Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 16.Октомври.2014 во 20:26 |
МЕНТОЛ ОРЕО БОМБИЦИСостојки: – 400 гр. орео колачи со ментол фил – 200 гр. крем сирење (омекнато на собна температура) – 250 гр. чоколадо Подготовка:
Орео колачите ставете ги во блендер и иситнете ги, а потоа измешајте ги убаво со крем сирењето. Од добиената смеса направете топчиња и ставете ги во замрзнувач околу 30 минути. Чоколадото стопете го и со помош на лажица валкајте ги бомбиците во него. Доколку сакате посипете над бомбиците со чоколадни трошки или пак испрскајте ги со стопени ментол бомбони.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Октомври.2014 во 13:16 |
ВКУСНИ КАКАО КОЦКИАко во ладилникот немате ниту јајца, ниту млеко, ниту путер, а сакате да направите брз и сочен колач, тогаш пробајте го овој едноставен рецепт. За неговата подготовка нема да извалкате многу садови, а не ви треба ниту миксер. Потребни состојки: – 1/2 шолја брашно – 3 лажици какао – 1 шолја шеќер – 1 лажица сода бикарбона – 1/2 лажичка сол – 1 лажичка алкохолен оцет – 5 лажици масло – 1 шолја вода Начин на подготовка: Рерната вклучете ја на 180 степени. Во правоаголен сад за печење најпрво измешајте ги сувите состојки. Во смесата направете 2 вдлабнатини. Во едната ставете го оцетот, во другата маслото. Сето тоа полијте го со водата и мешајте со лажица додека не добиете хомогена смеса. Решетката во рерната поставете ја на средина и печете околу 35 минути. Колачот можете да го украсите со чоколадна глазура. Оваа смеса можете да ја користите и за мафини.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Октомври.2014 во 21:33 |
ЧОКОЛАДЕН КУГЛОФЧоколадниот куглоф или црно-бел куглоф е вкусен колач кој добива на вкус доколку во смесата додадете цели лешници и парчиња чоколадо. Состојки: 3 јајца200 гр шеќер1 пециво1 ванилин шеќер1/2 чаша зејтин1/2 чаша млеко2 чаши брашно2 лажици какао Јајцата и шеќерот убаво се матат додека не се добие смеса како шлаг,а потоа се додаваат сите други состојки(освен какаото) една по една со постојано матење.Се подмачкува садот за печење (калап за куглоф) и се става скоро целата смесата. Мал дел од смесата се остава и во неа се додава какаото.Белата смеса ставете ја во рерна на 200степени и за 2-3 минути извадете го садот и додадете ја смесата со какаото. Потоа оставете го колачот да се допече уште половина час. Дали тестото е готово можете да проверите со чепкалка, доколку не се залепи тестото е печено.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Септември.2014 во 10:39 |
Колач со сливи и бадеми 
Состојки за кора: - 375g брашно
- 15g шеќер
- 225g Путер
- 1 јајце
- 4 лажички ладна вода
Состојки за фил: - 200g путер
- 200g шеќер во прав
- 2 јајца
- 200g згмечени бадеми
- 6 големи сливи без семки
Подгответе го тестото: Помешајте го путерот и брашното, а потоа смешајте го јајцето со водата и истурете го врз измешаниот путер и брашно. Замесете добро и замотајте во фолија, па оставете го половина час во ладилникот. За филот изгмечете го путерот и шеќерот, па додајте ги јајцата. Потоа додајте ги бадемите и соединете ја целата смеса. Загрејте ја рерната на 180 степени и изладеното тесто ставете го в калап за колач. Прелијте го направениот фил и додајте ги исечканите сливи. Печете 30-40 минути.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Септември.2014 во 10:39 |
Торта од слива 
За вкусна торта од слива потребно ви е: - 150g путер
- 200g шеќер
- 8 сливи
- 3 јајца
- 100g брашно
- 40g палента
Рерната загрјте ја на 180 степени. Ставете го путерот во огноотпорна тава и стопете го, а потоа додајте го шеќерот и една лажица вода, па гответе уште 5 минути. Откога ќе зоврие, гответе уште 5 минути. Додајте ги сливите и истресете ги за да се измешаат со смесата, па тргнете ги од топлината. Во голем сад изгмечете го остатокот од путерот и шеќерот, па додајте ги жолчките една по една. Потоа додајте го брашното и палентата, а белките смутете ги и додајте ја смесата што сте ја добиле од брашното и прелијте го сето врз сливите. Печете 40 минути. Кога тортата е готова, свртете ја наопаку врз чинијата, исечете ја и послужете.
Изменето од Valerija - 21.Септември.2014 во 10:39
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Септември.2014 во 13:37 |
МАРС ТОРТАСостојки: кора: 200гр. кекси 300мл. ладно млеко 200гр. млечна карамела фил: 5 јајца 100гр. млечно чоколадо 200гр. шеќер 150г. млеко во прав 250гр. маргарин глазура: 100гр. чоколадо 50гр. маргарин 1 јајце 

Подготовка: Кексот натопете го во ладното млеко и наредете го на чинија. Карамелата згответе ја во преостанатото млеко и прелејте ја преку кексите. Изматете ги петте јајца и шеќерот и гответе ги на пареа. Пред крај, додајте го млечното чоколадо, сè соединете и тргнете го од ринглата. Во топол крем измиксајте го млекото во прав, изладете го, измиксајте го и маргаринот, а потоа нанесете го преку слојот-карамела. Стопете ја чоколадата и маргаринот за глазура, додајте го јајцето и изматете со миксер па прелејте ја тортата со смесата. Изладете ја во фрижидер и уживајте во нејзиниот вкус.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Септември.2014 во 20:28 |
ЛЕТЕН КРЕМ-КОЛАЧСостојки * за кори: – 500гр. брашно – 3 лажици шеќер -150гр. путер -1 јајце – 1 прашок за пециво – 1.5дл. млеко – 3 лажици масло – сол * за фил: – 250гр. маргарин – 270гр. шеќер – 5дл. млеко – 3 лажици брашно – 2 лажици ванилин шеќер – 2 лажици какао * за глазура: – 150гр. чоколадо за готвење – 3 лажици масло 


Подготовка: кори – Во прикладен сад соединете ги брашното, путерот, шеќерот, јајцето, млекото, солта и прашокот за пециво. Измесете мазно тесто. Поделете го на трид дела. Развлечете кори со димензии 30х35цм. Во тава посипана со брашно поставете ги корите и печете ги осум минути на 200 степени. фил – Во длабок сад изматете ги млекото, брашното, 70 гр. шеќер и ставете го на оган, а за цело тоа време мешајте. Згуснатата смеса оставете ја да се излади. Пенасто изматете го путерот со 200гр. шеќер. Во изладената смеса додајте ја мешавината од путер и шеќер и изматете со миксер уште еднаш. Подготвениот фил поделете го на два дела, во првиот додајте какако, а во другиот – ванилин шеќер. Добро измешајте глазура – На чинија поставете една кора и премачкајте ја со фил од какао и прекријте ја со друга кора. Нанесете фил со ванилин шеќер па прекријте ја со трета кора. Чоколадото за готвење стопете го на умерена температура и со него прелејте го колачот. 

Изменето од Valerija - 16.Март.2018 во 09:36
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Септември.2014 во 12:13 |
КАРАМЕЛ КОЦКИ Состојки: тесто: - 100 гр маст или маргарин
- 1 јајце
- 250 гр брашно
- ½ прашок за печиво
- 50 мл млеко
- 100 гр шеќер
фил: - 300 гр шеќер
- 500+50 мл млеко
- 50 гр брашно
Подготовка: Во еден сад со вилушка се матат маста (или маргаринот) и јајцето. Се додава брашното измешано со прашок за пециво. Со рака се меша додека не се добие зрнеста смеса. Се додава млекото во кое претходно е растопен шеќерот и се заедно се меша, треба да се добие меко тесто. Тестото се остава да се одмори 1 час, па се дели на 2 дела. Од секој дел се развива кора што се пече на задната страна од плех од шпоретот. Секоја кора се пече по 10-ина минути на 180⁰С. Испечените кори се тврди и кршливи, ќе омекнат кога ќе се филуваат. Додека корите се печат, се прави филот: 500 мл млеко се става на оган да се стопли. Во едно тенџере се става шеќерот и со постојано мешање се топи додека не се карамелизира. Кога шеќерот ќе стане течен и ќе добие карамел боја, му се додава половина од стопленото млеко и се меша додека шеќерот не се растопи. Во друг сад се меша брашното со 50 мл млеко додека не се добие мазна смеса и во тој сад се додава другата половина од стопленото млеко. Се меша убаво и се соединува со стопениот карамел. Добиената смеса се вари на тивко додека не се згусне. (треба да биде малку поретка од пудинг). Филот се остава да се излади. Секоја кора се филува со згуснатиот фил и се остава добро да се излади (најмалку 12 часа во фрижидер). За тоа време корите ќе омекнат и филот ќе се стегне. Колачот се сече на коцки или правоаголници и се сервира.
Изменето од Valerija - 16.Март.2018 во 09:36
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Септември.2014 во 11:52 |
ТОРТА ВИНОЖИТО Состојки: 370 гр. брашно 4 лажички прашок за пециво 1/2 лажичка сол 230 гр. путер или маргарин 500 гр. шеќер 5 белки од јајце 1 лажичка екстракт од ванила 3,5 дл. млеко Боја за колачи – црвена, портокалова, жолта, зелена, сина и виолетова За фил: 375 гр. шеќер во прав 230 гр. путер или маргарин 1 лажичка екстракт од ванила 1 лажица павлака Начин на подготовка: Вклучете ја рерната на 180 степени. Добро измешајте ги сите состојки кои се потребни за цврста подлога – брашно, прашок за пециво и сол. Во друг сад ставете го путерот (растопен) и шеќерот и промешајте. Постепено додавајте ги белките, а потоа и ванилата и млекото. Мешајте се додека сите состојки убаво не се соединат. Во течната смеса додајте ја смесата со брашно, убаво исмешајте, а потоа додадете ги и останатите суви состојки. Готовата смеса поделете ја на оноклу делови колку што планирате да имате различни кори и потоа почнете да ја додавата бојата во секоја кора. Секоја кора се пече околу 15 минути. Со помош на чепкалка за заби можете да проверите дали кората е испечена. За подготовка на филот потребно е да ги измешате шеќерот во прав, путерот, павлаката и екстрактот од ванила и да ги мешате се додека не добиете мека смеса. Доколку ви се чини дека филот е редок, тогаш може да додадете уште малку шеќер во прав. Редете ги оладените кори една над друга, а помеѓу нив ставајте од белиот фил. Остатокот од белиот фил ставете го врз целата торта и декорирајте ја по ваша желба, а ние ви предлагаме да декорирате со бонитоп.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Септември.2014 во 11:50 |
ЧОКОЛАДО И РУМ - НЕОДОЛИВА КОМБИНАЦИЈАСостојки: * за кора: 2 портокали, 750гр. шеќер, 10 јајца, 150гр. мелени ореви, 100гр. суво грозје, 60гр. мелен кекс, 5 лажици рум * за глазура: 4 реда чоколадо, 20гр. путер Подготовка: Корите од двете портокали исецкајте ги на парченца и згответе ги во пет води. Ставете им пет лажици шеќер, и оставете ги да се зашеќерат. Посебно изматете ги белките од 10те јајца со 10 лажици шеќер. Додајте ги и жолчките, добро измешајте, истурете ги во смесата мелените ореви, сувото грозје, мелените кекси и зашеќерените кори од портокал. Сето тоа добро измешајте го и истурете го во подмачкан калап за торта. Печете го на умерена температура во загреана рерна. Печеното тесто изладете го и прелејте го со сируп од остатокот шеќер и петте лажици рум. Целата торта прелејте ја со чоколадото кое ќе го истопите заедно со путерот. 

|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Септември.2014 во 09:18 |
ЕУРОБЛОК КОЛАЧСостојки 7 лажици шеќер 100 мл. масло 7 лажици брашно 50 гр. чоколадо за готвење 6 лажици шеќер 125 гр. маргарин 150 гр. чоколадо за готвење 100 гр. чоколадо Еуроблок прашок за пециво пола кесичка 6 жолчки 6 белки Упатство Кора: Белките се матат со миксер, па се додаваат шеќерот, маслото, брашното, прашокот за пециво и ренданата чоколада за готвење. Се се мати заедно. Тавата за печење се подмачкува, се става смесата и се пече на 180-200°C. Фил: На пареа се варат жолчките со шеќерот и маргаринот и пред крајот на готвењето се додава растопената чоколада за готвење. Жешката кора се прелива со жешкиот фил и се остава да се олади, па потоа врз колачот се ренда Еуроблок чоколадото.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Септември.2014 во 18:12 |
ЕКЛЕР ТОРТА Состојки: - 20 лажици брашно
- 25 лажици шеќер
- 800 мл. млеко
- 250 гр. маргарин
- 200 гр. шеќер во прав
- 150 гр. брашно
- 100 гр. маргарин
- 250 мл. вода
- 4 јајца
- 2 ванилин шеќер
Подготовка: Водата и маргаринот зовриваат, се трга тенџерето од оган и се додава брашното. Смесата се меша додека се изедначи и се остава да се излади. Јајцата се додаваат едно по едно и убаво се мешаат со смесата(со миксер, со лажица или со рака). Се пече во тавче број 26 намрсено со маргарин. За подготовка на филот, брашното, шеќерот и ванилиниот шеќер се мешаат со дел од млекото и се варат во преостанатото млеко како за пудинг. И оваа смеса убаво се лади и потоа се замешува со маргаринот убаво изматен со шеќерот во прав. Испеченото тесто се дели на половина и се филува со кремот. Потоа се филува и целата торта и се украсува. Мала забелешка: Испеченото тесто може да не е насекаде подеднакво пораснато. Не се паничете, искрој те го. Кога ќе го наредите врз филот и кога врз него ќе го ставите преостанатиот фил, на тортата ништо нема да се познава. Поедноставно е и за промена интересно, отколку да правите поединечно еклери.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
evangeline
Модератор
Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6759
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Септември.2014 во 23:49 |
Корнети со ванила крем

Потребни состојки: - 500 гр лиснато тесто
- 500 мл млеко
- 4 жолчки
- 1 ванилин шеќер
- 200 гр шеќер
- 2 полни лажици брашно
- 1 кесичка пудинг од ванила
- 30 гр путер
Подготовка: Лиснатото тесто со сукало малку расукајте го. Ако користите смрзнато лиснато тесто, прво нешто треба да направите е да го оставите околу половина час на собна температура. Тестото не треба да биде ниту премногу меко, ниту претврдо. Ако се лепи можете да го посипете со малку брашно. Лиснатотото исечете го на лентички со ширина од 2 сантиметри. Лентичките свиткајте ги околу металниот калап и печете во загреана рерна на 200 степени околу 12 минути. Кога се готови, извадете го калапот и оставете ги да се оладат. Во сад за готвење ставете 400 мл млеко да зоврие. Во друг сад измешајте ги жолчките, шеќерот, ванилинот шеќер, брашното и пудингот од ванила со 100 мл млеко. Оваа смеса префрлете ја во садот со млеко и мешајте на оган се додека не се згусне. Кога смесата ќе се олади, додадете и 30 путер и повторно добро промешајте. Со помош на шприц за готвење, наполнете ги корнетите со кремот од ванила. По желба наросете шеќер во прав и послужете ги ладни.
|
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Септември.2014 во 22:49 |
Локумот исечете го на коцки, измешајте го со бисквитите, оревите/лешниците, шеќерот во прав, кокосот, 2 лажици вода или по потреба да се измеси убаво да не се лепи. Поделете го на 10 топчиња. Расукајте ги во валјаци како сукало теники колку малиот прст. На рамна подлога ставете 4 валјаци прелијте ги со стопена чоколада на пареа со 2 лажици масло. Ставете уште 3 треба да биде како пирамида, прелијте ги со чоколадо убаво, направете така додека ги потрошите останатите. После три ставете 2, па едно со прелевање на чоколадо(да остане за сите). Ставете го да се стегне во фрижидер и сечете прачиња.
|
 |