![]() |
|
ПРОЛОГ |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1112131415 16> |
Автор | |
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
БЕСЕДА за големата Божја желба Бог сака сите луѓе да се спасат (И Тим. 2:4). Бог сака сите луѓе да се спасат, па затоа Господ Исус слезе во адот да ги спаси оние кои живееја на земјата пред Неговото доаѓање. Бидејќи, ако Он не слезеше во адот, огромен број на праведни души ќе пропаднеа засекогаш. И уште, ако Он не слезеше во адот, главниот дом на злобата против Бога и човечкиот род ќе останеше неразурнат. Тие две при-чини Го побудија Христа животодавецот со душата де се спушти во адот: прво, да го разурне гнездото на адските сили, и второ, да ги изведе од адот во Рајот душите на праотците, пророците, праведниците и праведничките, кои го исполнија стариот закон Божји и со тоа Му угодија на Бога. Пред да се зарадува сатаната, гледајќи Го Христа понижен и на крстот умртвен, Христос се појави жив и семоќен во средината на а-дот, главниот дом на сатаната. Каква неочекувана и ужасна новина за сатаната! Три години тој плетеше замки против Христа на земјата, а Христос за три дена, еве, го разурна неговото царство и го однесе пребогатиот плен во вид на роеви од праведнички души. Ти сакаш сите луѓе да се спасат, о Господи! Спаси нe и нас, Ти се молиме, бидејќи нема спасение ниту Спасител вон од Тебе. Во Тебе единствено се надеваме и на Тебе Единстве-ниот Ти се поклонуваме, на Тебе и Отецот и Светиот Дух, се-га и вечно. Амин. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
РАСУДУВАЊЕ
'Очекувам за себе илјадапати да умрам" - пишувал св. Атансиј Велики на својата паства во Египет за време на страшната аријанска ерес. Така може да рече за себе секој духовен човек, кој со духот прогледал и ја видел мрежата во која се наоѓа секоја човечка душа на овој свет. Колку е еден човек подуховен, толку таа мрежа е погуста. Таква е волјата Божја - најдуховните да се спасуваат по најтешкиот пат. И самиот Псламопевец, вели: 'многу маки за праведникот". Но на крајот на краиштата секоја победа и слава му припаѓа на праведникот, само треба да се наоружа со вера и трпение. Кој верува, тој и го разбира своето страдање. Кој ќе се заштити со трпение, тој ќе види победа и слава. На оној кој Го љуби Господа и најтесниот пат му е доволно широк, и најголемите маки - му се лесно иго, и најбезумната смрт - му е свадбена радост. СОЗЕРЦАНИЕ
Да Го набљудувам Господа Исуса во адот, и тоа: 1. како Он слегол во адот со голема сила од која адот се потресол; 2. како пред Неговото лице бегаат лошите духови, дотогашните господари на адот; 3. како се радуваат неописливо на Неговото доаѓање душите на праведните праотци и пророци. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
3 АПРИЛ/16 АПРИЛ 1. Св. Никита Исповедник. Роден е во Витинија, во градот Кесарија. Неговиот татко Филарет, лишувајќи се од својата сопруга, се замонашил, та Никита останал кај својата баба, татковата мајка. Бидејќи пораснал и ги завршил сите науки, отишол во Мидикискиот манастир, каде игуменот Ни-кифор го потстрижал за монах, а после седум години труд и подвиг патријархот Тарасиј го ракоположил за јеромонах. По смртта на Никифор и Никитовиот верен другар Атанасиј, братството го избрало Никита за игумен, наспроти неговата волја. Св. Никита им бил светол пример на живот и подвиг на своите браќа низ долга низа години. А кога се зацарил Лав В Ерменецот, после благочестивата Ирина и правовер-ните цареви Никифор и Михаил, иконоборната ерес пак се разгорела. Царот го исфрлил патријархот Никифор и го ис-пратил во заробеништво, а на неговото место го издигнал не-кој си Теодот Каситер, човек со нечист живот. И Никита бил затворен и мачен, но не се поколебал во православието. Бил пренесуван од самица во самица, и мачен со глад и жед, мраз и пот и ругање. Но тој не се дал да биде поколебан. Особено му досадувал некој Никола со потсмев. Но, една ноќ, на Ни-кола му се јавил неговиот умрен татко на сон и прекорно му рекол: 'Отстапи од слугата Божји!" И од тој час Никола се покајал, та не само што не му досадувал на светителот, туку и другите ги одвраќал да не му досадуваат. Кога со лоша смрт загинал Лав Ерменецот, царството го презел правовер-ниот цар Михаил Валвос, кој ги ослободил сите православни страдалници. Никита се повлекол во едно осамено место близу до Цариград, каде во молитва и во благодарење на Бо-га за сe ги поминал своите последни денови на земниот жи-вот. Направил многу чуда со молитва за време на животот. А кога умрел, телото му го пренесле во неговиот манастир. И при тој пренос мнозина болни се допреле до неговото тело и биле исцелени. Моштите му биле положени до гробот на не- говиот духовен отец Никифор и другар му Атанасиј. Овој го-лем јерарх се упокоил во 824 година. 2. Св. Павле Неволник. Русин по раѓање. Во младоста бил заробен од Турците. Не сакајќи да ја издаде верата Хри-стова и да се потурчи, бил мачен и исечен во Цариград во 1683 година. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
БЕСЕДА за живиот Бог и за Неговите живи деца ...Според тоа живееме ли, умираме ли Господови сме (Рим. 14:8). чии сме кога живееме? Господови. чии сме кога умираме? Господови. чии се праведниците? Господови. чии се грешниците? Господови. Господ ги опфаќа сите, и живите и умрените, и сегашните, и минатите и идните. Никој не е така сеопфатен како Господ Исус. Кој од таканаречните добротвори на човештвото, од учителите, водачите, просветителите, некогаш пробал да им направи некое добро на починатите? Овде може решително да се одговори: 'Никогаш, никој". И самата помисла би му била смешна на сецелиот свет - да им се направи некое добро на умрените! Тоа е смешно на сите оние кои мислат дека смртта е посилна од Бога и дека она што таа ќе го проголта го уништува засекогаш. Но да се грижи за мртвите, и да се прави добро на мртвите, престанало да биде смешно од Откровението на Господа Исуса кој откри дека Бог е Бог на живите, кој тоа и на дело го покажа слегувајќи во адот да ги ослободи и да ги спаси душите на починатите праведници се од Адам, па до Неговата смрт на крстот. Сеопфатен е нашиот преславен Господ, како со Својата видовита мисла, бидејќи мисли за сите и гледа се од жена родени, и над гробовите и во гробовите; така и со Својата љубов, бидејќи ги прегрнува душите на праведниците, без обѕир кое време или место ги крие; исто така и со Својот труд, бидејќи се труди за сите нив, сите да ги ослободи, да ги спаси, да ги воведе во царството и да ги прослави пред лицето на Својот Отец Небесен, Светиот и Животворен Дух и безбројните свети ангели. Господи, на Тебе слава и вечна пофалба. Амин. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
РАСУДУВАЊЕ
'Подобро е да не знаеш ништо а со љубовта да се приближуваш кон Бога, отколку се да знаеш и воедно да бидеш непријател на Бога". Тоа се зборови на св. Иринеј Лионски, свештеномаченик. Вистинитоста на сите тие зборови се потврдувала во сите времиња, па се потврдува и во наше време. Само на ова мора едно да се додаде. Имено, љубителите на Бога не се луѓе што ништо не знаат, бидејќи тие за Бога знаат толку што можат да Го љубат. Од сите човечки знаења, тоа знаење е најважно и најголемо. И уште мора да се додаде дека непријателите Божји не можат се да знаат, иако тие се сметаат за такви, бидејќи нивното знаење неминовно е хаотично затоа што нема глава, а нема ни ред. Главата и редот на секое знаење е Бог. Некои од светителите, како Павле Простиот, не знаеле ни да читаат ни да пишуваат, но со силата на својот дух и со божествената љубов го надминувале целиот свет. Кој се приближува со љубов кон Бога, тој не е способен за злосторство. А ученоста без љубов кон Бога е зачната со духот на злосторот и борбата. Св. Ефтимиј Велики поучува: 'Имајте љубов, бидејќи што е солта за јадењето, тоа е љубовта за секоја добродетел". Невкусна и студена е секоја добродетел, ако не е посолена и затоплена со божествена љубов. СОЗЕРЦАНИЕ
Да Го набљудувам Господа Исуса во адот, и тоа: 1. како Неговиот план за спасение е обемен, ги опфаќа сите колена и сите времиња од почетокот до крајот; 2. како Он дошол на Земјата во тело не само заради оние кои тогаш живееле на Земјата, туку и заради оние кои ќе живеат, како и за оние кои живееле; 3. како Он, додека Неговото мртво тело лежело во гробот, со душата слегол во адот за да го објави спасението и ослободувањето на окованите. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Кога настанало гонењето во времето на Максимин, мнозина христијани избегале од градот и се скриле, додека други доброволно и радосно се предале во рацете на мачителите за да пострадааат за името на Оној Кој прво за нив пострада. Амфијан бил меѓу овие последниве. Тој дошол небојажливо во храмот незнабожечки каде што кнезот Урбан им принесувал жртви на идолите, па го фатил кнезот за раката, со која ја држел жртвата, и му викнал да се откаже од служењето и жртвопринесувањето на мртвите идоли и да Го познае вистинскиот Бог. Некои што ги слушнале овие зборови и ја виделе толкавата храброст на Амфијан, се покајале и ја примиле верата Христова. Но кнезот разлутен го фрлил Амфијана на маки. Помеѓу останатите маки, му ги завиткале нозете со памук, па ги запалиле. Но, кога останал жив, го фрлиле в море со камен на вратот, но морето се разбранило и го исфрлило телото на маченикот во градот. Едесиј најпрво бил испратен во бакарните рудници во Палестина, потоа бил одведен во Египет. Во Александрија се исполнил со света ревност против некој кнез Ероклеј, кој на плоштадот ги собрал христијанските монахињи, девојки и чесни жени, и ги раздавал на најбесрамните развратници на ругање. Едесиј се исполнил со света ревност и му удрил шлаканица на бесчесниот кнез. Поради тоа бил мачен и во морето потопен, како и брат му Амфијан. Како две невини јагниња се жртвувале за Христа околу 306 година и се преселиле во прекрасните дворови Господови. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
2 АПРИЛ/15 АПРИЛ 1. Преп. Тит чудотворец. Од млади години Го возљубил Христа Господа и го намразил светот суетен. Заради тоа го оставил светот, отишол в манастир и примил ангелски образ. Не жалејќи се себеси, тој му се предал на мачниот и тесен монашки пат. Низ голема трпеливост ги стекнал двете основни добродетели: смирението и послушноста, и во овие добродетели ги надминл 'не само браќата, туку и сите луѓе". чистотата на душата и телото ја сочувал уште од својата младост. Во времето на иконоборската ерес се покажал како непоколеблив столб на Црквата Божја. Поради неговото големо смирение и чистота, му се подарило од Бога дарот на чудотворството и за животот и по смртта. А кога се преселил кон Господа, оставил многубројни свои ученици. Мирно се упокоил во ИЏ век. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
БЕСЕДА за исполнувањето на големото пророштво Како овца Он беше одведен на колење (Ис. 53:7). Низ многу векови, ја прозрел видовитиот пророк Исаија страшната жртва на Голгота. Тој Го видел од далечина Господа Исуса воден на колење како што се води јагнето. А јагнето се води на колење исто како што се води на пасење: без одбрана, без вознемиреност, без злоба. Така и Господ Исус одел на колење: без одбрана, без вознемиреност и без злоба. Ниту рекол: 'Не правете го тоа, луѓе!" Ниту прашал: 'Зошто го правите тоа со Мене?" Ниту некој осудил. Ниту протестирал. Ниту се налутил. Ниту им помислил зло на Своите судии. Кога Го облила крвта од трновиот венец, Он молчел. Кога лицето Му било извалкано од плукањето, Он молчел. Кога крстот Му бил тежок по патот, Он истрпувал. Кога болките Му досадиле на крстот, Он не се пожалил на луѓето, туку на Отецот. Кога издивнувал, Он го упатил Својот поглед и воздишките кон небото а не кон земјата, бидејќи извор на Неговата сила е небото а не земјата. Извор на Неговата утеха е Бог, а не се луѓето. Вистинска Негова татковина е Царството небесно а не е земното. Гледај, јагнето Божјо што ги зема на Себе гревовите на светот! Тоа бил првиот извик на Јована Крстител кога го забележал Господа. И еве сега на Голгота исполнување на тоа пророштво: еве, под тежината на гревовите на целиот свет лежи Јагнето Божјо, заклано и мртво! О браќа, тоа е скапа жртва и за нашите гревови. Крвта на тоа незлобно и кротко Јагне е намената за сите векови и на сите поколенија од првиот до последниот човек на Земјата. Христос ги почувствувал болките на крстот и заради нашите гревови во сегашно време. Он ја исплакал во Гетсиманската Градина и нашата злоба, немоќ и порочност. Својата Крв тој ја наменал и за нас. Да не ја презираме, браќа, таа неискажана скапа цена со која сме платени. Заради таа жртва Христова ние всушност и имаме некаква цена како луѓе. Без таа жртва, или ако ја отфрлиме таа жртва, нашата вредност е еднаква на нула; се срамнува со чадот без оган и на огнот без светлината. О Господи, на Кого никој не му е рамен по милоста, помилувај не! На Тебе слава и вечна пофалба. Амин. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
РАСУДУВАЊЕ
Зошто секогаш толку многу се зборува и пишува за маките на светите луѓе и светите жени? Затоа што за свети се сметаат само победниците и зарем е можно некој да биде победник без борба, маки и страдања? И во обичното земно војување никој не се смета за победник ниту јунак, ако никогаш не бил во борба и којшто не се намачил доволно и доволно не пострадал. Уште повеќе во духовното војување, каде се знае вистината и каде што самоистакнувањето не само што не помогнува ништо, туку одмогнува. Кој нема никакви борби заради Христа, ни со светот, ни со ѓаволот, ни со самиот себе, како може да се смета во Христовите војници? А камо ли во Христовите сопобедници? За својата голема борба му зборувала св. Марија на старецот Зосим: 'Првите седумнаесет години ги поминав во оваа пустина, борејќи се со моите безумни страсти како со лути ѕверови. Сакав да јадам месо и риба, кои ги има во изобилство во Египет. Сакав и вино да пијам, но овде ни вода немав. Сакав да слушам расипнички песни... И плачев, и се биев во градите. Се молев на Пречистата Богородица да ги оттргне од мене таквите мисли. Кога плачев доволно и во градите се биев, тогаш видов светлина што ме обвиткува од секаде и некаква чудна тишина ме исполни". СОЗЕРЦАНИЕ
Да Го набљудувам Господа Исуса во смртта, и тоа: 1. како лежи во гробот мртвото тело на Оној Кој кога живеел мртовци оживувал; 2. како и против Него мртов вриел гневот на Неговите непријатели; |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Потоа, кога стоела на молитва, Зосим ја видел како стои воздигната во воздухот. Таа го замолила идната година да и донесе од светите Дарови на брегот на Јордан, а таа ќе дојде да се причести. Идната година Зосим дошол со светите Дарови навечер, на брегот на Јордан, но се чудел како светителката ќе го премине Јордан. Во тој момент видел на месечината дека таа дошла крај реката, ја прекрстила реката и тргнала по водата како по суво. Кога ја причестил, таа го замолила идната година да дојде во истиот поток каде што првпат се виделе. Зосим отишол и го нашол нејзиното тело мртво на тоа место, а над главата на песокот било напишано: 'Погреби го, авва Зосиме, на ова место телото на смирената Марија, предај го правот на прав, се претставив на 1 април во самата ноќ на спасоносното Христово страдање по причестувањето со божествените тајни". Од овој напис Зосим го дознал нејзиното име, и друго и страшно чудо, дека таа минатата година онаа истата ноќ кога се причестила стигнала во тој поток, до кој тој морал да патува 20 дена. И така Зосим го погребал телото на чудната светителка Марија Египетска. А кога се вратил во манастирот, ја раскажал целата историја на нејзиниот живот и чудата, што тој лично ги видел од неа. Така, Господ знае да ги прослави покајаните грешнички. Света Марија се споменува уште и во петтата недела на чесниот Пост. Црквата им ја истакнува на верните како пример на покајание. Се упокоила околу 530 година. 2. Св. Мелитон еп. Сардиски, во Мала Азија. Познат пастир на Црквата од ИИ век. Владеејќи со голема ученост, тој се трудел да ги собере сите книги на Светото писмо во еден кодекс. А по својата кроткост и благочестие се трудел, пак, да внесе мир во Црквата Лаодикиска, разбранувана со спорот околу празнувањето на Пасхата. Освен тоа, го бранел христијанството пред незнабожците. Така, околу 170 година патувал во Рим и му поднесол на царот Марко Аврелиј една писмена апологија (одбрана) на верата и Црквата христијанска. Овој учен, благочестив и ревносен маж, св. Мелитон, се упокоил мирно во Господа во 177 година. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1 АПРИЛ/14 АПРИЛ |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
БЕСЕДА за радоста по тагата Па така и вие, сега сте нажалени; но Јас пак ќе ве видам и ќе се зарадува срцето ваше... (Јн. 16:22). Отецот чекори кон губилиштето, а неговите синови плачат околу него. И наместо синовите него да го тешат, тој ги теши синовите. Слично на тоа се случило со Господа и Неговите ученици. ^екорејќи кон горчливата Своја смрт, Господ повеќе се нажалил заради жалоста на Неговите ученици отколку заради она што Он треба да го претрпи. И Он ги милува со утеха и ги охрабрува со пророштво за новото и скоро видување. 'Но Јас пак ќе ве видам". Тоа е пророштво на воскреснувањето. Многупати Господ ја прорекол Својата смрт, но кога и да ја прорекувал смртта, Он го прорекувал и воскресението. Нему ништо не Му се случило непредвидено. Но тој не прорекувал за себе, туку за нив. Тие ќе бидат во голема жалост како жена кога раѓа и поднесува маки. Но како што жената кога ќе се породи ја заборава својата мака и се радува бидејќи се родил човек на светот, така ќе биде и со нив. Во нивната свест Христос Господ уште не е потполно вообличен како Богочовек. Се додека тие Го знаат само како страдалник и смртен човек, се дотогаш тие Го знаат делумно, дотогаш трае породилната мака во нивните души. А кога повторно ќе Го видат воскреснат и жив, чудотворен и семоќен, владетел на се што е на небото и на Земјата, ќе им престане маката и жалоста и ќе настане радост во срцата нивни. Бидејќи Христос тогаш ќе биде во нивната свест потполно вообличен како Богочовек и тие тогаш ќе Го знаат потполно и во целина. Дури тогаш Он за нив ќе биде потполно роден. Така и ние, браќа, само делумно Го познаваме Господа Исуса додека не Го познаваме од Неговото раѓање до смртта на Голгота. Потполно Го познаваме дури тогаш кога ќе Го познаеме како победител на смртта, како воскреснат. Господи, Кој се победуваш, помилувај не и зарадувај не со Твоето воскресение како што си ги помилувал и си ги зарадувал Твоите ученици. На Тебе слава и вечна пофалба. Амин. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
РАСУДУВАЊЕ
Св. Јован Лествичник вели: 'Кој се гордее со своите солзи во себе и ги осудува со својот ум оние кои не плачат, тој е сличен на некој кој од царот испросил оружје против непријателот, па со него самиот себе си се убива". Ако твоето срце омекнало, било од покајание пред Бога, било од познавање на бескрајната љубов Божја кон тебе, да не се гордееш пред оние чие срце е уште тврдокорно. Потсети се како и ти беше долго време со тврдокорно срце. Во една болница боледувале седум браќа. Еден од нив се повратил од болеста и потстанал, и побрзал со братска љубов и грижа, да им послужи на своите браќа за да оздрават и тие. Биди и ти како тој брат. Сметај дека сите луѓе ти се браќа и тоа болни браќа. Кога ќе осетиш дека тоа ти е дадено според милоста, здрав да им послужиш на другите болни, стори го тоа. Со што би се гордеел овде? Како што едно мочуриште не се избиструва само од себе туку од некој извор, подлабок и почист! СОЗЕРЦАНИЕ
Да Го набљудувам Господа Исуса во смртта, и тоа: 1. како телото Му лежи спокојно во гробот; 2. како Он со Духот слегува во Адот за да ги избави душите на праотците. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
31 МАРТ/13 АПРИЛ 1. Свештмч. Ипатиј еп. Гангрски. Роден е во Киликија; бил епископ во градот Гангра. Бил на И Вселенски собор. Прочуен на сите страни поради својот благочестив живот и чудотворство. Царот Констанциј наредил да се изгради Ипатиевиот лик уште за време на животот на овој светител и тој лик царот го држел во својот двор како оружје против секоја супостатна - противничка сила. Враќајќи се еднаш од Цариград, Ипатиј бил нападнат во еден теснец од еретиците, Новатијаните и отфрлен од патот во некоја кал. Тогаш една жена од таа дружина го удрила со камен во главата и така светителот го завршил својот земен живот. Но жената наеднаш полудела и го зела тој ист камен и се удирала со него самата себе. Кога ја довеле на гробот на св. Ипатиј и Му се помолиле на Бога за неа, се исцелила по големото милосрдие на духот Ипатиев и остатокот од животот го поживеала во покајание и во молитва. Св. Ипатиј пострадал и се преселил во вечното Царство на Христа Бога во 326 година. 2. Св. Јона митр. Московски. Родум од Костромската губернија. Во 12. година станал инок и долго поживеал во Симоновиот манастир во Москва. Во времето на митрополитот Фотиј станал епископ Рјазански, а кога Фотиј умрел, Јона го избрале за митрополит и го испратиле во Цариград при патријархот на посветување и утврдување. Во тоа некој Исидор, Бугарин по потекло, го предитрил Јона, стигнал пред него во Цариград и бил посветен за Руски митрополит. Јона се вратил на својата столица во Рјазан. Но зломислениот Исидор во зло го завршил своето митрополитување. Отишол на соборот Флорентиски и дури после три години се вратил во Москва. Скокнале на него сите како на отстапник од православието и го прогониле. Не се знае каде го завршил својот живот. На митрополитскиот престол дошол Јона, добриот и мудриот пастир. Голем чудотворец, проѕорливец, духовник. Кога Агарјаните ја опколиле Москва, Јона со својата молитва ги изгонил. Во староста посакал да го снајде некаква болест да се помачи и со маките потполно да се исчисти пред заминувањето на оној свет. Според неговата молитва, Бог му допуштил рана на ногата, како што претходно му се јавил во видение и на некој ереј Јаков. Од таа рана светителот умрел и отишол меѓу небесните граѓани на 31 март 1461 година. Над неговите мошти се случиле многу чуда. Некој нем човек Јован ја целивал раката на Јона, но, како што тој потоа кажувал, таа рака го фатила за јазикот и тој почувствувал јака болка. Кога го ослободил јазикот и се свртел кон своите, проговорил како никогаш и да не бил нем. 3. Свештмч. Авда епископ на градот Солзи. Исечен за Христа во 418 година во Персија од царот Издегард. Неговиот ѓакон св. Венијамин бил пуштен од мачителите под услов никогаш повеќе да не го проповеда Евангелието. Тој на тој услов прво се согласил, но не можел на срцето да му одолее, та продолжил да ја распростира по народот Христовата вистина. Поради тоа бил фатен и убиен, три години по св. Авда, во 421 година. 4. Преп. Аполониј. Бележит египетски пустиник. Во 15. година се одрекол од светот и се повлекол на некоја гора каде што 40 години проживеал, хранејќи се само со полски растенија. Потоа основал манастир, во кој имало 500 монаси. Се упокоил мирно во 395 година. Изменето од sard |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1112131415 16> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |