![]() |
|
ЏИХАД |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 121314 |
Автор | |
orto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 916 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
k*ran 2:216
Propisuje vam se borba, mada vam nije po volji! - Ne volite nešto, a ono može biti dobro za vas; nešto volite, a ono ispadne zlo po vas. - Allah zna, a vi ne znate. Е ај сега ти кажи ми муџо , кај е логиката тука , ви следи борба која не ви е по воља , ама ако , пак вие борете се зошто алла знае дека така е најдобро ![]() ![]() -значи секој муслиманин е дожен да води борба сакал тој или не , -Му се одзема слободната воља , и се прави "РАТНИК АЛЛАОВ" *народоучение на муслиманаинот му е забрането да размислува со сопствениот Ум, и не му е дадена Слободна воља Изменето од orto - 03.Мај.2008 во 06:33 |
|
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену |
|
![]() |
|
mudzahid ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 818 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Зидарски, темата е постирана за да има дискусија околу неа, па добро би било да го изнесеш твојот одговор. А за тоа дека не се слагаш со тоа што е постирано, па тоа е веќе нагласено во самата тема дека ќе има такви.
Поздрав |
|
И НЕ СЛЕДИ ГО ОНА ШТО НЕ ГО ЗНАЕШ.
И ИЗБЕГНУВАЈ ТЕ ГОВОР ЛАЖЕН. |
|
![]() |
|
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Наскоро ќе дадам долг одговор на оваа тема, и на првиот и на вториот пост... ама сега за сега, само ќе речам дека не е се така како што е претставено тука и повторно се стигнува до вечниот момент на овој форум - другите се криви , ние не... Ќе пишам опширно подоцна...
|
|
![]() |
|
mudzahid ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 818 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
(Хутба одржана на ден 25 - 4- 2008 година, Октиси-Струга)
Хатиб: АриФ Рамадани Ова верско предавање го изложувам на овој форум сметајќи дека ќе придонесе во подобро сфаќање на некои исламски поими кои често се злоупотребени и погрешно сфатени од повеќето немуслимани па дури и од некои муслимани. Во ерата на декаденца дошло до разни деформации, изопачувања, погрешен третман и интерпретација на голем број на исламски прописи и поими. За тоа вина има и надворешниот но и внатрешниот фактор. Во овој говор ќе се осврнеме на поимот "Џихад", кој надворешниот непријател особено му дал внимание и значење но и погрешна смисла. Ние овде нема да расправаме за историскиот тек и начинот до кој е дојдено до такво поимање, туку едноставно ќе се осврнеме на поимот "Џихад" во негова јазична и терминолошка смисла во светлината на исламската концепција произлезена од исламските извори, к*р'ан - Божјата реч и Суннет - Традицијата на ллаховиот Пратеник, Мухаммед с.а.в.с. Поимот џихад во арапски јазик значи вложување на труд и напор во сите акции и активности во борба за одржување на напредокот и благосостојбата, како за поединецот така и за заедницата. Глаголот "џахеде" значи да се трудиш, оспособиш, припремиш за се што е позитвно. Во оспособувањето за извршувањето на животната мисија, која исламот ја одредува и пропишува за човекот не е доволна само стручна припрема. Тука е важна духовната, морално-етичката страна на човекот. Потребно е изградба на човек, да се создаде позитивна, хумана и креативна личност. Секако, дека оваа е заедничка поента на сите религии, што автоматски сите поседуваат еден вид на "џихад" но не оној кој е врежан во нашите глави од дефиницијата на медиумите. Да не должам многу, ќе ви ги споменам категориите на џихад во ислам, иако цврсто сум убеден дека пристрасните и фанатиците ќе го насочат текстот и констатциите во поинаква насока и ќе дадат страствен поглед, мижејќи пред вистината. Тука не сакам да напаѓам ниту да бранам туку сакам поимот џихад да го доближам до заинтересираните за суштината на овој збор. Еве како исламската елита, призната со легитимитет и легалитет ги спомнуваат видовите на џихад произлезени од к*р'ан и Суннет: Прв вид на џихад: ЏИХАДУН-НЕФС - што значи борба со самиот себеси, борба со сопственото его, страст и пристраснот, вложување на напор за отстранување на негативните пороци во човечката душа. Мухаммед а.с. кога се вратил од еден воен поход рекол: "Реџе'ана мин џихадил-есгар ила џихадил-екбер" (Се вративме од мал џихад во голем џихад, тоа е борба со сопственото его). Во друга прилика Мухаммед а.с. кога ги запрашал своите другари: Што мислите кој е најхрабар меѓу вас?" Тие одговориле: "Оној кој може секого да го победи во борење, или да го собори на земја?" Тогаш Мухаммед а.с. рекол: "Не, вистински херој и јунак е оној кој може да владее со себеси, (Во друго предани стои: "Оној кој може да контролира при лутина и бес." Познатиот филозоф Роберт Барунинг вели: "Го ценам оној човек чија борба почнува со него самиот." Тоа е првиот вид на џихад. Втор вид на џихад: ЏИХАДУ БИН-НЕФС - Борба со сопственото тело, физички џихад и одбрамбен џихад во случај кога непријателот ја нападне земјата и врховниот владар повика на општа мобилизација во одбрана на татковина, верата, суверинитетот … Во к*р'анот јасно се спомнува овој вид на џихад: "И војувајте на Аллаховиот пат против оние кои војуваат против вас, но не преминувајте ги границите, Аллах, навистина, не ги сака оние кои претеруваат." (к*р'ан, Бекаре-190) Исламот овој вид на џихад го прифаќа и препорачува само во ванредни околности и тоа под строги одредени услови. Џихадот ( со оружје - рака и живот) станува задолжителен (фарз) кога ќе се исполнат три услови: 1 - Полнолетност, 2. Кога непријателот ќе ги нападне муслиманите, и 3 . Кога повикот за џихад доаѓа од водачот на муслиманите. Трет вид џихад: ЏИХАДУЛ-МАЛ (Борба со сопствениот имот и капитал во пружање отпор на непријателот, трошење на Аллаховиот пат со укажување помош на слабите, бедните, сиромасите и сл. Еве практиченпример со вториот халифа Осман р.а. кога рекол: “Ве колнам во Аллах и во ислам: дали знаете кога дојде Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. во Медина, а немаше чиста изворска вода за пиење освен бунарот на Реума, па рече Пратеникот: “Кој ќе го откупи бунарот и ја направи неговата кофа за извлекување на вода заедно со кофите на другите муслимани, за тоа нему ќе му припадне Џеннет?” “Јас го купив од основата на мојот имот. Дали знаете дека џамијата беше тесна за клањачите, па Пратеникот рече: “Кој ќе го купи плацот на филан човек и ја прошири нашата џамија со добро, за тоа нему ќе му припадне Џеннет?” Јас го купив од основата на мојот имот! Дали знаете кога Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рече: "Кој ќе ја подготви војската на Усре (тежок поход во битката на Тебук), ќе заслужи Џеннет, па јас ја припремив војската." (Тирмизи, Несаи) Четврти вид на џихад: ЏИХАДУЛ-КЕЛИМЕ - Борба со јазик на тој начин што ќе се објасни Вистината, како што е случај со оваа тема со која сакаме да ја разјасниме институцијата "џихад" и на муслимани и на немуслимани, со цел да не го злоупотребуваат и понатаму свесно и намерно. Овој џихад денес може да се дефинира и како медијска и пропагандна војна. Еве ви еден класичен и свеж пример. Дезинформирањето на јавноста може да се изведе на разни начини кои се разликуваат по својата суптилност. Основна цел за сите нив е јавното мнение да добие погрешна претстава за нешто и да се натера самото да донесе погрешен заклучок. Тоа некогаш е можно и со вистинска информација или слика која се пласира во одреден поволен момент да создаде сакан крив заклучок. Добар пример за ова е прилогот на ЦНН – 11.09.2001. кога непосредно по уривањето на ЊТЦ (Светскиот трг. центар) е прикажана една група на Пелестинци кои се радуваат и извикуваат текбири. Гледачите добиле впечаток дека муслиманите ширум светот се радуваат за она што се случило, а ова понатаму води до заклучок дека муслиманите го урнале центарот. Подоцна во средствата за информирање се јавил Германец кој спомнатиот видео запис го снимил пред десет години порано. Секако оваа поправка не можела да го избриши стекнатиот ефект кој настанал по прикажување на спомнатиот прилог кој немал никаква врска со тоа. Аллаховиот Пратеник, Мухаммед а.с. за овој вид на џихад вели: "Највреден џихад е да му се каже вистината во лицето на неправедниот владар." Исто така, Мухаммед а.с. рекол: "Кој од вас ќе види некое лошо дело, нека го спречи со својата рака, а ако не може тогаш со јазикот, а ако и тоа не може тогаш барем со срце нека го осуди, но тоа е најслабиот иман (верување)." (Муслим) Петти вид на џихад: ЏИХАДУШ-ШЕЈТАН - Борба против шејтанот, сатаната, ѓаволот кој е вечен човеков непријател, кој ги натера нашите прародители Адем а.с. и Ава а.с. да каснат од забранетото овошје и да бидат слезени од Џеннетот (рајот). Тема со повод ЕТИКА НА ВОЈНА ВО ИСЛАМ По повод натписот во весникот “Нова Македонија” (6-7 Октомври 2001 год) од новинарот Александар Божиновски каде под наслов “Алах им дава храброст на верниците и внесува терор во срцата на неверниците” вели: „Фатализмот и исклучивоста на исламската религија, особено некои пораки од Коранот, отворено го поддржуваат тероризмот во името на Алах.“ Покрај тоа уште на бројни места во неговиот напис стојат директни измислици, клевети, лаги и невистини, кои се чист продукт на неговиот плиток, површински, замаглен, варварски разум кој е доен со познатата светска доза “Омраза кон Исламот и муслиманите” Доволен доказ за оваа наша констатација се зборовите на (не)паметниот новинар кој дава своевиден пристрасен заклучок со зборовите: „Но, она што најмногу им дава право на аналитичарите да го наречат Исламот - фаталистичка религија се т.н. шестте написи (имански шартови), особено е значаен петтиот напис во кој се вели дека сите работи, добри или лоши, на овој свет, се директна последица на волјата на Господ. Што би рекло и кога муслиманите прават лоши работи и тоа е волја на Алах…“ Жалосно е што авторот погледнал само на една страна заборавајќи да се осврне кон сопствената вера, но познато е дека човекот како човек полесно му е да забележува на други а самиот да не се гледа. Да видиме за момент што вели Исус во евангелието на Матеј (10:34): „Немојте да мислите дека јас сум дошол да донесам мир на земјата! Не сум дошол да донесем мир, туку сабја.“ На друго место (Евангелие на Лука 12:49 и 51) вели: „Дојдов да фрлам оган на земја, па, како би посакал да веќе се запалил! Дали мислите дека сум дошол да донесам мир на земја? Не, ви велам на вас, туку раздор.“ Иако лично сметам и убеден сум дека тие зборови не се на Исус (Иса а.с.), туку се измислица и лага залепена за неговото име. Затоа одлучив да ги напишам овие зборови со цел реално да ја презентирам вистината сврзана за војната во Ислам (Џихад) и неговата толеранција во воени услови, а истовремено и да го демантирам горе наведениот напис и секој друг напис кој го обвинува или клевети Исламот за тероризам, фаталност, екстремност и сл. Нема дилема дека војната се третира како општествена неопходност, кон кој се стремат луѓето за решавање на нивните политички, идеолошки, социјални и територијални конфликти. Оттука германскиот филозоф Хегел смета дека процесот на реформи не може да се имплицира во секоја сфера освен како резултат на две конфронтирани страни за елимнација една врз друга. Исламот ја востановил војната како одбранбено средство за решавање на некои социјални проблеми во случај кога непријателот одбива секој вид на компромис. Имено, Исламот ги основал односите на муслиманите со другите народи врз принципите на разбирање и мир. Затоа тој не дозволува напад врз невини луѓе само затоа што имаат поинаква верска и етничка припадност, туку напротив, наредува на соживот, хуманост и солидарност со другите припадници на вери. Ова јасно е потенцирано во к*р’анот ( 60:8 ) : „Аллах не ви забранува во однос на оние кои не се борат пртив вас и верата, и кои не ве истеруваат од домовите ваши, да им правите добро и да бидете кон нив праведни.“ Доволен доказ за оваа констатација е секојдневниот исламски поздрав меѓу муслиманите кој гласи „Ес-Селаму Алејкум“ што значи “Мир и спас нека биде врз вас во секое време и место” Еве неколку етички принципи на војна кои ги поставил Исламот: а) Должност е на муслиманите кога ќе бидат нападанати пред да му возвратат на непријателот да му постават три услови на располагање 1- Да го прифати Исламот; 2- Ако не сакаат тоа тогаш може да останат на своите земјишта но да плаќаат данок; 3- Војна како крајно решение. Потврдено е дека Мухаммед а.с. никогаш не го напаѓал непријателот се додека не го повикал на оваа резолуција. (Муслим) б) Оние кои немаат учество во војна од цивилното население не смеат да се убиваат или да им се нанесува некое зло, единствено се војува само против непријателот на воено поле. к*р’анот ова го потенцира со следниве зборови „Борете се на Аллаховиот пат против оние кои се борат против вас и немојте да ги преминувате границите.“ (Ел-Бекаре, 193) т.е. немојте да ги убивате оние кои не се борат против вас како: жени, деца, старци, болни и сл. Се пренесува дека Мухаммед а.с. им забранил на своите водачи да убиваат жени, деца, слаби, да не палат полиња ниту плодови, и да не рушат куќи. в) Исламот забранува секаков вид на геноцид, масакр, како што забранува користење на отровни гасови и сл. Затоа Мухаммед а.с. му порачал на неговиот командант „Војувај во име на Аллах, бори се чесно, немој да прекршуваш договор, немој да масакрираш ниту да убиваш деца“ Исто така и вториот негов наследник Ебу Бекр порачувал „Немојте да изневерувате, ниту да убивате стока, овци, крави, камили освен за потреба за јадење“ г) Исламот наредува добар однос кон заробените на воено поле, дури тоа го смета како доказ на совршено верување. Затоа Мухаммед а.с. наредил „Постапувајте добро со заробените“ Во друга прилика ги ослободувал робовите без надомест, дури оние кои знаеле да читаат или пишуваат имале задача да научат по десет неуки муслимани и со тоа ќе бидат ослободени. Сето досега горе иснесеното го потврдуваат и голем број на објективни западни научници и историчари. Д.Густав Лепон вели: „Освојувањата на муслиманите никогаш не биле под сенка на сила и агресија како фактори во ширење на к*р’анот. Факт е дека човештвото не познава освојувачи толку толерантни, милосрдни и праведни како арапите, затоа Исламот се прошири со толку брз ритам.“ Исто така и Пр.Робинсон вели: ¬¬¬„Муслиманите се единствени во историјата кои успеа да ја соединат војната и толеранцијата.“¬¬¬ Затоа сметаме дека мирот е божји дар, бидејќи Аллах џ.ш. го поттикнува Неговиот Пејгамбер на мир, и вели: „А ако се наклонети кон мир, па, и ти биди наклонет кон мир.“ (Ел-Енфал, 61) Зар може после сето досега истакнато да му се залепува на Исламот етикети како: фатална, терористичка, фундаменталистичка, екстремна религија, а неговите следбеници: терористи, фундаменталисти, екстремисти, радикалци и сл.? Зар има поголеми терористи од оние кој секојдневно убиваат невини цивили во Палестина, Чеченија, Филипини, Кашмир итн.?!! Одговор: Секако „НЕ“ !! Изменето од mudzahid - 28.Април.2008 во 15:29 |
|
И НЕ СЛЕДИ ГО ОНА ШТО НЕ ГО ЗНАЕШ.
И ИЗБЕГНУВАЈ ТЕ ГОВОР ЛАЖЕН. |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 121314 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |