![]() |
|
РАКОМЕТ - новости |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1213141516 18> |
Автор | |
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
МАКЕДОНСКИОТ ПРВАК ЗАИНТЕРЕСИРАН ЗА ХРВАТСКИОТ ПИВОТ Кометал ја бара Бошњак Кометал Ѓ. Петров останува во центарот на вниманието на ракометната јавност која со нетрпение очекува засилувања со кои Кометал одново би станал конк*рентен, колку што ќе се може во Лигата на шампионите.Засилување на голманската позиција, иако дојде Хрватката Ана Крижанац ќе биде потребно, но најдефицитарна позиција во клубот во моментов е линијата. Таму сега е единствено Наташа Младеновска. Имаше неколку шпекулации околу можниот наследни на Платон на пикерската позиција, но ништо не беше доволно конкретно, затоа и не се најде во јавноста. Сандра Бошњак, пикерот на јуниорската репрезентација на Хрватска е едно од имињата кои се најчесто се вртат кога е во прашање засилување на линијата за Кометал. Од управата не негираат дека имало обид да се постигне договор, но дека сето тоа оди тешко затоа што Локомотива има планови со неа. Минатата сезона Бошњак беше позајмена во екипата на Сесвете, но сега вице-првакот на Хрватска решил да ја врати назад во своите редови. Ова не го прави невозможен трансферот на Бошњак во Кометал. За разлика од можните трансфери на Хана Гвон и Сали Потоцки, овој има далеку поголеми шанси да се реализира. Наскоро, како и да е, Кометал ќе информира каков прогрес има во преговорите со евентуалните засилувања, а тука сосема сигурно ќе стане збор и за Бошњак. Таа инаку беше селектирана во идеалната седморка на светското јуниорско првенство кое се одржа во Македонија, а на кое Хрватска финишираше како шеста. Постигна 22 гола имаше и 9 блокади на вкупно 8 одиграни натпревари. Добро се снаоѓаше и во одбрана и во напади и сигурно би била освежување за Кометал, пред кого е долга сезона, во која покрај домашниот шампионат и Лигата на шампионите ќе се натпреварува и во регионалната лига. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
САМО ЕДЕН ПОТВРДЕН ОДГОВОР НА БАРАЊЕТО ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА СУПЕР-ЛИГАТА Вип и Струмица останаа прволигаши! Единствена екипа која го поддржа барањето на двата клуба кои сакаа проширување на Супер-лигата е В.В. Тиквеш од Кавадарци. Вип 2007 од Прилеп и Струмица следната сезона ќе играат во Првата лига. Нивното барање за проширување на Супер-лигата од 8 на 10 екипи не мина кај суперлигашите и тука завршуваат нивните шанси и надежи и следната сезона да играат во најсилната конк*ренција.Овие два клуба побараа на конференцијата на клубовите да се прошири Супер-лигата. Барањето требаше да биде верификувано од сите суперлигаши за да се најде на дневен ред на највисокиот орган, Собранието на клубови. Клубовите требаше да се изјаснат до вчера на пладне. Услов беше сите клубови да се согласат. Ако само еден не се согласеше со идејата за проширување, предлогот немаше да оди на УО, па на Собрание. До вчера, значи кога истече официјалниот рок, потврда имаше само од еден клуб - Винарска Визба Тиквеш од Кавадарци. Ниту еден друг тим немаше пратено одговор. Останува отворено уште ден-два, ако евентуално некој испратил одговор по пошта, но епилогот нема да се промени. Договорот од конференцијата имаше и еден подуслов. Доколку не стигне одговор од некоја екипа, тоа значи дека одговорила негативно. Иако беа свесни дека шансите за врќање во Супер-лигата им се теоретски, сепак, не можеа да го скријат разочарувањето во Струмица и Прилеп. Прилепчани, односно нивниот тренер и еден од иницијаторите за оваа идеја, Томче Петрески, разочарано ги коментираше одлуките на клубовите. "Разочаран сум од односот на клубовите. Знам дека не побаравме мала работа. Свесни сме, ние регуларно го загубивме суперлигашкиот статус и тоа е тоа. Јас разговарав со управите на клубовите. Имаше различни мислења. Ни беше јасно ставено до знаење дека лигата нема доволно квалитет за да се проширува. Имавме и поддршка од некои клубови. Не можеме никого со сила да натераме, ниту, пак, можеме да се лутиме на некого. Ќе продолжиме да соработуваме со сите. Но, морам да кажам: Не е фер што никој не одговори! Не н$ удостоија ниту со негативен одговор. Поинаку ќе беше доколку испратеа одговор и напишеа дека не сакаат проширување од тие и тие причини. Вака...", вели Петрески. "Но, тоа е тоа. Неорганизираност, незаинтересираност... поради тоа и ваков е нашиот ракомет. Како и да е, ракометот во Прилеп нема да згасне. Ќе одиграме една сезона во Првата лига и ќе се вратиме на многу поголема врата. Сега ќе се организираме, ќе се подготвиме и ќе бркаме суперлигашки статус низ натпреварувањето. Екипата засега го носи името ВИП 2007, но преговорите за спонзорство се во финална фаза и ќе има промена на името", изјави Петрески. Со ова завршуваат суперлигашките надежи за ВИП и Струмица. Дури и сите суперлигаши да одговореа позитивно, тоа немаше да значи официјално враќање во Супер-лигата. Предлогот ќе требаше да оди на усвојување прво на УО, а по тоа и на Собранието на клубови, па дури тогаш ќе се знаеше дали ќе има проширување или не. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
КОМЕТАЛ Ѓ. П. НЕ УСПЕВА ДА АНГАЖИРА ЗАСИЛУВАЊА ОД МУНДИЈАЛОТ Ништо од трансферот на Потоцки, тешко и за Гвон Дефинитивно нема да има "дил" меѓу Кометал и Австрлијката Потоцки. Сe помали се шансите за ангажман на Корејката Гвон и сe помалку време за Кометал да ангажира засилувања за следната сезона. Обидите на Кометал Ѓ. Петров да ангажира ракометарки кои беа во
Македонија на јуниорскиот мундијал се со с$ помали шанси да бидат
реализирани. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПРИЛЕПЧАНИ И СТРУМИЧАНИ (НАЈВЕРОЈАТНО) ЌЕ ОСТАНАТ ПРВОЛИГАШИ Никој не одговорил на барањето за проширување Екипата која со години беше позната како Т. К. Бренд од Прилеп и тимот на Струмица побара на конференцијата на клубови одржана на 3 август согласност од суперлигашите за проширување на Супер лигата и на тој начин да се пресели во најсилното натпреварување и условно кажано да ги спаси овие два ракометни центри од пропаст. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
РУСКИОТ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ СЕ ВРАЌА НАЗАД БЕЗ ДОГОВОР Погорелов заминува од Металург! Не им требаше многу време во Металург за да видат дека Русинот Сергеј Погорелов е далеку од тоа што некогаш бил. Веќе на прв поглед беше јасно дека ќе му треба многу време за да се врати пред с$ во физичка форма. Му беа дадени неколку дена на Маврово да се адаптира, да почне со вистински тренинзи, но во меѓувреме веднаш почна потрагата по замена во случај тој да не може да остане. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
"ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ" ПРЕЗАДОВОЛНИ ОД УСЛОВИТЕ НА ЗЛАТИБОР Првата фаза е полн погодок Екипата на Вардар Про е единствената екипа од Македонија која првата
фаза од подготовките ја реализира во странство. "Црвено-црните" од 2
август се на Златибор и таму се подготвуваат за претстојните
предизвици. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПОЧНУВААТ ПОДГОТОВКИТЕ ЗА СТРУШКИОТ РАКОМЕТЕН ТУРНИР
Стружани го затвораат списокот Голем број екипи пројавија интерес за учество на годинашниот 36. по ред струшки меѓународен ракометен турнир. Турниот ќе се одржи од 20 до 23 август, по вообичаената шема ќе се формираат две групи, три дена ќе се играат по две средби, а четвртиот, в сабота, натпреварите за пласман. "Годинава е најголемиот интерес. Да настапат на турнирот побараа Вардар МРК и Пролет од Скопје, потоа Пелистер, Приштина, Врање, Будуќност (Подгорица), Жупа (Александровац), Борац (Чачак). Нема да избираме, односно одредуваме кој ќе учествува. Оние екипи кои први ќе се јават и дефинитивно ќе потврдат дека доаѓаат во Струга ќе бидат учесници на турнирот", вели претседателот на Струга, Крсте Иљоски. "Подготовките веќе ги почнавме и прво што треба да направиме е да ги санираме оштетените делови на покриениот терен на спортскиот полигон, како и трибините и рефлекторите. Има доволно време до стартот и како што до сега сме го правеле ќе се потрудиме и годинава турнирот да се одвива во беспрекорна организација. Екипите ќе бидат сместени во хотелот Дрим и во мотелот 'Монтенегро' кој се наоѓа во непосредна близина до 'женска плажа', односно до отворениот спортски полигон", додава Науме Угреновиќ, кој го предводи тимот за организација на турнирот. |
|
|
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ШУНДОВСКИ ТРЕТ ДЕН ГО ПОДГОТВУВА ТИМОТ ЗА СТАРТОТ НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ Металург зема залет од Маврово Екипата на Металург во полн состав ги почна подготовките за
наредната сезона во која ќе имаат комплицирана задача во битката со
засилениот Вардар Про да ја одбранат титулата и уште покомплицирана, во
Лигата на шампионите да парираат на двете најпознати европски екипи,
Кил и Барселона. Нормално, со услов да го елиминираат турскиот шампион
Измир во квалификациите за Лигата на шампионите.
СО НОВА ОПРЕМА ВО ЛШ ЖЕНСКАТА ЕКИПА ГИ ПОЧНА ПОДГОТОВКИТЕ СТАРТУВАШЕ ЖЕНСКИОТ ВИЦЕПРВАК Кале почна со подмладен тим Женскиот вицепрвак, екипата на Кале Кичево, почна со подготовките за
наредната сезона. За кичевскиот клуб, кој во минатиот период за кратко
имаше финансиски проблеми, најважно беше да се почне. Следната сезона во Кале одново ќе игра Робертина Грујоска, која лани накратко замина во Турција, во екипата на Ускудар. Тоа е помалку повеќе с$ што се однесува до играчкиот кадар. Планот на подготовки е екипата да се подготви физички во Кичево, а по тоа заминува на турнир во Бугарија. Турнирот ќе се одржи во Варна од 15 до 17 август, а ќе учествуваат Локомотив, кој е и домаќин, Кале Кичево, екипата на Ускудар, вицешампион на Турција и тим каде игра македонската репрезентативка Билјана Црвенкоска. Би требало да учествува и една романска екипа. По тоа екипата продолжува со подготовките во Македонија, тука сигурно ќе бидат одиграни неколку натпревари, а можно е да се оди на кратко гостување и во Србија. "Немаме амбиции како минатите сезони да бидеме втори по секоја цена. Докажавме што требаше, сега имаме малку поинакви амбиции. Нормално, ќе се бориме за второто место, но тоа нема да биде со посебен притисок. Најважно ни е играчите во кои вложувавме минативе години да добијат шанса да играат во првиот тим. Имаме неколку помлади ракометарки кои ги сметаме за наша иднина и тие ќе треба да се докажуваат годинава", изјави Коџаџиклиоски-Масаро, директорот на екипата на Кале Кичево. Кале Кичево е македонски претставник во Купот на ЕХФ. Таму во второто коло ќе игра со вицешампионот Кикинда, екипа во која од оваа сезона ќе настапува и македонската репрезентативка Тања Андрејева, поранешен голман и капитен на Кале Кичево. МАШКИОТ ТУРНИР НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО КИНА ЌЕ БИДЕ НЕВЕРОЈАТНО СИЛЕН, А КОНк*рЕНЦИЈАТА ЗА ЗЛАТОТО Е ГОЛЕМА Шест селекции со еднакви шанси Вкупно 12 репрезентации од недела ќе почнат со трката за златниот
медал на Олимписките игри во Пекинг во машка конк*ренција каде што
трофејот го брани селекцијата на Хрватска. ХРВАТСКА ГЕРМАНИЈА ДАНСКА ФРАНЦИЈА ШПАНИЈА ПОЛСКА Изменето од blueprayer - 06.Август.2008 во 16:29 |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
БЕКОТ НА КАЛЕ КИЧЕВО СЛЕДНАТА СЕЗОНА ЌЕ ИГРА ВО ТУРЦИЈА
Ацковска во Анталија Плејмејкерот на екипата на Кале Кичево, Весна Ацковска, следната сезона ќе биде играч на турскиот тим Анталија. Договорот е потпишан, ќе трае најмалку една сезона, а дали ќе биде продолжен и за натаму ќе се знае откако ќе се види како ќе оди соработката. Ацковска летово накратко беше на проба и во Германија,требаше да игра во екипата на Бломберг, но не беше најден заеднички јазик. "Понудата која ми ја дадоа Германците не беше вредна за да останам таму. Мислам не беше комплетна и сметам дека немаше да биде добар 'дил' за мене. Оваа од Турција е многу поконкретна, ми одговараат условите и заминувам таму на една година. Знам само генерално за каков тим се работи, с$ друго ќе видам кога ќе стигнам таму", вели Ацковска. Битолчанката Ацковска досега беше ракометарка на Кале Кичево. Таму мина две сезони, а заминувањето во Турција нема да биде нејзин прв трансфер надвор од Македонија. Претходно, неколку сезони играше во Грција. Ацковска на својата нова екипа ќе & се приклучи уште денеска. Нејзиното заминување Кале Кичево го пополни со ангажманот на Ивана Маневска од екипата на Вардар Осигурување. Во Турција во моментов играат уште три македонски ракометарки. Билјана Црвенкоска, Робертина Меческа и Ева Диневска. Минатата сезона накратко таму беа и Марија Папуџиева и Робертина Грујоска, но не се знае дали и оваа година ќе бидат дел од екипата на Ускудар каде играа. ![]() Кирилов се пресели во Мерсин Белорусинот Сергеј Кирилов, пикерот кој неколку сезони играше во екипата на Младост од Богданци, е претставен како засилување во турскиот тим Мерсин. |
|
|
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
МВП ИГРАЧОТ НА МУНДИЈАЛОТ, ЖЕЛБА НА МАКЕДОНСКИОТ ПРВАК
Кометал ја бара Хана Гвон Плејмејкерот на репрезентацијата на Кореја, Хана Гвон е ракометарката која Кометал радо би ја видел во своите редови следната сезона. Веќе стапи во акција македонскиот шампион и во наредните денови треба да има повеќе детали. Хана Гвон беше прогласена за МВП на мундијалот кој се одржа во Македонија и целосно го заслужи ова признание. Дури и статистички, Гвон е на првото место во најценетиот елемент, комбинацијата на голови плус асистенции со 103 реализирани пасови, односно голови. Поединечно има постигнато 57 гола (4. место) и 46 пати асистирала (3. место). Кометал веќе контактирал со Корејката, разменети се првите мислења, но премногу е рано да се прогнозира како ќе се одвива целата работа и дали има реални шанси таа од есен да игра за македонскиот првак. "Имавме многу желби од овој шампионат, но тешко оди реализацијата на трансфери. Најзаинтересирани сме за Хана Гвон од Кореја. Таков играч ни е и тоа како потребен во нашиот тим. Стапивме во контакт, имавме прелиминарен разговор и ќе видиме како ќе се одвива сето ова", изјави претседателот на Кометал, Иван Бојков. Има уште позиции во Кометал покрај центарската кои треба да бидат пополнети или засилени, но во моментов нема од клубот конкретни имиња. ![]() |
|
|
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
РЕПРЕЗЕНТАЦИИТЕ НА ГЕРМАНИЈА И ДАНСКА ОДИГРАА ОДЛИЧЕН МЕЧ ВО КОЈ СО ЗРЕЛОСТА БЕА НА НИВО НА ПОИСКУСНИТЕ КОЛЕШКИ
Финалистките како сениорки Германките од неделата се нови сопственици на светскиот трон кој го преземаа од Русинките и ќе го чуваат до следното Светско првенство. Би било најубаво кога двете репрезентации кои играат во финалето би можеле да го поделат златниот медал. Така би немало разочарани, а сите би славеле, но првенството би загубило од убавината која ја дава финалниот меч. Радост на едната страна, тага на другата страна. Солзи радосници за Германија, солзи кои значат големо жалење кај Данска. Вака некако би се опишала сцената по завршувањето на финалето на 16. Светско првенство за јуниорки во кое Германките успеаја да дојдат до златниот медал благодарение на голот на Франциска Мицнер. Она што целото првенство се очекуваше и можеше само на моменти да се проследи на некои од натпреварите беше сосема поправено на последните два меча. И додека дуелот за 3. место меѓу Кореја и Шпанија мина во најголемиот дел со висока предност во корист на Корејките, финалната средба беше една сосема поинаква приказна. Сосема неизвесно, динамично, со неколку серии на двете страни и постојани пресврти. Меѓутоа, неколку збора не може да отсликаат с$ што се случуваше на овој дуел кој дефинитивно беше на нивото на сениорски ракомет и репрезентативките кои играа на теренот покажаа дека можат веднаш да добијат шанса во најдобрите селекции на своите земји. Тие дефинитивно заслужуваат да бидат повикани од селекторите за следните големи натпреварувања. ![]() Мечот почна одлично за Данска. Оваа селекција беше прв фаворит пред стартот на Мундијалот, а со играта во првите неколку минути успеа и да ја оправда оваа улога. Данките излегоа на терен со голем мотив и набрзина дојдоа до шест гола предност. Сите во салата веќе го гледаа победникот и помислија дека до крајот ќе проследат досаден дуел во кој до крајот ќе се гледа смирен дуел и победникот. Но тогаш следуваше контраудар, а Германија направи пресврт. Од 22. минута, кога беше 9:9, до крајот потоа се следеше неизвесен дуел во кој резултатот најчесто беше нерешен. Она што беше најинтересно, сепак, се случи во последните пет минути. Данска поведе со 22:21 во 56. минута од мечот. Тоа беше најава за триумф, но тогаш се разбуди Франциска Мицнер. Минута подоцна израмни на 22:22, а на пет секунди пред крајот донесе триумф за Германија и голема радост. "Ова е голема победа за нас. Направивме голема работа во првото полувреме. Откако имавме негатива од шест гола успеавме да се вратиме, а и самиот не знам како го сторивме тоа. Потоа мотивацијата си го стори своето. Н$ врати во игра и сметам дека заслужено успеавме да дојдеме до победата на овој шампионат", коментираше по средбата селекторот на Германија, Дирк Лојн. Ова е првпат Данска да не дојде до златен медал со оваа генерација. Данките победија лани на европското првенство за јуниорки, а беа и европски и светски прваци и во кадетска конк*ренција. Токму поради тоа се сметаа и на овој шампионат како главни фаворити, но немаа среќа во финалето, па мораа да се задоволат со златниот медал. РАБОТИ ПО КОИ ЌЕ СЕ ПАМЕТИ ПРВЕНСТВОТО * Се виде дека ракометот с$ повеќе се развива на другите континенти. Дури една селекција од Азија, една од Африка и две од Пан-Америка се најдоа во втората рунда. * Домаќинот не успеа да се пласира во вториот круг. * Многу големи пресврти на неколку натпревари. Репрезентациите успеваа да се вратат и да победат и по осум или девет гола негатива. * Пропустите во записниците. На два меча (Македонија-К. Тајпеј и финалето Германија-Данска) беа запишани погрешни ракометарки за игра. * Беа постигнати вкупно 4506 гола, направени 2406 асистенции, одбранбените ракометарки имаа 499 блокади. Покрај тоа беа "украдени" вкупно 933 топки, а голманите имаа 2228 одбрани. Роденденски подарок за Херман Голманката на Германија, Мелани Херман во неделата имаше двојна причина за радост. Таа одбрани феноменално и имаше голем придонес за победата на својата селекција против Данска. Воедно, истата вечер со мундијалско злато го прослави и својот 19. роденден, а колешките знаеја пред 2000 гледачи како да & честитаат. |
|
|
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ЖЕНСКАТА ЈУНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА ЗАВРШИ СО НАСТАПОТ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО СО ПЛАСМАН НА 18. МЕСТО
Ова е реалноста во моментов Репрезентацијата на Македонија го заврши настапот на Мундијалот како најслабопласирана европска селекција. Македонија во моментов е 18. селекција во светот. Ова е факт којшто никој не може да го демантира, никој не може ниту да го избрише или да го поправи со некакво објаснување или оправдание. Тоа е реалноста на која ситемораат да & погледнат во очи и што побрзо да го најдат проблемот бидејќи така ќе можеме да продолжиме напред. Пред почетокот на првенството никој не постави барање од оваа генерација дека таа мора да дојде до медал. Никој не рече ниту дека репрезентацијата на Македонија мора да биде и меѓу првите осум. Едноставно девојките живееја во некој сон според кој очекуваа да се пласираат дури и во финалето. Веруваа во себе, но не беа свесни дека другите селекции имаат одлични тимови коишто со години наназад играат заедно и имаат голем број контролни средби. И сега откако е с$ завршено, а се пласиравме дури на 18. место многу е тешко да кажете дали ова е неуспех и разочарување или овој резултат е само една реалност на младинскиот ракомет во Македонија. Сите ние очекувавме барем едно. Самите ја избравме групата и токму поради тоа сметавме дека вториот круг ни е загарантиран. Пласманот во овој втор круг за нас ќе беше голем успех и веќе по првата недела ќе кажевме дека сме го добиле она што сме го посакувале од оваа генерација и далеку поопуштено ќе ги следевме средбите. "Првенството го почнавме со добра игра, но на крајот с$ излезе на лошо. Се најдовме дури на дното. Дали е тоа резултат на неискуство или е во прашање нешто друго... По средбите во Охрид имаше некој психолошки пад и беше многу тешко да ги вратиме назад девојките. Се виде на последниот меч против Кинески Тајпеј дека тие сакаа да играат, но не знам што се случи. Дали е толку силата? Дали е тоа неискуството? Турнирските средби? Едноставно не знам. Девојките се бореа. Даваа максимум, но... се виде дека тоа не е доволно. Ќе мораме многу да работиме за да успееме да постигнеме еден европски квалитет на ракомет. Во секој случај сето ова беше едно големо искуство за сите бидејќи одигравме многу меѓународни натпревари. Се гледаше разликата меѓу репрезентациите коишто настапија на ова Светско првенство и нас. Другите имаа многу повеќе натпревари пред да дојдат во Македонија и тоа им помогна многу да ги остварат своите амбиции", вели селекторот Георгиевски. Нештата тргнаа по надолна линија уште во првиот круг кога игравме во Охрид. Првата средба против Австралија покажа дека Македонија ќе има многу проблеми за да стигне до втората фаза. Ни требаа 40 минути за да влеземе во шема, но тоа ни остана единствена победа. Следуваа Кореја, Хрватска, Бразил... Три порази кои ги преселија девојките. Во саботата, на 26 јули кога сите очекуваа забава за прослава на пласманот во вториот круг тие ги пакуваа куферите за пат кон Гевгелија. "Во Охрид сите видоа што се случуваше. На мечот со Бразил доколку бевме посталожени можевме да дојдеме до посакуваниот резултат. На полувремето реков дека имаме да издржиме уште 30 минути. Беше важно да го победиме Бразил за да останеме меѓу тие 12 селекции. Сепак, не успеавме во тоа и по овој меч с$ се сврте наопаку. Имаше и проблеми со повреди, па сето тоа одеше против нас. И поразот против Бразил веројатно беше шок за сите и делуваше разочарувачки бидејќи овие деца, сепак, се недоволно искусни. Тие не се научени на одговорност и на вакви големи натпревари". Имаше премногу грешки. Пропусти во одбраната, загубени топки во нападот. Она што ќе го направевме во десетина добри минути го губевме во продолжението кога влегувавме во криза и никако не успеававме да продолжиме во ист стил. "Го плативме данокот на неискуството. Оние селекции кои останаа во кругот за највисок пласман се далеку посилни и со многу повеќе турнирски натпреврувања и контролни средби. Се гледаше од начинот на којшто играа. Ние 'кикснавме' бидејќи немавме доволно средби пред почетокот на првенството. Можеби девојките имаа страв и од самата публика, па имаше и многу технички грешки. Како пример може да послужи и фактот што во втора минута не одиш на брз центар, а во 55 минута с$ уште можеш да трчаш. Тоа беше психолошки момент. Јас постојано им велев дека можат. Тие играа подобро во второто полувреме, но дури откако ќе почнеа да губат. Дури тогаш се опуштаа и почнуваа да играат. Ние секогаш одевме на победа и така се мотивиравме без разлика што противниците беа посилни од нас. Имаше преголем стрес од преголема одговорност. Со Бразил имавме четири зицери пред крајот со кои можевме да го решиме тој меч и да победиме. Успеевме ли да победиме с$ ќе беше подобро. Вака загубивме и с$ почна да оди надолу и веќе немаше доволно мотив и играта беше сосема различна", заврши Георгиевски. И сега откако веќе завршија двете напорни недели во кои имаше и многу квалитетни натпревари, нам ни останува да извлечеме поука и грешките да ги поправиме веќе при следните квалификации на јуниорките за некое друго првенство. Квалитетот дефинитивно го имаме, но тој не може да дојде до израз преку ноќ. Треба некој да го извлече најдоброто од овие девојки, а тоа може само преку добра и квалитетна работа во клубовите. Иднината е пред нас. Само таа може да ни покаже дали знаеме како да ги поправиме грешките! Многу проблеми со повреди Во текот на целиот шампионат репрезентацијата на Македонија имаше проблеми со повреди. Елена Георгиевска ја повреди тетивата на два дена пред стартот на СП. Елена Димковска, која беше во составот за првиот круг, воопшто не настапи поради повреда. Ивана Петковска го свитка зглобот на тренингот пред мечот со Кореја. Елизабета Стојановиќ се повреди на средбата против Бразил. Георгиевска во вториот круг имаше проблеми со стомачен вирус. Голманката Фросина Крстевска ја свитка ногата на загревањето пред средбата со Казахстан. Сето тоа влијаеше многу на играта на репрезентативките. Нов демант за "девојки од улица" При последниот коментар за случувањата на Светското првенство Георгиевски уште еднаш се обиде да објасни што сакаше да каже со својата изјава "девојки од улица" за која многу се коментираше во медиумите. "Дојде до едно недоразбирање. Сакав да кажам општо за целата ситуација бидејќи ние цело време така изгледавме на теренот, но бев погрешно сфатен. Е сега ние сакаме од некоја девојка да биде технички дотерана. Се знае дека во Македонија некои клубови немаат воопшто услови. Некои тренираат во школски сали. Сето тоа беше кажано во тој смисол, а не за да ги нападнеме девојките. Сепак, поради овие девојки и ние бевме овде. Доколку не беа тие немаше ниту ние да бидеме на тоа место. Затоа, сакав да го демантирам тоа за да не се сфаќа погрешно. Девојчињата се тие и не можеме да бараме преку леб погача", вели Георгиевски. Можевме многу повеќе Откако заврши и последниот дуел на овој шампионат, левото крило на репрезентацијата на Македонија, Ива Стојковска, која има право да игра уште две години за јуниорките, го кажа своето видување за постигнатото. "Можевме да направиме повеќе на овој шампионат. Сепак, мислам дека неискуството си го направи своето. Не бевме доволно ангажирани на натпреварите. Не го дадовме и максимумот. Паднавме премногу по дуелот со Бразил и сето тоа н$ чинеше пласман на 18. место", вели Стојковска. Стојковска причините повеќе ги гледаше во психолошката подготвеност на сите ракометарки. "Сметам дека физички бевме премногу подготвени. Меѓутоа, отидовме предалеку кога мислевме дека ќе ја победиме Кореја. Потоа дуелот со Бразил, кој ни беше билет за втор круг. Паднавме психолошки, па потоа игрите н$ однесоа само до 18. место. Мотивот ни падна премногу по мечот со Бразил бидејќи очекувавме победа. Не бевме свесни додека не се најдовме на теренот во Гевгелија. Мислевме дека Алжир ќе го добиеме со многу голема разлика, па преопуштено излеговме на терен, што ни се одрази на резултатот и одигравме нерешено". Според неа во ваква ситуација не може да издвои некој кој е посебно виновен за ваквиот пласман на Македонија. "Никој не е виновен. Нема некој што е посебно виновен за резулатот. Сепак, секогаш може да се одигра подобро и повеќе од она што го прикажавме. Меѓутоа, мора да се има предвид дека немавме контролни средби. Другите репрезентации имаа педесетина натпревари, а ние не знаевме каде ни се грешките", заврши Стојковска. Еден од најслабите пласман на домаќините Македонија со освојувањето на 18. место стана земја која има еден од најслабите пласмани на Светските првенства, а била домаќин на истиот шампионат. Досега на првенствата каде што играле 20 селекции немало послаб пласман за домаќинот бидејќи претходно Чешка беше на 16. позиција. Единствено тука споредба може да се прави со 1997 година кога Брегот на Слоновата Коска беше претпоследен, но тогаш играа само 17 селекции. |
|
|
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ОДРЖАНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА КЛУБОВИТЕ
Прво коло: Вардар - Металург! Во првото коло од следната сезона ќе се сретнат двата најдобри македонски клуба, Вардар и Металург, а домаќин ќе биде екипата на Вардар. Безмалку идентично како и минатата сезона. И тогаш во првото коло играа овие два тима, но домаќин беше тимот на Металург. Првенството ќе почне на 5 септември, што значи дека дербито ќе биде одложено бидејќи Металург тој викенд игра во Измир во квалификациите на Лигата на шампионите. Побарано е од екипите кои учествуваат во Супер-лигата да се изјаснат дали Супер-лигата би се проширила. Барање за влез во Супер-лигата има од екипите на Т. Комбинат и на тимот на Струмица. Доколку едногласно не биде поддржано ова барање, нема да има проширување, доколку биде, ќе оди на УО и на собрание на клубови. Подносителите на барањето до крајот на неделава ќе бидат информирани дали имаат поддршка од членовите на Супер-лигата. |
|
|
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ракомет: Јуниорките 18-ти
Македонските ракометни јуниорки се пласираа на разочарувачкото 18-то место во конк*ренција на 20 земји учеснички на Светското првенство во нивната возрасна категорија што се одржува во земјава. Лошиот настап на мундијалот го завршија со уште еден пораз, вкупно петти во осмиот натпревар што беше круна на лошите изданија на шампионатот. Денеска во Скопје загубија со 26:25 од селекцијата на Кинески Тајпеј, во борбата за 17-та позиција на конечната табела. Катастрофално, но послаби од нив на планетарниот светски младински ракометен собир се само две репрезентации. Пласман од 13 до 20 место: 13 место Исланд - Јапонија 27:26 15 место Словенија - Алжир 33:27 17 место Македонија - К. Тајпеј 25:26 19 место Казахстан - Австралија 32:22 |
|
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1213141516 18> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |