![]() |
|
Мачки (и мачори)... |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 121314 |
Автор | |
Gabriela_S ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Изменето од Gabriela_S - 19.Февруари.2014 во 00:27 |
|
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
|
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Зошто да чувате мачка? Мачките се неверојатно слатки, мили и нежни суштества. Постојат многу причини зошто да чувате едно такво животинче дома. Еве некои од најинтересните. Имаат меко крзноЕдна од најдобрите причини зошто да чувате маче е нивното убаво, меко крзно. Тие се толку нежни и рунтави што едноставно не може да им се одолее. Ќе сакате цело време да ги гушкате и да си играте со нив. Едноставно се прекрасни. Лесни се за одржувањеМачките се многу лесни за одржување. Тие се одлични за луѓе кои се премногу зафатени. Вие само ставете им доволно храна, тие самите се негуваат, си ги средуваат ноктите и се мијат. Независни сеДобрата работа кај мачките е што не мора секогаш да сте со нив. И да излезат надвор, паметните мачки секогаш ќе се вратат дома кога ќе бидат гладни. Затоа, нема потреба од грижи. Мирни чувариМачките имаат остри нокти, опасни очи и изострен слух на кој ништо не може да му избега. Можеби нема да ве разбудат со силен лаеж, но бидете сигурни дека држат сѐ под контрола. Сакаат да си играатМачките навистина сакаат да си играат. Тие на новиот, убав кауч гледаат како на ново место за истражување и играње, а секој предмет што им изгледа интересен, веднаш станува нивни плен. Мрзливи сеМачките се доста мрзливи суштества. Тие само зеваат, спијат, јадат и уживаат во топлата атмосфера на домот. Никако не смеете да им бидете љубоморни на тоа. Сакаат да се галатМачките уживаат да се галат, а најмногу ценат кога тоа го прават со вас. А, ако вие не сте расположени, ви го земаат мобилниот, далечинскиот управувач или што и да користите во моментот, само за слатко да ве нервираат. Дружељубиви сеМачките се многу опуштени животни. Не мора да се грижите ако донесете уште некој папагал или кученце дома. Тие веднаш ќе се приспособат на новата ситуација и срдечно ќе ги прифатат. |
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Не сум приметила досега дека имаме посебна тема за кучиња, а немаме за мачки... Како сме дозволиле таква дискриминација? ![]() Ги сакате ли мачките, дали сте чувале/чувате во моментот, проблеми со исхрана, негување, болести, парење, паразити и се околу мачките на темава. Не мора да е само со слики. Имаат посебен карактер, независни, своеглави и каприциозни, можеби затоа и посебно сакам мачки. Знаат како да го добијат од тебе тоа што го сакаат, закачливи се и ќе те заиграат баш и кога не ти е до игра. Кој го интересира повеќе за мачките, да си прочита на викито оти мене ме мрзи да препишувам за увод ![]() Две сликички од мојот Мичо: каков го зедов и каков шкембар го направив за година ипол ![]() ![]() ![]() Изменето од Анастеа - 15.Февруари.2014 во 00:20 |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 121314 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |