|
Материјалното или Духовното? |
Внеси реплика | страница <1 121314 |
Автор | ||
kolizija
Нов член Регистриран: 15.Јануари.2011 Статус: Офлајн Поени: 10 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Благодарам брату. Бог е со тебе во секој миг. Благословен да си. |
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Викторија, Живиот БОГ мие сведок дека своето срце не го сметам нити поголемо, нити поарно од твоето или од било кое друго, бидејќи ништо добро (свое) немам во него, со што би можел да се пофалам. Единственото со што можам да се пофалам и за што благодарам, тоа е Милоста на Единствениот, Која што е единствениот вистински спас за сите нас и Која (според Апостолското сведоштво) Тој ја отелотвори во Господ Исус Христос! Ти велиш дека без Него(БОГА) ништо неможе да постои, јас потполно се сложувам со тоа што го велиш! Но, дека Тој е секогаш и во се’, со тоа (за жал) се’уште неможам да се сложам, бидејќи денот се’уште не дошол на кој секој и се’ вистински му се поклонило на Неговата Мудрост, на Неговата Милост (Христос)!
Срдечно добредојде на форумов, роде љубен! |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
viktorija123
Сениор Nishto Posebno, tuku EDNO Регистриран: 04.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 7300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
spiros,
Dali so ona "dadichke" sakash da kazhesh deka moeto srce e pomalo od tvoeto? A kade toa jas kazhav deka nasheto srce e bez Nego? Neli i jas postojano velam deka sme edno. Deka sme vo Nego i Toj vo nas i deka bez nego nishto nemozhe da "postoi". Mozhebi samo so drugi zborovi ama tokmu za ova govoram. Изменето од viktorija123 - 15.Јануари.2011 во 20:45 |
||
kolizija
Нов член Регистриран: 15.Јануари.2011 Статус: Офлајн Поени: 10 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
" Човек си, од кал те сторив, во кал ќе те вратам"
БОГ е толку голема љубов,што Тој нема потреба нас да ни прости за нашите гревови. Ние имаме потреба да си простиме самите себе си, да живееме самите со себе си, да се помириме со самите себе си, да се сакаме себе си такви какви што сме. И кога правиме грев, треба да му благодариме на Бога, затоа што така стануваме свесни, што треба да промениме за да бидеме подобри луѓе, за да живееме самите со себе си. Во ова денешно наше време, сите трчаат по пари и материјален статус. Во целата таа трка и збрка луѓето се одалечуваат од духовното, од контактот сам со себе. Тогаш кај човекот се јавува потреба за да надоплни празнина во себе си, па бара уште, уште, уште... Тогаш всушност и веќе не сме искрени пред самите себе си, дека всушност не сме среќни. На крајот од ова патување на оваа наша прекрасна планета, се соединуваме со Бога. Кај него одиме без парите, без вилите, без колите, без се она што сме го стекнале како материјално на овој свет. Бог не праќа овде со некоја цел. На нас е да ја увидиме нашата ВИСТИНСКА улога на овој свет. Ако тоа не го увидиме, ако не се измириме со самите себе си, никогаш нема да бидеме ВИСТИНСКИ среќни. Бог го жртвуваше својот син, за ние да бидеме спасени. Ние веќе сме спасени, одкупени се сите наши гревови, Исус се помачи за сите нас. Само треба да го пуштиме во нашите срца, за овде да бидеме ВИСТИНСКИ среќни. |
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Како Исус што за наша поука ни покажа, оди на тивко место, тихувај со молитва во срцето (Ев.Марко 1:35) ... кога срцето и умот ќе замолкнат и ќе станат како совршено мирно и кристално бистро езеро, длабоко размисли, погледај внимателно - во тебе и вон тебе - и ќе видиш дека се’, (пред се’, се’ што е добро и чисто) упатува и укажува на Него! Се’ упатува, се’ укажува на Мудроста БОЖЈА, Тоа Чудесно Слово БОЖЈЕ, Кое е’ пред Небото и земјата и Кого Единсвениот БОГ за спасение на сите Го отелотвори во Исус! Кога ќе се отвори срцето за ова Слово БОЖЈЕ, за овој Небесен ЛЕБ, кога преку таа контемплација ќе стане Негова куќа (בית לחם) Негов Витлеем, тогаш ќе се разбере длабокото значење на зборовите кои се запишани во 6та глава на Св. Јовановиот Извештај за Евангелеито! Божји Благослов!
Викторија дадичке, што мислиш за 63иот стих на погореспоменатиот Извештај и глава (?), кадешто Мудроста БОЖЈА вели: Духот е тој што оживува; телото ништо не помага! Дали можеби си го приметила однесувањето (дури и) на лично избраните Апостоли, пред и после маркантната случка која што е запишана во Дела Апостолски 2:2 ? Што сме ние луѓето без БОЖЈИОТ Дух Светол? На што личи нашето срце, без Него? Изменето од spiros - 15.Јануари.2011 во 20:30 |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
DragancoLeskoec
Сениор Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Двете, двете се едно.
|
||
Џо
Сениор Каубоец Регистриран: 17.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Живо Слово БОЖЈЕ...
Кое слово е тоа? |
||
sjena je od zastora kula na nebesima u našim je prsima |
||
viktorija123
Сениор Nishto Posebno, tuku EDNO Регистриран: 04.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 7300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Materijalnoto e vo duhovnoto. TOA ne se odvoeni "neshta". Ne se edno i drugo - tuku EDNO.
Ama zatoa mozhe da ima drugi mislenja. |
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
БОЖЈИОТ Збор (и секоја Негова Рана) е Тој Жив Извор и Корен на највкусната Духовна Храна! Кога предметот на твојата контемплација ќе биде со потполно внимание вперен само кон Универалната Мудрост БОЖЈА во Која е Совршената Суштина на Крајната Вистина (Ω), тогаш сите нешта ќе ти служат за добро, дури и во цртаните филмови на Walt Disney ќе најдеш “трошки и капки“ од највкусната Духовна Храна, а колку ли повеќе безкрајното и се’опфатното Живо Слово БОЖЈЕ за Кое на еден прекрасен начин сведочат Светите Пророци и (пред се’) Светите Апостоли, но и се’ останато во универзумот !? Се стана преку Него и без Него ништо не стана, од она што постана. (Ев. Јован 1:3) Да, роде! Мудроста БОЖЈА, Милоста БОЖЈА (Христос) е Темелот и Изворот БОЖЈИ на се’ што (чисто и добро) е’. Очи мои слепи се Уши мои глуви се Како пресушени пустински извори - суви се Кога не ја гледам и слушам Милоста, Мудроста БОЖЈА ХРИСТА ГОСПОДА - секаде и во се’ Исус и’ одговори и рече: „Кога би го знаела дарот Божји и Кој е Овој што ти вели: ,Дај Ми да пијам‘ - ти самата би побарала од Него и Тој би ти дал жива вода.” ... И кој е жеден, нека дојде, и кој сака, нека земе од водата на животот безплатно! (Ев. Јован 4:10 + Откровение 22:17) Изменето од spiros - 15.Јануари.2011 во 14:25 |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
Џо
Сениор Каубоец Регистриран: 17.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
а шо е духовна храна според тебе ? =)
|
||
sjena je od zastora kula na nebesima u našim je prsima |
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Што мислите што е поважно за спасението на душата: Материјалното или Духовното? Ај да погледаме како изгледа кај едното од најважните материјални нешта- храната!? Јас мислам дека Мудроста БОЖЈА и тука има потполно право! Телесната храна (дарена на гладниот ближен) е многу важна и е израз на љубов, но Духовната е таа што не’ учи и води да го сториме истото. Со радост го очекувам и вашето мислење Поздрав Погледнето го ве молам овој бисер: Продолжувајќи го своето патување кон Ерусалим, Исус и Неговите ученици дојдоа во едно село каде што во својот дом ги пречека една жена по име Марта. Таа имаше сестра, по име Марија, која седна до Исусовите нозе за да Ги слуша Неговите поуки. Марта, пак, беше презафатена со послужување, па Му пријде на Исус и Му рече: „Господе, зар не Ти е жал што сестра ми ме остави да ја вршам целата работа сама!? Кажи и да дојде да ми помага!“ А Господ и рече: „Марто, Марто! Прекумерно се грижиш и тревожиш за многу нешта, а само едно е потребно! Марија го одбра најдоброто - она што ќе и остане трајно!“ ( Ев. Лука 10:38-42) |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
Внеси реплика | страница <1 121314 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |