![]() |
|
МУЗИЧКИ ВЕСТИ |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1213141516 32> |
Автор | |
Lithium ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Дали некој има информација каде може да се најдат карти за хуманитарниот концерт во чест на Тоше? Знам дека се 250 ден, ама каде се продаваа низ Скопје? А може и веќе да нема, многу “рано“ ми текна да прашам
![]() |
|
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
|
![]() |
|
dimigor ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 02.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 102 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Новата песна и спот на Кирил Џајковски:
Kiril Dzajkovski feat. Ras Tweed Esma - Raise Up Your Hands |
|
![]() |
|
zamislena ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14571 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Дали кралот на попот постхумно има уште еден хит? Песната се вика “Another Day“ и се верува дека е дует на Мајкл Џексон и Лени Кравиц. Како потврда на ова се посочува писмото кое Лени му го пратил на свој пријател во времето кога е снимана песната. „Во моментов работам со Мајкл на песна која сеуште не е објавена и ова е дефинитвно најубавото време кое го имам поминато во студио. Мајкл е многу духовит и цело време се смеевме“, вели Кравиц во писмото. Но, затоа што никаде не е официјално потврдено дека навистина е во прашање соработка на Мајкл и Лени, снимките биле пратени на вештачење. |
|
![]() |
|
zenmaster ![]() Сениор ![]() ![]() Interceptor Регистриран: 05.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 4262 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
London Calling 30 роденден на албумот кој го промени светот
Ремек дело на групата The Clash важи за еден од најдобрите дупли албуми на сите времиња .
|
|
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
|
|
![]() |
|
zamislena ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14571 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Македонска Музичка Мрежа ги дознава имињата на композиторите и насловите на песните кои се избрани за националниот Евросонг 2010. На конк*рсот пристигнaле вкупно 126 песни, а селекционото седумчлено жири одбирало во два елиминациони круга.
Еве ги песните и нивните автори...
1. Чорбаџија - Димче Китрозоски
2. Најмила - Бертан Аслани 3. Бог го има секој клуч - Сашо Ливрински 4. Џипси Денс - Симеон Атанасов 5. Север и југ - Стојанче Аврамов 6. Заборави на се - Зоран Алексиќ 7. Се што чекаме - Јова Радевска 8. Мразам - Горан Мицов 9. Болест зараза - Душко Темелкоски 10. Ти си киси феномен - Сашо Паркет 11. Браво Дамир Имери 12. Денес како си - Владимир Дојчиновски 13. Немој да си себичен - Григор Копров 14. Никој на овој свет - Ванчо Димитров 15. Малечка - Бобан Апостолов Џани 16. Солза - Ристо Апостолов 17. Фама - Александар Масевски 18. Акција реакција - Александар Масевски 19. Бели коњи - Ана Мојсовска 20. Ангели - Раде Врчаковски 21. Сни - Даниел Митревски 22. Лаги - Лазар Цветкоски 23. Летам кон тебе - Лазар Цветкоски 24. Љубовна песна - Валентино Скендеровски 25. Јас ја имам силата - Кристијан Габроски 26. Забораваш - Мартин Вучиќ 27. Таа има се - Мартин Вучиќ 28. Остани - Симон Трпчески |
|
![]() |
|
KAROLIN ![]() Сениор ![]() ![]() Maкедонско девојче Регистриран: 28.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 201 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Најновата песна на КАРОЛИНА
|
|
![]() |
|
chuchuliga ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Мај.2006 Статус: Офлајн Поени: 893 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Бројни мали луѓе, на бројни мали места, кои прават бројни мали чекори можат ликот на целата планетата Земја - да го сменат.
|
|
![]() |
|
pcelka ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Oригиналната постава на легендарниот бенд, но без фронтменот Џони Штулиќ на 29 декември ќе одржи концерт во Клубот Хавана во Скопје насловен „Поздрав до Азра“.
Идејниот лидер на проектот е тапанарот Борис Леинер, а покрај него ќе настапи и басистот Мишо Хрњак кој по десетгодишна пауза од свирење повторно ја зеде гитарата в раце за концертот во Скопје. На концертот во Хавана ќе им се придружат и многубројните пријатели и почитувачи на делото на Џони Штулиќ од Македонија. Во Хавана ќе прозвучат многубројните хитови на Азра како „Лијепе жене пролазе кроз град“, „Сунчана страна улице“, „Кад фазани лете“, „Клинчек стоји под облоком“, „Ужас је моја фурка“, „Крвава Мери“, „Обрати пажњу на послједњу ствар“ и уште многу други. Азра под тое име постои од 1977 година. Претходно членовите на групата настапувале под името „Балкан севдах бенд“. Во својата кариера имаат издадено 11 албуми и повеќе синглови. Последниот албум „Задовољштина“ Азра го сними во 1988 година, по што имаше само концертни настапи. Бендот не функционира во оригинален состав од почетокот на 90-те кога Штулиќ дефинитивно замина за Холандија, каде што живее и денес. Интересен факт што ја поврзува Азра со Македонија е тоа што Џони Штулиќ е роден во Скопје и неколкупати досега бара македонски пасош, но нашите власти одбиваат да го удостојат великанот на рок музиката. |
|
секој нов ден, носи нова надеж...
|
|
![]() |
|
Lithium ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
СПЕКТАКЛ СО ЧОЛИЌ И СО ФЕТБОЈ СЛИМ НОЌТА НА 18 ДЕКЕМВРИ Без визи по кафеани до сабајле Идејата е, преку 24-часовното работно време и со најавениот спектакл на плоштадот Македонија, во манифестацијата "Бел ден" на граѓаните да им се овозможи комплетна слобода во славењето на историскиот ден за Македонија ![]() Организаторите на музичкиот спектакл "Литиум рекордс" најавуваат големи изненадувања - визуелни, технички, содржински зашто, како што велат, со оваа манифестација ја слават онаа народната "Да ти светне бел ден" што, практично, и доаѓа со укинувањето на визите. Како фанатици и перфекционисти, да не звучи како клише, тие најавуваат досега нечуено озвучување кај нас, и недоживеани видеоефекти кои ќе ги следат музичките настапи што ќе започнат во 19 часот, а ќе траат до 3 часот по полноќ. Главни ѕвезди се најголемата ексјугословенска поп-икона Здравко Чолиќ и еден од највлијателните денс-музичари во изминативе 20 години - британскиот продуцент, диџеј и пионер на електронската музика Фетбој Слим. ![]() Фетбој Слим е Норман Кук кој достигна огромна популарност во '90-тите, која не стивнува до денес. Светската кариера за него започна во 2002 во родниот Брајтон каде што, наместо очекуваните 60.000 посетители, на неговиот настап дојдоа 250.000 луѓе. Концертот стана настап на деценијата, а снимката од неговиот сет беше најпродавано микс цеде за таа година. Магазинот "Кју" го стави на листата на "50 настапи кои мора да ги видите пред вашата смрт". Од македонските ѕвезди, кои до вчера беа потврдени, во оваа спектакуларна ноќ ќе настапат "Влатко Стефановски трио", Владо Јаневски, Елена Ристеска, Ламбе Алабакоски. Настанот е поддржан од сите поголеми македонски фирми. (М. За.) ![]() ![]() |
|
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
|
![]() |
|
Tony Clifton ![]() Сениор ![]() Регистриран: 18.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 292 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
GOLEM HUMANITAREN KONCERT ZA POMOS NA EMIL NOVESKI
Дата:понеделник, 14 декември 2009 Време:20:00 - 23:00 Локација:KAVADARCI, sportska sala JASMIN Опис DA MU DADEME SANSA NA EMIL POVTORNO DA ZAIGRA FUDBAL. Pomognete i vie so vaseto prisustvo da se spasi eden nevin detski zivot. Повеќе за ова има на facebook |
|
![]() |
|
schumi ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 121 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Камењата ќе се тркалаат повторно
Петок, 27.11.2009 | Музика Ако се' уште има некој кој верува секој еден пат кога Стоунси ќе кажат: „оваа турнеја ни е последна“, тоа и навистина ќе е така, тогаш тој не знае математика. И верува во глупости :) ![]() Ролинг Стоунс се враќаат на музичката сцена па така во 2010. ќе тргнат на 256-та проштална турнеја во нивната кариера. Океј, не е баш 256-та, ама приближно речено - тука некаде е бројката на турнеи кои бендот ги прави „за последен пат“. Рок дедовците последната голема турнеја ја завршија во 2007. и притоа заработија околу 300 милиони фунти, а сега се спремни да искешираат барем уште толку со уште еден патувачки носталгичен рок циркус најавен за догодина. Ова на јавноста наводно и го откри Екатерина Иванова, руската 20-годишна келнерка и девојка на 62-годишниот Рони Вуд, а која со изјавата наводно го налутила менаџментот на бендот говорејќи наоколу за плановите кои засега требало да останат тајни. Ма дај... Доброто е што иако Стоунси се и слушнати и видени, we just can't get enough. Па, ајде дедовци, ве чекаме :) ![]() ![]() Изменето од Анастеа - 01.Декември.2009 во 10:36 |
|
![]() |
|
Tetratka ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Вечерва прв солистчки хуманитарен концерт на Ламбе Алабаковски во Универзална сала - Да го обновиме Бигорски!
Изменето од Tetratka - 28.Ноември.2009 во 19:22 |
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Кај мене линкот не отвара...? ![]() |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1213141516 32> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |