Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(1)
Цитирај Одговор
Испратена: 18.Јануари.2011 во 12:52 |
Потпечени пилешки шницли
Потребно:
* 600 г пилешки шницли * 2 лажички зачинал * 250 мл слатка павлака * 2 лажици масло * 50 г рендан едамер
Приготвување: исечете го пилешкото месо на тенки шницли и посипете го со зачинал, па оставете го да отстои 30 минути. Пропржете ги шницлите во загреано масло, т.е. додека не добијат златно-жолта боја. Пржени, наредете ги во огноотпорен сад, прелијте ги со слатка павлака, посипете ги со рендан едамер и печете ги околу 10 минути во рерна загреана на 230 степени.
|
 |
BisernA
Сениор
Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4662
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Јануари.2011 во 02:56 |
ја направив,.... ама НИКОГАШ веќе нема да ја јадам..... завршив со боранијата засекогаш
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(1)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Јануари.2011 во 04:33 |
|
 |
BisernA
Сениор
Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4662
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Јануари.2011 во 02:34 |
може ли некој да ми каже како да направам боранија  .... фала однапред....
п.с. боранијата е замрзната,... таква од ќесичка....
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(1)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Јануари.2011 во 13:10 |
Динстан рак со пиво
краб - 3 бројапиперки - 1 бројпиво - 100 млсенфмаслолимонсол
Подготвување на динстан краб со пиво
Кработ се мие, чисти и вари во 2 ч.ч. вода, пивото, сечена на ситно пиперка и малку масло.
Варениот краб се пржи малку во жешко масло + 3 лажици од чорбата каде се е варел.
Служи се топло со лимон и сенф.
Изменето од емил - 11.Јануари.2011 во 13:11
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(1)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Јануари.2011 во 13:00 |
Супа од краби
Потребни производи
крабк - 500 грама јајца - 1 број ориз - 2 лажици путер - 30 грама кромид - 40 грама кромид магдонос - 20 грама копар - 10 грама павлака - 3 лажици црн пипер - 1 грам лимони - 1 број вино - 1 лажица бело оцет - 1 кафена лажичка зејтин -1 лажица
Подготвување
Измијте и исчистете кработ, Стави ги да се варат во зовриена вода со 1 лажичка оцет, парче морков, парче керевиз, малку нарендена кора од лимон.
Кога се свар (околу 20 минути) кработ се вади, тргаа се месото од , а водата се цеди со цедалка.
Во зејтинот се задушуваат ситно сецкан кромид и настърганите моркови и керевиз. Ставјаш ја водата каде е врел кработ и месото.
Додаваат оризот и супата се вари околу 20 минути.
Финално се додава виното и неколку зрна црн пипер, а потоа супата се вари уште 4-5 минути.
Додава се павлаката и јајцето и готово
|
 |
bluebell
Сениор
the craziest
Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Јануари.2011 во 12:45 |
емил напиша:
Пржени морски плодови
Потребно:
600 г морски плодови брашно сол масло за пржење
Приготвување: морските плодови внимателно измијте ги и исцедете ги. Лигните исечете ги на тркалца. Парче по парче од морските плодови добро испрпелкајте ги во брашното измешано со малку сол, притиснете го со прсти брашното и пржете ги во врело масло 2-3 минути. Пржените морски плодови распоредете ги во чинија и украсете ги со тркалца од лимон.
|
daj nesto drugo za morski plodovi, konkretno krabi!
|
always look on the bright side of the life!
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(1)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Јануари.2011 во 12:21 |
Компири од рерна
Потребно:
* 1 кг компири * 1 лажица зачинал * 5 лажици масло
Приготвување: компирите излупете ги, измијте ги и исечете ги на парчиња. Посипете ги со зачиналот, па измешајте ги. Сечените компири ставете ги во огноотпорен сад, додадете го маслото, а садот покријте го со алуминиумска фолија. Компирите печете ги 20 минути во рерна загреана на 200 степени. Потоа, извадете ја фолијата и печете ги уште 20 минути додека компирите не добијат црвеникава боја.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(1)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Јануари.2011 во 15:06 |
Погача со паричка
Потребно:
* 1 кг брашно * 1 квасец * 1 лажичка сол * млака вода по потреба * 1 паричка
Приготвување: квасецот се раздробува и се меша со поголемо количество брашно. Се додава сол, а во средината на брашното постепено се додава млака вода и се замесува мазно тесто, без грутки. Кога ќе се потроши брашното, тестото се удира од ѕидовите на садот, а потоа се истура врз штица за мешање, се досипува преостанатото брашно и убаво се замесува. Кога тестото ќе стане сјајно и мазно, се обликува во форма на погача, внатре се става паричката, се става во набрашнето тавче и се остава да стои уште 15 минути. Потоа врз тестото се прават шари со виљушка или со дел од тестото и се пече во убаво загреана рерна додека не добие златна кора. Печената погача се витка во крпа и се остава малку да се излади.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(1)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Јануари.2011 во 14:17 |
Пире од грав
Потребно:
* 500 г грав * 2 лажици зачинал * 1 лажица ситно сечкан магдонос * 1 гранче сечкан целер * 50 мл масло * 3 чешниња лук * 1/2 лажичка ким * бибер * сол
Приготвување: сварете го гравот, исцедете го и уште додека е врел, испасирајте го во блендер. Додајте ги зачиналот, магдоносот, целерот, маслото, истолчениот лук, кимот и биберот. Добро измешајте го сето тоа и по потреба досолете го.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(1)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Јануари.2011 во 06:51 |
Состојки
1 |
пакетче лазањи |
500g |
мелено месо |
200g |
рендан кашкавал |
1 |
глава кромид |
1‑2 с.л. |
масло |
3 |
чешниња лук |
3 с.л. |
доматен сос |
|
оригано |
|
магдонос |
|
црн пипер |
|
вегета |
1 с.л. |
сос бешамел |
Подготовка
- Исечкајте го кромидот и ставете го да се пржи во тавче со загреано масло.
- Ставете на оган тенџере со солена вода. Откако водата ќе започне да врие, додајте ги лазањите да се варат.
- Кога кромидот ќе добие златна боја, во тавчето додајте го и меленото месо. Постојано мешајте.
- Откако месото ќе ја промени својата боја, во тавчето додајте ги и доматниот сос, лукот, ориганото, магдоносот, пиперот и вегетата и пржете додека не ја добиете посакуваната густина.
- Во добиената смеса додајте го сосот бешамел.
- Откако ќе ги сварите лазањите, земете тава за печење, премачкајте ја со масло и наредете еден ред лазањи. Над нив ставете од смесата со мелено месо и рендан кашкавал, па потоа пак ред од лазањите. Постапката се повторува додека не ги наридете сите лазањи.
- Најгорниот слој треба да биде со лазањи. Врз него ставете го остатокот од ренданиот кашкавал.
- Ставете ја тавата во рерна и печете 30 минути на температура од 200°С
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(1)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Јануари.2011 во 06:49 |
Состојки
300g |
сланина, исечкана |
1 |
пакетче шпагети |
200ml |
слатка павлака |
3 |
јајца |
150g |
пармезан |
1 |
супена лажичка магдонос |
150g |
пармезан |
|
исечкан лук (по вкус) |
|
црн пипер |
|
масло |
|
сол |
Подготовка
- Ставете ги шпагетите да се варат во доволно количество солена вода. Кога ќе бидат готови, тргнете ги настрана и исцедете ја водата.
- Исечканата сланина и исечканиот лук ставете ги во тавче да се пржат во мало количество масло.
- Кога сланината ќе стане крцкава, а лукот ќе добие златна боја, додајте ја слатката павлака. Откако ќе започне да врие оставете ги состојките да се готват уште неколку минути (павлаката треба да добие бледо жолта боја).
- Кон смесата додајте ги и јајцата. Многу луѓе ги користат само жолчките. Гответе уште 3-4 минути.
- Зачинете со магдонос и црн пипер.
- Можете да ги ставите шпагетите во тавчето со сосот и внимателно да го распоредите сосот низ нив или да ги ставите во чинија прво шпагетите, а потоа да ги прелиете со сос.
- Врз шпагетите ставете пармезан. Украсете со гранче магдонос.
!
Совети:
Многу често рецептите за сос карбонара не содржат слатка павлака. Ако не сте љубители на павлака, слободно можете да ја исклучите од рецептата.
Наместо магдонос, можете да користите босилек.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(1)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Јануари.2011 во 06:48 |
СостојкиШпагети болоњезе
450g |
шпагети (1 пакетче) |
450g |
телешко мелено месо |
400ml |
доматно пире |
1 |
глава кромид |
1 |
морков |
3 |
чешниња лук |
80ml |
масло |
1 |
чајна лажичка оригано |
1 |
супена лажичка магдонос |
150g |
пармезан |
|
црн пипер |
|
вегета |
|
сол |
Подготовка
- Ставете на оган тавче со 50ml масло. Откако ќе се загрее маслото, додајте ги во него морковот и кромидот, ситно исечкани.
- Кога кромидот ќе добие златна боја, во тавчето ставете го и меленото месо и пржете ги состојките 5-6 минути.
- Потоа во тавчето додајте го доматното пире и лукот. Пржете додека не ја постигнете саканата густина.
- Кон крајот на готвењето зачинете го сосот со оригано, црн пипер, вегета и магдонос.
- Во тенџере со вода ставете ги шпагетите да се варат. Во водата додајте го остатокот од маслото (30ml) и малку сол.
- Кога ќе бидат готови шпагетите, можете или да ги измешате со сосот или да ги ставите шпагетите во чинии и врз нив да ставите од сосот.
- Поросете со пармезан и украсете со гранче босилек или магдонос.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(1)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Јануари.2011 во 09:29 |
Пржени морски плодови
Потребно:
600 г морски плодови брашно сол масло за пржење
Приготвување: морските плодови внимателно измијте ги и исцедете ги. Лигните исечете ги на тркалца. Парче по парче од морските плодови добро испрпелкајте ги во брашното измешано со малку сол, притиснете го со прсти брашното и пржете ги во врело масло 2-3 минути. Пржените морски плодови распоредете ги во чинија и украсете ги со тркалца од лимон.
|
 |