговарала да Го отфрли Христа и да оди во синагогата. Но кротката Матрона одела по својата работа и не и одговарала на својата госпоѓа ништо, а тајно Му се молела на Христа Бога. Еднаш Еврејката дознала дека Матрона скришум од неа отишла в црква, па целата гневна ја прашала зошто не отишла во синагога туку в црква? На тоа Матрона одговорила: 'Затоа што во христијанската црква Бог живее, а од синагогата еврејска Он отстапил". Бесна поради мажествениот одговор, Еврејката ја истепала и ја затворила во една мрачна одаја каде што, освен тоа, уште и ја врзала. Но утредента ја нашла одврзана со силата Божја како клечи на молитва и Го фали Бога. После во два наврати повторно ја затворала додека најпосле со глад не ја умрела. Тогаш опаката жена го зела телото на светата девојка и го фрлила од височината на својата куќа на земјата. Христијаните го зеле телото на маченицата и чесно го погребале, а епископот Александар, дознавајќи за многуте случени чуда од светата маченица, подигнал црква на нејзиниот гроб. А злобната Еврејка наскоро ја стигнала праведна казна од она истото место на куќата од кое го фрлила долу телото на Матрона, таа се лизнала, паднала на калдрмата, се раздробила и умрела. 2. Преп. Јован Проѕорлив. Бил дрводелец до својата 25. година. Потоа, гонет со неодоливата желба за непрестајна молитва, се оддалечил в пустина каде што проживеал до својата смрт, т.е. до деведесеттата година. Телесен, но како бестелесен. Проѕирал во срцето на секој човек што ќе му се доближел и можел да го погоди неговото име, неговата желба и мисла. Му го прорекувал на царот Теодосиј исходот на неговите битки; им прорекувал на војводите, монасите и на секого што имал потреба во тоа да дознае што се крие за него во темнината на идните денови. Некој кнез го молел да ја прими неговата жена, која особено посакала да го види. Светителот не сакал да и удоволи на празната радозналост, но на сон и се јавил на жената на кнезот онаков каков што е. И кога жената го опишала видението, нејзиниот маж потврдил дека е навистина таков ликот на светителот. Секој свој посетител го поучувал на смирение, како на основна добродетел, секогаш наведувајќи примери од животот, како горделивоста многу возвишени карактери ги кутнала во правот и ги навела на тешки гревови. Издржал големи напади од злобните духови. Еднаш му се јавил сатаната со мноштво демони во вид на сјајни ангели. И овие го гонеле да му се поклони на сатаната, лажејќи го дека е тоа Христос. А тој одговорил: 'На мојот Цар Исуса Христа јас Му се поклонувам секој ден; да е тоа Он, не би имал потреба од мене особено сега да Му се поклонам". По тие зборови, сета злобна сила исчезнала како чад. Завршил мирно клечејќи на молитва, во својата 90. година. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
БЕСЕДА за скорото доаѓање на Господа Еве, доаѓам скоро (Откр. 22:7). Ќе речат неверниците и душегубителите: 'Ветил пред две илјади години дека ќе дојде, па уште не доаѓа!" Така се потсмеваат оние кои ќе лелекаат во вечна мака. А ние, кои се подготвуваме за радост во Неговото царство, знаеме дека Он ќе дојде во сила и слава како што и ветил. Ние знаеме дека Он веќе дошол безброј пати и им се покажал на Своите верници. Зарем не дошол кај Јован Боговидецот, кому му ги рекол оние зборови: 'Еве, скоро доаѓам". Јован го гледал во сила и слава, и ја осетил Неговата рака на себе кога се уплашил и паднал пред Неговите нозе како мртов. И ја стави Својата десница на мене. Зарем не дошол кај Савле кога овој прво вдишувал омраза кон христијаните и кога на патот за Дамаск паднал на земјата гледајќи Го Господа и слушајќи го Неговиот глас: 'Савле, Савле, зошто Ме гониш?" И пак, зарем Он не дошол во срцето на апостолот Павле кога овој признава: 'Не живеам Јас, туку Христос живее во мене!" И зарем Он не дошол кај многубројните маченици и маченички за Неговото име да ги охрабри, исцели и помилува? Зарем Он не им се јавил на Антониј Велики, на Теодор Стратилат, на св. Харалампиј, на света Марина, на св. Силвестер и на толку и толку други? Но, што зборуваме. Зарем Он во третиот ден не се вратил од царството на смртта и дошол кај апостолите? И зарем не дошол многупати на помош на Црквата и ја воскреснувал како од мртвите кога и да ликувале Неговите непријатели, мислејќи дека засекогаш неговата Црква ја предале на смрт? Зарем Он не се покажал со Својата сила во Црквата и тоа за време на Нерон, како и за времето на Константин; во времето на Јулијан, како и во времето на Јустинијан; во времето на арапското угнетување, како и за време на турското и монголското угнетување на христијаните? О браќа мои верни, не залажувајте се. Он дошол безброј пати и ден денес, доаѓа. Кај секоја душа, кон која може да пристапи од нечистотија, Он доаѓа. Па сепак ние сите Го чекаме да дојде за последен пат во сила и во слава. И знаеме дека тоа Негово доаѓање е сигурно. Господи преблаг, пред да дојдеш, удостој не да Го познаеме Твоето лице и да се засрамиме од своето лице што е со гревот помрачено! На Тебе слава и вечна пофалба. Амин. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
РАСУДУВАЊЕ
Кога чудото ќе се случи, нека не те збунува, туку да те весели. Тоа Бог го подал Својот прст било да награди или да казни, или, пак, да ги охрабри Своите верници, или да го изведе грешникот на патот на спасенеито. Овој свет луѓето го споредуваат често со огнени коли. Кога ќе видиш една локомотива или некоја друга парна машина, ти знаеш дека во нив е скриен машиновозачот. И ништо не те чуди, нели, ако машиновозачот ја подаде својата глава од машината или замавне со раката, или го пружи стапот и се размавта со марамата, или ако фрли надвор писмо, или ако направи некој друг знак, ти занеш дека со тоа не се пореметува работата на локомотивата, ниту нешто друго се расипува во неа. Зошто тогаш неверниците говорат дека Бог со Своите чуда го пореметува одењето на светските коли? Затоа што се тапоумни. А верниците се радуваат на знакот Божји како исплашено дете пред огнените коли што се радува, кога човекот - сличен на него - ќе се подаде од колите. О колку ни е мило на нас, кога зад немата вселена што бревта околу нас, ни се подаде некој сличен на нас, и тоа уште некој кој не познава и не сака! Кога ќе се случи чудо, знај, дека Сличниот на нас не поздравува и ни говори: 'Не плашете се. Јас сум зад сето тоа!" Св. Василиј Новиот правел многу чуда: со молитва исцелувал болни, судбини човечки читал како од отворена книга. Преку Својот угодник, како и секогаш, Бог ја покажувал Својата љубов и силата на луѓето. Верниците за да се утврдат во верата, а неверниците да се посрамат и да се обратат во верата. СОЗЕРЦАНИЕ
Да Го набљудувам Господа Исуса распнат на крстот, и тоа: 1. како Он го искористува последниот здив од животот и спасува еден разбојник на крстот; 2. како Го предава Својот Дух во рацете на отецот. 'Оче, во Твоите раце Го предавам Својот Дух". |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1213141516> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |