|
Крштевање на мали деца? |
Внеси реплика | страница <1 121314 |
Автор | |||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Крштевањето не е основен услов за спасение. Тоа не го тврдат ни баптистите, ни евангелистите, ни конгрешаните, ни другите евангелско-протестантски деноминации, ни христијаните, ни Светото Писмо. Сите христијани кои се придржуваат до Светото Писмо велат дека ВЕРАТА во Исус Христос е основен услов за спасение, а крштевањето е само завет и идентификација со Исус Христос.
Престани да клеветиш ahmar1. Прво информирај се, а потоа пишувај.
Точно така, во Светото Писмо никаде не пишува дека треба да се крштеваат бебиња. Не само што не пишува дека треба, туку од околу 20 примери на крштевања во Светото Писмо, ниту едно од нив не се однесува на бебе, туку сите се возрасни луѓе кои биле крстени на основа на својата лична одлука, покајание и вера.
Ако одиме со премисата дека можеме да правиме се што не е забрането во Светото Писмо, тогаш ајде да се дрогираме, бидејќи и тоа не е дирекно забрането. Но ако велите дека е индирекно забрането да се дрогираме, тогаш прифатете дека индирекно (преку предусловите за крштевањето кои ги наведов погоре) е забрането крштевање на бебиња.
Точно е дека бебето наследува грешна и несовршена природа од своите родители (прародителски грев!), но не и осудата за тој грев. Имено, се додека бебето не почне да разликува добро од зло, додека не проработи совеста во него и додека не му се открие Божјиот Закон (барем некој дел од него) детето не е под осуда на гревот. Гревот е присутен во бебето, но е мртов и како таков нема сила да го осуди бебето за во пеколот. Заклучок: Доколку бебето инцидентно почине, тоа оди дирекно во Божјите раце. Еве библиски докази кои го потврдуваат наведеното тврдење:
"Оној кој ќе згреши, тој и ќе умре. Синот нема да го носи татковиот грев, ни таткото синовиот грев. Врз праведникот ќе биде неговата правда, а врз безбожникот неговата безбожност. " (Езекиел 18:20) "Имено, гревот беше во светот уште пред Законот, но гревот не се засметува кога нема Закон. " (Римјаните 5:13) "И јас живеев некогаш без Законот; но кога дојде заповедта, гревот оживе, а јас умрев." (Римјаните 7:9) Да не дојдев и да не им зборував, немаше да имаат грев; но сега немаат изговор за својот грев. (Јован 15:22) Од овие стихови гледаме дека бебињата наследуваат ткн. "мртов грев" од своите родители. Го нарекувам мртов во смисла на осудата, затоа што истиот не може да ги осуди доколку инцидентно починат. Бебињата ќе паднат под осуда за гревот дури откако ќе пораснат и ќе направат свои лични гревови за кои ќе бидат свесни дека згрешиле. Дури потоа ќе има основа за лично покајание, обраќање и вера во Исус Христос која ќе ги спаси од гревовите. А дури потоа следи крштевањето како јавна идентификација со Христос.
|
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Бебекрштевање е учење и пракса на повеќе цркви како што се: католичката, православната, методистичката, англиканската, назаретската и уште неколку други слични цркви. Додека скоро сите останати деноминации, во главно библиските цркви, не го подржуваат ова учење.
Библискиот став е дека бебињата не треба и не можат да бидат крстени, туку откако ќе пораснат, откако ќе се запознаат со христијанската вера т.е. со евангелието, откако ќе се покајат, поверуваат во Христос, дури тогаш можат да донесат самостојна одлука да бидат крстени.
Има повеќе аргументи што го подржуваат овој став, но јас ќе се сконцентрирам само на предусловите што му предходат на крштевањето и со тоа би сакал да покажам дека едно бебе не е можно да ги исполнува тие предуслови, за да биде библиски правилно крстено. Предуслови за крштавање 1. Примање на Словото на Евангелието
Откако Петар на првиот Духовден ја одржа неговата евангелска проповед, оние кои ја прифатија таа порака, се крстија. "И така се крстија оние кои го прифатија неговото слово." (Дела 2:41) Значи стихот не вели се крстија сите, туку само оние кои го прифателие неговото слово т.е. словото на евангелието.
2. Вера "Етиопјанецот рече: Еве вода! Што ме спречува да се крстам? А Филип рече: Ако вервуаш од се срце, можеш." (Дела 8:36-37) Кој предуслов го забележувате тука? Филип е многу јасен и недвосмислен тука, вели: Ако веруваш од се срце, можеш? Прашање: Дале едно бебенце може од се срце да верува во Христос? Дали бебето знае Kој е Христос за да може да верува во Него? Дали едно бебенце воопшто знае колку букви содржи зборот "Христос"? "Ако веруваш од се срце, можеш."
Ова е условна реченица која го кажува условот, дали некој се квалификува да биде крстен или не. Негацијата на овој услов би била: Ако не веруваш од се срце, не можеш." Исус рече: "Кој поверува и се крсти, ќе биде спасен. " (Марко 16:16) Запазете го редоследот во горната Христова изјава. Исус не вели: "Кој се крсти и поверува, ќе биде спасен." Туку вели: "Кој поверува и се крсти, ќе биде спасен". Значи, од овие стихови, а и од подоле наведените, јасно е дека на крштевањето му предходи вера, и тоа искрена вера во Исус Христос. 3. Покајание "Покајте се и секој од вас да се крсти во името на Исус Христос... " (Дела 2:38) Покајанието е исто така важен предуслов за крштевањето. Тоа не е ритуал. Тоа е лична одлука со која ние се каеме за нашите гревови, бараме прошка од Бог за истите и донесуваме одлука за промена, промена од внатре, која ќе резултира со промена и однадвор, во нашите дела, од кои ќе се види дека нашето покајание било искрено. Прашање: Дали едно бебенце може да се покае? Дали бебенцето е свесно дека е грешно или дека направило грев за да се покае? Дури и најинтелигентните бебиња вие не можете да ги научите да се извинат до 3-4 годинки, а камо ли да се покајат за своите гревови на 40 дена од нивното раѓање. Заклучок: Од цитатите погоре видовме дека на библиското крштевање му предходат три предуслови: Слушање на словото на евангелието, покајание и вера, три работи кои едно бебе не може да ги исполни. И затоа заклучуваме дека секој обид да се крсти некое бебе, не е библиско крштевање, туку само едно вонредно невообичаено бањање.
|
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Vo edna od temite se pojavi tezata deka decata ne treba da se krstevaat bidejki toa ne bilo bibliski potkrepeno.I ispaga deka toa go izmislile pravoslavnite i toa vo ponovo vreme.
No ajde da go vidime dali e toa taka. Baptistickata teza za krstevanjeto e deka ustvari toa ne e uslov za spasenieto tuku obratno-spasenieto e uslov za krstevanjeto. Znaci koga Baptist se krsteva on veke e "spasen" ali sega samo da go oficializira toa. Da se tvrdi deka krstevanjeto e osnoven uslov za spasenie znaci da se odrece osnovniot postulat na baptizmot deka covekot se spasuva samo so vera a ne so dela. Neli edna greska vodi kon druga i se prodolzuva ponataka koga se doagja do logicki zaklucok deka krstevanjeto na deca e nasilstvo nad niv i e besmisleno. Bidejki protestantite ne go priznavaat svetoto predanie (neli ima crna rupa od delat apsotolski do niv)zatoa ne bi naveduval za istoriskite zapisi vo koi se spomenuva za krstevanjeto na deca (tertulijan,origen,Sv.irinej ) ili pak od zitijata na svetiite kade ima dosta primeri za ova. No da vidime sto ima za ova vo svetoto pismo. Agrumenet e deka nigde ne pisuva deka treba da se krstevaat deca. No ajde da gi prasam pa kade ima dokaz deka ima zabrana za krstevanje na deca?! Znaci ako nema zabrana togash krstevanjeto ne e nikakov prekrsok. Baptistickiot polemicar Baltazar Himbermaer (16 vek) na ovoj argument zajdlivo i sarkasticno veli abe nema zabrana za krstevanje na magarinja i kucinja pa ne znaci li toa deka moze i oni da se krstevaat. Ne e poznato sto mu odgovorile negovite sovremenici no pravoslanite bi mozela da go prasaat dali od voopsto pravi razlika megju nego i magareto?! Hristos dojde ne zaradi zivotnite tuku radi lugjeto i zatoa taa zabrana za nivno krstevanje e i izlisna. Decata se sposobni da primat blagodat od Svetiot Duh a zatoa ima i primer vo svetoto pismo, kaj prorokot Jeremija 1,5(Pred da te oblikuvam vo utrobata,Jas te poznav,i pred da izlezesh od utrobata te postaviv za prorok na narodite) kako i za sveti jovan krstitel vo Luka 1.15 (zasto toj ke bide golem pred Gospoda i nema da pie vino ni siker ,a ke se ispolni so Duh Sveti uste vo utrobata na majka si). Poslem ke kazat pa decata nemaat grev zatoa i nema potreba da se krstevaat.Togas pravoslavnite bi rekla a shto e so prarioditelskiot grev?! No baptistite de fakto ne go priznavaat praroditelskiot grev pa taka spored тоа ako nepostoi praroditelskiot grev vo nashata priroda togash koja e smislata na iskupuvanjeto?! Po kojznae koj pat, od site eresi od ranata crkva do den denes edna greska vodi kon druga greska i poslem se prai kasхa popara i se i ide vo nepovrat i poslem pravoslavnite se krivi za se. p.s imam nesto problem so fontot,izvinete za latinicata |
|||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
|||
Внеси реплика | страница <1 121314 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |